Прва светска војна, двајца британски војници од една воена единица се избрани да пренесат порака до друга воена единица со која ќе спречат стапица која носи во смрт 1.600 војници. Пораката треба да ја пренесат преку непријателската линија, која секако не е само обична прошетка, а да не откривам повеќе спојлери седнете и погледнете го филмов.
Според мене една од најдобрите воени драми кои ги имам гледано до сега. 10/10
Хм ваква година не сум имал богзнае од кога, да изгледам 8 од 9 номинирани за најдобар филм. Ќе пробам преку кратка рецензија да ја доловам суштината на моите впечатоци од секој филм поединечно.
From top to bottom:
1. Marriage Story - филмов го доживеав многу силно и лично, болката на Чарли беше и моја болка, солзите на Чарли на крајот од филмот беа и мои солзи. Маестрално напишано сиже и дијалози, Кајло Рен мајсторски одглуми, музикава која оди во позадина во моменти кога сфаќаш дека губиш се
допринесе да филмов посуптилно ти се пикне под кожа ако си мазохист по природа ко мене.
2. 1917 - ќе се повторувам ако почнам името на филмов да го декорирам со епитети од типот на кинематографско ремек дело, но и ремек дело од аспект на костимографија и сетови. Филмов дефинитивно заслужува кино или поквалитетна снимка, иако го гледав на скринер ова е еден од тие филмови кои што можеш да ги гледаш неколку пати едно по друго во краток временски период и тоа сигурно ќе го направам. Приказната е едноставна, нема некое развивање или поврзување со ликовите, повеќе е некој вид на воена авантура исполнета со многу неизвесност. Инаку многу реалистичен филм кој на веродостоен начин ја доближува војната до очите на публиката и фактот дека
хероите и херојските приказни со среќен краj постојат само во имагинацијата на луѓето
. Од сите понудени кандидати овој ми имаше најблокбастерски филинг и веројатно заради тоа е и главен кандидат за оскар.
3. Parasite - начинот на кој заплетот му е претставен на гледачот претпоставува дека гледачот во најмала рака е малоумен, ваљда ова на азиската публика не и смета. Како и да е немам намера да го плукам филмов, ова е филм кој сигурно ќе ти го задржи вниманието, ќе ти биде интригирачки на некој уникатен начин иако кога би пробал да ги проектираш настаните во реалноста (како што јас секогаш правам после гледање на филм кој пробува да се продаде ко реалистичен) согледуваш дека некои од ситуациите и настаните едноставно не држат вода, али да, ко порака и поента одлично испорачува, како и одлични твиксови во приказната, писателот знае на што цели и како сака да ја вози публиката.
4. Joker - не ми е тазе гледан така што ќе ми биде потешко околу оваа рецензија. Доколку Џокер од реалноста постоеше ќе беше лика и прилика на овој филмски џокер, ми се свиѓа тоа што суперхероите и антихероите и се објаснуваат на публиката односно ни ги даваат причните зошто некој почнува да се облекува како trickster уживајќи да убива луѓе. Џокер сфаќа дека живее во едно апсурдно општество и пробува да ја прифати таа апсурдност која на крај сепак ќе го однесе до еден нихилистички мајндсет - постоењето е безначајно, тој од своето постоење добива само болка и патење, следствено на тоа и моралните норми на едно општество се привидни и лажни, следствено на што тој доаѓа до заклучок дека во такво општество не вреди праведно да се бориш, туку такво општество заслужува да биде срушено. И тоа е отприлика пораката на Џокер, режисерот на филмот целел исклучиво на ова, да ни ја доближи болката и страдањето на Џокер, да ни ги даде неговите човечки причини (што е breath of fresh air во споредба со останатото суперхеројско ѓубре) и остатокот од филмот е некако склопен за да ја движи приказната на Џокер иако настаните и немаат баш смисла... Едно општество кое длабоко во себе е гневно на буржоазијата и поредокот каков што е (не од истите причини поради кои и Џокер е гневен) и се дави во криминал чекаше психотична особа да изврши убиство на тројца брокери за да потоа креира култ од таа психотична особа - ваквата приказна во најмала рака не делува сериозно.
5. Ford v Ferrari
Содржајна биографска драма во која не се опишува само војната помеѓу Форд и Ферари околу тоа кој ќе ја конструира најбрзата кола на Ле Манс во 60 ти години, туку и битката која што ја водат Керол Шелби и Кен Мајлс против корпоративното вмешување во нивниот проект кој ќе се покаже како повеќе од успешен и како единствена америчка кола која може да му парира на ферари кога се во прашање трки. Филмот блиску ги следи вистинските настани што и му дава уште поголема вредност знаејќи дека сценариото не е фикција. Доколку Кристијан Бејл земе оскар јас навистина не би имал проблем со тоа.
6. Jo Jo Rabbit
Ова во суштина е "La vita e bella" доживеан низ очите на едно германско дете плус зачинет со многу црн хумор. Си има свои моменти филмот, но веќе видено.
7. The Irishman
Филмов е толку долг да му се невиди али е сепак филм со вредност. Имав чувство дека ги гледам Гудфeлaс или Казино геријатрија едишн. Искрено мене ми беше урнебесно смешно да го гледам Роберт Де Ниро како главен хитмен/мобстер у филмов, па и сцената кога зема да го претепува продавачот од пиљарата беше врв и коа му караше мајки дур овој лежеше на земја. Страшна актерска постава, ваков лајн ап не знам кога пак би се собрал, али сепак осеќам дека филмов ќе беше многу повеќе ако се земеа актери кои ќе одговараа на возраста на ликовите портретирани во филмот. FFS Ал Пачино со 80 години го глуми Џими Хофа во неговиот пик кога имал 40 - 50 години. Сепак покажува дека Скорсезе сеуште може да испорача и филмов дефинитивно го има неговиот печат и би познал дека е негов без да гледам кредитс на филмот.
8. Little Women
Легендата вели дека Мерил Стрип секоја година глуми во филм номиниран за оскар или ја само имам добиено таков впечаток? Шала на страна, солидна романтична семејна драма, иако мислев дека филмот ќе тргне во правец на ширење на феминистичка пропаганда сепак излезе далеку од тоа. Филмов го портрeтира животот на едно семејство (мајка и четири сестри) чиј член е и американската писателка Џо (Џозефин) Марч. Секоја од нејзините сестри (вклучително и таа самата) е прикажана како жена кон која е врзан некаков стереотип. На пример Џо е неконвенционалната, нетрадиционалната, артистичката жена која сака повеќе од животот, која сака да го истражува животот отколку само да се омажи во добро ситуирано семејство. Бет е мирното, ќутливо девојче кое секогаш дава најмногу и не бара за возврат или на крај добива најмалку, Мег е традиционалната жена која сака да го најде мажот на нејзиниот живот, да се заљуби и да основа семејство, Ејми е ваљда спонзорушата и главниот опозит на Џо. Иако филмот почнува сетирајќи ја приказната на овој начин, приказната не би била добра доколку заврши како што очекуваме. Филмов не е за сите и на огромен процент веројатно ќе им биде досаден.
9. Once upon a time in Hollywood
Ја оваа прилика ја користам да кажам дека не го гледав филмов и немам намера да гледам било какво ѓубре од преценетиов мајмун. Редно време е некој да му каже дека снимањето на филмови со една те иста приказна, со нафрлани кул кадри и сцени и многу поп култура во дијалозите не го прави генијалец ко што сам претендира да се претставува и редно време е да смени професија или да се пензионира. Ниту неговите фанови се некоја просветлена каста у општествово туку само обична багра хипстери.
Ок, номинациите за оскари се горе доле ок. Сирша веќе е миленичка на Академијата, Александар Десплат е исто кул и се тоа.
Ајде, ќе започнам со доброто.
...а сега и за лошите работи...едитингот..аууу wtf is going on бе чоече???
Првите 80-90 минути филмов е сосема солиден и ми се допадна.
Значи у некои моменти не знаеш дали си во сегашноста или во минатото или во иднината... Некои моменти траат 2 минути во сегашноста а 50 минути во минатото, а некогаш е обратно. Некогаш се израмнети. И апсолутно ништо не ти дава знак да знаеш дали гледаш тоа што се случило, се случува или ќе се случи.
Добар беше целиот вајб на филмов, енергијата на актерките, приказната, ликовите и се тоа.
Ама следните 70 минути беа ептен ептен ептен ептен непотребни. Во "Ford v Ferrari" и Шегачот се случи истото. Завршува филмот со супер сцена...и си викаш "Ок, ова е крајот" ...и има после тоа уште нешто. Кај Шегачот тоа беше една сцена од 90 секунди. Кај Форд версус Ферари беше 10 минути подолг филмот него што требаше и сите викаат дека тоа беше непотребно за двата филма.
Горе доле:
Првите 90 минути: Сосема солидно кјут филмче
Ама тука чоече ЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛЛ ИМАШ СКОРО ЕДЕН СААТ ДОДАТЕН ФИЛМ ОТКАКО ФИЛМОВ МОЖЕШЕ ДА ЗАВРШИ!! Значи оток! Не ми се верува зошто филмов продолжи после саат ипол од истиот. Трае 2 саата и 15 минути...
Да, сфаќам дека е базиран на книга и се тоа ама...аууу
Сите филмови може да го прават ова што Форд/Ферари и Жениве го прават. Замислете само, завршува 1917.........и после тоа го гледаме главниот лик како си доаѓа дома, и раскажува на мајката за во војната, па после тоа ликов одгледува деца, и таму негде после некое време ....гледа на вести дека започнала втора светска војна...и тука да заврши филмот. Да, и тоа е ок како крај..ама ако веќе имаш момент да ја завршиш приказната тука..заврши ја тука.
Тоа што ептен го хејтам ова што филмот не заврши таму каде што требаше. И тоа што мислам дека филмот во ниту еден момент не ти објаснува дали гледаш сегашност, минато или иднина не значи дека го хејтав.
Значи дека сум глуп. А значи и дека овие работи се глупи. Се на се солиден филм
Тамам ќе речеш си заврши филмов и спремен си дека тоа е тоа....
Многу повеќе ќе ми се допаднеше ако завршеше таму кај што требаше и беше кјут филмче од 90ина минутки. Вака, последно место кај Оскаровскиве ми е. Нооооо, сепак, не би било фер да кажам дека е лош филмот. Остануваат оскариве без лош филм. Искрено, спремен бев да кажам дека сум задоволен се на се, ама вака за жал ќе мора последно место од оскаровскиве филмови да го ставам пошто ептен мразам вакви работи во филмови.
по повод на смртта на Кирк Даглас, еве линк за еден кај нас малку познат филм, а го гледав во 60-тите во кино Братство кај БитПазар...
за жал, на ЈуТјуб има само на шпански цел филм, но може има на други места ... the last sunset
Ај ако не го мрзи некој, нека ми даде 10тина филма за предлог, од победниците за најдоар филм пред 1990та. Многу се сите да ги гледам, само најдобрите според вас.
Ај ако не го мрзи некој, нека ми даде 10тина филма за предлог, од победниците за најдоар филм пред 1990та. Многу се сите да ги гледам, само најдобрите според вас.
The Apartment (1960)
Midnight Cowboy (1969)
The French Connection (1971)
The Godfather (1972)
The Godfather Part II (1974)
One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)
The Deer Hunter (1978)
Amadeus (1984)
Platoon (1986)
Rain Man (1988)
The Apartment (1960)
Midnight Cowboy (1969)
The French Connection (1971)
The Godfather (1972)
The Godfather Part II (1974)
One Flew Over the Cuckoo's Nest (1975)
The Deer Hunter (1978)
Amadeus (1984)
Platoon (1986)
Rain Man (1988)
Ај ако не го мрзи некој, нека ми даде 10тина филма за предлог, од победниците за најдоар филм пред 1990та. Многу се сите да ги гледам, само најдобрите според вас.
Driving Mrs.Daisy (1989)
Terms of Endearment (1983) - вистинско изненадување беше овој филм за мене
Chariots of Fire (1981) - прекрасна музика на Вангелис
The Apartment (1960)
Ben Hur (1959) - epic!
All About Eve (1950)
The Lost Weekend (1945)
Casablanca (1942)
Rebecca (1940)
Gone With the Wind (1939)
Не ги вклучив Rain Man, Platoon, One Flew... и Кумовите. Исто, да ти кажам кои да не ги гледаш: My Fair Lady (досаден е), How Green Was My Valley (му го има земено Оскарот на Citizen Kane, еден од најдобрите филмови на сите времиња, затоа, гледај го Kane, ако не си го гледал), Annie Hall (јас не го можам Вуди Ален, затоа) и Out of Africa (исто, досаден филм). Ако не си по мјузиклите, и West Side Story не би ти го препорачал.
Со малку страв ќе речам дека Judgment at Nuremberg е можеби најдобриот филм што го имам гледано. Мислам дека имам повеќе пати спомнато на форумов, но филмови поврзани со Втора светска војна, Хитлер, Фашизам, Евреи итн. имаат посебна точка во мене. Се прашувам зошто? Отсекогаш сум бил во фудбал за Германија. Германија ми беше репер за нешто идеално. Се восхитував. Искрено не знам зошто, но сигурно е некоја комбинација од испран мозок, воспитување, природа... како и многу други работи во животот. Во основно кога учевме историја, секогаш навивав за Германија. Многу се нервирав дека изгуби во Прва светска војна, ептен се надевав дека ќе тепаат во Втора светска војна но ништо и од тоа. Го обожавав знамето. Си цртав Свастики. Не дека нешто сум го подржувал Фашизмот туку едноставно има нешто во таа форма и бојата... нели, Свастиката е сепак симбол со друго потекло. Можеби дека сум мирен и повлечен, а идолите ги бараме во она што не сме, или во она што се плашиме да бидеме? Не знам.
Во Judgment at Nuremburg, го следиме судењето на четворица кои биле дел од системот на Хитлер, министер за правда, судија и уште не знам шо беа тие другите двајца. Ги суди некој специјален трибунал од Америка. Сценариото во филмот е феноменално напишано. Глумата, особено на тој што ги брани и еден од четворицата осудени е за ништо помалку од Оскар. Филмот те голицка да размислуваш што е добро а што лошо, ти дава јасно значење дека има премногу сивило во нашиот свет, да сочувствуваш, да плачеш... филмот покажува како обичниот човек реагира на Фашизмот, како самите фашисти меѓу себе имале недоразбирања, како човекот е растргнат од многу фактори при донесување на одлуки. Правда, има ли?
На Letterboxd само еден од многуте Столиња на форумов го имаат гледано и поради тоа паѓам во очај. Филмов мора да се гледа. И не би пуштил ниту еден студент да заврши Право без да го гледа, анализира и дискутира филмов.
Екранизации на историски настани, обично се случуваат со извесна доза на преувеличување, аберирање, авторска слобода при додавање на елементи и сл. Егзактното пренесување на вистинитите настани, знае да биде не многу интересно за пошироката публика, па разбирливи се тие интервенции, од комерцијален аспект.
Но, овој филм е исклучок.
Битката за Мидвеј е можеби најинтересната битка во Втора Светска Војна. Пребогата со интересни и неверојатни моменти, оваа битка (во контекст на наративот од погорниот пасус) е екранизирана обратно.
Едноставно, било неможно сите интересни детаљи да бидат пренесени во два и кусур саати. Режисерот Емерих не морал да додава и преувеличува, туку да крати и прескокнува. Некои моменти не можел во целост да ги објасни и да го покаже нивното значење и учество во големата слика и тоа е исклучиво заради големиот број на такви елементи, од кои оваа битка е составена.
Кога ова е кажано, морам да признам дека во врска со тоа што го прикажува, филмот е неверојатно историски акуративен во споредба со многу други воени филмови (со исклучок на мал број моменти - ако сакаме навистина да цепидлачиме). Настаните и разни ситни елементи, кои ви делуваат како дел од режисерската слобода (затоа што личат неверојатно), да знаете дека се случиле. Како на пример:
- кога Јапонците го бомбардираат носачот на авиони, у целата фрка, бомби и експлозии, еден пилот влегува во полу-уништен авион, кој се наоѓа на пистата и седнува на задното седиште, па со митролезот од авионот пука по напаѓачите горе.
- повеќе бранови на бомбардери налетуваат на јапонските носачи и биваат сосема уништени без ниту еден погодок, или со погодоци, кои се небитни, но на крајот една група од само три бомбардери, напаѓа, со само три бомби фрлени (од секој по една). Двете бомби на бомбардерите, од лева и десна страна промашуваат, а едната (од централниот) погаѓа баш во точка, во која ако погоди, го уништува цел брод. Шанси - еден спрема илјада. Да, баш таму погаѓа и го уништува.
и да не набројувам, све што ќе видите - стварно се десило.
Релативно разновидна екипа глумци за ваков филм, а рака на срце, глумата не е кој знае што. Главниот глумец (првиот Дарио Нахарис) не знае баш да глуми. Режијата солидна, али и таа не е ништо посебно. Но, небитно, затоа што тука сум лично необјективен при оценката на уметничките квалитети и замижувам, ставајќи ја на прво место историската прецизност. (нешто што беше прилично занемарено кај екранизацијата на Битката кај Перл Харбур). Кога гледам екранизација на историски настан историската акуративност ми е на прво место.
Осмица - со попуштање од моја страна
Moja draga Klementina, američki film (12) (1946.) - ciklus klasičnog vesterna
MY DARLING CLEMENTINE
MY DARLING CLEMENTINE (akcija drama vestern, SAD, 1946) Braća Vajat ostaju u malom gradiću kako bi prikupili dokaze protiv ubice svog brata Opširnije na MojTV.net »
сега е на ХРТ1, од 07:49
Одамна не сум пишал за предлог филм на форумов ама овој филм ме натера. Се работи накратко за еден вид затвор, но не каков што сите знаеме со ќелии, врати со решетки и повремено излегување на затворениците надвор на слободни активности туку сосема поинаков, вертикален затвор на нивоа каде на секое ниво има по 2-ца. А има доста нивоа... Фантастичен и реален приказ на денешното општество во кое живееме. Корумпирано, поделено на слоеви, од најбогати, до оние кои буквално немаат што да јадат и се спремни на се за да преживеат. Дали е можна некаква промена? На што се спремни луѓето за да преживеат?Погледнете сами...Хорор трилер кој со гаранција ќе ви се допадне. Инаку е шпански во продукција на Нетфликс. Јас сум го нашол незнаејќи, со англиска синхронизација, што го сфатив во првите 5 минути од филмот , но верувам пооригинално би било гледањето со оригиналното шпанско аудио.
9/10 од мене.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.