Саем на книгата

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.822
Поени од реакции
7.140
По не знам колку години, прв саем на кој свесно нема да одам (на минатиот бев во Полска). Немам потреба од многу нови книги, нема да најдам нешто што не може и вака да се најде, нема ништо екслузивно, попустите се генерално слаби и стварно, имам брдо непрочитани книги.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.250
Поени од реакции
14.556
Одамна не го следам издаваштвото кај нас, но обично сум во состојба понудата на саемот да ја разгледам за еден ден (она што ме интересира). Малкумина издавачи се издвојуваат со квалитетни изданија (добра книга, добар превод, добра цена, пристојна хартија). И така е, горе-долу со повеќето саеми за книга кај нас. Ќе утнат некоја година, но општиот впечаток ми е таков. Преовладува неквалитетна, лесна и комерцијална литература наменета за лица кои се во состојба дома да се изгубат, која е лошо напишана, лошо преведена, но овој читател не би се замарал со вакви ситници.
Е сега, саемот можеби не дава најцелосен увид во издавачката понуда, но за поцелосен не знам. Криво ми е кога ќе се сетам дека белградскиот саем нуди неспоредливо подобра понуда. И кога ќе се земе предвид дека се работи за поголема држава со побројни читатели, пак разликите се поразителни, разочарувачки.
Добри наслови можат да се најдат, но мене најмногу ми е страв од преводите. Како да се одлучам за некоја книга, кога ќе видам дека истиот преведувач во последните 4-5 години, превел 5 филозофски книги од по 300-400 страници, неколку историски и уште нешто книжевност?! :)

А за блиски саеми, последниве години одам до Ниш. Поблиску е од Белград, а понудата горе-доле е таа. Кога ќе се земат во предвид квалитетот на преводите, цената, изборот, тогаш патот и трошоците да се стигне до Ниш, воопшто не се проблем.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

:) Машала, ем брзо преведување, ем разновидност, секоја чест. Да не знаеш која книга преведена од него попрво да ја купиш. Што се однесува до нови, добри наслови (ова чинам и на други места на форумов е пишано), ние „малку“ доцниме зад комшиите. Срби, Бугари, Хрвати и сл. превеле, и тоа добро, уште пред некоја година, или ако е постара книга, пред некоја деценија, па ако некој веќе не го набавил оригиналот, секако купил некое издание од соседиве. Уште една копија најчесто не е потребна.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Феникс
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=214362622671058&id=204547226985931&hc_location=ufi
ТРИ
http://kniga.mk/pdf/Katalog na izdanija.pdf

-Инаку да се надоврзам, колку и да сме поназад од соседните земји во издаваштво сепак прво би одбрал македонско издание на книга со задоволителен превод отколку да читам на српски, одбивно ми е и многу бавно ја читам книгата :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Јас искрено сум многу разочаран од досегашниот напор да се привлечат читателите на новата саемска локација. Цените никакви, понудата лоша и каталози во последен момент! И оваа година очигледно ќе купам повеќе книги на англиски, отколку на македонски. Сепак ќе ги почекам и каталозите на Арс Ламина, Бегемот, Матица, Магор, Или-Или и Антолог. Прескапите книги на на англиски од Икона и Академска и оваа година ќе ги рипнам, истите прво ги има пдф, а второ некои од нив можат да се нарачаат за многу пониска цена од Amazon, еBay или Goodreads! Класиците на Collins и Wordsworth се исклучок. Добра цена (секогаш 120-150 ден.) и голем спектар на книги. И оваа година сигурно ќе си земам најмалку 2 книги од Колинс, а притоа даваат и чаша подарок. :D
Од Антолог го сакам Случајот Кукоцки, веќе неколку години сакам да ја земам, но се заборавам. Оваа година ми е приоритет, секако, ако има добар попуст. За друго ќе видам. :)

Ова им е одлична можност да направат профит, но некако како да немаат желба. Со ваков пристап, оваа манифестација ќе згасне. :)
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
И јас не сум воопшто задоволен од понудата и пред се од цените на веќе излезените каталози. Каков е тој попуст од 320 на 290 или од 500 на 450 денари??? Иако мислам дека можеби причината за тоа, што никако не е за оправдување, е дека од повеќе издавачки куќи зборуваа дека штандовите во Борис Трајковски биле двојно поголеми од стариот Скопски саем (Метрополис), што значи дека закупнината за тие 7 дена е двојно поскапа, па со цените мора некако да го надокнадат тоа...
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Јас искрено сум многу разочаран од досегашниот напор да се привлечат читателите на новата саемска локација. Цените никакви, понудата лоша и каталози во последен момент! И оваа година очигледно ќе купам повеќе книги на англиски, отколку на македонски. Сепак ќе ги почекам и каталозите на Арс Ламина, Бегемот, Матица, Магор, Или-Или и Антолог. Прескапите книги на на англиски од Икона и Академска и оваа година ќе ги рипнам, истите прво ги има пдф, а второ некои од нив можат да се нарачаат за многу пониска цена од Amazon, еBay или Goodreads! Класиците на Collins и Wordsworth се исклучок. Добра цена (секогаш 120-150 ден.) и голем спектар на книги. И оваа година сигурно ќе си земам најмалку 2 книги од Колинс, а притоа даваат и чаша подарок. :D
Од Антолог го сакам Случајот Кукоцки, веќе неколку години сакам да ја земам, но се заборавам. Оваа година ми е приоритет, секако, ако има добар попуст. За друго ќе видам. :)

Ова им е одлична можност да направат профит, но некако како да немаат желба. Со ваков пристап, оваа манифестација ќе згасне. :)
Ако читаш на англиски порачувај си од Book Depository, не наплаќаат достава и се со иста цена како на саем од икона да ја купиш. :D Оваа година ако одам ќе си купам книги што ми останаа од ланскиот список некупени, ако воопшто најдам нешто останато. Од овогодинешните изданија можеби би ја купил од Казуо Ишигуро - На крајот на денот, но можеби и не.:P
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако читаш на англиски порачувај си од Book Depository, не наплаќаат достава и се со иста цена како на саем од икона да ја купиш. :D Оваа година ако одам ќе си купам книги што ми останаа од ланскиот список некупени, ако воопшто најдам нешто останато. Од овогодинешните изданија можеби би ја купил од Казуо Ишигуро - На крајот на денот, но можеби и не.:P
Не нарачувам книги, само направив споредба. Гледам цени и над 1.000 ден. во Академска, а истата книга ја има и пдф (а дел ги има и на македонски со пониски цени). Тоа е многу дестимулативно поради тоа што цената се формира и врз база на потрошувачката. Ако едноставно не им вреди, нека се фокусираат онаму каде што вреди да се инвестира. Само за споредба, Класиците на Колинс во УК одат по 5 фунти, а кај нас на саем (пред тоа нешто помалку од 3) за околу 2 фунти. Сепак се гледа куповната моќ на потрошувачот и не се прави пресликување на цените видени на штандовите во странство. Така јас си ги симнувам пдф, речиси сите ги има на англиски или на српски. Тука, нормално, се изземени авторските права, затоа се толку евтини. :)
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Цената на книгите во Македонија и општо е широка тема за дискусија, а ако е како што викаш цената се формира врз базата на потрошувачката тогаш можеби класиците на колинс повеќе се трошат во Англија отколку во Македонија и затоа се поевтини. :D Колку и да дискутираме издавачите знаат да претераат со високи цени некогаш, а и ние читателите некогаш бараме книги за џабе. Да почекаме каталози и од другите издавачки куќи да видиме со какви цени ќе излезат. На ланскиот саем Антолог имаа доста добри попусти и имаа интересни книги да видеме како ќе биде годинава. :):)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.295
Поени од реакции
8.742
И Бегемот поскапи во однос на претходните години, или така ми се чини?
Па, мислам дека не. Ги имаат истите попусти од 50-80 денари како и претходно, додека кај постарите изданија и помалку познатите наслови и автори попустите се попристојни.

Мене она што ми фати око беше бројот на издадени книги од минатиот саем до годинешниов. Имаат 25 книги издадено, а искрено очекував помалку да бидат, некако ми оставија впечаток дека се помалку активни, ама не било така. И порано од саем до саем таа им беше бројката на објавени наслови.

Баш би сакал, бидејќи Бегемот преведува доста полски автори, да преведат нешто и од
Ferdynand Ossendowski. Србите ја имаат преведено Slaves of the Sun: Travels in West Africa (Robovi sunca на српски), на македонски мислам дека ништо во минатото не е преведувано.
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Си купив нешто на оние мини саемчиња што ги имаа месециве, така што, ако одам би било за 2-3 книги најмногу, иако и за тие се мислам дали вреди да менувам два буса до Борис и назад.
Зависи како ќе имам време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom