Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

K

KomitaMKD

Гостин
Мислам дека без Мојсоски тешко дека ќе направиме нешто на квалификациите и баражот.Без него доколку го затворат на Кире нема кој да постигне или да намести гол.за Филип не ми се ни зборува на човекот му беа дадени премногу шанси кои мислам не ги искористи и крајно време е да му се заблагодарат за настапите.Не знам каква е ситуацијата со Ѓоргоноски и Димоски но доколку се опорават тие треба да се прв избор пред Стоилов кој се покажува во добро светло.На левата бековска позиција може да играат Пецаковски,Јоноски,па до некаде и Маркоски и тие се запнале за Филип Лазаров.Проблем се крилните позиции, но таму можат да повикаат некои млади како Левов на десната страна(може да игра и како бек).
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Нема проблем на десната страна, Темелков е одлично десно крило, а и Гоце Георгиевски е супер... Сепак и Милан Левов е повикан во репрезентација. А што е со Наумче Мојсоски, зашто тој да не игра?
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.008
Поени од реакции
5.324
Наумче ке игра!! Сеа повреден е!!
Филип Лазаров аут од репрезентација!! Дупка голема е не заслужува место!!!! Ни треба добар пикер а тоа во овој случај е Павловски!! Само незз Савевски што с еглупира и не го повикува во репрезентација!!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Не е страшно за пикер, Стоилов ќе може да се носи со Турција и Литванија, а и Маркоски имаше солидни игри оваа сезона, даде и неколку голови во ЛШ... Мора малце по малце да се подмладува репрезентацијата, нема да можеме цел живот да се потпираме на Кирил Лазаров... И мило ми е што Миркуловски имал толку добар меч вчера, 10 гола од 11 шута, секоја чест за Лино Червар, мислам дека овој играч доста напредуваше под негово водство :)
 
K

kaiser soze

Гостин
Наумче ќе игра на квалификациите во јануари,сега доби поштеда бидејќи има некоја помала повреда.Исто и Темелков ,има обврски со Балинген,пред три дена играа со Кил,му следи уште еден натпревар,па и тој пристигнува на подготовки.Десната линија според мене ни е најдобра,тука ни се уште и Мајнов,кој вчера истотака не настапи поради мала повреда,Левов и Георгиевски.Исто и Митков,кој претежно има дефанзивни задачи.
Инаку и вчера ни беше едноврсна играта во напад.Се одеше преку КиреЛазаров и Миркуловски.Вториот се гледа дека многу напредувал во последно време,ги уби романците со игра еден на еден.Речиси цел натпревар го изигра во исто темпо.Филип Лазаров истата приказна,се осеќа притискот врз него,а и публиката понекогаш непотребно му упатува свирежи.Вчера неколку промашувања,меѓу кои и зицери,по некој избрзан шут,па кога треба да бие тој не шутира.Вчера имаше интересна ситуација,дигната рака за пасивен од суудиите,тој има чиста позиција за шут,цела сала му сугерира да шутне,за на крајот тој да додаде и пропаѓа нападот.Јасно е дека во моментов не треба да е прва опција на левата бековска позиција.Не ми е јасно само зошто вчера Пецаковски воопшто не играше.Ако е повреден е оправдано,ама
во спротивно мислам дека пак грешиме со изборот.Во услови кога Стојановиќ е повреден,тој без двоумење ни е најдобар на таа позиција.Сезонава има очигледно голем напредок,во ШЛ на неколкупати го покажа тоа на доста силни натпревари.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.925
Поени од реакции
485
Немам гледано ниту еден натпревар на нашата репрезентација после неуспешните квалификации за Европското (иако одиграа само три ако не се лажам:)), така што не сум компетентен да кажам каква е нашата игра. Сепак по она што го прочитав нема ништо ново. Народот сеуште го руга Филип Лазаров:). Не знам зошто не играл Пецаковски кој имаше одличнa полусезона во Вардар и кој беше еден од најдобрите Вардаровци во "Лигата на Шампионите". И да, мислам дека немаме квалитетен пивот што е една од најважните позиции. Ванчо е веќе стар (иако сеуште може да ни користи) а Никола Маркоски и Стоилов не се доволно квалитетни. Јас предност пред последниве двајца би му дал на Ѓоргоновски.
Инаку колку што знам денес се игра повторно, па знае некој од колку часот се игра и дали ќе има пренос?
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Немам гледано ниту еден натпревар на нашата репрезентација после неуспешните квалификации за Европското (иако одиграа само три ако не се лажам:)), така што не сум компетентен да кажам каква е нашата игра. Сепак по она што го прочитав нема ништо ново. Народот сеуште го руга Филип Лазаров:). Не знам зошто не играл Пецаковски кој имаше одличнa полусезона во Вардар и кој беше еден од најдобрите Вардаровци во "Лигата на Шампионите". И да, мислам дека немаме квалитетен пивот што е една од најважните позиции. Ванчо е веќе стар (иако сеуште може да ни користи) а Никола Маркоски и Стоилов не се доволно квалитетни. Јас предност пред последниве двајца би му дал на Ѓоргоновски.
Инаку колку што знам денес се игра повторно, па знае некој од колку часот се игра и дали ќе има пренос?
Од 17:50,а за пренос мислам ке има али не сум сигурен
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
На еден ракометен форум пред 4-5 години имаше сјајни прогнози за Филип Лазаров, не знам што му е на човекот. Заедно со Пецаковски имаат најдобар одраз во репрезентација, се надевам ќе се среди, не верувам дека е до толку тапа, сум гледал и добри средби од него, да напоменам и дека од контри е доста ефикасен, речиси и не сум го видел да промаши, па добро е да се проба како крило :pos:
Ист е моабетот како со Пандев и брат му.
Кога се разбра дека Пандев има брат, сите прогнози беа дека како помал дури и ќе го надмине постигнатото на брат му. Веднаш беше купен во Динамо Загреб, и со години беше позајмувај ваму таму, а сега знаеш каде стигна да игра.

Филип Лазаров изгради кариера поради брат му, тоа е факт и неоспорно, но дали има он кариера воопшто?
Те побивам во констатацијата дека Филип има голем скок, а кога ќе ја споредиш неговата висина со неговата брзина и експлозивност(!), доаѓаш до смешни резултати. Нема прецизен удар, нема живост во играта, нема прегледност во играта(!) што досега и тоа како требаше сето ова да го извежба!!!

Кога се слушна дека има Кире брат, веднаш се јавија на репорт голем број клубови. Меѓу кој и клуб во Унгарија - Плер, каде и направи трансфер во време кога Кире играше во Веспрем, Унгарија.

Луѓето таму веднаш видоа дека нема перспектива Филип, па не помина ниту пола сезона со тој тим. Се врати во Македонија каде игра/ше поради презимето...но сега кај Червар, има мизерна минутажа, по што јасно може да се согледа неговата ситуација.

Талентот се гледа на 19години, и тогаш се надградува(а овој изгледа бегал од тренинзи тогаш)...но Филип има 24/5 што го прават дааалеку од млад талентиран ракометар од кој допрва треба да гледаме резултати!
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
И што се десо денес?

Бил некој?
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Ајде бе кој бил нека пише резултатот
Македонската машка ракометна репрезентација, вечерва во СРЦ Кале го одигра вториот подготвителен натпревар со Романија и славеше победа со 34-28. капитенот Кире Лазаров овојпат одмазднички постигна 12.голови. Нашите најдобри ракометари кои вчера загубија минимално, се подготвуваат за квалификацискиот циклус кој ќе се одржи во Адана- Турција на 15. и 16.јануари, кога Македонија ќе игра со домаќинот и Литванија, за бараж кој води на Светското првенство во Шведска во 2011 година.

Задоволен си сега...:helou:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.655
Поени од реакции
9.901
а бил некој,да каже кој како играл отприлика ? :smir:
 

mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Македонската машка ракометна репрезентација, вечерва во СРЦ Кале го одигра вториот подготвителен натпревар со Романија и славеше победа со 34-28. капитенот Кире Лазаров овојпат одмазднички постигна 12.голови. Нашите најдобри ракометари кои вчера загубија минимално, се подготвуваат за квалификацискиот циклус кој ќе се одржи во Адана- Турција на 15. и 16.јануари, кога Македонија ќе игра со домаќинот и Литванија, за бараж кој води на Светското првенство во Шведска во 2011 година.

Задоволен си сега...:helou:
Kире е СВЕР..за џабе не е од Свети Николе ..хххх
 

Kajgana Shop

На врв Bottom