Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Na Sitel stotuku objavija telefonska snimka od tatkoto na Martin kako apelira da zaprat proetestite,Zalno!

Грозни се! Како може да нема закон со кој ќе се затвори ова гласило на власта.Одвратни се со А1 ми се блуе од нив,ги поминаа сите граници. БЛОКИРАЈТЕ ГИ!
 
МУ рекле од ВМРО ако сакаш и другото дете да ти го оставиме живо, поарно речи вака и вака, дај не зезајте кој татко би сакал да го види мртов својот син и да му биде сеедно за тоа.
аман од шпекулации!
никој не може да знае за сигурно зошто таткото така рекол.
одма мора да му се заканува или ВМРО или СДСМ.
и така почнува партиско инволвирање во сите невладини протести.
бравос.
 
Кој морон треба да бидеш за да напишеш ваков текст и сам себе да се упукаш:

Полициска егзекуција или обид за апсење - семејството на Диме Ицковски Поштарот 8 години не доби одговори кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме.
sseccmmm_59843.jpg

Додека полицијата на една рака ги броеше прострелните рани, семејството и соседите во скопско Булачани сведочеа дека Диме бил егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Никој никогаш не заврши зад решетки и никој не се сети на неговиот син Никола - тогаш 9-годишно детенце, денеска средношколец.
Два дена пред убиството Диме беше во Сител на главниот уредник да му каже дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана било каква полициска акција. Тогаш реагираа само соседите, молк во невладиниот сектор.
Ова не е првиот, а ниту последен случај на полициска бруталност за која одговорните никогаш не се судриле со законот.
Во 2003-та во неуспешна акција за апсење на Саид Рушити полицијата уби 26-годишна бремена Албанка. МВР истиот ден соопшти дека започнува пресметката со криминалните банди.
Во мај 2006-та 18 дена немаше ни трага од 16-годишниот Трајан Беќиров, Алфите го бркале па завршил удавен во Вардар. Остро реагираа единствено ромските невладини организации.
Во 90-тите се случија најмалку 4 мистериозни убиства поврзани со атентатот на Глигоров кои никогаш не добија јасен крај, последното на Тања Павловска која беше најдена во округот на МВР со прострелна рана во челото. Спротивно на сите експертски мислења полицијата го заведе како самоубиство.
Последниот трагичен случај со убиството на 23-годишниот Мартин Нешковски полицијата го разветли за помалку од 48 часа. Специјалецот доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство. Но за политички профит во јавноста се прикажува поинаква слика.
Се поставува прашањето каде беа камерите на А1 кога летото 2006-та ќерката на Велија Рамковски удри во 4 возила и тешко повреди четири лица или кога Хеди Рамковси во јули 2008-ма во алкохолизирана состојба удри во автомобилот на бремена жена. За двата настани полицијата има поднесено пријави.

Славица Арсова
 
Струмица тапа организација, сите се фураа на интернет, а во живо го нема никаде. Скопје околу 3,000 народ, од следната недела и ја идам таму.
318539148.jpg
 
Добро беше денес, имаше народ, сега не толку многу да крца ама сепак задоволителна бројка, со оглед дека денес/утре е Задушница а и на повеќето млади им е испитна сесија.
Си отидов пред да се оди накај влада, ако има некој инфо да треба финансиска помош за транспарентите нека пише на темава. Фала однапред.

П.С. Сега гледам слики дека пред Влада дошла поголема маса на народ. БРАВО!!!!!!!!!!!
 
Ако ги нема Алфите кој ќе ги лови тешките криминалци?

Точно, алфите колку толку придонесоа за мир и стабилност, е сега има и несреќни случаи ама има и институции за да го решат тоа.
 
Точно, алфите колку толку придонесоа за мир и стабилност, е сега има и несреќни случаи ама има и институции за да го решат тоа.
Наполеон кога ја нападна Русија беше несреќен случај. Ова е катастрофа.
 
МУ рекле од ВМРО ако сакаш и другото дете да ти го оставиме живо, поарно речи вака и вака, дај не зезајте кој татко би сакал да го види мртов својот син и да му биде сеедно за тоа.

А тебе кој ти рече да го кажеш ова?
 
Медиумиве не сфаќаат дека 26 пати повеќе ќе бидат ценети доколку наместо да го политизираат буквално секој настан
(Во случај да се борат две кучиња тие ќе кажат сопственикот на едното куче е член на вмро а другото куче е видено пред штабот на сдсм)
известуваат професионално и објективно.
ГАДНИ СТЕ МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ВАС
 
Чим бегал сигурно не бил чист, од мерак никој не бега, но поголема грешка е оваа на полицаецот, мислам фати го и однеси го во станица, не да го убиеш!
А од медиумиве стварно ми се гади, и од ваква трагедија гледаат политички да профитираат!
 
Точно, алфите колку толку придонесоа за мир и стабилност, е сега има и несреќни случаи ама има и институции за да го решат тоа.

Ова нема допирна точка со несреќен случај, за жал и партискиот мегафон сител го ослови тоа како несреќен случај а воедно и онаа од некоја младинска што читаше од лист прееска.
 
Точно, алфите колку толку придонесоа за мир и стабилност, е сега има и несреќни случаи ама има и институции за да го решат тоа.
Мали оди поиграј си со топката надвор...Дали воопшто знаеш поимот несреќен случај што значи?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom