Саем на книгата

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Имаа солидни попусти пред месец дена, 30-70% на 20тина книги. Ама сепак подобри се од Топер кој настапуваат со редовните продажни цени и на Саемот. Матица “Папата Јована“ ја продава 690 ден., а ова е реиздание! Високи цени имаат и на останатите книги, кои дел од нив и не се така нови. Сакам Книги (и они имаат попуст) имаат супер скапи книги. Баш се отвори дебата во групата на фб за оваа тема, сепак мислам дека со оглед на стандардот, а и на побарувачката (која е релативно мала) можат малку да ги намалат цените. И реално и Арс Либрис/Ламина се скапи, за книги со 100тина стр. имаат цени 300-350 ден. И за книгите на кои веќе не течат авторски права, иста приказна.
Човек ако сака да купи книга само Ѓурѓа, Литера, на старо и верските кои ги има на секој агол.

Попустот на Арс Ламина е по повод на 70от роденден на Кинг. Ги помешале малку годините. :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Имаат по 20% (Три само на одредени изданија), наскоро и Матица нешто најави. :)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Добар е преводот на овие од Ден Браун?
Од овие само Инферно ја имам читано, преводот ми беше солиден, Кодот ми е од Три.

Сакам да си ги земам овие од Бери, ги читал некој? Тематиката ја знам, ме интересира преводот. :)

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Има 50% попуст на изданијата на Лагуна и Вулкан во двете книжарници на Матица.
На пример книгата на Џ. Р. Р. Мартин "Светот на ледот и оганот" од 1575 е намалена на 787 денари.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Во Просветно дело има сеуште книги за 150че, а и Сакам книги имаат пакети како Култура, само од она што го имаат ништо не ми фаќа око, згора на тоа се’ се купува електронски. Пакетите тука.
Икона имаат попуст на сите книги 10% во новата книжарница.
Магор имаат договор со Слободен печат, 20% попуст на книгата со купен весник.

Книжарница Три

Попустот е од 20-50%, ќе си ја земам “Мудроста на западот“, нешто од ова што ме влече е и “Шест упанишади“. Ми изгледа интересно. Него имам 2 клуб картички, една од Култура, другата не знам од која издавачка куќа, ќе си земам и од Матица. Како даваат Три клуб картици, со сметка, со плаќање со картица или само си барате? :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
40% во Антолог

Овие книги.

Плус имаат попуст на 10 книги по 50%.

Матица има 50% на сите книги. Плус 5 книги од македонски автори за 300 ден (има и 3-4 немакедонски автори).

Просветно дело имаат попуст на романите, сега се по 150 ден.

Култура има попуст на 70 книги.

Магор има 30% попуст на сите нивни изданија.

Арс Ламина имаат поголем попуст од 20%.

За Икона и Бегемот има по 20% и плус 40% на одредени пакети од Икона. Ги има сликите на фб, да не ги префрлам тука.

Лагуна, 10 книги- 999 динари. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Ако оди некој накај Рамстор денес нека шарне тука има ли попуст на предновогодишниот саем.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако оди некој накај Рамстор денес нека шарне тука има ли попуст на предновогодишниот саем.
Имам каталог единствено од Сакам книги, некои сликици од фб и од фб страната на Матица и информација дека сите трилери на Антолог се со 30% попуст до вторник (не знам дали важи во Рамстор, ама книжарницата е во околината).
Антолог сега имаа супер попуст, 60% на т.н. големи книги. Единствено овие 3 за 301 ден. од Матица ме влечат да одам.

И ова го украдов од фб. 3 за 301 ден. :D

[DOUBLEPOST=1544726028][/DOUBLEPOST]

3 за 301 само во Матица било, не и во Рамстор. Значи ќе се посетува Матица.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Супер акција е ова 3 за 300, ама да беа на македонски барем. На српски не ми се чита.:(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Ако оди некој накај Рамстор денес нека шарне тука има ли попуст на предновогодишниот саем.
Ништо значајно нема, како и секогаш. Антолог имаат по 50 ден максимум попусти, но се на книги што им се над 350 ден, па така најчесто им се по 300. Сакам Книги мислам дека не ни имаа попуст, Три исто имаат мало намаление, а нормално, најсмешни од сите се Арс Ламина - ги видов само тие од серијата детски класици што се намалени од 159 денари на 150, и се тргнав од нивното штандче. Икона имаат 20% попуст на тоа што им е изложено. И толку. Не се сеќавам на ништо друго.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ништо значајно нема, како и секогаш. Антолог имаат по 50 ден максимум попусти, но се на книги што им се над 350 ден, па така најчесто им се по 300. Сакам Книги мислам дека не ни имаа попуст, Три исто имаат мало намаление, а нормално, најсмешни од сите се Арс Ламина - ги видов само тие од серијата детски класици што се намалени од 159 денари на 150, и се тргнав од нивното штандче. Икона имаат 20% попуст на тоа што им е изложено. И толку. Не се сеќавам на ништо друго.
Антолог имаа топ попусти пред 1 недела. 30 книги на 60% попуст. Си ги земав “Пат кон бескрајот, мојот живот со Стивен“ од Џејн Хокинг (600 -240 ден) и “Круг“ од Дејв Егерс (500- 200 ден.).Сега имаат 30% на трилерите, ценовникот го има на нивната фб страна. Ако сакаш и ќе го ставам.

Инаку имаше допис од Лагуна дека Матица направила увоз на нивни книги, а ги гледам сега на попуст по 100 ден. книга, а има книги кои се по 500,600, па дури и 700 ден. кај нас. Како на пример ГоТ, книга е 500 ден. од Топер, “Кратка историја на речиси се’„-700 ден. од Просветно дело, Кристи +200 ден....така реално мене ми се исплати да ги земам овие. Сакам и да најдам нешто од Деникен, ама него го има само на старо, штета, а имаат преведено Лагуна неколку негови книги. Инаку овие книги на сликиве беа по 50 ден. книга на попустот на Лагуна, но без калкулирана царина и достава. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom