Јас искрено сум многу разочаран од досегашниот напор да се привлечат читателите на новата саемска локација. Цените никакви, понудата лоша и каталози во последен момент! И оваа година очигледно ќе купам повеќе книги на англиски, отколку на македонски. Сепак ќе ги почекам и каталозите на Арс Ламина, Бегемот, Матица, Магор, Или-Или и Антолог. Прескапите книги на на англиски од Икона и Академска и оваа година ќе ги рипнам, истите прво ги има пдф, а второ некои од нив можат да се нарачаат за многу пониска цена од Amazon, еBay или Goodreads! Класиците на Collins и Wordsworth се исклучок. Добра цена (секогаш 120-150 ден.) и голем спектар на книги. И оваа година сигурно ќе си земам најмалку 2 книги од Колинс, а притоа даваат и чаша подарок.
Од Антолог го сакам Случајот Кукоцки, веќе неколку години сакам да ја земам, но се заборавам. Оваа година ми е приоритет, секако, ако има добар попуст. За друго ќе видам.
Ова им е одлична можност да направат профит, но некако како да немаат желба. Со ваков пристап, оваа манифестација ќе згасне.