Аха, можеби треба да глумам лудило? Тоа се бара? Од глумење лудило стигнавме таму кај што сме. Дефиниција за тролање - не ти зборувам како што ти е ќеиф? Мене не ме повредува мислењето твое или било чие. Јас не правам лажна слика за себе. Како што кажа некој погоре, на фб се пријавиле околу 8000 луѓе дека ќе дојдат, а дошле ни половина од тоа. Тоа ве загрижува повеќе, или моето искрено прашање и барање? И што не одговориш на конструктивниот предлог? Што тролаш сега па ти?
Па се мислев ама што е поентата? Ти само кликаш на одговори и штанцаш постови. Еве нек ти биде, краток одговор на „конструктивниот“ предлог:
- Прво, да кажам дека не учествувам на протестите зошто сум away и busy. Во секој случај го поддржувам протестот. Дури сум и горд на некои од моиве колеги форумџии за она прво излегување вечерта, спонтана и најнормална реакција. Додека во соседството и на други места (Италија) за слични случаи имаше се и сешто, нашата младина излезе на мирен и достоинствен протест, барајќи одговори. Некои тоа го сметаат за минус, велат дека требало насилно, јас не, мислам дека ова е начинот.
- Второ, околу масовноста, и на другиве им пишав, не знам зошто се оптоваруваат со бројки. Дали ќе биле 300 или 3000 е сеедно за мене, важна е вистинска намера и мотив, и совест.На ФБ кликаат многумина како знак на поддршка, дури и ако се далеку, не се од СК и тн...
- Да се вратам на предлогот твој: значи, дали го разбираш зборот СПОНТАНО? Се случуваат насекаде околу тебе, спонтани работи. Се случуваат спонтани протести, насекаде во светот. Луѓето бараат одговори. Луѓето се шокирани од тоа како е можно да се случи вакво нешто, во нашиот главен град, во строгиот центар, при толпа народ. Луѓето се прашуваат како е можно МВР да излезе со информација за пронајдено тело на кое нема знаци на насилство (не го напаѓам Иво, Иво е гласникот, не се убива гласникот никогаш) Луѓето се прашуваат како е можно други полицајци да го одвлечкаат телото кај МЕПСО (класичен cover-up) а да биде приведен само еден. Многу прашања сеуште се неодговорени, и се додека нема одговори, ќе има протести.
За твојот предлог, неприфатлив е од една едноставна причина: затоа што и ти размислуваш со твојата лоботомирана главичка како да се стави толпата под контрола, исто како што тоа го прават твоите политички неистомисленици. Вие сте две страни од истата паричка. За вас, мора да има договор, точки, потписи... сите да се согласиме и потоа една помала група да не води, како слепци. Да имаме точни и прецизни барања, да пееме исти песни и да изговараме исти пароли. Да не го вадиме чипот од главата. Тоа е вашето размислување, колективно.
Јас сум спонтан, и моиве колеги кајганџии, оние за кои знам дека излегоа на протести со вистинска искрена намера, се спонтани. Исто така, ние сме обични луѓе, со обични барања. Сакаме да ни се одговори како е можно. Сакаме некој да преземе морална одговорност, чин што не с еслучил во оваа држава никогаш. Сакаме нашите политички лидери да ни објаснат каде тргнало наопаку и што мислат да преземат за да не ни се случи пак. Сакаме да се чувствуваме сигурни а длабоко во нас, овој настан не направи да се чувствуваме небезбедни по нашите улици.
И нека вика кој што сака, нивно право. А ти ако не сакаш, не излегувај. Само немој да се пењавиш тука со денови.
P.S.
Ја знаеш онаа поговорката: „Ko prezivi pricace?“
Овде не има многу преживеани од подфорум политика. Кој не се расправал со Suicide Messiah не знае што е форум. Ти си во тие рамки сеуште, аматер.