... многу успешна анимација, добра содржина и крајот со многу силна порака, би било накратко кажано за најновиот Волт Дизни анимиран „Soul“ , мислам дека после тоа секој ќе размислува поинаку што значи да се живее „животот“, успех во животот или само која е „смислата на животот“!
По загубата на нивниот син, пензиониран шериф и неговата сопруга го напуштија својот ранч во Монтана за да го спасат својот млад внук од канџите на опасното семејство.
Ми се допадна филмов,интересна одмазничка драма со одличен перформанс на Костнер и Лане.
1. Europa Report - ова по мене е најдобриот indie low budget филм чие дејствие се одвива во вселената и би требало да му се допадне на секој sci-fi љубител. Дејствието се одвива така што протагонистите ги снимаат камерите од леталото, не нуди невидени нешта, но по мене филмов имаше доста јак финиш. 8 од 10
2. Archive - по мене ова е најдобриот филм за 2020, барем од она што јас сум изгледал.
Обработува теми како a.i. и по мене неспоредливо подобар од Ex Machina, не очекував такви пресврти во приказната
. Филмов е продолжена black mirror епизода и доколку реално беше епизода од black mirror серијалот ќе беше без сомнение една од најдобрите епизоди. 10 од 10
3. Tau - целосна спротивност од Archive, го споредувам со Archive пошто слична тематика обработуваат. Одличен почеток и одлично дизајниран сет, но како се одвива дејствието, приказната, а и одлуките на протагонистите стануваат ботски и пред се му служат на антиклиматичниот финиш на филмот, не на здравиот разум. 5 од 10
4. Enter nowhere - солидно филмче, малце чизи дијалог, али мистерија, што е секогаш добрoдојдено. Добар за тепање време. 6.5 од 10
5. Time Lapse - исто indie low budget филмче. Оригинална идеја, лоша глума, добар за тепање на време. 6 од 10
6. Extracted - доста интересен концепт кој е добро разработен во солидна трилер драма. 7 од 10
7. Freaks - емотивна приказна, која во исто време е и оригинална и ви го задржува вниманието. Добра глума и од девојчето и од Emile Hirsch. 7.5 od 10
8. The midnight sky - по мене ова е потценет филм на imdb. Филмов има 5.6, а Tenet има над 7? Прекрасни кадри, прекрасна кинематографија, доста добро дизајнирани сетови, топла и тажна приказна во исто време, филм со душа и порака. Мојата забелешка е што филмов трае предолго за приказната што ја раскажува и доколку беше спакуван во 1:30 до 2 часа ќе ми оставеше подобар впечаток, но тоа е надокнадено од други работи, нормално и Џорџ Клуни си одглуми врвно. 8 од 10.
9. Tenet - If you don't know how to tell a story don't fucking tell it. Филмов у суштина нема приказна туку претставува псеудо-интелектуална збрка од настани и факти кои треба да ги издвоиш од рандом дијалозите помеѓу ликовите. Знам само дека на филмов десетки му даваат луѓе кои и на Dark и даваат 10 ки. А и кога ќе погледнеш кој го режирал воопшто не зачудува крајниот производ. Земаш интересна идеја и и лепиш екстра глумци, и лепиш екстра сцени со пуцачини, и лепиш претенциозен дијалог кој нема логика ако почнеш да му праиш дедукција и добиваш скап и извикан блокбастер без душа. Единственото вредно во филмов е Роберт Патисон. 4 од 10
10. ARQ - добро филмче, добра приказна која можеби во поширок смисол не е нешто невидено, но е преточена во филм на оригинален начин, нешто налик на игра. 7 од 10
11. The vast of night - ова е еден од ретките филмови за кој би рекол дека стилот ја дава суштината. Доста интересни кадри и сцени, интересни дијалози, сето тоа го прави доста атмосферичен и кон крајот на филмот од едно наивно филмче почнува да избликнува тензија на еден толку суптилен начин. Многу добро и многу стилски, магијата е во деталите, не верувам дека филмов ќе и се допадне на широката маса на луѓе, но мене ми се допадна многу. Глумата е за паметење. 8.5 од 10
12. Contact - ме врати во 90 ти. Со цела патетична романтика и идеализам на 90 ти, со целата таа аура на cheesiness филмов пак има поголема вредност од interstellar. 7.5 od 10
13. Soul - натрапникот во sci-fi листата. Забавно, feel good, анимирано филмче, верен наследник на inside out. 7.5 od 10
14. I'm mother - ќе го заборавев, а е еден од подобрите на листава. Тензична дистописка трилер мистерија, доста паметно напишана приказна за која за да укапирам што се случи на крај требаше да читам рецензии дополнително. Топло препорачувам на сите љубители на moon. 8.5 od 10
Тинејџерка почнува да се сомнева во нејзината мајка мислејки дека чува темна тајна од неа.
Одличен напнат и морничав трилер кој на моменти ме потсети на култниот Misery со Кети Бејтс.
Coco 2017
... кога ми се допаѓа анимацијата до перфекција, ликовите, нема шанса да не го гледам анимираниот филм макар со ваква тематика,
семејна сторија на малиот Мигуел дел да Круз и неговата желба да го покаже својот музички талент и да биде звезда како познатиот Ернесто де ла Круз што е негов идол,
но не за долго, затоа што „посетата“ во паралелниот свет ќе земе сосема друг тек.
... филмски сето тоа добро спакувано и се движи околу бабата Коко, што на крај со самиот расплет на сторијата на Мигел, неговиот идол не е Ернесто де ла Круз, туку Хектор кој бил неговиот прадедо односно таткото на Коко, неговата се уште жива баба!
и како секогаш, анимираниот филм освен целосното внимание што го одзема на гледачот секогаш има порака, да се присетиме барем за време на празниците на мртвите на нашите најмили кои веќе не се со нас, од срце ви го препорачувам да го гледате, ако се уште не сте го сториле тоа!
... самите номинации на овој германски филм во многу категории посебно во најдобрa кинематографиja, дава гаранција за квалитетно минати цели три часа пред екранот иако многу не обожавам филмови со тематика од Втора Светска војна, но ова не е само исклучок туку го гледав два пати толку ми се допадна, посебно што е и на германски јазик давајќи ја оригиналноста на настаните,
... самиот филм е како една животна сторија, автобиографија на Gerhard Richter, германски уметник, фотограф, кој започнува во филмот како малиот Kurt Barnert со неговата тетка ја посетиле галеријата за време на Наци ерата 1937, која била именувана како дегенерирана уметност каде ја укажувале сликовито нарушувањето на модерната уметност врз општеството и психата, каде се родила уште повеќе желбата кај малиот за уметност т.е. скици на женски гради, но и траумата на малиот кога ќе ја одведат неговата тетка Елизабет која почнала да се однесува чудно после учествувањето во нацистички митинг, со што влегла во програма на стерилизирање и убивање со наци мото „чиста и здрава раса„, потврдено од наци гинеколог Зибанд,
бомбардирањето на Дрезден како друга траума и покрај завршувањето на војната, Курт веќе голем станал умешен сликар и на академија ја запознал Елизабет, која била никоја друга туку ќерката на гинекологот Зибанд што потпишал за смртта на неговата тетка со исто име Елизабет,
...во продолжеток на филмот доаѓа до чудни испреплетни ситуации,
да на крај расплетот ми даде такво задоволство што вреди секоја секунда гледање во тие три часа колку трае филмот, порака, силна содржина, вистински живот, оригинална приказна што би посакале за гледање на еден добар филм!
Normalno, po default e remek delo stom e od Tarantino, go znaete Tarantino, vrven OST, (ponekogas nevoobicaena) smisla za humor, pojava na Tarantino vo barem edna scena, i bloodbath sceni kaj sto se praat masakr. Sekako, ne izostanuva ni zelbata za odmazda kaj glavniot protagonist i neverojatniot presvrt. Mene bas me trogna filmot, a si davam zamerka kako sum mozel da go propustam i duri sega da go gledam. Ljubov, robovi, crn kauboec, toa retko koj bi mozel taka umesno da gi smesa i smesti vo edna western drama site tie raboti. Sekako, tuka DiCaprio gazi, izuva, vadi od koza so svojata fenomenalna gluma.
Животот и делото на еден од најмаркантните и најталентираните музичари во Европа првенствено, па и во целиот свет. Основачот на новиот правец во музиката, еден од најталентираните текстописци и неговата борба со самиот себе, епилепсијата, депресијата и притисокот од огромниот замав и популарност на бендот.
Доста потценет филм, бар за мене, искрено немав поима дека постои додека не дојде на ред 24 hour party people на ред да се гледа во клубот па оттаму и овој го најдов.
Црно бел филм мада тоа не игра никаква улога, мислам дека е правилен тој потег со оглед на целата тага и депресија што лебди над животот на Иан. Дури би го споредил и со Шиндлеровата листа на Спилберг кој свесно го направил црно бел за да се долови моментот од тој период.
Филмот не носи низ животот на Иан Куртис од средношколските денови, до запознавањето на жена му Дебра, влагање во бендот Варшав од кој произлезе Џои Дивижн, нивната популарност и секако Аник Хонор, девојката која ја мрази и сака истовремено, депресијата предизвикана од епилепсија, страдањето во љубовта сето тоа супер донесено од Сем Рајли, прилично непознат актер. Мислам дека сосема коректно си ја има завршено работата и доста добро се потрудил да го копира Иан, поготово со неговиот карактеристичен изгубен поглед и несвојственото играње и однесување на сцена.
Доста добар, спор и тажен филм, надополнет со музиката на Џои Дивижн секако.
Не би го препорачал на тие што не се запознаени со неговата појава и што не ги интересира кој е Иан Куртис и кои се Џои Дивижн во музиката.
Sharmantna crna komedija so mnogu dusha.
Tekot na nastanite, likovite, situaciite se organski i mnogu lesno se prati prikaznata.
Eden od podobrite coming of age prikazni.
Go izgledav filmov pred 1 nedela i seuste mi se vrti vo glava. Ne veruvav deka film slucajno sho go najdov na TV tolku ke ima impakt na mene, no eve.
Brilijanten film.
4.5/5
ХРТ1 сабајле даде уште еден супер филм со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, базиран на Шекспировата комедија
претпоставувам дека ХРТ1 и нокеска од 23х пак ќе го даде...
Филмот се води како музичка драма.....јас би го карактеризирал повеќе како психолошка драма...и покрај одличната џез музика во филмот.
Еден млад студент.....многу амбициозен...студира музика на еден врвен универзитет. Младиот тапанар Ендру (Miles Teller), го пронаоѓа познатиот професор....Флечер (J.K. Simmons)....кој е познат по неговите застрашувачки наставни методи.....со цел да го постигне совршенството во неговиот џез-ансамбл.
Од тој момент.....се менува животот на младиот човек. Страста на Ендру....со цел да го постигне совршенството, веќе се претвора во тешка опсесија. Неговиот безмилосен професор Флечер....упорно го турка кон границата на лудило.....на самиот раб од неговата способност и разумност.
Вреди да се гледа....па и да се репризира.
Филмот почнав да го гледам поради оваа сцена и незажалив за тоа.
Темата на филмот е депресијата, љубовта, глупавоста, другарството, слепилото, себичноста и великодушноста.
Испреплетена приказна за петорица луѓе кои се познаваат и другаруваат и една трагична љубов од минатото.
Црна комедија/драма која вреди да се погледа, препорака од мене.
8/10
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.