Прозни искри

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
- Како успеваш?! Јас се трудам да го дадам најдоброто од себе, да те задоволам, да те усреќам. Сега кога ми е најпотребно да ме сакаш, да го видам твојот сјај, и да сфатам дека без тебе не можам ти расипуваш се! Не можам да те препознаам, уште полошо е што немам сила да те поднесам! Ќе престанеш ли наскоро... те молам престани! Имам потреба од тебе, од нашата блискост, а ти ме бркаш, ме туркаш се подалеку со секој грд збор. Не е моја вината што гледам туѓи очи, што љубам туѓи слатки зборови кога ти си пелин за мојата душа. „Прости ми.„, кога ќе го кажеш сто пати, го губи значењето... -

Си зборуваше со ѕидот... немаше храброст да и го каже сето тоа што ја раскинуваше нејзината изгубена душа. Сакаше да престане, зборовите беа изневерување и сакаше да престане да зборува, да престане да пишува. Кавгата и ја уништи и последната капка одлучност, па само отвори една од многуте песни за неа и ја читаше со блед израз на лицето. Како ќе заврши сево ова?

А писателката сеуште ја убиваше со секој свој стих. Полека и го корнеше срцето со секој стих наменет токму за неа.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Арсеник

-Ти си арсеник за мојата душа, отров!Навлегуваш полека во секоја пора ме усмртуваш.
-Денес повторно запалив.
-Зошто?
-Тоа е мојот арсеник, како што сум јас твојот.
-Не си придавај толку големо значење стрихнину, никогаш нема да бидеш арсеник.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Мислев на тебе денес, поточно, често мислам на тебе, скоро да ми недостигаш кога сум во соба преполна со луѓе.Ретко мислам на тебе кога сум сама, тогаш ми е страв да мислам на тебе, страв ми е од тоа што може да излезе на површината.Маската може да се размачка, а слика не е слика ако боите се прелеат од линиите, премногу ќе биде реална во тој случај.
Јас сум сонувач, поетеса, физичар и што уште не, но никогаш реалист, навистина не ја сакам реалноста.Не не сакам ни нас во неа.
Нас?
Всушност кога подобро ќе размислам и нема нас, те нема ни тебе во мојот живот, а има толку многу други, но небитни, потполно небитни персони кои крадат само еден момент на внимание повторно за заборавам.
Не сакам да комуницирам, не сакам да бидам отворена, не сакам да бидам фина и љубезна, ништо не сакам, но, моментите секогаш биле посилни од мене, грешка на природата, мојата природа, толку лабилна, непостојана, грешна, хедонистичка, можеби.
Го мразам твојот оптимизам, твојата фиксираност, се што е твое, се што е твоја одлика, се што е твоја доблест.
Но знам дека и ти знаеш, сакам, мразам, потполно исто е.

Incompatible, it don't matter though
'cos someone's bound to hear my cry
Speak out if you do
You're not easy to find

Се менувам, се раѓам и умирам, секој ден по сто пати, а не ни можам да разграничам, да разберам дали секогаш сум била таква или ти си крив.
Пораснав?
Можеби, но сигурно е полесно дека уживам во сопствените лузни кои се одбележје на млада девојка, не на жена, не на нечија ќерка или пријателка или само уште една млада дама која не знам дали сум или пак се обидувам да бидам.
Не, ова не е блага иронија, ова сум јас.

What if I stake everything I am on a dream
And it's counterfeit?
If I reach the end that justifies the means
Could I live with it?
And if it's true that having too much of any good thing
Could only make me sick

И погледот често знае да ми се замагли, но крени ја главата, затреси ги шишките и продолжи понатаму, секој ден по сто пати, додека се смешкам и позирам на фотографии за пријатели.
Млада и фина, луда и немирна, инстант кафе без млеко, токму тие идеи ми минат низ глава и повторно ти?
Зошто?
Не знам.

I've been livin in a room without windows
Away from the sun, no oxygen
I couldn't tell if it was day or night
Away from the sun, growing nowhere fast
Rushing along on the pavement
Don't even look at the people's faces, going places

When an old man said stop
You nearly stepped on a flower
Growing through the cracks
And you didn't even notice

Време е да се разбудам без тебе.
Лажам кога велам дека немам љубено.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Толку игри со зборови... Толку утра дочекани, ноќи неспиени, понекои искрености случајно избладани... А, сепак се толку нејасно, двосмислено, мистериозно, слободно... Недефинирано. Се чекаше нешто?
Потребно ли беше нешто? Поглед, погледи? Насмевка, насмевки? Небитни ситници, реалност што може да се дофати...
Поглед па насмевка, поглед па насмевка...Нем говор на погледи и сјај во очи искрени... Каква едноставна убавина! Понекој збор искажан залудно- тишината секогаш може повеќе да каже...Цигара за цигара во рака, чуден убав призор... Зарем имаше и нервоза во таа шарена слика во рамка?
Пуштен дим во лице... Сакаше нешто да ми кажеш? Случаен допир на раце... Зарем задоволството од тоа се уште постои? Срамежлив поглед еден, срамежлив поглед два, немаше потреба повеќе од зборови- очите се кажуваа и зборуваа... Какво тивко уживање!
Студена ноќ, преполн град... Сепак како никој да не постоеше- само ТИ и ЈАС... Неостварена идеја, времето не спречува да продолжиме со она во кое штотуку почнавме да се препуштаме... Симболично поврзување, прашање што разјасни се... И за крај еден украден бакнеж- атмосферата кулуминираше... Растрепереност, чудни реакции внатре во мене, нешто слично како кога учениче ќе украде нечиј бакнеж... Сето ова што ли ќе е?

П.С. Tienes idea que hiciste? :back:
 
Член од
3 септември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
еее

Толку игри со зборови... Толку утра дочекани, ноќи неспиени, понекои искрености случајно избладани... А, сепак се толку нејасно, двосмислено, мистериозно, слободно... Недефинирано. Се чекаше нешто?
Потребно ли беше нешто? Поглед, погледи? Насмевка, насмевки? Небитни ситници, реалност што може да се дофати...
Поглед па насмевка, поглед па насмевка...Нем говор на погледи и сјај во очи искрени... Каква едноставна убавина! Понекој збор искажан залудно- тишината секогаш може повеќе да каже...Цигара за цигара во рака, чуден убав призор... Зарем имаше и нервоза во таа шарена слика во рамка?
Пуштен дим во лице... Сакаше нешто да ми кажеш? Случаен допир на раце... Зарем задоволството од тоа се уште постои? Срамежлив поглед еден, срамежлив поглед два, немаше потреба повеќе од зборови- очите се кажуваа и зборуваа... Какво тивко уживање!
Студена ноќ, преполн град... Сепак како никој да не постоеше- само ТИ и ЈАС... Неостварена идеја, времето не спречува да продолжиме со она во кое штотуку почнавме да се препуштаме... Симболично поврзување, прашање што разјасни се... И за крај еден украден бакнеж- атмосферата кулуминираше... Растрепереност, чудни реакции внатре во мене, нешто слично како кога учениче ќе украде нечиј бакнеж... Сето ова што ли ќе е?

П.С. Tienes idea que hiciste? :back:
еднаш да прочитаб од тебе нешто што не е преполно со мрачотилаци? :nesvest: ма,сепак си тоа ти. кип гоинг вит јуар хед ап! кирилицава е закон!
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
- Не можам да ти простам! Како можеш да се откажеш од мене, од нас... од тоа што го имаме... од тоа што го немаме! -
- Морам, зарем имам некој избор? Да продолжам да те гледам без да те допирам, да продолжам да зборувам без да ти изјавам љубов... да да те сакам, а да те немам! -
- Да ме сакаш? -

Нешто блесна во тие сини очи. Последното нешто што го очекуваше беше љубов. Првото нешто на што се надеваше беше љубов. Потече солза, како санта мраз која се двоеше од океанот, како облак однесен од ветерот, избркан од синото небо. Или не... не би можеле тие очи да плачат, ниту тоа срце да љуби. А зошто тогаш толку болеше?

- Не мислев така дека те сакам... Нашиот однос не е таков, и самата знаеш. -
- А како мислеше? Каков е нашиот однос, ти подобро од мене знаеш дека ЈАС НЕ ЗНАМ! Никој не знае... Каква е оваа драма, не можам повеќе. -
- Што е важно што мислев, кој наш однос? Зарем имаме однос? Убаво си рече, драма... Тебе ти е се во пишувањето, додека имаш инспирација користи ме, колни ме што се откажав, лажи се себеси дека ти е важно. И онака се е до пишувањето... -

Дали навистина беше се до пишувањето? Нејзе не и беше, имаше нешто повеќе, само малку повеќе. Некоја искра која го распламтуваше нејзиното срце по секој збор во кој се пронаоѓаше. Беше слепа, или премногу уверена дека камен стои пред неа, па не ги забележа невидливите солзи. Беше глува за светот, а сепак не го слушна бесшумниот крик. Но го чувствуваше своето срце кое пулсираше љубов, го слушаше разумот кој и велеше „Замини!„. Ако беше лесно, тогаш зошто беше толку проклето тешко?

- Те користам? Немаме однос? Да, се е до пишувањето и мислам дека мојата инспирација замре во овој миг. Слободно замини, зарем е веќе важно... -
- Кога знаеш дека те љубам, зарем е важно што се откажувам? -

Сепак, не било се до пишувањето... не за нив!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Уредно собрана коса, црна со црвено-кафени прамени и некој нов француски парфем.Почесно поставување на венчето со циркони, скоро тијара за да ја искаже нејзината ароганција и потреба да и се восхитуваат.Црн креон и многу маскара, за да се убие зеленото, да се истакне синото и нежна бордо црвена нијанса на очните капаци.Елегантно кревање и спуштање на трепките.Бордо црвен кармин на усните за контраст на порцелански белата кожа, крајност.
-Совршено!
Го гледаше својот одраз во огледалото.Тесна црна кошула и бел корсет, здолниште и висока чизма.
Ја крена левата веѓа и се насмевна самозадоволно, беше спремна да оди кај неа на роденден.Во позадина се слушаше:

Play, come on play that song
Play it all night long
Just turn it up and turn me on
Play, come on DJ play that song
You know that it turns me on
Just turn it up and turn me on

Запали цигар додека се качуваше по скалите на зградата на девојката на нејзината „девојка“, додека го земаше димот во себе размислуваше.
-Вечерва одлучувам се, вечерва.
Застана пред вратата, стоп!Почека неколку секунди пред да заѕвони, вдиша и се насмевна.
Презентабилно.
Влезе внатре, се беше само уште една ...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Секое добро.Јас сум Петар.А кој е Петар?Петар е едноставно соединение на јаглерод,кислород,азот,водород,калциум,хлор и слично.Сите вие сте Петар.Само во различна ситуација и со поинаку набиен нос.
Јас не сум ништо посебно.Обичен конформиран конзумер.Ама со различен нос од другите конзумери.А носот е круцијален.Мојот,на пример,имаше една луда умисла дека е чедо на ѕвездите,некое вонземско битие родено во форма на индиго нос.Супернос во мало пакување.

Сум бил благословен да бидам роден во здрава,богата фамилија,со машала многу роднини и со љубов која секој ден се потврдуваше преку богатите софри на кои се собираше цела фамилија и кои дедо ми го чинеа еден одмор во Венеција.А баба ми жолчката му ја изеде за таа Венеција.Сум прозборел на 9 месеци.Проодел на година.Луѓе од комшии иделе да ме слушаат како им кажувам песнички,приказни и оние тапшин тапшин срања,додека моите врсници одвај изговарале гугу.Има милион касети со мене.Цел регал полн со нив.
Касети не се у мода.Глувци нека ги јадат.
Во шестата година од моето постоење се роди брат ми.Наивкото.Тупанот.Прозборе на две години,прооде малце порано.Мајка ми,како уметник и интелектуалец,во брат ми го виде сојот на фамилијата на фадерот и целосно го запостави малиот,ставајќи ме мене во епицентарот,а татко ми,како нејзина марионета,го направи истото.И така терезијата од едниот ќе направи успешна приказна,а од другиот...прдеж.

Цел живот бев трениран на неконвенционалност.Цврстина.Спартански ум кој не смее да дозволи да биде лесно разбран.Не смее да дозволи да го отвори срцето.Мора да биде тивок,строг,остроумен.Копија на Матката Што Живот Значи.заедно со виолината која морав да ја свирам од 6 години.
Јас,Петар,сум маркетиншки трик.
Јас сум предвремени избори.
Јас не сум јас.
Јас сум туѓ идеал,туѓо сладострастие и самозадоволување од чинот на креација и доење.Туѓо уживање во создавањето уметност.Јас сум avant.
И пацифист.
И не сум бил на гроздобер.Не сум газел комење.Немам ниедна ебана дамка или гребнатинка на рацеве.I was made to belive that i am a celestial pisser of mediocrity.That all you other noses suck Dino Balls.And that i was born to boss you around.

Полека доведувам заклучоци.Она кое неможе да се разбере,е безвредно.Иако неговото разбирање нуди големи награди,сепак повеќето се промногу глупи,па официјалниот став е дека сивата маса е срање кое го измислиле комунистите за да го заебат светот во еден одлучен G6 маневар.
Значи,јас,Петар,сум расипан продукт.Обично маргинално боцкало од кое никој никогаш не офнал.Монсун кој неможе ни да ви ја расипе сликата на ТV приемниците.
Отпрвен ми беше неугодно да го прголтам просветлението.Мојата Молња-во Гомно ситуација.Сега ми е удобно.Седам пред конзумеристичкиот камин и насмеан глупавеам.

Му.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

-Немој да гледаш во мене!

~*~
(пролет)
Секој ден со тебе е прекрасен, волшебен, преполн со снегулките на мојата младост и наивност, вистински ден за нашата љубов.
Патувам секој ден по твоите патишта, додека ти се мачиш со моите, ги чистам лисјата од подот, ги бришеш снегулките од прозорецот, ништо не може да не повреди, да не раздели, да не направи помалку свои, помалку вљубени.
Секој здив на измаченава душа преполна со исекотини е за тебе, секое твое издишување е за јас да продолжам да живеам.
Еден во друг како јинг и јанг, цело без делови, ти и јас.

~*~
(лето)
Ммм, мирис на зрели праски, вкус на јагоди, шлаг.Те разбирам како да си мој ум, ме разбираш како цел живот да си бил дел од мене.
Денес планираме за утре, прстите полека ми се топлат во твоите раце додека заборавам да дишам кога ме бакнуваш.
Шумовите ги слушам на далеку, а зборовите немаат значење, само бледилото на твојата кожа, само синилото во моите очи, без зборови.

~*~
(есен)
Бегам понекогаш со погледот, огледалото ме крие додека погледнувам накај некој кој не е мој, а те држам тебе за рака и наместо да ми е топло, кожата ми станува се подебела на твој допир и месото ме пече, усните ми се сушат на бакнеж.
Зборовите се чиста фикција на младоста и смртта на твоето име се рее низ ветерот.

~*~
(зима)
Ме гушиш, ме гушиш, ме гушиш!
Ми ја уништуваш оргиналноста, ми ја крадеш посебноста и желбата за живот.Ме измачуваш, ме бараш, ме убиваш.
Заминувај пред да те избркам, не гледаш ли дека ми сметаш, ме полудуваш, ниту на името повеќе не ти се сеќавам.
Иронично те гледам, саркастично ти зборувам, цинично се насмевнувам и тонам во тагата на твоите очи и се хранам од неа, те бркам, оди си!

-Немој да гледаш во мене!







 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Темава не знам шо не ја прекрстат во:Прозни искри на Лејди Сатори.
Нема веза...имам и јас нешто за кажување.Кога веке гледам дека почнале некој за ТОЈ и ТАА,па да кажам и јас нешто околу тоа,нели.
Што би биле тој и таа? Заедно,една целина која веројатно би требало да има некоја логика.Двајцата да се надополнуваат.Прееска имав повеке инспирација,ама немав пристап до интернет.
Битно,значи да зборуваме за таа логичка целина,која би ја образувале двајца кои се заедно.Што би значела таа за нив? Би значела...се.Голем аспект од нивниот живот би се однесувал на таа целина.Би им давала потпора,утеха,самодоверба...животот оди во нагорна линија.Убаво е.Неможам да го опишам чувството.
Почнува денот.Стануваш.Првата помисла наутро ти е како би ти одел денот.Палиш цигар.Размислуваш.И наеднаш,насмевка.Се секаваш дека има некој.Некој којшто мисли на тебе.Некој кој ти е близок.Некој за кој знаеш дека што и да ти се случи во текот на денот,ке дојде и ке направи да се осекаш подобро.Ете тоа.Сигурност.Во тебе.Топлина,околу срцето.Знаеш дека и ти би го направил истото за него.
Прекрасно е кога сте заедно.Толку е парадоксално.Кога сте пред други луге,ненамерно,сте најголеми противници.Едноставно,нешто одвнатре ве тера да се докажувате.Да им покажете на другите дека,вие сте тие кој ги носи панталоните во врската.Но таму завршува тоа.Останувате сами.Кавгата продолжува уште само некој момент.И крај.После..нежност.Прекрасно е.Нема зборови.Не.Зборовите само би го уништиле моментот.Само вашите очи.Едни во други.Комуникацијата се одвива преку нив.Не ми се верува,во тие моменти,почнуваш да го чувствуваш тоа што го осека другиот.Комплетна поврзаност.Како спојување на две енергии.Дали би можело тоа да се нарече љубов?...Не знам.Сум доживеал љубов,ама не беше вакво нешто.Ова...ова беше некако повеке од тоа.Само чиста,искрена поврзаност.Смиреност.
Времето тече.Сеуште е фино.Почнуваш да веруваш дека конечно нешто убаво се случило во твојот живот.Полека ја симнуваш бариерата.Онаа емоционалната.Се решаваш да ги пуштиш емоциите.Нека течат низ тебе.Нека те обземат комплетно.Уживај во нив.Се надеваш дека ова долго ке трае.Како дрога е.Само бесплатна.Природна.Нештетна.
И тогаш...олуја.Наеднаш завршува се.Се убаво умира.Целината се растура.И крај....боли.Ништо повеке нема смисла.Ти требало само малку нежност.И што си добил?Зборови.Ништо повеке од зборови.И одново назад.Кругот се врти.Ке помине време.Ке боли уште малку.И ке заврши на крај се.Одново назад во дупката.Одново забрана за емоциите.И одново...ништо.Само сивило.Виножитото си оди.Во неповрат.Го знаеш тоа.И ништо неможеш да направиш околу тоа.Си оди се...се.
Само спомените.Само колку да те потсетуваат,дека си доживеал нешто прекрасно.И одвреме навреме,да ти стават насмевка на устата.Или да дојдат кога најмалку треба,во денови на депресија,за да те докрајчат...
 
S

Sith_Lord

Гостин
Орален Комунизам

Идејата пламна во една усмрдена усна празнина.
Сулфур и темјан и гозба на милијарди мали суштества пикнати помеѓу забите.
Јазикот се превитка и почна да трепери, капки плунка излетувајќи надвор со секое негово трапаво, одамна заборавенио движење.

Сакам да кажам нешто, дозволете ми, ве молам- рече Устата.
Се изви во молежлив грч, а потоа се присети на сопственото достоинство, уште нешто што одамна го имаше заборавено. Продолжи посилно, малку колебливо, но многу поостро.
Замолчете, јас зборувам. Имам нешто многу важно да ви кажам. - веќе подвикнуваше таа.
Сите други усти се свртеа во нејзиниот правец. Се насмевнаа кисело. Не се сеќаваа на момент кога некоја уста имала нешто да каже што би било важно за толку многу други усти.
Гестот значеше неволно давање на збор. Продолжи, ако мораш - велеа тие.
Првата уста- барем мислеше дека е прва, барем овде, барем сега, поприми доверлив израз, оној кој устите го употребуваат кога шепкаат. Но не шепотеше. Говореше јасно, за мртвите уши и пукнатите тапанчиња да чујат.
Слушајте! Можеби сте забележале дека нешто смрди овде. Не знам каков однос имате со вашите носеви, но реата што лебди во воздухов е неподнослива.
Смрди, почитувани другари Усти. Смрди толку одвратно што сум зачуден што досега не сум го забележал тоа. Мирисов, поганиов мирис изгледа постоел отсекогаш. Откако постојат устите, носевите, ушите. Откога рацете фаќаат, нозете чекорат и мудата и јајниците болат од акутен недостиг на секс. Овде е толку долго што сте се навикнале на таа поганштина која го труе секој вкус, секоја арома која проаѓа низ вас.

Толпата усти се насмевна уште покисело. Изјавата беше примена со неверување. Но носевите душкаа, обидувајќи се да го фатат мирисот. Ушите примаа тивки, пригушени звуци кои како да доаѓаа оддалеку, како низ ѕидот кој ве дели од соседниот стан, но не и од гласовите на неговите напалени жители.
Устата продолжи да зборува.

Значи, драги мои усти, постои Реа. Таа е одвратна, гнасна, до тој степен што размислувам да му кажам на стомакот да поврати. Ја чувствувате, нели? Да.
Знаев дека порано или подоцна ќе допре до вас. Да ви кажам од каде потекнува?
Не мора да одговарате. Ќе ви кажам сеедно. Има врска со стомакот, и нема. Има врска со газот (сечиј газ смрди, нели?) и нема.
Почитувани усти, па зар очекувавте нешто поинакво откако почнавте да јадете гомна и без да знаете? Аха. Устине горе јадат кавијар, јадат печено свинско, салати и слатки, а вие јадете гомна. Ве убедија дека добивате исто што и тие? И мене. Носевите ни ги затнаа, не скараа со нив, не раздвоија, а ушите кои понекогаш и заробуваа по некоја лага ни ги стрелаа.
Секоја уста има право на ПОТРАГА по богата трпеза.
Тоа беше дел од нивната програма за да не замолчат. Заборавија да ни кажат дека трпезата е во заклучена кула, на највисокиот кат, во сеф чуван од стражари со наредба да пукаат во секоја од низоземските усти која би посегнала по него.
Имаме право на потрага, а кога ништо не ќе најдеме, имаме право да ги наречеме гомната вкусни, а мирисот божествен, убедени дека вкусната, богата, ароматична трпеза е мит.
Епа јас ви велам дека не е. Секоја уста има право на храна, а не на потрага по неа. А бидејќи неодамна склучив мир со носот, знам и каде можеме да ја најдеме и земеме. Горе, другари. Онаму кадешто седат и гнетат големите усти, на купишта храна, доволно за сите нас!

Настана длабока, напната тишина. А потоа дојде вревата.
Сите усти врескаа одеднаш - некои обвинуваа, други навредуваа, а трети едноставно го исплазија јазикот и се свртеа настрана, одлучувајќи дека Устата полудела, затоа што се осмелува да ги нарече тие сласни, кафени парчиња рај - гомна.
Таа се збуни. Најмалку очекуваше ваков одѕив. Во најмала рака очекуваше резерва и скептицизам, но никако ваква експлозија на гнев и потсмев. На устите не им пречеа гомната! И не само тоа, туку застануваа во одбрана на нив, велејќи дека се благодарни што ги имаат, бидејќи инаку би гладувале! Оној кој ќе стигне до горните ќенефи добива одбрани залаци, сеуште топли!

Устата слегна со непцата во неверување и замина оттаму. Се надеваше дека постојат некои усти, некаде, кои веруваат во идејата за храна за сите. Се надеваше дека гомното не е единствениот стандард и вредност и дека носот не ја излажа.
Со некисела насмевка продолжи понатаму, сонувајќи за хранливиот преврат, за кулинарската револуција.

Sith
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Исповеди на еден Етиопјанец

To whom it may concern
Јас се викам Кару.Се родив во Мојале,погранично гратче близу Кенија.Мајка ми умре на породување.Татко ми си зема нова од еден Британски големопоседник,а му плаќаше со тоа што му ја работеше земјата година и кусур за ичпари.
Немавме пари за да одам во Училиштето на Боб Гелдоф.100 долара се премногу за луѓе кои за појадок и вечера јадат земја.
Другите деца ми се смееја поради моето кратко и лесно за изговарање име.Тогаш беа кул имиња како "Н'гајакого" или "Руакипкиб".
Тоа настрана,имав убаво детство.Ја имавме најубавата дупка во земјата во цело маало.Имаше дури и еден кактус внатре како украс.Татко ми работеше во една Белгиска фирма за истовар на песок,па секоја вечер поткраднуваше по малку и ни носеше.Какви гозби беа тоа.Уште со сласт се присеќавам.
На мои 13 години умре дедо ми.Проба да го изеде кактусот.Не успеа.
Кога наполнив 15 години во наше маало се изгради Христијанска Црква.Таму делеа неверојатна храна со чудно име.Библија.
Одевме секоја Недела таму и ни кажуваа за некој си Месаја Боно и за некое многу жешко место кај што сите страдаат и јадат кофа гомна секој ден.Ги прашав зошто ни објаснуваат нешто кое го знаеме и живееме секој ден.Ме изнесоа надвор и ме камшикуваа.Веќе не ги прашував.
На 18 години се одделив од татко ми и од маќеа ми.Отидов Во Адис Абеба.Таму ја видов Американската Амбасада.Во нејзиниот двор еден бел тип држеше предавање за тоа колку Етиопија е на маргините на светот поради фактот дека не излегува на море и нема трговска важност.Запрепастен од тој факт,отидов да видам зошто Етиопија не излегува на море и што ние можеме да направиме за да го промениме тоа.Патот ме одведе до едно место наречено Библиотека кое беше полно со храна како Библија.Една фина,полничка жена,ми помогна и ми најде карта на Етиопија.


Џибути.Една мала држава на нашата источна граница која постои само за ние да не излегуваме на море.Ете ја причината зошто сме ние толку сиромашни и мизерни.Ете ја причината зошто сум 41 кило,зошто секој ден се радував кога татко ми ќе донесеше Француска војничка чизма за вечера.Зошто има 280 христијански мисии кои не убиваат од ќотек ако го спомнеме нашиот Пресвет Кроко.Зошто Американците,Британците,Французите и сличните на нив не тераат да работиме за безпари и не тепаат ако не се задоволни.Ете зошто Италијанците пред моето време искасапиле стотици илјади мои сограѓани.Ете зошто оваа држава и нејзините жители се храна за мувите.Поради Џибути.Џибути мора да умре.
Со таа парола и мисија во глава,отидов да барам луѓе кои би ми помогнале.Барав со години.На крај најдов едно друштво дечки од Јемен.Они ми рекоа дека работат за еден тип од Арабија и дека имаме заедничка агенда.Ако им се приклучам,ми ветија дека ќе ми помогнат да го уништиме Џибути.Се согласив.
Нивниот лидер беше фин.Ме научи да пишувам и читам.
Поминаа две години откако сум со нив.Денот на уништувањето на Џибути е близу.Само незнам што барам во Ирак и во ова комбе со две бомби во џеб кои мора да ги детонирам кога ќе помине конвојот Американски војници и каква врска има тоа со мојата мисија.Како и да е,му верувам на Осама.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
-Тука си?
-Аха...
-Ме слушаш ли?Ова е навистина важно.
-Да,да...
-Сакав да ти кажам...
-Еј,ај ќе ми кажеш после,имам нешто работа во центарот.
-Ама...
-Има некој проблем?
-Не,не,ајде оди...
-Чао,се гледаме подоцна.
-Чао.
Го гледаше како излегува од станот.Преку прозорот го следеше неговиот чекор.Знаеше дека тоа беше последен пат што го гледа.
Доцна вечерта,се врати изморен.Но,единствено нешто што го дочека таа вечер беше празен стан.На масата во кујната имаше едно ливче.
“Засекогаш ќе бидеш моја љубов.Те сакам.“
Седна на столчето што беше до него.Сфати дека никогаш повеќе во својот живот нема да ја прегрне,а тоа што го правеше уште повознемирен,беше фактот дека не ја ни ислуша,а не ја знаеше ниту причината поради која си замина.
“Some things are better left unsaid“...или сепак не?
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Се движеше полека по замислената патека на нејзиниот живот, на моменти крадец, безнадежен романтичар, рационалист, на моменти кукла, марионета, безчувствителна кучка.
Се приближуваше секој ден се поблиску до целта, подалеку од почетокот на младоста и полека умираше за финиш, финале кое одамна го смени своето име.
Проста илузија на секојдневието.
Никогаш не побара од сама себе да биде уште еден роб на просечноста, загушливиот простор со чад од цигари и некој вид на комерцијална музика.
Мрежа сплетена подобро од величенственото дело на пајакот, тивка монотонија во која се умира секојдневно.
Бела хартија, сочувана за зборови кои мораат да се впијат во неа, црвено мастило кое ја одбележува секоја нејзина одамна потрошена емоција.
Солзи што прават бледи дамки, размачкуваат зборови кои и вредат повеќе од секој лак за нокти што го поседува.
Завесата е претешка за да се грижи што има зад неа, премногу тага за дисфункционалноста што ја чувствува во неа кога нема доволно сила и страст да ја препознае празнината.
Таа на сцената, како и секогаш повеќе туѓа него своја.Боем кој верува во љубов која не може да ја почувствува.
Не очекувајќи било кој да ја разбере, нејзините поеми и нејзиното живеалиште полно со гробови.
Куртизана за емоции.
Ги ткае и ги продава по највисока цена која и сама не може да ја плати.
Мртвило на дождот кога ја носи ветерот кон паркот.Лажлива слика на двајца кои се љубат.
Не ... таа не беше родена за љубов.За продавање на истата можеби.Телото и припаѓаше, но не и значеше.Срцето не беше нејзино, а болно копнееше по него, еден ден сфаќајќи дека и го нема, таа беше од оние кои се раѓаат без срце.
Роб на идеалот за совршенство.
Прекрасна кукла која стои на рафтовите по скапите продавници за играчки за малите прицези на тато и мама ... замислената патека на нејзиниот живот.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Како сенка се искрадувам од сопствениот затвор.Во воздухот го чуствувам твојот мирис.На телото ги чуствувам твоите допири.Во устата сеуште го чуствувам твојот вкус.
Во срцето ја чуствувам онаа тапа болка.Како некој да се обидува да го извади од градиве.
Те сакам.Секој ден се повеќе.
Секоја моја молитва е твоето име.И Бог нека ми прости поради тоа,што те сакам повеќе од животов.
Те сакам.Ти си она без кое не можам.И посакувам да сум сенка која ќе ти се приближи и види каде си.
Дали си среќна?
Дали тој те сака повеќе од мене?
Дали си среќна со него?
Дали сеуште скришум пушташ солза на нашата песна?
Дали ме сонуваш?
Дали можеби понекогаш и ти чуствуваш како сега јас?
Дали можеби твојот син се вика Дејан?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom