Прозни искри

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
"Седев во празната соба, загледана во ѕидот, и чекав, ПОВТОРНО. Мразам кога чекам. Бев нервозна. Ајде нека помине времето побрзо. Веќе 4 години бевме во брак, иако знаевме и двајцата дека нема да успееме. Тоа што го сакаме, не оди. И покрај сиот вложен труд, ќе останеме сами. Знам. Многумина ми кажаа така. Дури и психологот ми рече дека незнае како да ми помогне, но морам да се надевам. Надежта последна умира нели? Па еве. Се надевам. Чекам. По навика. И знам дека е залудно. Не успева. Не оди веќе вака. Морам да заборавам на се тоа и да почнам од почеток. Поинаков живот. Се осеќам осамено и немоќно. Многу немоќно. И времето поминува а ништо не се менува. Ех.. 4 години патење и исчекување. Ке ме умре. Уште 2 минути се во прашање. И нервозна сум. Многу нервозна. Го знам одговорот а сепак го чекам. Како да сакам пак да го слушнам. Пак да ме повреди. Да ми ја убие и последната ронка надеж. Отчукува часовникот. Време е. Да погледнам, да заплачам и да си одам од светов. Неможам повеќе вака."

И еве.. Сега. 9 месеци покасно гледам дека овој лист не заслужува да го гнаси мојот дневник повеќе. Затоа што тестот за бременост.. Беше ПОЗИТИВЕН.
 

Wannabemceez

Welcome to my WORLD!
Член од
17 јули 2007
Мислења
909
Поени од реакции
20
Lol...ej nemoj ushte sea....Togash stvarno ke umrime :pos2: :pos2:
 
С

Сатори

Гостин
Ја мразам љубовта

Мразам што понекогаш сум опседната со љубовта...ја чувствувам како ми тече низ вените и ме умртвува полека како отровот на пајакот.
Како ја зграпчува секоја моја емоција и прави да се чувствувам како последниот просјак на светот.
Ја мразам љубовта, ме прави ранлива.
Сама сред емоции, ураган од сила и нежност врз мост изграден од туѓи тули.
Да, ја мразам љубовта.
А не можам да ги тргнам очите од личноста која ја сакам.И тоа ме нервира, прави да се чувстувам ненаситно и себично.
И се мине без проблем.
Нема граници, нема ништо само некое бледило над секоја слика што ќе ми мине низ глава.
Толку проста, толку сложена...потребна.
Ја мразам љубовта.
Ме прави еуфорично среќна и неописливо тажна.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
И пак болка во душата. Погледот вперен во ѕидот со нејзиниот портрет. Тој размислува. Зашто го остави? Малку ли се 7 години. Ја сака. Навистина ја сака. А каде е таа сега? Избега со него? Со човекот што му беше како брат? Седнува на софата, го уклучува големиот телевизор. Поглед вперен во масата, а со мисли некаде далеку. Како избега без ништо да понесе со себе? Како може да не мисли на децата? Ни на момент не помисли што ќе речат другите. А досега само тоа му беше важно. Имаше се што ќе посака. Многу пари. Две прекрасни деца, и жена што ја сакаш. Се до денес. А денес ги снема и неа и него. Како може да мисли воопшто на тој човек како на живо суштество? И добро и лошо делеа заедно. Поминаа 4 години во затвор поради наркотици.. И се поради него. Никогаш не го предаде. И кога судот испитуваше тој се прогласи за виновен за да му ја намали него казната, а сепак не беше крив. Си го извалка образот пред другите поради него. Но не.. Тоа веќе не му беше толку битно. Како можеше така да го предадат? И таа и тој? А ако не се заедно.. Каде е таа? Не.. Одма ја избриша таа мисла од главата. Сепак двајцата ги снема во ист ден. Неможеше да издржи повеќе. Ја скрши чашата и замина во својата соба. Ништо не му беше важно.
Следниот ден неговото тело беше најдено во неговата соба. Беживотен поглед вперен во таванот. Пиштол и исечок од весник во раката. Статија во која пишуваше за сообраќајната несреќа на патот накај Охрид. Да.. Тоа беа тие. Таа и тој. Немаше преживеани во ниеден од автомобилите. Не му беа битни другите. Само таа беше битна. И покрај тоа што го предаде ја сакаше.. Неизмерно многу ја сакаше. Знаеше дека сепак е подобро да си го одземе животот, одколку да го убие нејзинато предавство и нејзината смрт. Сепак барем сега во другиот свет е поблиску до неа. А децата? Не помисли на нив навистина. Зарем можат да бидат толку себични родителите? Да, можат. Сепак и ним им е денес подобро живеејќи во друго нормално семејство, одколку доживотно страдајќи покрај луѓе што не мислат на нив. Барем не доволно. Сепак барем некој од тоа семејство остана среќен. А чашата од виски.. Сеуште стои скршена на подот покрај телевизорот чекајќи времето и спомените да ја претворат во пепел.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Само една ноќ со тебе, еден бакнеж или макар еден поглед за да ти ја продадам сета моја скриена страст. Еден допир на моето лице, еден шепот во лажната тишина или макар едно чувство дека те имам за да ја купам твојата тажна насмевка. Кој би можел да ми каже „Стоп„, кој би можел да ја стави раката на моите гради и да ми каже „Застани, тоа нема да ти подари среќа.„... Немам сила да срушам цело кралство, но имам сила да го срушам мојот престол и да љубам туѓа сина крв. Сакам, сакам и сакам да те имам крај мене, но тоа нема да го исполни моето срце. И размислувам постојано... Размислувам за она што е правилно и она што не е. А зошто размислување кога само се обидувам да се убедам себеси дека не е толку страшно, дека не е воопшто страшно, а при секоја помисла на тоа пред мене има молња од осуди и грмеж кој вели откажи се. Но не можам да се откажам, не можам да ја искорнам од мислите, ниту пак сакам да ги избришам тие слики со ангелско лице и тело на божица. Не можам да ја игнорирам мојата потреба да обожувам, ниту пак можам да ја игнорирам нејзината потреба да биде обожувана и настанува невреме. Невреме кое ги откорнува и дрвјата со најцврстите корења, но не успева да ме помрдне мене и да ме повлече накај неа. Се создава невреме кое ме присилува да бегам што подалеку од усните на мојот грев и да одам во прегратката на мојата љубов. Се вртам и си одам... Се вртам и си одам... Се вртам и си одам, постојано се вртам и си одам, а таа постојано е тука крај мене и се прашувам... Додека не ја имам, дали некогаш ќе можам да заминам? Кога ќе ја имам, дали ќе сакам да го сторам тоа...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Ќерка ми имаше три години кога првпат почувствував дека ми се кине срцето и дека не правам доволно за неа. Поминувавме покрај една елитна продавница за играчки. Кога таа во излогот виде една кукла со енормна цена. Се сврте. Ми ја покажа со прстето и побара да и ја купам. Ех. Колку сакав да го направам тоа. Но неможев. Немав пари.
Нашата фамилија одсекогаш била сиромашна. Порасната бев во стара визба што некогаш му припагала на некој мој прадедо. Имал и куќа, но владата ни ја имаше земено. Работев во државната болница како чистачка за 5 илјади месечно. Плакав кирија од 3000 денари, сметки, и ни остануваше уште нешто ситно за прехранување. Моите родители беа починати. Нивните пензии ги земаше брат ми. Тој беше скржав човек, и покрај тоа што имаше многу пари, никогаш не се ни потруди да помогне. Само се сеќавам дека на 5тиот роденден на малата, дојде во станот, почна да вика по мене како можам да чувам дете во таква шупа. Фрли некое скапо чоколадо пред нозете на Марија и си отиде. Излезе затворајќи ја вратата со тресок. Беше стара и се скрши. Тој се сврте, цинично се насмеа и си замина. Се чудев како може да ми е брат. Се сеќавам исто кога јас бев мала. Моите родители имаа мали примања, а јас затоа што немав пари за да излегувам, ма немав ни за лижавче да си купам. Од оние големите. Како другите деца. И затоа секогаш им се лутев. Умреа од грижи. И од глад. И ете сватив како е да се нема. Мојата малечка немаше татко. Тој ми беше момче уште 2 години пред да се роди Марија. Беше од богато семејство. Јас бев сиромашна па затоа неговите родители никогаш не ме прифатија. Кога затруднев ме остави. Мораше да оди во Америка, а и беше јасно дека бракот не би ни бил дозволен. Бев сама на себе затоа што 1 година пред тоа починаа и мојте родители. Затоа и не го сметам тој човек како татко на Марија. Таа нема татко. Уште кога првпат ја видов како плаче си ветив себеси, а и на Бога дека ќе се потрудам мојата кукличка да има се што ќе посака.
А сега. Марија има 11 години. Јас влегов во 32рата. Имаме пари. Патот до богатството, и до среќата на мојата ќерка го пронајдов едно утро кога се разбудив со странец до мене, 100 евра повеќе во џебот, и неколку чаши евтино вино. Сепак сваќам само едно денес: Јас не сум ороспија. Туку жена што се бори за тоа што најмногу го сака.
Луѓето зборат, нека зборат. Скратив од својата среќа, но сватив едно. И телото, и животот, и се што имам би дала за неа. Не жалам за ништо. Барем мојата малечка е среќна..
Мајчинската љубов е посилна од се.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Воздишка по воздишка, не можам да дојдам до воздух. Срцево пресилно чука. Помислата на тебе ме исполнува со сладок немир кој се репродуцира со насмевка на моето лице и благо црвенило на образиве мои.
Ништо не се случи пребрзо. Самиот настан ми беше неочекуван, непредвиден, нов, вознемирувачки. Ништо не ми значеше, секогаш беше околу мене, но исто и како да те немаше. Наместо на десно јас погледнував на лево барајќи нешто што не треба да барам. Срцево мое е палавко, постојано бара неволја.
По незгодниве месеци осетив малку олеснување. Во мислите постојано ми се вртеше: “Good Riddens”. Почнаа да ми се навраќаат спомени од не многу далечната 2004 година и ме прогонуваа како духови кои имаат нешто незавршено. Тоа незавршеното излезе дека е незапочнато и непостоечко.
Ти ми го покажа тоа, не знаејќи за сенките на моите мисли и ми донесе нов ветар кој нежно ме гали од моментот кога се сретнавме.
Го најдовме нашето место и почнавме да ја градиме нашата пајажина по примерот на нивното височество: пајаците…

Смешно е тоа дека и двајцата се плашиме од нив…

:back:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Приказна за суштината на убавината: Ве Це Школка и по некој бисер.

Го сакам ВеЦе-то. Некое мало, еден на еден и пол. Кога сум во него се осеќам посебно креативно, моќно, значајно.Го сакам чувството кога сум во такво веце. Не сакам бањи. Поголеми се и асоцираат на долга процедура која треба да ја направиш за да бидеш чист.

Ја сакам елементарната чистота - кога газот ти е чист. Можам да опстојам со смрдени мишки, смрдени нозе или мрсна коса. Ама ако газот не ми е чист, се потам, се превртувам, се нервирам и колабирам.

Одамна беше кога се заљубив во ритуалот врз белата шоља, или модерно наречена школка. Ако направам паралела со морските школки, сигурно дека тој кој шољата ја нарекол поинаку бил некој паметен човек. Никако шегобиец... Оу, ноу мистер... Сакал да ни укаже каде се наоѓаат сите бисери на земјата. Не, не конкретно во шољата или школката или исповедилницата... Туку во нас. Поточно, во дебелото црево.

А што им правиме ние.... Ги фрламе. Ако подобро размислам, бисерите кои ние ги фрламе во Ве Це Школките и преку канализацијата завршуваат во морето можеби на чудесен начин се претвораат во истите оние бисери кои може да се најдат во морските школки.

Да, сваќам дека е тешко да се замисли дека нешто што испаднало од нашите дебели и мрсни задници може да изгледа толку убаво на вратот на некоја госпоѓа. Ама, реално...се случува.

Затоа го сакам ВеЦето. Местото од кое извира сета убавина на светот. Кога си напнат или даун, кога е денот срање а ноќта наговестува мизерност...оди во ВеЦе. Искомпонирај ја твојата симфонија на мирот, одата на радоста. На крај, обавезно добро избриши се. Ќе почуствуваш како сите товари на светот излегле од тебе... Всушност, не си свесен дека со самото тоа што ти си се олеснал од тежините, со фрлањето на транзициските гомна кои на некој начин се кревање глас поради монотонијата и здодевноста на борбата со некој кој не го гледаш, а борба која како Горење машина на 60 степени ти го стега мозокот од сите страни... ти си направил чудо. Визуелно и визионерно преносно. Си придонел светот да види многу убавина...и си мирен.

Затоа, ако ти е смачено од се, не пишувај на глупави теми како Мака Ми Е. Ако девојкати ти се скарала или воопшто ја немаш; Ако дечкото кој ти се допаѓал ти се јавил дента кога си добила; Aко мора да спремаш испит а сакаш да избегаш во планина ; Ако осеќаш лезбејски набој во тебе и се осеѓаш несигурна и неспремна за да го проголташ залакот кој се вика УТРЕ и реалноста која бара од тебе да живееш... eдноставно ако тебе, пријателке моја ти се скршил ноктот или тебе другарче мое те заебал Манчестер во кладилница, пикни се во некој ваков ќумез, најмалиот на свет...и седни на престолот. Фокусирај се во една точка, слушни ја музиката во главата...и пушти го. Пушти го бисерот на слобода. Не му е местото во твојот шупак. Му треба светлина и ширина. Пространство и водна средина за да се развие... Услови за од гомно да стане бисер.


Ќењај брате, оди по голема нужда сестро.


Само....



.....те молам провери дали имаш тоалетна хартија при рака.

Инаку, отиде јабана.
 
С

Сатори

Гостин
Мозаикот и внуката на маж ми

Иако секогаш се трудев да изгледам совршено, не можев баш да бидам пријатна и кога станувам наутро од кревет.Со подуена долна усна, со коса собрана во пунча и со потечени очи од премалку сон.
Имам ритуал, нешто што го сакам најмногу на светот, моја мала тајна страст, секогаш кога станувам седнувам пред сложувалката со 1000 парчиња и додавам неколку делови.
Тоа е мозаикот на мојот живот.
Утрово, кога станав, ја најдов неа покрај мојот мозаик, млада девојка од 17 години како мирно си го реди мојот мозаик, мојот живот.
Ми се меша во рутината!

-Маја?
-Да, тето?
-Знаеш ли дека тоа не е за џепкање?
-Знам.
-Тогаш зошто воопшто си џепкала?
-Затоа што сакав нешто да составам.

Благо се насмевнав...зошто би и се лутела кога се гледав себе во неа на 17.Седнав и ја прашав дали сака кафе?
Ми кажа дека сака чај.
Кога го ставив пред неа и почнав да разговарам со неа, ми кажа:

-Тето, од вчера веќе не сум невина.А сложувањето е многу детална работа, смирува.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Смрт

Речиси безживотното тело се струполи на тогаш темно црвениот килим кој изгледаше како да бил исперен со крв. Но не, немаше крв, сеуште. Ѕверот над малечкото продолжуваше безмилосно да удира, шутирајќи го тоа слабо тело со силен дух. Како да беше некоја перница врз која го истура сиот свој бес, а притоа се однесуваше како да не повредува никого. Малечкото беше негово чедо, негова душа, негова крв. Тоа немаше никакво значење за него, а ниту за неа. Нејзините наводни обиди да го спречи тоа беа лажни како што е светот на шизофреничарите. Тој продолжуваше да удира, и удираше додека не го почувствува тоа земско задоволство кое потекнуваше од некои далечини, далечините на неговата душа и на неговите очи кои беа преполни со омраза. Крв сеуште не течеше. Таа се најде на креветот гледајќи како тој си ги задоволува своите потреби за правење зло. И двајцата се возвишуваа со мислата: “Јас ти го дадов овој живот и јас го имам правото да ти го одземам...”. Малечкото отпрвин даваше отпор но, тоа беше малечко а сепак во џунглата преживева посилниот, така подлегна на ударите, клетвите и навредите многу брзо. Поминаа и тие моменти на смрт, духовна и физичка, кои ја демнаа душата на малечкото, и ја обземаа премногу често. Бидејќи малечкото си беше тивок набљудувач, си остана без доискажани зборови на болка, тага и огорченост, оставајќи го светот да ја одмине, без да се обѕрне назад и да размисли што испуштил. Солзите беа исплакани премногу пати, без да донесат мир и спокој. Навредите мораа да бидат вратени на ист начин. А за ударите... Нејзиниот успех ќе биде доволен удар за нивните души обвиткани со рѓосана родителска љубов која ја прикрива омразата со евтин процес на галванизација. Малечкото ја надживеа смртта...
 
С

Сатори

Гостин
Девојката на мојата девојка

Сеуште се прашувам зошто никогаш не ме запозна толку добро мојата девојка, седум години бевме заедно.
Го знаеше веќе секој мој поглед, секое мое движење, се што сакам, кога го сакам и како го сакам.Само да ја погледнев ја спушташе раката надоле по мојот стомак додека лежевме сами на големиот кревет во спалната кај нејзините.
Да ... мојата девојка беше толку совршена, толку моја.Знаев зошто живее, зошто е моја а не туѓа.Знаев се за неа, секоја нејзина тајна, се што ја правеше жена.
Ги познавав толку добро тајните катчиња на нејзиното тело, мирисот, начинот на кој ми дишеше во уво, начинот на кој ме гребеше по вратот, начинот на кој нејзиниот јазик завршуваше во мојата уста, прво полека и срамежливо, а потоа длабоко, се додека не и го вшмукував полека со моите усни се подлабоко и подлабоко.
Еден ден ... веќе не можев да ја сакам како што ја сакав порано, најдов тип...да најдов тип.
Како смеев?
Со кое право се предавам на некој друг?-така ми рече, но нели сите ние имаме свое право да се дадеме на кој сакаме...но не, јас немам, јас и припаѓам само неа, нејзина сум.
И тогаш ме запозна со неа, по толку години, нејзината нова девојка.Јас одамна завршив со типот, сфатив не сум јас за хетеро врска, а се разбира не сакав да ја барам назад.
Што ќе мисли, нема да разбере, ќе мисли дека сум ја отфрлила дека сум ѓубре.
Подобро е си велам да молчам...да патам во тишината на мојата сопствена будалост.
Ја видов и аххх Боже...беше толку убава.
Личеше на мене , но беше многу понежна, послаба ... беше како совршена за во мојата постела, покрај мене во мојот кревет.И беше со мојата бивша девојка.
Разменивме погледи ... по неколку часа ми се јави, изгледа го нашла бројот од неа, од мојата бивша.
Побара да се најдеме, а јас не можев да ја одбијам таа кожа, тоа синило, Боже...тоа синило во нејзините очи беше како лек за сите мои разочарувања.
Таа беше таа, знаев.
Кога влезе во станот кај мене и беше чудно зошто се е бело, зошто се е кристално подредено.
-Сакам јасни релации-и реков.-и чисти станови.
Не ме почека ни ја понудам со Малибу, знаев дека го пие тоа што јас го пијам.
Ме бутна на софата.
Од каде сила во ова младо суштество се прашав, беше каде каде помлада од мене, скоро 4 години.
Ја бакнував како што не се сеќавав дека имав некогаш бакнувано.
Наредниот ден остана кај мене.По недела дена се пресели во мојот стан.
По две години сеуште бевме заедно.
Кога ја сретнавме мојата бивша на улица беше со детенце во раци, кажа се омажила.
Ми рече:
-Никогаш не научив дека не треба да те запознавам со моите „пријателки“.

Девојката на мојата бивша сега е моја девојка, а мојата бивша е мајка.А јас бев таа која на почетокот сакаше три деца.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
Во миговите на бескрајна осаменост

Во миговите на бескрајна осаменост, галена од несебичните зраци на светлината седам тотално отсутна од она што се случува околу мене. Го мразам секој иритирачки звук, секој смуртен лик, секоја интрига од секојдневието.
Конфузијата ме опкружува, повлечена во нормите на нормалното запаѓам во сопствен свет. Таму никој не може да допре, таму се скриени мечтите на една осаменост. Таму лебдат надежите на една душа. Бесмислени се сите обиди, суровоста е посилна од сè, не можам против неа.
А толку се борев за правдата, сфатив дека таа не постои... И животот е една огромна лага. Немам сили повеќе, а и не сакам да се откажувам од секогаш тоа најмногу го мразев, секогаш со достоинствен лик чекорев потпирајќи се на вистината.
Сега знам дека нема вистина, има само бедно лицемерие, само маски и премрежја. Заробеност, потонатост во себе и никаков излез од металните решетки што беа околу мене а досега не можев да ги видам, не можев да ги почувствувам...
Сега знам... знам но сè е залудно. И веќе е предоцна.
Предоцна е за да ја покријам мојата детска наивност и да го покажам гневот на мојот лик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom