На еден ракометен форум пред 4-5 години имаше сјајни прогнози за Филип Лазаров, не знам што му е на човекот. Заедно со Пецаковски имаат најдобар одраз во репрезентација, се надевам ќе се среди, не верувам дека е до толку тапа, сум гледал и добри средби од него, да напоменам и дека од контри е доста ефикасен, речиси и не сум го видел да промаши, па добро е да се проба како крило

Мислам дека тоа беше и една од намерите на Савески, да го проба Ф. Лазаров како лево крило. Исто така Савески сакаше да го проба Ангеловски како крило, не знам дали се покажал добро, најверојатно денес и играл на таа позиција. Сега... глеам некои прашуваат за Стојановиќ, не верувам дека сеуште е заздравен од повредата, а и да е заздравен нема ниту еден одигран меч уште од летото кога Вардар играше квалификации за ЛШ, така да нема да ни е од корист во овие квалификации... Како што гледам не е ни повикан за овие подготовки. Оставете ги бековите, моментално наш најголем проблем е немањето замена за Алушевски. Човекот е веќе на возраст на која не може да ги пружа максимално добро своите најдобри игри, а немаме ниту еден добар ракометар на негова позиција. Гледам ни Макалоски не е повикан во репрезентација, паааа...

Ова што моментално губиме не е ништо страшно, Савески сака да види кои играчи во каква форма се... Инаку во квалификациите очекувам да игра со Борко на голман, Алушевски и Темелков крила, Пецаковски, Мојсоски и К. Лазаров на бек, и Столе Стоилов на пикер... Сепак мислам дека треба на голман повеќе да го игра Никола Митревски, а Гоце Георгиевски е подеднакво добар како Темелков на позиција десно крило... Полека добиваме репрезентација во која имаме 10-тина играчи со голем квалитет, ако влезат во форма како на СП, ќе бидеме страв и трепет за сите!!!