Саем на книгата

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.644
Годинава и M Comics и Стрип книжарница Бункер имаат свои штандови, за прв пат. Многу се израдував, а верувам и сите љубители на стрипот ќе се израдуваат. Од Бункер најавуваа големи попусти, а од она што го гледам на нивната fb страница, има навистина интересни изненадувања. Јас ако ништо друго, барем двата броја од новата Златна серија на Весели четвртак ќе си ги земам.[DOUBLEPOST=1525264738][/DOUBLEPOST]Еве, пример, Lucky Luke на BookGlobe, колор, со тврд повез од 620 на 370.
 
Член од
12 март 2018
Мислења
29
Поени од реакции
5
Да не знае некој господарот на прстените дали ќе ја има и колку ќе се движи цената? Англиски и македонски
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Имам впечаток дека овогодинешниот саем е повеќе направен насила и ради реда колку да не се прекине „традицијата“. Прво, повеќе од половина година се натегаа ќе има - ќе нема - ќе има - ќе нема саем, за после да испадне дека има, и тоа веста ако не се лажам излезе некаде околу еден месец пред официјалниот датум за саемот на книга.

Од друга страна, издавачите како и изминатите години се летаргични во однос на саемот, не може бе еден ден пред саемот да вадиш каталог, и тоа каталог каде ги нема сите изданија што ти се на попуст туку повеќе е како демо верзија на каталог од 5-6 страници. И издавачките куќи што мислев дека ќе го извадат каталогот порано, го извадија вчера/денес. Малку е несериозен пристапот, дали не објавуваат каталози со повреме затоа што знаат дека попустите што ги нудат абер немаат од попусти па да не се срамат, или пак толку знаат да загризат, не знам искрено. Во други околности, немаше да ме интересира, но еве јас доаѓам од Охрид за да го посетам саемот, и сакам од дома да си ја „изработам домашната“ на кое место од каде ќе пазарам, да си го планирам буџетот, итн итн. Трето, кој буџет да си го планирам на овие попусти од смешни 50 денари :pos: абе додека се наканам да дојдам од Охрид, автобуска карта, кафе на Стража, еден сендвич по пат, па ако ти се слоши едно благо за недајбоже да чуваш в џеб, отидоа 1 500 денари само тоа, и одиш на саем и гледаш книга од 300 спуштена на 250. Па следен пат ако одам на мој термин во клиника, успат ќе ја купам книгата што регуларно ќе биде 300 денари и ќар ќе сум, а не вака. Срамота.

Истите изданија се на истите попусти со години, значи еден тираж од изданието не им е потрошен ама битно не спуштаат повеќе од 50, ретко, преретко кога ќе се улови нешто добро овде, на крај испаѓа дека оние со штандон за Господ се најпоштени, барем книгите од 500 денари ти ги продаваат со тврди корици и со слики во боја внатре, ко стрип е и плус роман за господ и ангелите си читаш, и муабет ќе ти направат, психологија, ќе ти отворат натална карта, итн итн, ќе ти дадат бројче, ќе те запаметат на име и успат може ќе клецнеш некоја која ќе сака да те зачлени во сектата на Тино Кајшаров затоа што ќе има бесплатна чланарина ако донесе човек плус, друга логика немам како функционира саемов, тоа е од мене.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.808
Поени од реакции
33.644
Или Или имаат преку 30 книги со цени од 100 до 150 денари. :vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Ептен слабо годинава... Што поради лош саем, што поради никаков список, пошо оноа што го барам, со години веќе не можам да го најдам во Македонија. И најбитно од се` - преовладувањето на кич литература. На чело со: Култура, Ѓурѓа, Сакам книги и Матица кои си ги рашириле пипците на шундот по сред цела сала. Тука некаде се и Просветно дело и Три - ама ај ќе речам имаат по нешто интересно да се најде.
Позитивно сум изненаден од Готен и ПНВ, едните заради одредени наслови што ми фатија око, другите ради евтина а квалитетна литература. Тука се и Или-или кои си фураат свој андерграунд филм, испливаа уште неколку нови наслови од писателите на кои сум им во сенка влезен, Арс ламина и Антолог вадат понекој наслов за кој никад не сум чул но ме копкаше да видам, Академска си го држи стандардот. Една мала позитива уште од старт, а тоа е Бункер кои седеа на почеток пред салата во фоајето, продаваа и Политикин Забавник па малку носталгија ме фркна, ги распрашав дали ќе го вадат Тин-тин, ќе почекале со србиве да доработат нешто.
Криво ми беше за Табернакул, не ги најдов, а шарав-барав, ги распрашував луѓево, никој ништо не знае. Ако некој има инфо, нека сподели тука.
Сe` на се` зедов 6 книги, (по 2 од издавачка куќа). Можно е да поминам пак утре со кеш, јер одредени штандови немаа да плаќаш со картица. А многу сакав да земам од кај нив. Тоа е вака у глобала.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
407
Поени од реакции
1.135

Зарем е можно да не се на саем Табернакул???:confused:
Стави и по некоја слика од книгите кога ќе можеш, да исплакниме очи. :D :)
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511

Ги има(ше) овие на старо што продаваат книги надвор?
И еден штанд со екс-ју сф само?, човекот само на последниве 2 саема го имаше, продава наместо некој друг, не се негови книгите...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
И еден штанд со екс-ју сф само?, човекот само на последниве 2 саема го имаше, продава наместо некој друг, не се негови книгите...[/QUOTE]
Имаше еден „старокупуем“ во фоајето, баш карши Бункер мислам седеше човекот. Во споредба со минатиот пат, мислам помал му беше штандот.
Имаше уште еден екс ју ама шиткаа шунд као Даниела Стил, така да не ги ни ѕирнав. Вулкан подоцна дојдоа, откако си заминав.
@<<Goku>> Бујрум
20180503_234207.jpg
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Зарем е можно да не се на саем Табернакул???:confused:
Стави и по некоја слика од книгите кога ќе можеш, да исплакниме очи. :D :)
Мала исправка - имаше еден сосема мал дел на Табернакул под капата на Икона пред самиот влез во салата. Некои 7-8 наслови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom