Немам намера да влагам у твоите интригантни ставови, каде што и веќе на профилот кај тебе, ме нападна дека бранам една партија на темава. Очигледно е на што инсуинираш цело време. Замисли, толерантен бев кон тебе а не кон другите членови. Затоа те молам - не ја упропастувај темава и ако имаш нешто да кажеш конструктивно а не само да прашуваш зашто се чувствуваш дека ти ја нападнале партија - зборете тоа во штаб со членовите на вашата партија.
Тука е место каде што се дискутира за смрт на младо момче од страна на полициски службени и мислење што околу тоа. Други тематики и прашања кои доаѓаат од други страни, кои само може да ја упропастат дискусијата - не се толерираат. Ова е последно од мене во темава насочено кон тебе. Биди ми поздравена и се надевам ќе имаш чиста свест и ќе размислиш што понатаму со твоето учество во темава. Благодарам за вниманието.
Мислам дека не те нападнав тебе, туку одредени членови. Ако сакаш да се увериш, провери.
И јас се обидувам да бидам конструктивна и да дадам предлог, ама тоа се сфаќа како бранење на криминалец.
Како и да е, ќе се обидам повторно, да видам дали некој конструктивно ќе ми одговори, или пак ќе бидам државен непријател бр. 1.
Дали, мои сограѓани, се согласувате со мене дека:
1. Треба да се изберат одредени личности кои ќе ги предводат протестите и ќе се грижат да останат надвор од политиката?
2. Дали може сите заедно да се повикаме исклучиво на построгите мерки према полицајците, како и намалување на нивните овластувања?
3. Дали може сите заедно да создадеме став дека убиецот не смее да добие олеснувачки околности, кои му следуваат како полицаец?
4. Дали може да побараме строга забрана во полиција да влезе било кој што има досие, макар и казна за паркинг?
5. Дали може да побараме прочистување на МВР, да останат само оние кои имаат чисто минато?
6. Дали може да се заборави дека Мартин со себе носел знаме на владеачката партија, и да останеме имуни на вестите на а1 и сител, кои до сега смислија 1001 сценарио?
7. Дали може на протестите да се истакнуваат исклучиво симболи и слики и транспаренти кои ја доловуваат сликата за нашиот протест - стоп на бруталноста - а не замена на вакви и такви функционери? Тоа ќе го бараме, ако не ги испочитуваат нашите барања.
8. Да се договориме да не извикуваме имиња на политичари (и во време на СДСМ се случуваше ова, па јас не би се дерела ,,Бранко е убиец,,) на настан кој го карактеризираме како неполитички
9. Да бидеме сложни и масовно да се собираме и сите да ги почитуваме овие правила (допишете уште некое, ако сметате за потребно) и да не толерираме некој што не ги почитува?
Дали постојат и други барања кои можеме да ги истакнеме и доставиме до надлежните институции? Зошто ако протестираме, бараме да ни се исполни нешто, и не престануваме додека тоа нешто не се исполни.
Мислам дека е ова конструктивно, ако имате некоја реална замерка, повелете, ме интересира. Кажете што е погрешно во овој мој пост, кој до сега сите требаше да го сфатите.