Кој морон треба да бидеш за да напишеш ваков текст и сам себе да се упукаш:
Полициска егзекуција или обид за апсење - семејството на Диме Ицковски Поштарот 8 години не доби одговори кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме.
Додека полицијата на една рака ги броеше прострелните рани, семејството и соседите во скопско Булачани сведочеа дека Диме бил егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Никој никогаш не заврши зад решетки и никој не се сети на неговиот син Никола - тогаш 9-годишно детенце, денеска средношколец.
Два дена пред убиството Диме беше во Сител на главниот уредник да му каже дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана било каква полициска акција. Тогаш реагираа само соседите, молк во невладиниот сектор.
Ова не е првиот, а ниту последен случај на полициска бруталност за која одговорните никогаш не се судриле со законот.
Во 2003-та во неуспешна акција за апсење на Саид Рушити полицијата уби 26-годишна бремена Албанка. МВР истиот ден соопшти дека започнува пресметката со криминалните банди.
Во мај 2006-та 18 дена немаше ни трага од 16-годишниот Трајан Беќиров, Алфите го бркале па завршил удавен во Вардар. Остро реагираа единствено ромските невладини организации.
Во 90-тите се случија најмалку 4 мистериозни убиства поврзани со атентатот на Глигоров кои никогаш не добија јасен крај, последното на Тања Павловска која беше најдена во округот на МВР со прострелна рана во челото. Спротивно на сите експертски мислења полицијата го заведе како самоубиство.
Последниот трагичен случај со убиството на 23-годишниот Мартин Нешковски полицијата го разветли за помалку од 48 часа. Специјалецот доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство. Но за политички профит во јавноста се прикажува поинаква слика.
Се поставува прашањето каде беа камерите на А1 кога летото 2006-та ќерката на Велија Рамковски удри во 4 возила и тешко повреди четири лица или кога Хеди Рамковси во јули 2008-ма во алкохолизирана состојба удри во автомобилот на бремена жена. За двата настани полицијата има поднесено пријави.
Славица Арсова