Има интересна анализа во ДНЕВНИК
Единица за специјални задачи ТИГАР
2002 година
Убиен е виничанецот Алберто Стојчев (21) кој бил крвнички претепан во кафебар во кој упаднале припадници на единицата ТИГАР. На одговорност биле повикани 14 припадници на ТИГАР
2003 година
Припадник на единицата ТИГАР со пиштол го убил Игор Стојановски (22) по тепачка во кафуле во Кочани, за што бил осуден на 10 години затвор
2006 година
Поранешен припадник на ТИГРИТЕ бил уапсен како главен осомничен за кражба на еден милион денари
2011 година
Припадник на ТИГРИТЕ го претепал до смрт Мартин Нешковски (22) во центарот на Скопје
Единица за брзо распоредување ЕБР или популарните Желки
2006 година
Околу 30 припадници на ЕБР упаднале во дискотеката Процес кој крвнички истепале неколкумина и го демолирале објектот. Виновниците биле казнети на условни затворски казни.
2007 година
Припадник на ЕБР убил припадник на ТИГРИТЕ со неколку куршуми од пиштол во тепачка меѓу неколку полицајци пред ресторан во Скопје.
2010 и 2011 година
Припадник на ЕБР истепал неколку момчиња од кои едното од нив било во кома
АЛФИ
Припадници на Алфите учествувале во бркотница со Трајан Бекиров (17) каде што загинал. Неговото тело било пронајдено во Вардар, а истрагата утврдила дека смртта на Бекиров била последица на давење. Алфите подоцна биле ослободени од одговорност.
Ова се најтешките прекршоци што ги имаат направено овие специјалци. Не зборуваме за полесните.