Прозни искри

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Сеќавање...

Некогаш спомените значат многу, а некогаш малку зависи од кого се и какви се... Некогаш по ова грешно лице се леат солзи радосници, но некогаш и бакнежите не претставуваат радост... Можеби лажам, но кога подобро би размислила често се каев што воопшто сум дозволила некому да ме бакне... Дали можеби се обидувам да се убедам себе си дека љубовта не постои? Или во бескрајна полемика гледам да не бидам повредена? Дали можеби вистината е тука и горчи или се е матно и бесцелно? Се е блиску но далеку. Зборовите кои не се враќаат...
Ако кажеш ќе бидеш повреден, ако молчиш нема да знаеш што чувствуваш. И повторно ќе се најдеш сам како вејка на ветрот со празни мисли и безброј копнежи. Ќе патуваш во потрага на светлината, и ќе сонуваш за да посакаш да се разбудиш и ќе тонеш во неповратни сеќавања за да дојдеш до една капка среќа која кратко трае. И тогаш во гламурот на надворешниот свет, во срцето на забавата се појавуваат вештачките лица на луѓето кои те опкружуваат...љубоморни погледи те задушуваат, со лажни насмевки и користољубиви потфати. Сфаќаш дека си повредена единка која се изгубила себе си во потрагата на сопствените чувства. Кога судот на неправдата ќе ги обелодени своите права, ти повторно ќе бидеш осуден бидејќи се двоиш од масата со што ќе ти бидат одземени многу права. Зошто човекот не е ниту волк ниту овца, а е вечно изгубен во потрагта на сопственото јас. Јас кое продолжуваш да го бараш во добро-лошите сеќавања и спомени од човечккиот род. А во обидот да се направи разлика ќе потонат многу оригинални идеи за пресвртница. И кога ќе почнеш да се откажуваш некоја чудна светлина ќе те инспирира и повторно ќе те насочи кон можеби недостигливата цел. Потсеќајќите на вечното искачување, на лизгавиот пат, на упорноста која нема да дозволи да се вратиш....


На искуството кое сепак е еден вид сеќавење ...
 
С

Сатори

Гостин
Осаменост

Понекогаш ја вртам главата на ветерот само за да можам на момент да погледнам во гробиштата зад мене, преполни со луѓе кои некогаш ми значеле.Чувство кое ги преплавува сите останати, доза на фрустрација, безпомошноста која навлегува преку ветерот во секоја пора и ме тера да се сеќавам како сама ги бирав надгробните плочи пред да се одлучам на убиство.
Неодбележани и безимени, некои со кои само сум се обидела да ја убијам осаменоста, да вдахнам живот во нешто што е само санта лед, камен кој никогаш не погледнал подалеку од падината на ридот.Се појавува болната потреба од хоризонти.Постојано нешто да барам а да знам длабоко во себе дека сум осудена никогаш ништо и да не најдам.
Налик алхемичар, сакам, толку силно сакам да направам од железо злато, но не можам.Секој неуспех ме враќа повторно во темната соба, занданата која ја нарекувам дом.
И листам низ страниците на дневникот, краснопис, букви кои ми танцуваат на дланката од раката, ми ги одбележуваат вдлабнатините на прстите, ми го земаат мирот и повторно бараат од мене да се сеќавам.
Да научам дека треба да уживам во тоа што некој ми го подарил пред јас будалесто да ги затворам очите и да ја прилепам чашата со вотка до устата.
Да се обидувам да заборавам како изгледало да бидеш вљубен или можеби и не, додека некој друг ја ставил раката на мојата половина, надевајќи се дека нема и ова да трае така малку, така кратко.Никогаш не сфатија дека ниту јас сама не сум трајна, како можат тие да бидат?
Осаменост.Секогаш кога сум во нечии прегратки јас сум безнадежно осамена личност, оставена на виорот, на спомените кои ме прогонуваат додека заспивам со некој друг.Непрежалено минато за кое ми биле потребни само 15 минути да зборавам и повторно да се предадам за да можам на нешто друго да се сеќавам.
Осаменоста за мене е спомени, храна од која секогаш се прејадувам и повраќам врз туѓинци кои ми налетале на патот за да ме задржат да не паднам.Осаменоста за мене е здив кој уживам да си го ускратувам за потоа потполно во него да уживам.Ја гребам по краевите на старите врски и рани, ги бакнувам лузните кои ми ги оставила, живеам за да бидам осамена и секој ден умирам затоа што немам некој да ја убие.
Полека губам контрола, станувам зависна, сакам чаша вотка и добра цигара, сакам бар една вечер да не бидам осамена.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Осаменост.Секогаш кога сум во нечии прегратки јас сум безнадежно осамена личност, оставена на виорот, на спомените кои ме прогонуваат додека заспивам со некој друг.Непрежалено минато за кое ми биле потребни само 15 минути да зборавам и повторно да се предадам за да можам на нешто друго да се сеќавам.
Осаменоста за мене е спомени, храна од која секогаш се прејадувам и повраќам врз туѓинци кои ми налетале на патот за да ме задржат да не паднам.Осаменоста за мене е здив кој уживам да си го ускратувам за потоа потполно во него да уживам.Ја гребам по краевите на старите врски и рани, ги бакнувам лузните кои ми ги оставила, живеам за да бидам осамена и секој ден умирам затоа што немам некој да ја убие.
Полека губам контрола, станувам зависна, сакам чаша вотка и добра цигара, сакам бар една вечер да не бидам осамена.
Prekrasno, tazno, nemam zborovi ne mozam ni da izbrojam kolku pati mi se ima ova sluceno, i kolku samo pati se cuvstvuvam taka a sega e ispisano i so zborovi.Fala ti!
 
С

Сатори

Гостин
Да можам бар да се заљубам

Поим како потполно препуштање на убавината на тишината е љубовта за мене, потполно непознато поле преполно со мини и гранати.
Воздишки кои ја стругаат твојата душа како лоша иверица, рабтилница полна со прав кој навлегува длабоко во твоите бели дробови, а сепак зависник од мирисот на свежо изделкано дрво.
Доза на контрадикција во расудувањата и принципите, опсесија кон доживувањето, од потребите.
Да можам бар да се заљубам.Никогаш не помислив дека ќе посакувам, дека ќе се продадам за да чувствувам, но би сакала, тивко додека тишината се вградува во моето срце како брод кој плови по бурен океан, да погледнам во некој.
Да се заљубам и да почнам да танцувам танго, доволно беше од твистот.
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Ke go pozdravam ovoj den so ljubov vo srcevo. A kako da go napravam toa? Ke gi poglednam site raboti so ljubov i ke se rodam povtorno. Ke go sakam sonceto zatoa sto me topli, no ke go sakam i dozdot zatoa sto go procistuva mojot duh. Ke ja sakam svetlosta zatoa sto mi go pokazuva patot, no ke ja sakam i temninata zatoa sto mi gi pokazuva dzvezdite. Ke i posakam dobredojde na srekata zatoa sto mi go zgolemuva srceto, no ke ja prifatam i tagata zatoa sto mi ja otovra dusata. Ke gi priznaam site nagradi zatoa sto se dobieni so mnogu trud, no ke im posakam dobredojde i na site precki zatoa sto tie se mojot predizvik.
 
С

Сатори

Гостин
*

Убавината на кладенецот

Патот беше повторно прашлив, земјата мека, скоро ровка, да згазиш и да пропаднеш.Да си ги извалкаш новите чевли за кои си работел пола година да ги купиш, да се пофалиш од каде доаѓаш и со што.
Малку вода од кладенецот, ќе се замиеш и ќе си продолжиш понатаму, како и да не си газел по туѓи гробови.
Битно е чевлите да бидат светнати.
Светот кој горчливо си го напуштил да жали, да се лути и да беснее зошто изгубил личност со толку моќ.
Еден човек се познава по чевлите кои ги носи, така мислеше и тој кога се враќаше назад во селото.
Мирисот на тревата му ги врати старите спомени, но чевлите беа побитни, не можеше да оди до дрвото, да ги погали старите резби, да ги бакне новите вдлабнатини, ќе се извалкаат повеќе од потребно.
Продолжи и не застана и покрај клупите на кои седеше со неа, местото каде за прв во животот допре женска града.Каде за прв пат се осмели да ја побара да му се даде.
Но го скамени лицето, ги зацементира емоциите и со стисната уста продолжи, таа одамна не е битна, чевлите сега ја играат главната улога.
Продолжи низ калта, мислејќи во главата како ќе им рече дека е редно да го направат патот, идат луѓе од градот во селово.
Победничка насмевка почна да му игра на усните, самозадоволето го допра длабоко, па го отпушти лицето.
Дојде до кладенецот, се реши да ги измие чевлите кога ја виде како иде со дете во рацете.

-Ристе!
-Марија!Твоја е?
-Моја.Втората ќерка.
-Две имаш?
-Три.Кога дојде, од кога те немаме видено.
-12 години до вчера.Венко како е?
-Добар, добар, работи.
-Мајка и татко?
-Зар не ти кажаа бе Ристо?
-Што Марија?
-Заминаа.
-Заминаа, каде?
-Па во Скопје, пред два дена, да те видат.

Си седна на кладенецот, си ги соблече чевлите и ги фрли во него.

 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Многу ги мразам оние периоди кога сум без скршен денар инспирација и кога се чувствувам како да немам прочитано ни колумна од весник па секоја реченица ми е претешка да ја сфатам а секој збор ми се чини погрешен и не соодветен. Но подобро е нели да си ги пуштиме нозете колку што ни е чергата па се трудам да звучам обично, на пример како колпортер, кој сигурно ги чита барем насловите на дневниците бидејќи мора да знае што продава.
Немам нешто сериозно да кажам, а и знам дека ретко кој ќе прочита што сум напишал. Ќе ви раскажам за еден магичен триаголник кој го гледате секојдневно... на семафорите пред железничка, на тротоарот карши Расчекор и веројатно пред влезот кај старото кино на 2 минути од Чинарот.
Две автобуски карти се сретнале фрлени од некого, па поразговарале за своите идеи околу унапредувањето на меѓу градскиот превоз. Имале идентични ставови а само за една споредна работа не се сложиле... за начинот на комуницирање на мравките во јужна Гвинеја, но тоа помислиле и двете дека не би требало да ја уништи прекрасната љубов. Потоа ветерот ја донел третата автобуска карта. Малку отмено и од високо ги поздравила бидејќи на неа пишувало важи до Белград, како таа сама да е заслужна за буквите напишани на неа. Првата карта одамна била заљубена во неа па не можела да ги тргне очите од Белградскиот господин, но овој пак воопшто не бил заинтересиран за неа. Во меѓу време втората карта истоштена од трудот кој го вложува да и објасни на првата за љубота кон неа, се свртела и заминала во прегратките на некој новчаник за кого воопшто не и било гајле.
Еден прекрасен спој кој требаше да прерасне во повратна карта, се претвори во карта во еден правец...
И така светот остана ладен, а нашите срца уште постудени за нечии прегратки.
 
С

Сатори

Гостин
*

Влегов во таксито денес со расеани мисли, решена да учам социологија кога ќе си дојдам дома, го гушкав несвесно шалот, за да ми биде потполно на рацете.
Слушам од радиото, повторно некоја песна која ме допира до срж, замисли си истата песна која добар пријател се понуди да ми ја прати пред некој час на МСН, иронично, но што е тоа е:

Then she'd shout down the line tell me she's got no more time
Cause she's a Supergirl and Supergirls don't hide
Then she'd scream in my face, tell me to leave, leave this place
Cause she's a Supergirl and Supergirls just fly

Ми фалеше уште малку да заплачам, а јас никогаш не плачам.Поминував покрај Бензинската, како за проклетство, црвено на семафорите, за малку не го фативме зеленото, ми мине во глава, денес не ми е денот.
Ја завртив главата кон таблоидот ... насмевка, па девојката се смешкаше, некоја глупава Макпетрол реклама, но не, овој пат тоа беше самозадоволна насмевка, од оние убавите, искрените, без трошка лицемерие во нив.
Се насмевнав, така тажно, скоро да ми олесна што така добро ја наместиле за да ја сликаат, да и го украдат моментот на чистота.
Ја гледав скоро минута, две, барав елементи на иронија, на тривијалност, но не, немаше ниту еден.
А во позадина одеа стиховите:

A Supergirl, my Supergirl

Денес чувствував ... можеби тага, но сепак, емоции, можеби не сум толку ладна покрај се ...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Кога бев малечка...Кога бев малечка, мајка ми ми велеше дека животот е како река . Ќе седнеше на мојот кревет пред спиење и ќе ми велеше дека реката не е мирна, дека тече брзо и има камења и карпи кои го попречуваатпливањето во реката, но дека човекот мора да ги мине препкреките. Јас бев загрижена, што, камења и карпи? како ќе ги поминам? Тешко заспивав. Утредента како нова бев спремна за нови играња во кал, правење колачи од кал, мачкање со кал, замачкување на се со кал. потоа бркање на најбрзиот другар кој викаше на цел глас: Аце и ...! Не можев да го фатам, но пробував - секој ден. Потоа правење на пари. Играње монопол и правење на многу многу пари, чувство на моќ. Приквечер лулање до бесвест со желба да полетам, ширење на рацете, затворање на очите и чувствување на небото.
Сега...Сега ми треба кал. Сакам да ја замчкам сликата на реалноста. Сизиф знае колку е тешка борбата за постигнување на целта, но се обидува - секој ден. Сега не ми треба лулашка за да го почуствувам небото, само ми треба топол ден, сама дома, седење на масата, отворен прозорец и цело Скопје пред мене, до мене текила, тивка балада и мирисот на твојот парфем.
Мало спокојство, мало разбистрување на мозокот, присетување на малите моменти што ги доживеала сега една голема девојка. А што ќе биде понатаму...ќе и каже Скопје.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Се скрши кристалното ѕвоно на малата принцезичка.
Луѓето велат.. Зашто плаче кога ќе и купат ново?
Велат дека не почуствувала болка, беда, глад.
Тие знаат како е да се нема.. Да се живее со покрив над глава кој се ниша и незнаеш дали ке го издржи следниот дожд, или пак да се нема ни тоа.. Знаат како му е на стомакот кога е празен.. На грлото кога е суво, на џебот дупнат во надеж на нешто ситно што ќе го закрпи. Затоа сите ги потценуваат солзите и болките на малата принцезичка.. Па зарем е таа крива што се родила на сигурно? Што има пари, и на прв поглед светла иднина..? За кристалното ѕвоно плаче кога ќе го изгуби тој што никогаш нема пак да има нешто толку скапоцено. Но зашто и таа?
Сепак никој незнае дека под превезот на злато и блесок, се крие нешто повеќе од пари и веќе од раѓање исполнети амбиции.. Никој незнае дека кристалното ѕвоно ги криеше тајните на малата принцеза.. Дека татко и и го подари пред да ја испушти последната воздишка на креветот со свилена покривка. И колку други ѕвона да пробаат ги разбијат солзите ниедно нема да биде како тоа. Тоа беше посебно. Одблесокот на кристалите на подот беше чистиот излив на бол на младата невина душа. Зошто никој не помислил дека бедата и сиромаштијата не се секогаш најголемата болка и пораз во животот? Дека не се услов за среќа?
Малата принцезичка порасна.. Години и години поминаа.. Но таа никогаш не ја врати насмевката на лицето.. Длабоко во себе сеуште плачеше за последното што и остана од човекот што го даде срцето за неа.
 
С

Сатори

Гостин
Милион такви каков што е тој

-Но што ако пронајдеш совршенство по своите сопствени стандарди?
-Тоа е просто невозможно.
-Зошто?
-Можеби сеуште не ти се доволно високи стандардите.
-Не верувам.
-Би требало, освен тоа, постојано имаш различни стандарди.
-Стандардите се менуваат и совршенството се менува ..
-Тогаш што ти гарантира дека и следниот нема да биде совршен како што бил претходниот?
-Напротив се ми гарантира дека ќе биде.
-Повторно се прилагодуваш сама себе на ситуацијата!
-Можеби, не велам не.
-Ќе најдеш милион такви каков што е тој.
-Да .. но ниту еден од нив нема да биде совршен како што беше тој.
-Твојата пасија за совршенство, ќе те убие еден ден.

Разговор во огледало.
 
С

Сатори

Гостин
Во агонијата на мирот

Совршена хармонија на боите и тоновите, благо искривување на сопствениот менталитет за поголема припадност во тесните кругови на млади и убави, слободоумни девојки.
Иронија на повидок, но сепак не, повеќе крик, гласно плачење и тонење во нова скоро измислена димензија на просторот.
Љубов велат, што знаат тие за љубовта, за среќата, за патетиката и мизеријата?
Како проповедаат за нешто што секојдневно го величаат, за потоа да го изгазат со своите калливи чевли призракот на таа емоција.
Мали, мали и одврати суштества, креатури на мракот, претставени како носители на светлината, бар да имаа доволно храброст да признаат дека семожноста му припаѓа само на Бога.
Смрт за термитите, за нехрабрите, за кукавиците!
Складно балансирање на лакот за нокти со карминот, проекција и слика на некој одамна мртов во телото на некој што скоро се родил, но живот, есенцијата на младиот поет, одамна замината.
Само благиот вкус на џемот на мајка ми останал во усните за да се губи полека, чувството и осетноста на мир, да избледат до следната лажица во устата.
Агонија.
Потполно уживање и предавање на џем, на музика, на стихови и зборови, но без личности, без емоции, без вистински хектички денови, агонија на мирот, потполна отупена агонија.
 
С

Сатори

Гостин
Поглед на странец

Одамна не сум се погледнала навистина во огледало, често ми служи само за да ги покријам недостатоците, да фрлам брз поглед врз површината, да заклучам дали денес ќе го сакам денот или не, дали денес ќе сум убава или не.
Денес кога се најдов во средината на ладнокрвноста која следи со формалните односи фрлив брз поглед во огледалото на таксистот и се исплашив од сопствениот поглед.
Делуваше толку надреално, толку отсутно, толку злобно и наивно во исто време што не знаев за момент која сум, таа што гледа во огледалото или пак таа што гледа надвор од него.
Можеби навистина се имам толку многу сменето од последниот пат кога реално сум се погледнала во огледало што сега повеќе не се ни препознавам.
Мазна, бела, порцеланска површина и продорно светли сино/зелени очи.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
- Роденден ти е. Напиј се. Бакни ја, спиј со неа... полесно ќе ни е на двете. -

Почна да плаче. Дали навистина можеше само да ја бакне и да спие со неа? Секако дека можеше, па таа беше само кукла. Се присетуваше на кратките прошетки кои и наликуваа на вечност. Слики и минуваа низ главата како секој пат имаше можност да ги почувствува тие усни, а не искористи ни една од нив. А сега? Што сега кога смееше? Повеќе... не сакаше. Солзите незабележително и течеа по образите додека го гледаше грбот на девојката која ја љуби. Ја чувствуваше нејзината болка кога го изговори тоа, како да и е сеедно, а се познаваше грутката која и го грчеше грлото. Толку многу страдаше поради тоа кревко срце кое се кршеше пред неа. Искрено ја љубеше и живееше за неа. Трепереше при секој нивен допир и заспиваше со нејзиниот лик во мислите. Но не беше таа онаа која што ја сонува. Тие песни. Кој да остане рамнодушен? Тој лик. Зарем е слепа? Совршен пар во несовршен свет. Кому му треба тоа? Во нејзината глава се повеќе реченици завршуваа со прашалник.

- Како можеш да го речеш тоа? Никогаш не би ја бакнала ниту пак би спиела со неа. Не додека сум со тебе. Не додека те љубам тебе! -
- Или се плашиш, ќе ти стане јасно дека не те привлекува само сексуално... Направи го тоа, барем ќе знаеме на што сме. -
- Јас знам на што сум! -

Не знаеше...
 
С

Сатори

Гостин
Таа

Таа беше ...

Свилени црни доколенки, црн градник, доволно раскошно деколте кое на шармантно вулгарен начин излегува надвор од розовата памучна блуза.
Рамномерно кревање на градите и тешко, одвај изводливо дишење во неговата прегратка.
Постојано шарање со погледот низ книгите: „Прагматизам“, некој вид на безпотребна занимација за да не излезе надвор од станот и да не се врати повеќе.
Гушење и потреба во едно.Зборовите прелетуваат, со мислите кај неа, со телото кај него, со душата назад во времето.
Недостаток од кислород, недостаток од слободата, голем простор исполнет со време кое уште повеќе и ја зема самостојноста.
Подобро е само да имаат секс.
-Полесно е да имаме секс него да разговараме.- не му требаше тоа да и го рече, навистина не му требаше.
Таа многу добро знаеше што е полесно, што е потешко, што е реално, а што не е.
Парање на конците низ воздухот, како што тој не можеше да ги слушне пукањата, така таа не беше способна да се сврти кон неговата болка, нејзината и беше за трошка поважна.
Инспирацијата, што би рекла таа.
-Ха, ти функционираш совршено.А среќна те прави само инспирацијата од заплетканата состојба од одговорност и потреба.Сепак се е до пишувањето ...
Повторно, некој вид на ироничен сплет на околности.
Ха, ха, ха!
Заробена меѓу два света во кои навистина не припаѓа, делови од неа кои се поделени и распарчени.
Ги затвараше очите додека го примаше во себе, момент на слобода од мислите, убаво е да се лаже.
Ништо, и овој пат, таа не заборави.

Таа беше ... едно време цела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom