Саем на книгата

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Дали може на саемов или општо низ книжариве во Скопје да се најдат книгите на Ана Бучевиќ?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Дали може на саемов или општо низ книжариве во Скопје да се најдат книгите на Ана Бучевиќ?

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
Да, ги има во книжарницата на Антолог, мислам дека сите се по 690 ден., на саем беа по 650 така да нема некоја голема разлика реално...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да, ги има во книжарницата на Антолог, мислам дека сите се по 690 ден., на саем беа по 650 така да нема некоја голема разлика реално...
И саемските цени на Антолог ќе траат до 31 мај. Истото се однесува и за Култура, Просветно дело, Македоника Литера и Мартина.

Романите од Просветно дело се по 150 ден., а овој попуст ќе трае до 10 јуни. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
И во Бункер трае уште попустот. Има супер стрипчиња од 50 ден. па нагоре.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.683
Јас ја купив само Таинствениот пламен на кралицата Лоана од Умберто Еко. Сакав и последниот ден да купам нешто, ама не стигнав да отидам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Многу сум разочаран од маркетинг тимот на Ikona и на Ars Lamina. Ниту една слика и ниту еден ценовник за попустот, а притоа сакаат да привлечат маса на купувачи! Попустите им се одлични, Ламина имаат 50%-80% попуст на 40тина книги т.е. цените се движат од 100-300 ден. на тие одредени книги. Икона пак има 20% попуст на сите книги и уште тон книги кои ги даваат по 100-300 ден. парче. Денес си ја земав “Во чест на Каталонија“ од Орвел за 200 ден., а редовна цена е 450 ден. Си ја земав и “Последниот Мохиканец“ од класиците. Истото се однесува и за Просветно дело, каде сите книги од белетристиката им се по 150 ден. Попустите важат до утре само во Рамстор, а попустите на Арс Ламина важат до утре но се достапни во сите нивни книжарници.

Арс Ламина ја има книгата за Роналдо за 100 ден. со приложен купон од М магазинот кој е 50 ден. Ова важи до крајот на месецов. Од друга страна и Антолог имаат попуст во просек по 150 книга. Си земав 5-6 а утре може да земам уште 3-4. Ценовникот го има на нивната фб страна и овој попуст важи до крајов на месецов.

Попусти има и во книжарница Три, ценовник на нивната веб страна. “Светот на Софија“ е топ. Мислам дека е 270 ден., а си ја земав и “Парфем“.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Цени тука. :)

Има и попуст во Академска книга 20% на сите изданија. Мислам дека вреди да се земе “Потеклото на видовите“ во специјалното издание за 160 ден. И некоја од класициве за Шерлок. Останатото спонтано.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Видов и сакав да споделам, мислев да земам нешто со оглед на тоа што немам ниту една книга од нив, но содржински ниту една не ми фати око. Би купил само по препорака.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Јас лани ги зедов сите 10. Од годинешните, 2 веќе имам, ама дефинитивно ги земам останатите 8.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Ги има на нивната ФБ страна. Еве ги во продолжение.

1. СРЦЕ ТОЛКУ БЕЛО – Хавиер Маријас (303 страници)
...хипнотичен роман за моќта на таинственоста, за бракот, убиството, сомнежот, молкот и убедувањето...

превод од шпански јазик: Славица Гаџова

(редовна цена 420 ден, попуст -76%)

„Срце толку бело е една од оние необични книги кои одеднаш добиваат статус на манифест и создаваат нови стилови и вредности во книжевноста." Le Monde

„Ова е најдобриот и најамбициозниот роман на новиот голем глас на шпанската литература." El Pais

„Суптилен роман напишан од вистински литературен гениј. Не може да се спореди со ниедно друго дело од современата книжевност. " Das Literarische Quartett

„Прекрасна и сложена приказна, напишана на извонреден стил, богата со книжевни алузии и длабоки психолошки портрети. Брилијантен роман." Washington Post

Хавиер Маријас (1951) е еден од најистакнатите современи шпански прозаисти, преведувачи и колумнисти. Роден е во Мадрид во семејство на интелектуалци, остри противници на режимот на Франко. Ги објавил следните романи: Волчји поседи (1971), Крстарење по хоризонтот (1972), Владетел на времето (1978), Век (1983), Сентиментален човек (1986), Сите души (1989), Срце толку бело (1992), Напишани животи (1992), Утре во битката помисли на мене (1994), Црните плеќи на времето (1998), Твоето утрешно лице (1,2 и 3, 2002-2004). За романот Срце толку бело 1997 година ја добива меѓународната книжевна награда IMPAC Даблин .[DOUBLEPOST=1537282264][/DOUBLEPOST]2. ВО ТРАГАТА НА БРОДОТ – Пер Петешон (194 стр.)
Прекрасен роман, како скок во вода студена како мраз

превод од норвешки јазик: Искра Бадева

(редовна цена 350 ден, попуст -71%)

„Романот е неверојатен, како скок во вода студена како мраз ... проза која речиси може да се вдише“ The Guardian

„Најголемите скандинавски писатели отсекогаш инсистираат на универзалното во поединечното доживување; Петешон има докажано дека припаѓа во тоа друштво“ The Independent

„Во трагата на бродот" е уметничко дело од роман; студија на анатомијата на човечката катастрофа и психологија. Со врвен стилистички допир, Пер Петешон обединува мелодрама со длабока објективност, а тоа е непобедлива литературна хемија“ Ларс Соби Кристенсен, автор на романот „Битлси“

Пер Петешон е роден во Осло во 1952 г. во работничко семејство. Од осумнаесетгодишна возраст сакал да стане писател, но многу години не се ни осмелувал да се обиде затоа што бил сигурен дека нема да успее. Работел како книжар и преведувач. Неговата прва книга Aske i munnen, sand i skoa (Пепел во устата, песок во чевлите) ја објавил во 1987 г. на 35-годишна возраст, 17 години откако сфатил дека сака да биде писател. Оваа книга била прогласена за едно од најсензационалните деби изданија на деценијата во Норвешка. Следат уште неколку романи, меѓу кои најголемо внимание кај критичарите и читателите предизвикаа Одиме да крадеме коњи, Ја проколнувам реката на времето (ИЛИ-ИЛИ, 2011), и секако, Во трагата на бродот. Петешон е добитник и на повеќе литературни награди, меѓу кои и оние на Нордискиот совет, наградата Браге, наградата на норвешките критичари, како и на признанија од New York Times и Time Magazine.[DOUBLEPOST=1537282294][/DOUBLEPOST]3. ВРТОГЛАВ ЛАВИРИНТ – Адам Фолдз (219 стр.)
...беспрекорен плод на изострениот поетски светоглед и вештиот романескен дострел...

превод од англиски јазик: Калина Јанева

(редовна цена 350 ден, попуст -71%)

„Бидејќи минатата година силно ме одушеви поемата Прекршен збор на Адам Фолдз, безобѕирно се прашував дали романот Вртоглав лавиринт ќе ми овозможи да му препорачам да се држи до поезијата. Има надеж: приказнава за викторијанската душевна болница во која биле заточени поетот Џон Клер и братот на Тенисон, Септимус, навистина ја бидува. А не е ниту „поетски роман“, туку романескен роман, богат во своето разбирање и приказот на лудите, здравите и огромната категорија некаде помеѓу.“ Џулијан Барнс, романсиер, Гардијан

„Беспрекорна мешавина на историски факти и фикција... Стилот на Фолдз содржи поетска силина, а неговите описи на есенската шума околу душевната болница се подеднакво проникливи како и неговиот увид во човечкиот ум“ Дејли мејл

„Одличниот роман на Фолдз е налик на луциден сон: приземен и вистинит, но променлив, преобразителен – беспрекорен плод на изострениот поетски светоглед и вештиот романескен дострел“ Тајмс

Адам Фолдз (1974) е наградуван британски романсиер и поет од Лондон. Студирал англиски јазик и книжевност на „Оксфорд“, а потоа магистрирал креативно пишување на Универзитетот на Источна Англија. За првите два романи, Вистината за чудново време (2007) и Прекршен збор (2008) ги добива наградите „Бети Траск“,„Џон Луелен Рис“,„Сомерсет Мом“, како и престижната „Млад автор на годината“ на Сандеј тајмс. По големиот успех, го пишува и романот Вртоглав лавиринт (2009), кој влегува во потесниот избор за "Букеровата награда", а две години подоцна станува добитник на престижната "Европска награда за литература". Годинава книжевното списание Гранта го прогласи Адам Фолдз за еден од дваесетте најдобри млади британски романсиери.[DOUBLEPOST=1537282327][/DOUBLEPOST]4. ВИМБЛДОНСКИОТ СТАДИОН – Даниеле дел Џудиче (128 стр.)
...тајна распослана меѓу Трст и Лондон...

превод од италијански јазик: Калина Јанева

(редовна цена 190 ден, попуст -47%)

Првенецот на Даниеле дел Џудиче, Вимблдонскиот стадион (1983), е мешавина од стварност и фикција, а во неговото средиште се наоѓа интересен и значаен лик од италијанската книжевна историја на ХХ век, вљубеник во пишаниот збор, уредник, книжевен критичар, пријател на најзнаменитите автори од периодот, но човек кој никогаш не објавил ништо свое. Романот, со благи автореференцијални нишки, е поделен на шест поглавја, а дејството се одвива во два града: Трст и Лондон. Од личностите со кои младиот истражувач разговара за да ја проникне тајната на авторот без книги, само две се спомнуваат по име – и тоа две жени, обете овековечени во песни на нобеловецот Еуџенио Монтале.

Даниеле дел Џудиче (1949) е италијански прозаист и универзитетски професор кој е роден во Рим, но живее и предава во Венеција. Во 1983 го објавува својот прв роман, Вимблдонскиот стадион, за кој ја добива наградата „Вјареџо“ за дебитантски наслов, и според кој во 2001 година францускиот режисер Матје Амалрик го снима истоимениот филм. Две години подоцна излегува Западен Атлас (награда „Бергамо“ во 1986), роман за антрополошките промени што ги предизвикуваат науката и технологијата. Во 1988 го издава Во музејот во Ремс. Во 1997 ја објавува култната збирка раскази Манија. За романот Подвижен хоризонт во 2009 година се закити со "Европската награда за литература". Покрај белетристика, има објавено и бројни есеи за Итало Звево, Примо Леви, Зигмунд Фројд, Томас Бернхарт, Роберт Луис Стивенсон и други.

5. СИ БЕШЕ ЕДНА ЖЕНА КОЈА САКАШЕ ДА ГО УБИЕ ДЕТЕТО НА СОСЕТКАТА - Људмила Петрушевскаја (196 стр.)
... загадочни приказни за љубовта со Хармсовски вкус...

превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски

(редовна цена 250 ден, попуст -60%)

Збирката раскази, со која Петрушевскаja за првпат му се претставува на македонскиот читател, претставува избор од можеби највиталната страна на нејзиниот писателски опус - загадочните и фантастични раскази. Тие се поделени во четири тематски целини според циклусите кои самата авторка ги уреди за руското издание. Љубопитниот читател ќе сретне мрачни и надреалистични вињети, раскажани во манирот на урбаниот фолклор, апокалиптични приказни за пропаста на социјално-политичкиот поредок, раскази кои ги истражуваат меѓучовечките односи под заканата од непознатото и после смртта, и вистински бајки за возрасни, како што самата писателка ги нарекува некои од своите прозни дела. Оваа книга на руската писателка е посветена на љубовта - поточно, таа е посветена на разните видови љубов, почнувајќи од речиси детската, безнадежна и вечна, и завршувајќи со умната и мудра љубов, љубовта која е подготвена на сè, која простува и која спасува. Судејќи по напишаното, писателката знае многу приказни, и еден дел од нив претставуваат бајки со среќен крај, додека други наликуваат на старите балади во кои бесмртна останува само љубовта. Уживајте!

Људмила Петрушевскаја (1938) е руска писателка, авторка на песни, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Пишува и за деца. Освен со пишување, таа се занимава и со сликање акварели и монотипија. Мошне рано почнала да пишува кратки белешки за весниците (Московски комсомолец, 1957, Московска правда, 1958, списанието Крокодил, 1960, весникот Недела, 1961), а работела и како дописник на Сесојузното радио. Првиот расказ го напишала во 1968 година, и оттогаш во суштина пишува само проза. Нејзините први раскази се појавиле во списанието „Аврора“ во 1972 г. На почетокот не била многу објавувана, но по 1988 година, откако му напишала писмо на Михаил Горбачов, нештата тргнале во позитивна насока. Истата година била издадена нејзината прва книга, збирката раскази „Бесмртна љубов“. Петрушевскаја е добитничка на бројни книжевни награди во Русија. Таа е една од најомилените и најугледни современи руски писателки, и е преведувана на многу јазици. Живее и работи во Москва.
 
Последно уредено:

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
6. ЦРЕШОВОТО ДРВО И СТАРИТЕ ЧУВСТВА – Марица Бодрожиќ (224 стр.)
...иднината е можна само доколку се соочиме со минатото...

превод од германски јазик: Ксенија Чочкова

(редовна цена 299 ден, попуст -66%)

Во слики со светлечки интензитет Марица Бодрожиќ раскажува за тоа што беше „Југославија“ и што значи да се биде во егзил; и покажува дека Арјета ќе има иднина само ако е подготвена да не ги затвори актите на своето минато. „Тогаш црешовото дрво ќе прокрвави и ќе раскажува...“ Карл-Маркус Гаус, Зидојче Цајтунг

Марица Бодрожиќ се движи низ минатото преку своите женски фигури. Пишува многу обмислено за пејзажите, мирисите, звуците и ликовите од своето детство и младост, за губењето на татковината, за спомените и дупките во сеќавањето, за љубовта, дистанцата и пристигнувањето во еден нов живот. Нејзините текстови живеат од слободниот однос со синтаксата, скратувањата и неологизмите, што му даваат необичен тон на романот; од речениците што будат голем спекатар на емоции и асоцијации и го носат читателот во една состојба налик на транс. Жанет Филачика, Дер Фрајтаг

Бегството во јазикот како последно средство на отпорот, е она што го носи целиот роман. Како можеме да се сетиме, како можеме да го совладаме сеќавањето? Тоа се прашањата што ја водат Арјета Филипо, раскажувачката во романот. Потекнува од Сараево, студира во Париз, потоа оди за Берлин и насекаде среќава други луѓе кои побегнале од војната во Југославија, но не наоѓаат мир во себе. Андреас Платхаус, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Марица Бодрожиќ (1973) е германска писателка со хрватско потекло. Во Германија се преселила како дете и денес живее и работи во Берлин. На германската литературна сцена Бодрожиќ се пробива прво како поетеса, а потоа и како романсиер. Исто така се занимава со литературен превод и предава креативно пишување. Едно од нејзините најпознати дела е романот „Црвешовото дрво и старите чувства“, за кој ја добива престижната награда на ЕУ за литература. Други позначајни награди се: наградата Херман Ленц (2001), наградата Иницијатива (2008), специјалната награда за нови автори Бруно Хек (2009), наградата на Лихтенштајн за литература (2011), како и наградата ЛитераТоур (2013).

7. ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ – Ане Сверд (333 стр.)
Дали светот на возрасните е посакуван, или неминовен?

превод од шведски јазик: Родна Русковска

(редовна цена 390 ден, попуст -74%)

„Ова е еден од поинтензивно напишаните романи, кој провоцира на размислување. Одамна немам сретнато таков“ Свенска дагбладет

„Овој роман за преминување во светот на возрасните ги содржи сите вообичаени состојки – сексот, смртта, изгубеното детство – но посебен е поради страсната и испреплетена нарација, која е богата и јасна“ Стефани Крос, Дејли мејл

Ане Сверд (1969) е шведска писателка која дебитираше како романсиерка во 2003 година со „Арктичко лето“, роман за кој доби номинација за ценетата награда „Аугуст“, по што беше преведен на неколку јазици (германски, холандски и полски). Вториот роман, „Жив песок“ (2006) беше номиниран за литературната награда на списанието „Ви“ и награден со првата стипендија на Меморијалниот фонд на Маре Кандре. „До последниот здив“ (2010) е нејзиниот трет роман, добитник на наградата „Букцирклар“ за роман на годината, и досега е преведен на шеснаесет јазици.

8. АКВАРИУМ – Кристина Тот (316 стр.)
За безвоздушната атмосфера на педесеттите и секојдневноста на трагедиите

превод од унгарски јазик: Златко Панзов

(редовна цена 299 ден, попуст -66%)

Во овој роман сите се сираци. Девојчето посвоено кон крајот на четириесеттите (Ромче посвоено од Евреи што го преживеале Холокаустот), нејзините воспитувачи, родителите, нејзиното дете и сопругот, сите роднини и познајници: сите без исклучок недостатокот на љубов го сметаат за единствена прифатлива состојба што можат да ја доживеат. Луѓето си го живеат својот живот во една трошна галерија на една зграда со излупени ѕидови каде мириса на вариво, тука се борат за живот, на дофат на бедата и оддалечени светлосни години од животот што го замислуваат како нормален. Сепак, задушените емоции понекогаш избиваат и на тие точки се менува нивниот живот. Тој потиштувачки, тесен, но истовремено и проѕирен свет го претставува Аквариумот. Кристина Тот има одлично чувство за пропорции, ги комбинира натурализмот, иронијата и црниот хумор, прочистувајќи нè преку „катарзата на секојдневието“, соочувајќи нè со периодот на нашиот живот кој многу тешко го прифаќаме и којшто толку длабоко навлегува во нашата колективна потсвест.

Кристина Тот е родена во 1967 година во Будимпешта. Студирала унгарска книжевност. Поминала две години на стипендија во Париз. Од 1994 до 1998 година работела во Францускиот институт во Будимпешта. Има добиено неколку книжевни награди, а нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира и витражи. Позначајни нејзини дела се: „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, ИЛИ-ИЛИ), „Аквариум“ (2013, роман), „Светски адаптер“ (2016, поезија)

9. ВЕНЕЦИЈА – Владимир Пиштало (144 стр.)
... интуитивна прошетка низ лавиринтите на La Serenissima...

превод од српски јазик: Виктор Шиков

(редовна цена 250 ден, попуст -60%)


Метафоричното писмо на Пиштало опишува импресионистичка атмосфера во која гестуалноста на глетката пулсира, жива е, оти е претставена преку сетилото на активната имагинација (Јунг), преку духовната способност на тоа огледало за епифании (Корбен). Поетски начулено за поројот микромистерии на секојдневието, писмото на „Венеција“ е архивска треска (Дерида), оти бара внимателно, симултано, трпеливо, стратифицирано читање: Како и секој палимпсест впрочем, полихронијата запечатена во овој густо ткаен текст ни носи и роман за интимното созревање (bildungsroman) и летопис на Млетачката Република, а едрата на страниците всушност постојано стремат на дионизиски аџилак кон – Медитеранот, интертекстуалното устие за историскиот тек на недобројни култури и од Истокот и од Западот.
Небаре со раката на Хермес биле украдени идентитетските картички под музејските експонати, та потем помешани биле во шпил на нова романескна приказна, „Венеција“ на Владимир Пиштало низ лавиринтот на La Serenissima нè води на расеана, интуитивна прошетка вон јаловиот етер на академската, егоцентрична блазираност, кон самосвест за личноносните својства на уметничкиот дух.

Владимир Пиштало е роден 1960 година во Сараево, а детството и младоста ги минал во Мостар, Краљево и Белград. Дипломирал правни науки на Универɜитетот во Белград, а откако во 1993 година емигрира во САД, на Универɜитетот во Њу Хемпшир докторирал на тема: „Жонглирање со три идентитета: српски, југословенски и американски, меѓу американските Срби, 1900 – 2000 година“. Професор е по светска историја и историја на САД на „Бекер колеџот“ во Бостон. Од 1981 година до денес ги објавил книгите: „Сликовница“, „Ноќи“, „Манифести“, „Крајот на векот“, „Корто Малтеɜе“, „Витраж во сеќавањето“, „Прикаɜи од цел свет“, „Александрида“, „Милениум во Белград“, „За чудото“, „Тесла, портрет меѓу маски“ (награда „НИН“ – најдобар роман ɜа 2008 година) и „Венеција“.

10. МАЛИТЕ ПРСТИ – Филип Флоријан (204 стр.)
... вистинска историја, верски аџилак, водење на кривична постапка, рецепт за печење на гулаби и љубовна приказна, се’ под еден ист книжевен кров...

превод од романски јазик: Ермис Лафазановски

(редовна цена 299 ден, попуст -66%)

Дејствието на романот „Малите прсти“ на Филип Флоријан, окарактеризирана како дело со оригинален нов јазик, се случува во еден малечок град во Романија, во кој е откриена масовна гробница покрај една римска тврдина. Прашањето кое сите си го поставуваат е дали се работи за жртви на средновековието или за безимени мртви од времето на комунизмот? Младиот археолог Петруш решава да ги преземе работите во свои раце и да ја расветли мистеријата која сите ги измачува. Во кратки црти, во овој возбудлив роман од двесте страници авторот успеал на едно место да ги спакува вистинската историја, верскиот аџилак, водењето на кривична постапка, рецептот за печење на гулаби, и секако, љубовната приказна. Антологиски!

Филип Флоријан е роден на 16 мај 1968 година во Букурешт, каде студирал геологија и геофизика. Во 90-те години работи како новинар и уредник во различни медиуми, меѓу кои и како дописник на „Радио Слободна Европа“ и „Дојче веле“ од Романија. Неговиот прв роман „Малите прсти“ во 2005 година беше прогласен за „Најдобар дебитантски роман“ во матичната земја, а награда му доделија и колегите од романското Друштво на писатали, по што следеше и интернационален успех и превод на романот на десетина европски јазици. И неговите следни романи наидоа на топол прием и кај публиката и кај критичарите, повторно носејќи му на Флоријан неколку национални и интернационални награди. За себе вели дека ја изгубил надежта дека еден ден повторно ќе има коса, дека ќе може да отспие повеќе од 3-4 часа ноќе, и дека некогаш ќе се откаже од цигарите. Живее и работи во Букурешт.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Легендата вели дека некогаш, многу одамна, Арс Ламина дале попуст поголем од 20% на своите изданија - двојно поскапи од нивната вистинска вредност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom