Прозни искри

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Било кога некаде да патувам, сакам последниот ден да го поминам во
стариот дел од градот, со часови задржувајќи се во куќата која што
некогаш ние ја нарекувавме "наш дом", чии правливи полици, во било кој
дел од светот и да се наоѓаат, секогаш се претрупани со стари
списанија, книги и пожолтени фотографии. Таа ноќ останав сама во
куќата, неможејќи да го отстранам чувството дека со секој момент ќе се
појавиш од зад аголот и срамежливо ќе ми намигнеш. Куќата беше
исполнета со некој нов мир, кој дури ги задушуваше и моите обиди на
тагување. Неможејќи да заспијам, цела ноќ преседев на твојот стол
обидувајќи да се сетам на твојот лик. Ти беше момчето кое што провали
во тишината на моето срце.. и ладнокрвно си замина. Беше толку топол и
мил, и изгледаше како мал дел од совршенството. Твојот парфем беше
лажно ветување кое и ден денес ми буди солзи во очите, и ме тера да
плачам. Кога ќе ме погледнеше изгледаше како малечко анѓелче кое
залутало во рајот. Сакам да си повторно тука, и да ми кажуваш дека ќе
ме чуваш од она од кое што јас најмногу се плашам. Постојано молам, за
нешто за кое што знам дека не е она вистинското, и потоа патам а, ми
треба некој за да можам се да заборавам. Да ми е полесно, да можам
повторно да живеам. Кога само некој би можел да сфати..
Да ме гледа в очи, како што некогаш ти го правеше тоа и со поглед да
ми каже дека јас сум се она што тој посакува. Дека не е само моето
лице, моето тело, мојот глас или мојата љубов..туку моите очи. Сите
нешта кои што тој ги гледаше во нив.
Сакам да го потсетам дека јас бев неговото малечко девојче, кое што
тој го гледаше како трепери на ветрот како последен лист на дрво пред
умирање. Сакам да ме види за да му кажам дека не сум веќе тоа малечко
девојче, туку жена која се хранеше со сопствените соништа и цветаше
како орхидеа на дожд. Сакам да го потсетам на нашиот прв бакнеж.
Прво разделување на усните. Се` што доаѓа подоцна, е само слатка
разработка. Првиот бакнеж е поинтимен од голотијата во креветот, тој
во себе го содржи првото покорување и последното предавтсво.
Колку повеќе пишувам за тебе, толку повеќе ми надоаѓаат сеќавања, како
зборовите што ги нижам по хартијата да се ветрот кој го разнесува
правот на одвеаните години. Долго чекав, сфаќаш? А потоа еден ден се
појави ти. Ја пееше под мојот прозорец песната што пред многу години
прв пат ја слушнав од твојот татко. Се појави како привидение. И јас
не можев да се помрднам од местото. Стоев како скаменета од годините и
тагата. За тебе и мене простувањето и заборавот не значат ништо. Јас
ти го одзедов минатото, а ти се врати носејќи го споменот на него во
твоите црни очи. Доволно сум казнета. Тебе ти ги оставам овие малку
зборови и овие слики исполнети со духот што ти припаѓа. Ти ги оставам
нашите заеднички неуспеси и личниот триумф на твојот сопствен живот,
упорното тропање во твоите гради, тропањето на љубовта што истрајува.
Силувај го моето тело и оди си со мојата душа од таму од каде што се
врати.
Те најдов по бурата, дождот го изми воздухот и во водата твоите нежни
стапала светкаа како риби. Останаа само делчиња од сеќавањето,
испишани на стегите што виорат на ветрот..
Збогум, но знај, ти и понатаму ќе бидеш со мене, ти ќе бидеш капката
крв која што кружи во моите вени.


:oops:
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Браво Катја!
Многу убав, емоционално изнијансиран текст.
Дај уште.
:wink: :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Благодарам :oops:
ќе има и уште :wink:
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Мене ми се допаѓаат многу текстовите. Особено тоа што го изнаоѓаш правилниот збор за да кажеш или соочиш на некоја емоција, стање на умот или било што. Нешто што ретко кој знае да го направи.
Супер си, дај уште. :wink:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
tnx storm :oops:

Tаа ноќ дуваше оној стар познат ветер, а прозорците трескаа. Се
чувствуваше мирисот на дождот. Станав и ја запалив свеќата во
ходникот, се вратив и легнав во креветот. Лежејќи ги гледав сенките
како треперат под вратата. Се сетив на една долга ноќ кога ветрот
пееше со духовите. Тој лежеше покрај мене во мракот и го слушаше.
Сеќавањето е начин да го оживееме минатото и мртвите, ми рече.
Следното утро, поминував по сокакот. Горештината повторно почна,
се развева како жолто-зелена течност. Зградите се капат во маглата.
Одозгора се слуша ѕвецкањето на тенџерињата и металните лажици, децата
плачат. Одам по тесната сенка до куќите. Ветрот стивна, го запреа
цврстите згради кои неговите последни налети ги собраа во своите
мрачни соби и во своите правливи агли го примија мирисот на океанот.
До сокакот допираат воздишки, врелите отпадоци од денот, валканата
хартија, талогот од кафе и гнилото, потемнетото овошје.
Денот е многу светол. Шетам. Горештината влегува во мене како жолта
треска. Посакувам да ја соблечам блузата која ми се залепи за грбот,
воздухот да ми ја допре голата кожа. Свртувам во една тесна улица и
поминувам во наредниот сокак. Да, ќе има дожд и грмотевици. Го
чувствувам тоа по мирисот. А потоа, зад затворената врата, слушам
некакви движења. Запирам. Песот лае. Радиото свири. Потоа тишина. А
потоа тивко стенкање.
Стојат стиснати до ѕидот. Ја отворија вратата да се скријат во
сенката. Дланката на мажот се движи под блузата на жената. Изгледа
дека под блузата срцето диво и` чука. Тој потоа ја извлекува раката и
страсно тргнува кон нејзиниот врат, потоа надолу, низ грбот, до
нејзиниот струк, стискајќи ја. И го крена здолништето со цветови и ја
вовлекнува раката. Жената ги опушти рамениците и ја накриви главата,
откривајќи го белиот врат. Кошулата на мажот од потта потемне. Тој
благо ја врти главата и неговите очи се сретнуваат со моите, тоа беа
најцрните очи што ги имам видено некогаш. Ме гледа како го гледам.
Потоа полека трепна, еднаш, два пати и ги затвори очите. Мирно стоев,
а срцето ми биеше додека потта ми ја облеваше кожата како куп студени
ѕвездички. Повторно се слушнаа други звуци. Детска смеа. Удирање со
врата. Кога се свртев, веќе ги немаше. Вратата беше затворена, а
сенката во која стоеја сега беше огреана од сончевите зраци и во
трагите на стапките на земјата се растураа како блескава вода.
Тогаш почнав да живеам.
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Ми се допаѓа сликовитото изразување, го изнесуваш напишаното како слика во рамка која буди конспиративни мисли.
Талентирана девојка си, да знаеш.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
venera001 напиша:
Талентирана девојка си, да знаеш.
Фала:))
Но, за разлика од тебе тиф не мисли така :wink: :cry:
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Остај ти што мисли Тиф (нека си мисли што сака :wink: )
Ти слушај ме мене, душо.
И, верувај во себе без оглед што мислат другите,важи?
 

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Јас сакам да кажам дека ова ме тера да се чуствувам како шекерче заборавено на решо во најтоплата летна ноќ што човештвото некогаш ја осетило на својата набрана, но сепак негувана кожа........
Но тоа не значи дека не е добро......
Само ти продолжи :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Me интересира дали ова се искри на твојата фантазија, или инспирирани од вистинска случка? :wink:
(типчето?)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Поголемиот дел е фантазија.

Патем, Вероника честитки за web-от. Прекрасно нешто. Убавина со еден збор. Секоја чест.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Ич не ми се допаѓа кога Сторм или Венера (а, многумина, да не речам повеќето се такви) даваат коемнтари во стилот: супер е!... Непоткрепено..

Кога е поезијата на Катја во прашање, јас се` уште не можам да и` ја сфатам:

Zarem mora neshto da plovi vo mene
mora li da e del od tebe.

Овие нејзини стихови, да ми простите, ми асоцираат само на спрема и дека некој свршил у неа! :(

Кога е нејзината проза во прашање - океј, ми се допаѓаат одредени компарации, кои понекогаш се научена работа, другпат се производ на своевиден мимезис...

Јас имам обичај да бидам критичен („Или волим или кољим“). Мислам дека е подобро да бидеме искрени и да не го доведуваме авторот во заблуда, односно да знае за што го бива, за што не... Таа песна за која сум рекол дека е тапа, и понатаму стојам дека ТАА песна е ТАПА ипол! Можеби е вкус во прашање...
 
Член од
10 мај 2005
Мислења
86
Поени од реакции
4
Fenomenalno!
Patem, thief gledam deka si premnogu kritichki nastroen kon Katja chill out! Ako si ti ti tolku pameten daj ti neshto tvoe okej? :wink:
pozdrav
 

Kajgana Shop

На врв Bottom