- Член од
- 11 мај 2017
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 19
ОГЛЕДАЛО И ЖИВОТОТ
Животот е како едно огледало,од раѓање во него се одгледуваме,го гледаме секој ден,се радуваме,раснеме,и како и тоа огледалце да расне со нас.
Зарем не расне... расне само не го забележуваме или можеби не сакаме да го забележиме.
Има нешто,којзнае што е,не можеме да откриеме,прашање е дали додека сме живи некогаш ќе откриеме или ќе остане како една нерешена енигма засекогаш.
И не случајно многупати му се лутиме на нашето огледалце зашто нè прави вакви или онакви,кога сакаме да изгледаме како некои познати ѕвезди,како неговото височество огледалцето да ни е виновно за сè.
Дури и да нè прикажува така,кога ќе се погледнеме во него реалноста е поинаква.
Не може секој човек да изгледа како светските ѕвезди,треба да сфатиме дека секој е ѕвезда за себе,како такви треба да се сакаме и прифатиме.
Ех,што би било да сме копија едни на други,како и по што би се разликувале?
Вака е најдобро,секој човек на свој начин е убав и прекрасен.
Иако,многупати животот знае да ни зададе тешки удари,во тој момент нашето огледало почнува малку по малку,дел по дел да се распаѓа,ама,сепак,нема предавање,мораме да ги издржиме тие удари и пак да продолжиме со животот,таму каде што застанавме.
Нашето огледало ќе го залепиме колку што можеме за секој ден да се одгледуваме на него,впрочем како што е и нашиот крпен живот,кој цел век додека сме живи го крпиме и никако не можеме да го закрпиме.
А кога ќе починеме тогаш и нашето огледалце се крши на милион ситни парченца бидејќи нема кој повеќе на него да се одгледува,разговара,понекогаш и да му се лути.
За жал,огледалцето нè не слуша,насекаде има само исечоци од стакленца кои засекогаш ќе останат само мали, ситни стакленца за да нè потсетат на едно минато време,дека тука на тоа место постоело едно огледалце на кое секојдневно сме се одгледувале,од нашето раѓање па додека сме биле живи,до нашата смрт.
Ех,мое огледалце,зошто си такво?
Кога би можело да живееш вечно,никогаш да не се распаѓаш на милион парченца,ама ова е само пуста желба, реалноста,за жал,е сосема поинаква.