Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа требаше да се одложи, не се фокусирани, не се на теренот со мислите.

Многу е тешко во вакви моменти да имаш концентрација, и еве се случи најлошото.....:mad::mad::mad:
За тоа требаше да ги добиеме пред некој ден на домашен терен кога имавме убедливо водство и сега да не се замараме многу, многу.
 
За тоа требаше да ги добиеме пред некој ден на домашен терен кога имавме убедливо водство и сега да не се замараме многу, многу.
Било што било, таа утакмица е минато.
И да сме ги тепале таа, оваа пак ваков ќе беше исходот.

За оваа беше испратено барање од РФМ да се одложи, луѓе се неможат да играат, сите сме покосени. Се гледа дека им влијае, немаат концентрација.

Се игра само заради интерес, пари и телевизиски права-а пази Македонија е таа земја што години назад е една од најбројните публики на секое првенство и остава огромна сума на пари на сместување, храна и пиење во градовите домаќини. Исто и со Вардар, Пелистер, Металург (на времето) тука паѓале рекорди во посетеност и гледаност, каде има толку публика и такво навивање во ракомет?

И неможеа една утакмица да одложат.
На денот на најголемата трагедија во нашата историја, и дури не носеа црни траки може и тоа не им дозволиле (ова ми е непроверено, но не ме чуди)
 
По гадни од словенците нема играја душмански се радуваат како шампиони да се ,тој спикерот во салата без исав да вика цело време а најмногу го силеше комарот тренерот нивни не знам шо имаат толку против нас но гарант е нешто лично оти она вчера немаше смисла прво шо се играше а второ онака шо се понашаа оние гнасите
P.S.Не знам дали Зорман губеше еднаш од нас ,дали нешто се замерени со Киро но од авион се гледаше дека на секој начин сакаше да не понижи

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
По гадни од словенците нема играја душмански се радуваат како шампиони да се ,тој спикерот во салата без исав да вика цело време а најмногу го силеше комарот тренерот нивни не знам шо имаат толку против нас но гарант е нешто лично оти она вчера немаше смисла прво шо се играше а второ онака шо се понашаа оние гнасите
P.S.Не знам дали Зорман губеше еднаш од нас ,дали нешто се замерени со Киро но од авион се гледаше дека на секој начин сакаше да не понижи

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Не знам како сакаш да се понашаат. Не се они ништо криви за тоа што ЕХФ се гомна кои не дозволија да се одложи утакмицата.
Они си играа стандард како што си играат на победа до крај, овие момци не се сите со загарантирано место во репрезентација и го користат секој момент за да докажат дека таму им е местото.

Треба да го исфрлиме менталитетот на жртва дека сите ќе не сожалуваат за се нешто, и што побрзо пораснеме тоа подобро за нс. Што требаше да тапкаат топка во место? Нема да се случи тоа, кој и да беше на нивно место ќе играа и ќе си одработеа своето посебно со тоа што оваа победа им однесе квалификација.

Нашите момци излегоа затоа што мораа и одиграа колку што можеа во тој момент. Ќе има време ќе си дојде се на свое
 
Ќе биде доста тешко, поготово сега без Митев. А гледам дека и Ѓорѓиев нешто се повредил. Ај ок дома со Литванија можеме да ја добиеме и таа на гости со Естонија, ама дали Словенија ќе им пушти на Литванците. Така им пуштија на Босанците на прошлите квалификации, па Црна Гора од трето место успеа едвај да се пласира на ЕП.
 
Сами сме си криви, мајстори сме за "што би било кога би било" ситуации… Од една страна имаш фан база која мисли дека сме ултра силна репрезентација, а од друга страна во реалноста мака мачиме со полуаматерски репрезентации и кроиме планови.
 

Какво криминално судење имавме со лалињата тие ги бранат данските судии за нас суделе требало уште 10 исклуч да сме имале....расипани фалшливи патриоти ...да ви е.... све по с , па се испуштија порано полесно било да судиш без камери без вар без соц мрежи,така е тогаш медот беше најсладок и многу витамини во ластичиња се врзвеја
 
 
Мартин Велковски среден бек? Новопечениот среден бек Ивановски пред промоција во репрезентација.Незнам зошто прави поширок список кога нема намера да ги стави во репрезентација.А Талески е посебна приказна.
 
Да ме утепал некој нема да верувам дека после 7-8 години и на 35 годишна возраст Гоце Ојлески ќе се врати пак во репрезентација.

Баш му се поклопија коцките од толку леви крила тој да се најде на списокот.
Цветан и Петар се повредени, Манасков е отпишан од Кире за навек, Кондев стана инфлуенсер, а очигледно Субашевски уште го сметаат за многу млад.

Малку спортска романтика во репрезентација не е на одмет, фали уште Козла да се појави и да ни намигне додека се интонира химната.:D
 
Реално требаше да го земе Карапалевски за овие две утакмици и да не се глупира со Велковски. Добро е што Марковски ќе игра во одбрана и за овие мечеви ќе брани Митревски. Тоа ќе биде доволно на крај мислам. Лошо е што Словенија, како и што мислев, ќе оди со безвезе состав на последните два меча.
 
Комплетно ме демантираа во двете утакмици. Утакмицата во Талин беше врв, изигравме како светска репрезентација. Да победиш 19 разлика во гости не е мала работа, иако со Естонија тоа некако поизводливо беше затоа што тие грешеа и брзаа. Томовски МОТМ на двете утакмици. Ако Естонија во Скопје буквално го исфрли од репрезентацијата, сега и те како им врати и на нив и на Литванците. Мартин Ивановски - позитивно изненадување! Дечкото си изигра супер на двете утакмици и беше моторот баш кога фалеа Митев и Ѓорѓиев. Башка имаше и добра партија против АЕК сред Атина.
Утакмицата со Литванија посебна поготово откако губеа со 0-4 на стартот и се опуштија од грчот. Падна Литванија со 9 разлика во Скопје и прв пат во официјална утакмица (не знам дали сме ги победиле во пријателска порано). Тие играа премногу еднодимензионално со играчи кои шутираа од 9 метри без никакви комбинации. Мислам дека можевме и помалку од 17 гола да примиме, ама небитно - тоа второ полувреме го изигравме топ во одбраната и плус Томовски што фаќаше се и сешто. Се на се одлични две партии.
Групата за ЕП е малку бош, ама е подобра од претходните. Романија може и треба да се добие бар со некои 5-6 разлика, со Данска да гледаме да не изгубиме повеќе од 7, а со Португалија може да биде интересно, иако и тие се фаворити против нас. Немаше некој голем избор од прв и втор шешир, така да ова не е страшно, ама не е ни поволно.

Младинците на СП разочараа комплетно со поразите од Фарски Острови и Романија, па после и од Мароко. Не го искористија Галевски на гол доволно, поготово не во клучните моменти со Романија. Мислам дека и одбраната овој пат беше лошо поставена. Истата одбрана беше извор на сите успеси на таа генерација, а во првите три утакмици дечките примија 90+ голови што е во просек по 30 по утакмица. На последното ЕП не примивме ниту еднаш 30 голови, само колку за споредба. Дури и таа добра партија против Американците не беше нај нај со оглед дека примија 28 гола. Раде и Бранче се изгубија на првите четири утакмици - лошо беше што не поставија некој фластер на Митун или на оној Романецот што им беше главна алка. Има и други фактори. Мислам дека дечките не беа доволно физички подготвени, плус се виде ефектот на Мирче што игра за вториот тим на Пелистер во втора лига. Тоа што Самоил и Дамјан биле повредени не треба да е оправдание, бидејќи тие се кадети. Фараните освоија медал, а тоа требаше да бидеме ние на ова СП. Јбг!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom