Предлог за филм со кратка рецензија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.978
Сниман во два дела, 1949-та година, само четири години по Војната и три години пред да почине Стаљин. Па, кој би бил главниот лик во филмот - Битката за Сталинград?
Стаљин, секако. Нема фиктивни ликови во филмот.

Командантите-се-договараат-во-просторијата-за-состаноци - сцена.
Војската-е-во-движење-на-терен - сцена.

Тоа се сите сцени во филмот. Се менуваат, една после друга, наизменично. До крај.

Кога е врвот на германската команда прикажан, тоа е обично една непријатна ситуација, во која командантите не знаат кај тераат, Хитлер, претерано гестикулира, се дере и им вика на сите, малку повише од уобичаено што го знаеме од документарци, али нема везе.
Кога е прикажана германската команда од пониско ниво, на пример, Паулус и неговите, во Стаљинград, тогаш обично се случува ова: прекинати им се врските, не знаат кај им се единиците, советите напаѓале од сите страни...
Било кога германска команда да се прикажува, просторијата не е доволно осветлена. Како прикази у теминцата личат. Ја лично не веруем на луѓе по темници што се пикаат.

Кога е советската команда прикажана, таму не е толку жустра атмосферата, но не е лабава. Никако лабава. Централна фигура е Стаљин. Сите генерали околу него стојат и слушаат. Он е сталожен, фокусиран и замислен. Зборува полека и смирено, на моменти човек си помислува дека доживеал мозочен удар неодамна. Другите стојат и се ѕверат у него, од сите страни. Ако ги глеаш у фаца, одма ќе приметиш дека си викаат - абе, у пичку матер колку е паметен и мудар другарот Висарионович, тоа едноставно не е могуче. Тука има и сцени само со Стаљин. Додека генералите спијат или што и да праат, он сеуште неуморно работи сам, во истата сала за состаноци, гледа натписи на мапи под лупа, гледа низ прозор, или едноставно го има у гро план, онака ептен замислен. Се гледа дека сам го носи товарот на Војната, на своите плеќи.
Кога прикажуваат сцена со пониски ешалон на советската команда, таму обично е досадно, затоа што често им се дешава да читаат писмо од Стаљин, кое им стигнало, пуно со премудрости. Кога стига такво писмо, тој што го чита (на глас) станува, а потоа и другите и така стојат додека се слуша зборот и се ѕверат у овој што чита и си го замислуваат у главата другарот Стаљин како ги збори тие зборови. Ова го насетив пошто ги приметив дека праат исти фаци како кога лично Стаљин збори.
Во врска со осветлувањето во сцените со советска команда - силно светнал ден и све убаво се гледа. Очигледно станува збор за отворени и чесни луѓе, кои нема што да кријат. Лајк.

Измеѓу овие сцени со командите, у сендвич, се наоѓаат сцените со војската. Тоа се мегаломански сцени со премногу статисти, вистински оружја и орудија, градби и рушевини. У било кој момент на екранот нема помалку од сто луѓе. Рука у огин стаам дека имаат погинато војници при снимањето (пошто статистите обично се војници), у сите тие експлозии, маневрирања со тенкови у сред гужва и све друго. Такви сцени, со толку статисти денес ни приближно нема. Тука, во овие сцени нема глумци, ни улоги. Исклучиво статисти се.

Нормално, истиот тертип и за сцените со војска важи: кога е германската војска на терен прикажана, обично бегаат, се сопнуваат, паѓаат, се предаваат, умираат распарталени и гладни. Смрзнати секако.
Советската војска секогаш е подобро опремена, напаѓа, а во повеќето сцени, едноставно само оди напред. Со заробениците се строги, но праведни.

Два типа на сцени, со различна поларизација. Тоа е целиот филм. На моменти, во служба на пропагандата историски неточен, а на моменти точен.

Нема такви филмови денес.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Чаплин, филмот каде насловната ролја ја толкува познатиот Роберт Дауни Џуниор, инаку номиниран за Оскар за најдобра машка улога токму за неа. За него ме потсети еден драг пријател од форумов кој ме информираше дека денес била годишнина од неговиот роденден.

Сценариото ја следи неговата животна приказна почнувајќи од тешкиот живот во Англија со ментално болната мајка, која во филмот ја толкува ќерката на Чаплин - Џералдина Чаплин, неговите почетнички обиди во комедијата и крајното етаблирање во филмската индустрија во Америка, бројните афери со жените, политичките ангажмани како и чувството на губиток кое стои зад неговиот познат филмски алијас на „малиот скитник“, а кое ќе го прогонува целиот негов живот.

Ролји во овој филм исто така остваруваат и Ентони Хопкинс, Кевин Клајн, Дајан Лејн, Ден Ејкројд, Мариса Томеи и Мила Јовович.


 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.588
Поени од реакции
37.508

THE CALL OF THE WILD
...компјутерски генериран филм (2020 год), ги доби моите симпатии на вешто прикажување на емоциите на едно несекојдневни куче, базирано на новелата на Џек Лондон The Call of the Wild (1903).
... инаку постојат различни филмски адаптации на класичниот роман „Повик на дивината“ каде покрај различни актери имаше една иста работа, кучето Бак „го глумеше“ секогаш вистинско куче,
... најновата верзија, John Thornton (актер Харисон Форд) за време на „Јукон златна треска“ создава една нераскинлива врска со необичното куче по име Бак (Buck) , специјалните ефекти и скоро идеална компјутерска обработка на движењата на кучето Бак ми остави голем впечаток на моменти смешни, радосни, а богами и тажни секвенции, додека го изгледав филмот во еден здив!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.764
Поени од реакции
8.190
Филм од 1993 кој вреди да се погледне. Моментално додека пишувам на ТV 1000 го даваат.


Џони Деп и Леонардо Дикаприо во млади години.

Гилберт (Џони Деп) се грижи за својот брат (Леонардо Дикаприо) кој има пречки во развојот. Поради смртта на нивниот татко Гилберт го носи товарот во семејството па така се грижи и за својата мајка, некогаш убавица но сега премногу дебела жена.

Откако Гилберт се заљубува во една Беки тој открива нови возбудливи можности во животот.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
What happened to Monday?

Дејствието е временски сместено во некоја дистописка иднина во која човекот се соочува со пренаселеност, болести и недостаток на храна и вода кои на долг рок би биле недоволни за сите. Поради тоа човештвото се решава за политика на едно дете и од тука почнуваат проблемите на личноста Карен Сетман.

Mirage

Кој е фан на заплетканите шпански трилер мистерии од типот на The body, The invisible guest дефинитивно треба да го погледне филмот, мислам дека се работи за истиот режисер. Ако ви се допаднал The butterfly effect тогаш вреди да го погледнете.

Spectral

Исто, дејствието е сместено во некоја иднина после трета светска војна во свет во кој човештвото е фокусирано на војни и развој на се поиновативни оружја. Филмов изгледа бонбона и делува ко да играте игрица. Ако тоа ви е доволно и немате замерки од типот на дејствието се случува во Молдавија, а луѓето зборат пола на руски или некој словенски јазик, пола на романски, а локацијата очигледно не е Молдавија. Или па Молдавија е земена ко земја која развива оружја кои се закана за опстанокот на човештвото, што изгледа смешно ако се земе дека Молдавија се утепани нешто ко нас. Исто, многу квази наука, но ако само сакате да го пуштите мозокот на пасење и да гледате добра пуцачина и сеоски Aliens тогаш дефинитивно нема да ви биде губење на време.

The one I love

За филмов, кога го пуштив сакав да го гасам пошто ми беше копија на Соларис. Но, тоа е само зачетокот. Се на се интригирачки, бар мене таков ми беше, веројатно на доста луѓе ќе им биде досаден.
 
Член од
31 мај 2020
Мислења
92
Поени од реакции
128
Carnival Of Souls

Психолошки црно - бел хорор, рај за љубителите на класици.
Тензичен и непредвидлив до крај. Снимен е крајот на 60-тите и се рачуна како нискобуџетен филм ради режисерот (Herk Narvey), кој немал финансиски средства па, му недостасувала актерска екипа. Со намера да компензира, лично ја презема и толкува улогата на еден од главните актери во филмот. Во прилог ќе оставам линк од филмот под фотографијата, што значи го имате на youtube целосен со subtitles. (Да предупредам дека ќе треба со доста внимание да го следите ако сакате суштински да ја разберете приказната). Но, вреди за цела пажња и пари.

Викендашкава недела чипс, кока кола и внимание се сешто ви треба. (y)


p4157_v_v8_aa.jpg


Автоматски споено мислење:
 
Последно уредено:

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Овој ми остана од Филм Клубон... го мислев ко предлог таму па цело време го одложував за сметка на други филмоЈ ...и на крај го забраЈв. Се потсетив сега кога некој на Јутјуб го спомна Grave Of The Fireflies, кој мислам дека е доволно познат на форумов гледам дека поминал на ред и у Филм Клубон па останува овој :

Barefoot Gen (1983)
8/10 на Имдб...
...боље да не се чита содржината ради можни спојлери, ако некој мисли да го гледа...
Заедно со GotF, 2 анимирани кои ми оставиле голем впечаток на тема WWII...(y)

Еве го на Јутјуб цел у HD и со англиски превод :
 
Последно уредено:

Munze

Dr. Oetker
Член од
21 јули 2020
Мислења
203
Поени од реакции
195
3dd0ded65caa56e37723319c7216953d.jpg
KRAFTIDIOTEN или In order of Dissapearance (2014)
Филмот е норвешки а не знаев дека има римејк од Холивуд се вика Cold Pursuit 2018 со Liam Neeson. Јас овој три пати го имам гледано и пак ке го гледам. Неверојатен е стварно. Има и примеси на комедија. ВО филмот се појавува и Goran Navojec хрватски актер заедно со уште неколкумина српксо/хрватски актери кои се дел од српската мафија.
Откако на главниот лик во филмот а тоа Nils кој чисти снег тоа му е работа во зимски услови во Норвешка, ќе му го убијат неговиот син, тој тргнува да ги најде еден по еден најпрво тие што го дрогираа и убија а после и сите останати. Но не знае дека чепнал многу подалеку. Допрел до најосогласниот лик дилер убиец во моментот кој владее Ole Forsby. Страшно глуми овој лик во филмот. Типот е ненормален наредува убива. Тој пак погрешка мислејќи дека некој од српската мафија му ги убива еден по еден членовите односно неговите луѓе наредува да го убијат синот на PAPA српски мафијаш кој дејствува во Норвешка. Ликот на т.н. Папа го глуми Bruno Ganz. Тогаш и тие се мобилизираат и тргнуваат накај Ole. И стапува лудило а Nils е меѓу нив меѓу два огна. Па тој тргнува да го киднапира синот на Ole. Лудило страшно. Погледнете го.

Можете и американската верзија мада е многу поразлична. Оригинал си е оригинал.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.978
On the Rocks
со Бил Мареј

-SPOILERS-

Можда сака да биде нешто како Lost in Translation, ама посмешен. Сепак преоптеретен со политичка агенда, но и комерцијални потреби - неуспева и делува само претенциозно, што е еден од најголемите гревови, според мене.
Темпо ужасно. У први десет минути приказната се развива и до сам крај ништо не се дешава, на план на развој на приказната.
Пораката на филмот, заварена, споена со политичката агенда, е многу плитка и владее со филмот, сценариото и со неговиот исход. А таа е:
Сите мажи се неверни, особено белите средовечни мажи. Па дури и црните мажи, да не ти се веруе, се неверни! Затоа расниот диверзитет*, како главна премиса на уметноста, треба да биде подреден на половиот диверзитет. Но, чекај!
Плот твист!
У ствари, црните мажи ипак се океј! Само сексуални средовечни предатори од бела раса се неверни, црнците се ипак ОК, на крајот.
Како и да е, ние жените мора да бидеме јаки. Нема трте-мрте.

тоа е филмот
стварно




* - Под расно-полов диверзитет, денес се подразбира - маж, белец = лошо, а црн, жена = добро.
 
Член од
2 ноември 2020
Мислења
454
Поени од реакции
633
Ехеееееееее welcome to 10 years ago. Колку беше популарен филмов на форумов...
За жал е само на 107 место на Кајгана топ 250.
https://www.imdb.com/title/tt0828154/ уште нешто ако си љубител на филмот и симболиката
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.140
Филмот е направен извонредно,целата сценографија е извонредна и толку автентична. Низ многу добро одбрани детали, одлично водена камера, ефектна употреба на светло и прецизна монтажа.Технички филмот изгледа совршено со импресивни визуелни ефекти,прекрасна фотографија и совршен приказ на ликовите,сите актери имаат изнесено многу добри ликови.Филмот е прекрасен.

Jiu Jitsu
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Robin Hud - Pocetok

Filmot izlezen 2018. Tipicno scenario za film so vakvo ime. Mnogu akcija, se gleda vo eden zdiv...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Да посочам на еден постар филм, од 2011, Anonymous, кој ме воодушеви кога го гледав првпат. Се работи за времето на Елизабета I, сите историски ликови се тука, само малку се измешани историските приказни,што според мене го прави филмот одличен.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom