Предлог за филм со кратка рецензија

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.398
Hearts in Atlantis (2001)



Се што е со Хопкинс треба да се изгледа.

Станува збор за драма, за едно детство, за едно семејство, за еден потстанар. Дејството започнува кога Боби се враќа во своето родно место откако дознава дека неговиот најдобар другар починал кој му подарил бејзбол ракавица и почнува да се потсеќа на последното лето кога бил дете, на Керол, на првиот бакнеж и на Тед, нивниот потстанар кој е помалку сомнителен но има моќ да чита мисли и да ја гледа иднината.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Nymphomaniac: Vol. I
Nymphomaniac: Vol. II

Одамна не ме стресол филм, мислам дека овие два (иако се еден филм од 4 саата) се најдоброто нешто што излегло од Триер. Не знам како ова ми промакнало до сега, а ја се борам да најдам пристоен понов филм за гледање. Не знам дали зборот перверзија може да даде негативен или позитивен призвук од мојава рецензија ама дефинитивно филмов му го придаде значењето на зборот и тоа не поради експлицитните сцени.

Филмот е кинематографско ремек дело, целата атмосфера ти остава некаков печат под кожата ко надополнување на приказната - животот на Џо и разговорите со Селигман. Не знам од кај да почнам, многумина би рекле дека е ова феминистички филм, но мислам дека феминизмот го следи некој стереотип, а филмов е се само не е стереотипен. Мислам дека е филм кој сака да ни ја прикаже искреноста на една жена и колку и е нејзе важно да ги прави изборите кои што ги сака без некому да треба да се објаснува. Длабоко во сржта на сево ова мислам дека тоа е пораката која што сака режисерот да ја прати. Од филмов може да се извлечат еден тон цитати кои ми се допаѓаат и кои верувам дека се пратени до широкиот публикум кој ќе го гледа филмов, не се онака залудно лупнати колку да пополнат сцена.

Seligman: Love is blind.

Joe: No, no, no. It's worse. Love distorts things. Or even worse, love is something you never asked for. The erotic was something that I ask for or even demanded of men. But this idiotic love... I felt humiliated by it. And all the dishonesty that follows.

Joe: The erotic is about saying yes. Love appeals to lowest instincts, wrapped up in lies. How do you say yes when you mean no? And vice-versa. I'm ashamed of what I became. But it was beyond my control.

Овдека ја наоѓам нејзината причина за постојаниот секс со нови и нови мажи, жената е искрена и длабоко во себе знаеше дека се што искрено сака у живот е да биде јако ебена постојано, одново и одново, секој ден.

“I was an addict out of lust, not out of need.” - нејзината зависност е нејзин избор.

Мислам дека Триер пробал да и даде и соодветна машкост на Џо. Носи машко име. Кога збориме за мажи кои имале секс со многу жени најчесто за нив се користи збор ко јебо, кај Америте player итн. Додека кога се жените во прашање се користат зборовите курва/ороспија (зборови со дерогаторно значење) итн. Кога сме кај мажите, постои интересен момент во филмот, а тоа е сцената со човекот кој вели дека е заљубен во Џо и ги остава жената и децата за нејзе. Триер пробува да го сруши митот/илузијата за машката сексуалност и доминантност, каде што мажот е тој кој моли за љубов, додека жената е таа која што само сака секс без обврски. Истото го има и во сцената кога решава да го напушти детето затоа што жена со нејзини потреби е невозможно да биде добра мајка и смета дека тоа ќе биде најдобро и за неа и за детето, во вакви ситуации мажите секогаш ја имаат улогата на напуштачи, но не и во филмов.

Тука се и кинки моментите каде Џо почнува да се влажни кога сфаќа дека нејзиниот татко е починат, како и сексот со непознати во болница после тешките моменти додека беше болен. Како да целиот стрес, целата траума ги канализира во сексуална желба. Истото и со садо-мазо сесиите, каде со употреба на физичко насилство Џо успева да си го врати оргазмот.

И доаѓа крајот и убиството на Селигман. Интригирачки беше што двајца главни протагонисти во разговорот се жена која што имала секс со илјадници мажи и човек кој што не бил никогаш со жена. Тука ја наоѓам нејзината причина да се заљуби во Џероум и да го убие Селигман, тоа е контролата. Кога Џероум сакаше секс со нејзе, а таа го одби, тој го прифати тоа. Додека Селигман беше единствениот кој што продолжи да инсистира и покрај тоа што му кажа дека планира да раскрсти со сексот, тој беше единствениот кој сакаше да и ја одземе контролата која што таа ја поседуваше низ целиот филм односно низ целата нејзина приказна.

И за крај ова ми се омилените нејзини реченици

Joe: Dear everyone, don't think it's been easy, but I understand now that we're not and never will be alike.

[to Tania]

Joe: I'm not like you, who fucks to be validated and might just as well give up putting cocks inside of you. You already got your bloody kick a long time ago when it turned out that someone was even bothered to fuck you.

[to Brunhelda]

Joe: And I'm not like you. Eat yourself to death if you want. I have no pity for you. All you want is to be filled up and whether it's by a man or by tons of disgusting slop makes no difference because it's all just a pathetic attempt at filling out your own resounding emptiness and hiding your ridiculous egocentric self-loathing.

[to the Therapist]

Joe: And I'm definitely not like you. That empathy you claim is a lie because all you are is society's morality police whose duty is to erase my obscenity from the surface of the Earth so that the bourgeoisie won't feel sick.

[to the entire group]

Joe: I'm not like you. I am a nymphomaniac and I love myself for being one, but above all, I love my cunt and my filthy, dirty lust.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Searching

Повеќе од солиден филм, начинот на кој приказната е пренесена е уникатен, бар ја не сум гледал сличен филм на ова. Одличен трилер-мистерија филм кој не верувам дека би успеал да ви стане досаден дур го гледате, браво за оригиналноста и за добрата приказна.
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
388
Поени од реакции
519
Sanctum, survival филм во продукција на Џејмс Камерун од 2011. Експрдиција составена од авантуристи истражува огромна пештера во Нова Гвинеја. Пештерата ќе биде поплавена, членовите на експедицијата водат борба за преживување.
Филмот е инспириран од вистински настан од 1988 од експедиција во пештера во Австралија.

https://www.imdb.com/title/tt0881320/

 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Hard Boiled
https://m.imdb.com/title/tt0104684/

Ко и секогаш азиските трилер акции биле феноменални, полни со заплети кои те тераат да не мрднеш додека не заврши. Филмов е баш таков. Двајца полицајци, едниот е убиен од мафијаши кои требаше да ги уапсат. Другиов тргнува во мисија да го најде и убие убиецот, налетува на полицаец кој работи како убиец за мафијата, заедно тргнуваат во невозможна мисија.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.398
Го предлагам мојот омилен филм со кој израснав, буквално секоја недела го гледав до 12 години.
Инаку воошто не е детски, сите љубители на домашни миленици -кучиња и сите вие што имате по дома куче ќе се соживеете со филмов и ќе се пронајдете во некој момент.
Ги имам изгледано речиси сите филмови во кои има кучиња или тие се главна тема но овој не можам да го споредам со ниту еден.
Толку смеење и плачење има само овде.
Збориме за безусловна љубов, почит, заштита и влијание врз животите на Кети, Тревис и Арлис после случајната средба со Жолчко и неговото место во семејството.

Old Yeller (1957)
upload_2019-3-12_20-50-13.png

:love::love::love:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.476
Поени од реакции
18.050
Harsch Times 2005

Џим ( Кристијан Бејл) заедно со својот пријател ги поминуваат деновите на улиците на Лос Анџелес, притоа барајќи работа. Џим е воен ветеран кој пати од пострауматски стрес синдром, живеејќи на маргините на општеството со надеж дека ќе најде пристојна работа за да може да ја ожени и повлече својата девојка од Мексико. Несомнено Кристијан ми е еден од, а можеби и најомилен актер кој секогаш дава максимум во своите улоги. Тоа не заостанува ниту во Harsch Times. Неговиот опасен начин на живот го води кон својот очекуван крај. Посебно ми е мила последната сцена, многу емотивна за мене. Секоја препорака за филмов.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.476
Поени од реакции
18.050
Prestige 2006

За мене лично, еден од најомилените филмови. Силно верувам дека истото за себе би го помислил и Кристофер Нолан. Самиот филм е едно грандиозно магионичарско дело, претстава во три чина, нешто што се најавува во самиот почеток на филмот, паралелни приказни и откривања карактеристични за Нолан.

Двајца магионичари, на самиот зачеток на нивните кариери, водени под палката на нивниот ментор инжињер за претстави, по еден немил настан на една од претставите, стануваат смртни непријатели. Алфред (Кристијан Бејл) и Роберт (Хју Џекмен) повеќе не се пријателски настроени ривали, туку нивниот однос преминува во нешто друго, обземени и завладеани од чиста завист, љубомора и опсесија. За да биде уште покул, го има и Никола Тесла во филмот, а го глуми Дејвид Боуви, замислете каков рецепт за успех е наведеново.

Секогаш го гледам со максимално внимание и хиперемотивност, како што и доликува на ваков филм, кој навидум комплициран, но толку едноставен, и секој нов кадар ни разјаснува некој дел и не води кон расплет.

10 од 10, се разбира.
 
Последно уредено:
Член од
15 август 2019
Мислења
82
Поени од реакции
32
Ќе може ли некој да даде предлог на некој добар филм со авантуристично комедичен карактер и кратка рецензија?
Благодарам!
 

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
855
Поени од реакции
602
Ќе може ли некој да даде предлог на некој добар филм со авантуристично комедичен карактер и кратка рецензија?
Благодарам!
Имаш 240 страни со предлози на истата оваа тема
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Vec_vidjeno.jpg
Филм од 1987 нешто овие уметници се вселија во зграда кај Столе Удбаш ххахах :) кој живеј со фамилија овај има друг живот пиее вика другари овие уметници се прат нешто обратно и се расправат .
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.166
Поени од реакции
83.984


Таика Ваитити, за мене е невообичаен случај. Омилен режисер и глумец, чии дела ги сакам, а сепак дел од оној антиуметнички sjw/woke бран, што ја тероризира уметноста и јавниот живот.

Нормално, dramatis personae по woke шаблон:
Најсилните, најцврстите, најдобрите карактери во филмот се жени. Едно девојче и една жена. Средовечните мажи се секако негативци. Освен двајца, кои се хомосексуалци итн.
Да, избрал woke распределба на улоги и сценарио, но тие се природно вклопени, се осеќаат ко дома и немам никаков проблем со нив. Ја напраил таа агенда да биде функционална.
Жената самохрана мајка за време на Втора Светска во Германија и мора да е цврста. Девојчето Еврејче, кое секојдневно стрепи за својот живот - исто и тн.
За разлика од, да речеме, SW на Рајан Џонсон, каде што целата таа политичка агенда делува незграпно пришиена на и така обезличеното тело на франшизата.

Во врска со присутноста на нацистичките референци, симболика и слично (за кои доби милион приговори), ми се чини како Таика цело време да жонглира со огнени мечови и уопште не се повредува. Приговорите се неоправдани и игнорантни. Не е ова во никој случај величење и пропагирање на тој систем. Нацистичките симболи, пароли, поздрави... и нивната сеприсутност, не се само сув акуративен приказ на тогашното визуелно секојдневие, туку влегуваат, како елемент, перфектно во естетската замисла на режисерот.
Занатски одлично. Кинематографија, кадри, бои... све како што треба.
Музика - ако можеби си мислев дека поп музика создадена неколку децении по времето во кое се одвива дејствието, не може да одговара за филм од Втора Светска, сега не мислам така.

Некои викаат за филмов - храбро, ја викам - добро.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Knives Out

Ја почињаме годината јако. Агата Кристи преточена во филм, многу стилски, со многу црн хумор и мистерија. Филмов ќе ви приреди возење кое во најмала рака ќе ви го задржи вниманието и ќе ви биде забавно. Не сум сигурен на кој начин да го восприемам филмов, како сериозен обид за крими-мистерија или пародија на шпанските трилер мистерии. Ако режисерот пробал да го постигне првото претерал со плеткање или he overthought it до степен да делува исфорсирано кон крајот. Ако е второто, ондак работи совршено, смешниот јужњачки акцент на Даниел Крег е само јаготка на шлагот од тортата. :)

Јака актерска екипа собрале, Џeјми Ли Куртис и Дон Џонсон ги неам гледано со векови у филм. Плус гледам режисеров ја режирал и Озимандија од BB. :)

8 од 10
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.154

1578885430751.png


Ford v Ferrari (2019) - Drama/Sport
Предобар филм , прикажани се вистински настани од минатото.
Како Shelby и Miles го прават и усовршуваат FORD GT40 за да ја прекинат доминацијата на Ferrari.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom