С
Сатори
Гостин
Селанката, силувачот и нејзиното момче
Селото во кое живееше таа беше скоро предградие на големиот град.Млада беше, убава, го сакаше градот, но ете се родила во селото, во фамилија со четири деца.
Се гледаше често во огледало, напола скршено, висеше на ѕидот во нејзината соба, која ја делеше со двете сестри, братчето беше сеуште мало, па спиеше со родителите.
Таа се сакаше себеси, се сметаше дури за една од пообразованите девојки во селото.Знаеше да седне со пријателките, да зборува за животот, велеа дека е романтичар, дека живее во илузии, но убаво им беше да ја слушаат.
Како ќе замине еден ден набрзо, како ќе глуми во театарот, ќе биде голема ѕвезда и сите ќе и се восхитуваат.
Убави се тие сонови, невозможни, но слатки за сонување, а раскажувањата за нив се полни со воздишки и насмевки.
Милозвучниот глас ги ткае овие приказни.
Се враќаше дома, прашлива од патот, безгрижна, полна со елан и живот во себе, среќна што денес нема таа да ги мие садовите дома.Имаше време да се шета, да биде малку своја под сводот, далеку од сите кои и велеа дека од неа ќе биде само уште една селска домаќинка.
По патот се клацкаше кола, нова, лакирана, толку едноставна што имаше место за некој да седи врз неа и да ги тера коњите да одат напред.
Убаво момче, елегантно.
Бела кошула, црни пантолни, да се познава од далку дека е градско дете.
Наеднаш ја обли срам, таа бушава, со цвеќиња во рацете, скоро боса.Не знаеше зошто, та не го ни познава, но ете ја спушти главата пред него.
Ја виде, не знаеше дали сака да застане или не, па се реши да и проговори неколку зборови, да види дали умее да се снајде девојчето, селанка си мислеше.
Кога почна да и зборува, не го слушаше многу, само го гледаше, одговараше како да ја прашува татко и, кротко и полека, со почитување.
Ништо повеќе не и рече ... наредниот ден се видоа пак.Овој пат беше жива, разиграна, исчешлана.
Му дозволи да и ја допре раката.По една недела успеа дури и да ја бакне.
Престана да зборува за соништата во театарот, престана да се надева, почна само да се гледа во скршеното огледало, но во куќа со толку деца, зар некој ќе примети.
Го љубеше, секој миг го чекаше за тие минути покрај патот, почна да доаѓа порано, да се враќа покасно.
Растеше страста, растеше љубовта, му даде се да и земе, би ја убиле да знаеа, но да го има во себе и беше побитно.
Кога почна да станува зависна од него, се реши да го изоди патот до градот и да го побара, знаеше од кажувањата каде треба да го бара.
Беше ден кога тргна, но ноќ ја најде кога стигна таму.
Се исплаши од градот, но се сети на театарот, сакаше да го види, да го помириса.
Се најде маѓепсана како никогаш до тогаш, правта од штиците и ги полнеше градите, се заљуби.
Помислија дека е дојдена за работа, па и тутнаа ливче во раце и и рекоа да глуми, ја бивало.
Заборави дека треба да го најде, заборави на се, покрај глумците.

***
Поминаа години, остана таму, живееше најубаво и најлошо, но не се жалеше, се сеќаваше од време на време на момчето, но се плашеше дека откога видел дека ја нема крај патот, ја зборавил.
Заврши претставата, излезе од театарот сама, како што сакаше, после глумње и некој и ја стави раката на градите, проба да врисне, но не можеше.
Ја бутна врз вреќите и ја налегна со цела тежина.
Познат мирис, но различен човек, различна облека.Ги отвори очите, го крена погледот, истото задоволство.
-Моја си!