Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
И од мене браво за Битолчани, излегле во голем број.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Браво за Струмичани, а особено за Битолчани.
Ко што видов цел Широк Сокак беше исполнет :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Вратете ја репутацијата?
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Битолчани секоја чест! Незнаете колку ми е мило што народот се обединува и заеднички се соочува со проблемот кој што трае со години и опфаќа многу генерации. Битола, Скопје, Струмица, па и другите градови кои го поддржуваат протестот праќаат силна порака "Доста беше молк!". Уште еднаш, секоја чест!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.997
Поени од реакции
45.414
Аууу браво за другиве градови, секоја чест, и денес во Скопје ... незнам, капа доле момци и девојки, капа доле !!!
Kaко што сите најавуваме, политичките профитери се неизбежни но во убер мал број, скоро и неприметни, еве еден од нив, дури и се измоча на тревникот пред собрание :









П.С. Писмо од анонимец до Јанко
Добар ден Јанко.

Пишувам по повод коментарот на Александар Богоев.
Тоа лице, кое и да е , денес прв пат се појави на страната http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280 и е меѓу ретките кои што повикуваат по партиска линија.

Ако следиш активно што се случува по социјалните мрежи ( а вервувам дека следиш) лесно можеш да увидиш дека сите се обидуваат да ја одлепат политичката етикета која за жал ја направија медиумите и одредени политички фигурички кои се појавија на првите протести. Јас станав игнорантен спрема истите етикети, поради фактот што секогаш имало и секогаш ќе има. Јас знам зашто сум таму. Знам дека и ти би бил да си бил на моја возраст и тоа без колебање.

Тоа што најмногу ме изненади од протестиве е трибината позади куќата на Мајка Тереза. Таму веќе 3 ден по ред се случува отворен Форум. Антички, непосредно демократски. Секој го зема мегафонот и си ги искажува своите ставови. Вчера се собраа по 20 - 30 денари од секого, за да се искористат за работи потребни за протестот.
Сите секого слушаат и секој бидува слушан. Ова јас прв пат го доживувам и конечно во пракса дознавам што е суштината на демократијата (непосредната, не институциноалната,инаку сум дипломиран политолог, моментално на мастер).

Многу ми е јасно мислењето на другите за тоа дека е организиарано од политичко - партиски побуди, со самото тоа што се организарше ден после изборите, но за жал трагичнаиот настан се случи претходната вечер и настанот си зема сила по инерција со самиот молк на медиумите за настанот.

Социјалните мрежи се најзаслужни за започнувањето на ова движење. Се плашам дека ако не се случеше протестот, ќе се прикриеше целиот настан.

Истовремено, во Македонија после долги години, се создаде критична маса, создадени од млади луѓе. Менталната склопка се менува Јанко. Ние сме сосема нова генерација, растена под друг политички систем.

Се надевам дека и денес ќе се обидеме да останеме истрајни и да ги отргнеме сите партиски етикети од нас и еднаш засекогаш да се разбере дека не сите живееме во партиско општество. Има младина која вика НЕ!

П.С.
Конформисти од сите земји разделете се!

П.П.С

Меѓутоа, врежано е во мене восптувањето од моите родители со поговорките - Висока глава, сабја ја сече и Ќути си трај си. Сепак, те замолувам, бидејќи сепак монополот на физичката сила е во прашање, ако објавуваш нешто од напишаново да не ми го објавуваш идентитетот. Се уште собирам храброст и самиве протести ми помагаат во тоа, на мене и на СИТЕ НАС!
п.м.с. СЕКОЈ ДЕН !!!
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Aх што се' би дал сега да им' ги видам фаците на сите што тролаа политичка заднина курци палци. Се' надевам дека се чувствувате мизерно што не дојдовте. Треба! Не знам што и како известија телевизииве, ама искрено, не ме ни интересира. Се' помина во најдобар ред, преполни улици, искрени срца и солидарност. Не знам бројка, ама на која страна и да погледнев, не се гледаше крајот на толпата. Немаше инциденти, освен некои ретарди од блиските згради што ни' фрлија стаклено шише и/или јајца додека поминувавме низ Капиштец. Вечерва младината докажа дека и' е преку *** од лаги, партии, препукувања, неправда, полициска бруталност и слични срања.
Вечерва сум горд како никогаш до сега. Сепак, има надеж за подобра иднина.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пред малку се вратив од пртестот. Горда сум на дечките. Три часа марш по улици и ниеден, ама баш ниеден инцидент. Подостоинствено од ова не можеше да биде. Имаше респект кон полицијата, а таа имаше респект за масата народ. Ова беше река од народ. Буквално. Навистина немам проценка за колку луѓе станува збор ама 1500 - 2000 имаше. Земете предвид дека 99% беа млади и имате епик mkwin.
Инаку, после ова ниту еден новинар, критичар, колумнист или што ти ја знам, не смее да посочува со прст на младина. Таа излезе на улиците да искаже став. Нив ги немаше. Сите оние кои плачат за новинарска етика и независност треба денешниов протест да го стават како ударна вест на насловна. Ако не го направат тоа, немаат право да се жалат на притисоци.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Хахаха, Syn браво за кучево :D Него писмово некако пресложено за Јанко, сигурно не го ни прочитал до крај или сеа ќе извади 300 теории за него.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561


Сеа и Алфа ли ќе искочи комуњарска пошто вакви се резултатите од анкетата?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Мене ми е мило што полека и постари се приклучуваат, на првиот протест на кој бев само две госпоѓи видов, накај 40тина години.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене ми е мило што полека и постари се приклучуваат, на првиот протест на кој бев само две госпоѓи видов, накај 40тина години.
Знаат тие кај одат... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom