Си купив книга

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
7.189
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Провери во Или-или, имаат изданија на Слово. Знам дека е преведена и Златниот павилјон, издание на Три, но постаро. Преведена и една но драма, во некојаси антологија на драми, само што не сум сигурен ни во која, ни што. Не сум сигурен дали ја има Златниот павилјон во Три, ама провери во ГТЦ.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.128
Поени од реакции
37.643
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Литература.мк ја има 100%, баш пред некој ден ја гледав. Јас ја имам собрано цела едиција, оваа на Слово со кратките романи, или можеби ми фали еден само, не се сеќавам. Една од најдобрите кај нас.

Од Мишима, инаку ја имам и Златниот павиљон, таа беше во издание на Три, ама едно десетина години веќе е распродадена, така што, само по групите на фејсбук ако ја најдеш таа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.128
Поени од реакции
37.643
20250210_183442.jpg

20250210_183614.jpg

И воедно, со овие 4 се заокружува списокот на книги од овогодинешните кандидати за Роман на годината кои сакав да ги имам и прочитам. Фали единствено Леска Брезоска за која не ми се даваа толку пари за тоцкаво книвче, и од некнижевни причини, би сакал да ја купам Безсловен од Кирил Ангелов (Сакам книги), ама не можам да ја најдам. Сега сум 99% сигурен дека веќе го имам добитникот на Роман на годината во мои раце, кој и да е тој.

20250210_183644.jpg

Многу се израдував на двете. :vozbud: Елијаде сум го читал 2 пати до сега, ги обожавам световите во кои ме носи и е веројатно единствениот non-fiction автор кој не ме замарал и во кој сум уживал. Хармс не сум го читал, ама се сеќавам колку налудничава беше претставата "Случајот Хармс" на Театар Комедија пред некои 7-8 години, чинам, а и од порано сум сакал да го ѕирнам.

20250210_183731.jpg

И ова е подарокот - сите книги на Памук во издание на Арс Ламина! Освен Ноќи на чума, сите ги имам, ама само таа вреди 900 денари, па сепак - thanks to Ars Lamina.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom