Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сите родители треба да се горди на своите деца. Четврт дена протестираат и ниедно камче не е фрлено. Браво дечки!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова е веќе очаен потег. А штом некој станува очаен значи дека притисокот функционира.
Класична (нискобуџетна) false-flag ситуација.
Дури и знамиња имаме. :D
Во овој случај, ќотекот навистина би бил од рајот излезен...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
https://twitter.com/#!/ForumVodenica/status/79174492559114240

До кај стигнавме...

Само пренесувам, нема потреба мене да ме напаѓате. Peace.
Удрете им еден добар ќотек за паметење! Сите кој ќе вмешаат политика во настанов треба добро да бидат прегазени од толпата,зошто од ебење во мозок потековме!
И кењатори еден куп,се на нив нешто не им се допаѓа,оваа точка,онаа точка. Абе и нив по еден бан од форумов и нека кењаат по Сител и А1.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Има интересна анализа во ДНЕВНИК

Единица за специјални задачи ТИГАР

2002 година
Убиен е виничанецот Алберто Стојчев (21) кој бил крвнички претепан во кафебар во кој упаднале припадници на единицата ТИГАР. На одговорност биле повикани 14 припадници на ТИГАР

2003 година
Припадник на единицата ТИГАР со пиштол го убил Игор Стојановски (22) по тепачка во кафуле во Кочани, за што бил осуден на 10 години затвор

2006 година
Поранешен припадник на ТИГРИТЕ бил уапсен како главен осомничен за кражба на еден милион денари

2011 година
Припадник на ТИГРИТЕ го претепал до смрт Мартин Нешковски (22) во центарот на Скопје

Единица за брзо распоредување ЕБР или популарните Желки

2006 година

Околу 30 припадници на ЕБР упаднале во дискотеката Процес кој крвнички истепале неколкумина и го демолирале објектот. Виновниците биле казнети на условни затворски казни.

2007 година
Припадник на ЕБР убил припадник на ТИГРИТЕ со неколку куршуми од пиштол во тепачка меѓу неколку полицајци пред ресторан во Скопје.

2010 и 2011 година
Припадник на ЕБР истепал неколку момчиња од кои едното од нив било во кома

АЛФИ

Припадници на Алфите учествувале во бркотница со Трајан Бекиров (17) каде што загинал. Неговото тело било пронајдено во Вардар, а истрагата утврдила дека смртта на Бекиров била последица на давење. Алфите подоцна биле ослободени од одговорност.

Ова се најтешките прекршоци што ги имаат направено овие специјалци. Не зборуваме за полесните.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Удрете им еден добар ќотек за паметење! Сите кој ќе вмешаат политика во настанов треба добро да бидат прегазени од толпата,зошто од ебење во мозок потековме!
И кењатори еден куп,се на нив нешто не им се допаѓа,оваа точка,онаа точка. Абе и нив по еден бан од форумов и нека кењаат по Сител и А1.
Нели протестот е против насилство, ако има насилство на овие протести , тогаш ќе завршат неславно.

Некои протестот го сватиле како протест против нив , не разбирам зошто се стават на страната на убијците.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Еј,денес во 12 часот се утврдуваа барањата од овие протести.Има некој информација да напише?
@Dardan-ia погоре напишаа дека нема да има насилство кон тие што ке вмешат политика,туку сите во знак на незадоволство ке седнат на земјата,такво нешто.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Нели протестот е против насилство, ако има насилство на овие протести , тогаш ќе завршат неславно.

Некои протестот го сватиле како протест против нив , не разбирам зошто се стават на страната на убијците.
Фигуративно е кажано де, не биди буквалиста.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нели протестот е против насилство, ако има насилство на овие протести , тогаш ќе завршат неславно.

Некои протестот го сватиле како протест против нив , не разбирам зошто се стават на страната на убијците.
Насилство е некој да ебе во мозок илјадници млади со знаме во рака. Тоа насилство треба да се искорени во старт. Бидејќи нема кој да ги тргне настрана,треба знамињата во газ да им ги напикаат и да ги пуштат накај штаб трчајќи да ги веат.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.982
Поени од реакции
45.297
А приметите дека некој инфилтрира насилие седнете на улица, означете го така, истото важи и за инфилтрирање на политички партии, пробајте ваквите испади да ги спречите, се планира на почетокот од колоната да има ударни хамери со Не за имињата на сите политички опции ( или истите да бидат прешкртани ), прашање е дали ќе се реализира ова до 6 но се прават напори, сепак, финансиски многу слабо стојат/стоиме а и денес неработен ден е. Се планираше да се има прешкртани плакати од сите политички опции за да се стави на дознаење дека ова не е протест организиран од некоја од нив, ама плакати од сите за толку кратко време јок, па ќе видиме што ќе се направи со другата идеја.

Како и да е, оградете се од Се што е неприкладно за овој протест !
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Ми се гади од партииве и од телевизииве. Секој си има своја приказна.
А Сител штотуку ги помина А1 на дното.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
http://www.plusinfo.mk/vest/4665/Rabotnikot-shto-zagina-na-Vodno-imal-samo-19-godini

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2332&ArticleID=162063

Поради неносење соодветна заштитна опрема постојано гинат наши работници и ова треба да се смета за номален процес при работа?!? Секоја недела по некој човек, цифрите се фрапантни, и никој не превзема ништо за заштита на работниците, за ова известуваат секојдневно ако обрнеме внимание ќе видиме дека и на ова поле се потребни мерки.
А што се однесува до детево, имам само да речам дека ако "прдиш дома постојано на крај ќе ти се испушти и во јавност"
ОВа не е прво нерасветлено убиство, или несреќа, нив им прејде во навика насилството и сега се тотално опуштени, претходните пати кога убивале, сигурно заташкувале пред да биде расветлен случајот, но овој пат кога е толку очигледно пред 1000+ луѓе, не беше така лесно да се заташка иако пробаа, но безуспешно, сведоците сепак се одлучија да посведочат.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
Се мислев овиее неколку дена дали да идам на протестов(обично вакви ствари не пропуштам)ама ете ја имав таа "среќа" да сум на работа вечерва и неможам да одам;) и за прв пат мислам дека подобро е да не одам отколку да одам..причина???Мислам многу јасно е дека вечерва ќе има тешка местенка,најверојатно ќе има големо инфилтрирање од политички платеници,можно е дури и они да почнат судир со полицијата и на крај може да има многу уапсени и недај боже многу повредени...затоа тој што ќе иде нека се пази...можно е пак да не наместат:confused:(како што не наместија на калето и ред други такви собири)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.982
Поени од реакции
45.297
Удрете му рипорт на гадов кој прашање е дали е навистина ова негов профил или фејк, сеедно, шири бљувотини на интернетов и спамира, гарант сте го начекале, целта му е повеќе од јасна без разлика кој стои позади овој профил, да не ми греши душа зашто може станува збор за некое десетто лице а не извесен Александар Богоев.

http://www.facebook.com/profile.php?id=100000513487019&sk=wall
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Пријавено

Очигледно е дека сака да поттикне нешто и веројатно е фејк профил
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom