И воедно, со овие 4 се заокружува списокот на книги од овогодинешните кандидати за Роман на годината кои сакав да ги имам и прочитам. Фали единствено Леска Брезоска за која не ми се даваа толку пари за тоцкаво книвче, и од некнижевни причини, би сакал да ја купам Безсловен од Кирил Ангелов (Сакам книги), ама не можам да ја најдам. Сега сум 99% сигурен дека веќе го имам добитникот на Роман на годината во мои раце, кој и да е тој.
Многу се израдував на двете.
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Елијаде сум го читал 2 пати до сега, ги обожавам световите во кои ме носи и е веројатно единствениот non-fiction автор кој не ме замарал и во кој сум уживал. Хармс не сум го читал, ама се сеќавам колку налудничава беше претставата "Случајот Хармс" на Театар Комедија пред некои 7-8 години, чинам, а и од порано сум сакал да го ѕирнам.
И ова е подарокот - сите книги на Памук во издание на Арс Ламина! Освен Ноќи на чума, сите ги имам, ама само таа вреди 900 денари, па сепак - thanks to Ars Lamina.