Саем на книгата

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Заебано место е сала за саем, топло и не се дише. Не стигнав да видам убаво што има ама од тоа што поминав набрзина не бев нешто многу воодушевен, најверојатно дека немаше тоа што барав. Купив една книга само Игра на туѓ терен, бидејќи бев разочаран. Штета не купив некоја од секташките ај следен пат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Еве што земав. :D
Штета што Табернакул немаа свој штанд па Сабато го земав по редовна цена од икона, го немаа првиот дел но девојката што беше на штандот кажа дека може да се читаат и одделно.
Од Три два саеми по ред ги продаваат 2 и 3 дел од 1Q84, а првиот никаде го нема. Направете репринт барем на првиот дел ако не сакате да ви стојат во магацин 2 и 3 дел. Заборавив да ги купам Парфем од Зискинд и од Ишигуро, сакав да купам нешто од Кундера ама немаше намаление и заборавив да ја купам Одбројување од Фросина, а реков на саемот ќе купам барем една книга од македонски автор. Прегледај го приврзокот 190311
Пер... све шо спомна, секоја ебана книга шо ја спомна тука или ми е во to read листа, или некад сум ја читал. Немогуќе...

Иначе еве ја финалната верзија
31934385_10156344735699266_672391784617213952_n.jpg 31950222_10156352069304266_4192247492349263872_o.jpg

Ич не жали на фрлените пари за Ернесто. Супер си е човекот.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Денес бев на Саем. Беше претопло во салата и ради тоа најкратко се задржав, а не дека имаше нешто премногу луѓе, ама не се дишеше, спарно е времето надвор.

Зедов:
Диссомнии од Игор Станојоски / Антолог - ја зедов за да ја подарам, инаку ја имам дома, романот е еден од најдобрите македонски романи во последниве години (секако, од она јас што го имам читано, не дека се имам прочитано, баш напротив), немаше баш некој попуст, ко шо споменав во минатиот пост, од 350 на 300, но ветив дека ќе ја подарам, вреди да се има оваа книга и жал ми е што не го начекав Игор саботата кога потпишуваше книги, имав во план да одам али го испуштив.

Филмски град од Игор Анѓелков / Или-или - и филм.мкд кога излезе и оваа одма ги земав. Кејф ми е да го читам Игор, иако повеќето рецензии ги има и на неговиот фб профил но ете, линковите на фб може и ќе се изгубат, ова ќе остане. Башка тоа, корицата и целиот дизајн е топ, баш личи мераклиски, а и 200 денари беше.

Не ми е страв од Николо Аманити / Антолог - го немам прочитано авторов, многу го фалеа а го нема кај мене во библиотека. Мене предуслов ми е да купам книга што ја нема во библиотека кај нас, затоа што ако ја има таму, ќе ја прочитам па после ќе се одлучам дали вреди да ја имам или не. Сепак колекционерство на книги е скап спорт (за некој без редовни примања како мене). Во овој случај, ја зедов за да видам што ќе ми понуди. И оваа мислам дека беше 200 денари.

Неодреден предел од Петер Штам / Или-или - секогаш кога одам во Или или и има попуст, земам по некоја книга од 100 денари и така повеќето што се на понуда од 100 или 150 претежно ги имам. Оваа ја зедов затоа што одамна ја меркав, но немаше некоја посебна причина.

Изумот на Морел од Адолфо Биој Касарес / Анголог - е оваа ја имав намерачено одамна, од 200 беше спуштена на 100, Кортасар ја пофалил, плус била инспирација за филмот Минатата година во Мериенбад, па сакав да ја имам во колекција. Плус, дизајнот и е предобар.

Сакав да земам и од други места, на пример од Бегемот или од ПНВ публикации, бајаги ме изненадија позитивно вториве, но ете, можеби следен пат, ако се заседам таму отиде и последниот денар што го имам, а попусти, барем овие издавачки куќи што ги посетувам, имаат повеќе пати во текот на годината.
Поминав и од штандот на ТРИ, Култура, итн, изгор скапо, освен Абадон Уништувачот која беше на 50 посто попуст, друго впечатливо не видов. И ај глуп, заборавив да ја земам и ми текна откако отидов дома. Океј и онака Херои и гробови ми стои непрочитана дома, па кога ќе се наканам да ја прочитам тогаш ќе бидне и оваа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Пер... све шо спомна, секоја ебана книга шо ја спомна тука или ми е во to read листа, или некад сум ја читал. Немогуќе...

Иначе еве ја финалната верзија
Прегледај го приврзокот 190338 Прегледај го приврзокот 190339

Ич не жали на фрлените пари за Ернесто. Супер си е човекот.
Некако слабо Или Или. Ќе те стигнам со колекцијата. :P

Не ми е страв од Николо Аманити / Антолог - го немам прочитано авторов, многу го фалеа а го нема кај мене во библиотека. Мене предуслов ми е да купам книга што ја нема во библиотека кај нас, затоа што ако ја има таму, ќе ја прочитам па после ќе се одлучам дали вреди да ја имам или не. Сепак колекционерство на книги е скап спорт (за некој без редовни примања како мене). Во овој случај, ја зедов за да видам што ќе ми понуди. И оваа мислам дека беше 200 денари.
Аманити е ѕвер, мислам дека ќе ти се допадне. Го имам прочитано и „Последната Нова година“, но „Не ми е страв“ ми беше за нијанса подобар. Ме врати во детството. Се израдував кога видов дека Антолог го реиздале романов, но не го купувам се уште, ќе го барам изданието на Или Или, втора книга во Проаза беше (сакам да го имам иако одамна ми е прочитан).
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Некако слабо Или Или. Ќе те стигнам со колекцијата. :P


Аманити е ѕвер, мислам дека ќе ти се допадне. Го имам прочитано и „Последната Нова година“, но „Не ми е страв“ ми беше за нијанса подобар. Ме врати во детството. Се израдував кога видов дека Антолог го реиздале романов, но не го купувам се уште, ќе го барам изданието на Или Или, втора книга во Проаза беше (сакам да го имам иако одамна ми е прочитан).
Знам дека кога ќе се заинатиш за да дополниш колекција, ќе го направиш тоа порано или подоцна. Верувам дека ќе го најдеш :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Знам дека кога ќе се заинатиш за да дополниш колекција, ќе го направиш тоа порано или подоцна. Верувам дека ќе го најдеш :D
Хахаха, таа на која мислиш беше полесна, и успеав благодарение на тебе, ама тука ми фалат преку 100 книги, речиси невозможно е. Само - колку повеќе, толку подобро. Или, барем оние кои знам дека вредат. Кога сме кај вредноста, еве, баш сега ги барав на Goodreads и ги споредував оценките на книгите од Проаза. Од тие што се по 100 ден., а ги немам, (минус од мак. автори) само 1 има висока оценка, ама па баш на тој @Saladin му ставил 2/5.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Некако слабо Или Или. Ќе те стигнам со колекцијата. :P


Аманити е ѕвер, мислам дека ќе ти се допадне. Го имам прочитано и „Последната Нова година“, но „Не ми е страв“ ми беше за нијанса подобар. Ме врати во детството. Се израдував кога видов дека Антолог го реиздале романов, но не го купувам се уште, ќе го барам изданието на Или Или, втора книга во Проаза беше (сакам да го имам иако одамна ми е прочитан).
Или-или преку годината ги посетив на скоро секој попуст што го имаа засебно, без да се вратам со празни раце. Така да сеа бев сконцентриран исклучиво на новоизлезените нивни од писатели кои им го следам трагот. Останува уште Бужаровска да извади и толку. Хаж и Битлси ги собрав таман излезени пред саемот. Така да имаш уште векни леб да јадеш @Zlatikevichius... уште векни леб ... :D[DOUBLEPOST=1525730270][/DOUBLEPOST]
Хахаха, таа на која мислиш беше полесна, и успеав благодарение на тебе, ама тука ми фалат преку 100 книги, речиси невозможно е. Само - колку повеќе, толку подобро. Или, барем оние кои знам дека вредат. Кога сме кај вредноста, еве, баш сега ги барав на Goodreads и ги споредував оценките на книгите од Проаза. Од тие што се по 100 ден., а ги немам, (минус од мак. автори) само 1 има висока оценка, ама па баш на тој @Saladin му ставил 2/5.
Ај потсети ме....
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Хахаха, таа на која мислиш беше полесна, и успеав благодарение на тебе, ама тука ми фалат преку 100 книги, речиси невозможно е. Само - колку повеќе, толку подобро. Или, барем оние кои знам дека вредат. Кога сме кај вредноста, еве, баш сега ги барав на Goodreads и ги споредував оценките на книгите од Проаза. Од тие што се по 100 ден., а ги немам, (минус од мак. автори) само 1 има висока оценка, ама па баш на тој @Saladin му ставил 2/5.
Некои изданија од Или Или не ми се допаѓаат воопшто и јас сум сигурно еден од тие оценувачите со 1 ѕвезда, на пример Стравот на голманот од пенал, Бела ноќ на љубовта, Викенд од Бернард Шлинк (исто и Читачот ми беше лоша)... тоа е, не може се да се погоди :D
Сега ми текна - Деликатност исто сакав да ја земам и заборавив.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Пиксел, Кристина Тот
Мислев ќе се заебеш со Интимност од Курејши...

Баш ме потсети, да ја препрочитам. Којзнае. Можеби ќе сменам мислење. Како за Ханиф што сменив.
:D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.704
Мислев ќе се заебеш со Интимност од Курејши...

Баш ме потсети, да ја препрочитам. Којзнае. Можеби ќе сменам мислење. Како за Ханиф што сменив.
:D
Од овие што се по 100 или 150 денари, од странски автори, а јас ги немам, само таа има над 4 оценка на GR.[DOUBLEPOST=1525783390][/DOUBLEPOST] 20180508_143246.jpg
Годинава така скромничко и на брзање, ама сепак задоволен.
 
Последно уредено:
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Има ли попуст на "Битлси" од Или-Или? :)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Купени од саем,
Нешто да ти кажам - Ханиф Курејши
Ѓубре - Ирвин Велш
Great Expectations и A tale of two cities - Charles Dickens

Ги барам,
Ghosts of Spain - Giles Tremlett, и
Adults in the Room - Yanis Varoufakis

Колку што имам проверено овие две книги ги нема кај нас, ама ако некој случајно ги забележал некаде би му бил благодарен за таа информација.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
(y)

Мислам дека голем дел од луѓето очекуваа многу од 1Q84, меѓу кои сум и јас, па затоа им стојат 2 и 3от дел. Башка ако сакаш можам да ти ја пратам пдф на српски.
Криво ми е што не ја купив “Жената на временскиот патник“ од Просветно. Сите романи им биле по 150 ден.! И“Се случи на први септември“ од Ламина. Здравје, тие ќе ми бидат на врвот на листата, со останатите 2-3 од Дојл (на серијалот со Шерлок конкретно мислам) што ги немам.

И читам дека е возвожно да има саемски караван и по другите градови наскоро. Тоа е одлична вест за сочувување и проширување на манифестацијата. (y)
Па Три имаат многу добар маркетинг и полоши книги ги претставувале како феноменални, Мураками си има специфичен стил и некој што не е запознат со него можеби очекувал нешто налик на модерните романи кои се слични еден на друг, но Мураками не го следи тој "Тренд" и баш за тоа ми се допаѓа. Прати ја во порака, ако не успеам да ја најдам би ја прочитал и на српски иако не претпочитам да читам на српски јазик. ;)


Пер... све шо спомна, секоја ебана книга шо ја спомна тука или ми е во to read листа, или некад сум ја читал. Немогуќе...

Иначе еве ја финалната верзија
Прегледај го приврзокот 190338 Прегледај го приврзокот 190339

Ич не жали на фрлените пари за Ернесто. Супер си е човекот.
Ма могуче је кад ти кажем :ROFLMAO: Ти, @Zlatikevichius и @ЈуријАркадиевич сте ми мерка за квалитет на форумот, на ланскиот саем Јуриј беше виновникот што го земав Куцкамен,, оваа година Клубот....од Генасија ја земав ради тебе, Сабато мислам Златикевичиус(вака е на кирилица? :D) го имаше препорачано на некој член а Фросина уште лани ја фалевте и двајцата. За другите книги можеби имаме ист вкус. ;)(y)
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Има ли попуст на "Битлси" од Или-Или? :)
Го има истиот попуст како што им беше во книжара недела пред саемот, 450 денари. И тогаш ја зедов уствари, ги прашав дали ќе е поефтино на саем, ама им веше муабетот дека толку ќе е, го користат периодот пред саем како можност за промоција за да ако не ја купиш таа недела си ја купиш на саем. Страшно :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom