Дечки знаете колку присуствуваат на фејсбук на денешниот протест? 7325! Значи немаше ни десетина од оваа бројка што уствари се појавија, или па штознам, може се смениле времињата и луѓето мислат дека протестите се виртуелни


. Е сеа, ми се свиѓаше бајаги протестов, особено иницијативата во делот позади мајка тереза да си има ОТВОРЕН ФОРУМ, да биде место каде било кој би можел јавно да изрази став. И тука зборуваа многу луѓе, млади но и постари, изразија задоволство за формираната критичка маса во градов и општо во државава и повторуваа дека цел ни е да го изразиме незадоволството без притоа да бидеме било како влијаени од политика или од невистини на некои медиуми.
Ќе има повторно утре во 6 и задутре и сакам да видам дека се залагате за нешто и надвор од виртуелнава реалност.