Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Filmov top, da preporacate use nesto od evropska kinematofrafija so slicna tematika, fala vi odnapred

Sent from my Coolpad E502 using Tapatalk
Wild tales.
The hidden face.
The orphanage.
Sleep tight.
Сите се шпански, слични на The Invisible Guest. Малку поразличен, ама топла препорака - Pan's Labyrinth.

Thelma е нов од 2017, норвешки.
Victoria е германски филм (иако англиски е доминантен јазик во филмот), доста добар филм снимен во еден кадар (ака, целиот филм е само една сцена), со комплексна приказна, уште во првите 10 минути ќе навлезеш во филмот и ќе се осеќаш како дел од екипата.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.887
Нешто поразлично што треба да се изгледа.

The Uninvited Guest
Timecrimes
Biutiful
Open Your Eyes
Thesis
At the End of the Tunnel
May God Save Us
The Aura
The Night of the Sunflowers
Julia's Eyes
Fermat's room
Amores Perros
The Skin I Live In
The Best Offer
Nine Queens
Jagten
Hodejegerne
Efter brylluppet
El cuerpo
The Secret in Their Eyes
The Lives Of Others
Tell No One
The Unknown Woman
Der Tunnel
Das Experiment
Das Boot
Der Untergang
A Separation
About Elly
Mustang
A Prophet
Memories of Murder
Mother
Three Colours trilogy
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Captain Phillips


Captain Philips е филм базиран на вистински настан, се работи за киднапирањето на товарниот брод Maersk Alabama од страна на пирати во 2009 близу брегот на Сомалија, откако ќе се качат на бродот нема да успеат да го преземат бродот и да го стават под контрола екипажот, при што Капетанот Филипс ќе биде земен како заложник од страна на пиратите во спасувачки чамец...добро филмче, Том Хенкс во главна улога :icon_lol:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
The Post (2017)


The Post, е екранизирана приказна за случувањата за она што во јавноста е познатo како Скандалот Вотергејт во САД за време на администрацијата на Ричард Никсон, по објавувањето на серија написи врз основа на извадоци од студија која е класифицирана како државна тајна а се однесува на кастрофалната војна во Виетнам (фактите во реалноста и што се пласирало во јавноста наспроти тоа) објавено пред се во весниците Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост, при што доаѓа до судир на четвртата држава/сила со државниот апарат и во одреден момент загрозување на слободата на говор...во режија на Стивен Спилберг, покрај останатите улогите ги имаат Том Ханкс и Мерил Стрип :icon_lol:


The Founding Father's gave the Free press the protection it must have, to fullfil it's essential role in our democracy.
The press was to serve the governed, not the governor's.

Justice Black, U.S Supreme Court on the rulling on the Watergate case.
(y)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.476
Поени од реакции
18.050
Wild ( 2014)

https://m.imdb.com/title/tt2305051/

Вреден за да одвоите два часа од вашето време. Млада девојка соочена со животна трагедија, посегнува по хероин, и на свој начин се обидува да се искупи за својата грешка. Ништо не е погрешно, дури и кога е, бидејќи секоја една постапка е лекција во причинско-последичниот тек на настаните. И поттик за промена и напредок.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Cape Fear
https://m.imdb.com/title/tt0101540/

Верувам дека ви е познат филмот, на тие што не им е, во најбрз можен рок нека им биде.
Што би направиле доколку ве осудат на 14 години а сте можеле да бидете ослободени? Најверојатно тоа што го прави Де Ниро во филмов. Адвокат и силувач, едниот се обидува да се спаси другиот да се одмазди.
Едноставно предобар филм каде уште еднаш доаѓа до израз глумата на Де Ниро.
Клипчево ќе го оставам тука како мамка за да го погледнете филмот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.279
Поени од реакции
16.428

Dallas Buyers Club

sega odi na HRT1, go imam gledano pred nekolku godini... neznam dali naša TV go davala, vredi da se gleda...snimen e 2013 no dejstvieto e vo sredina na 80-tite koga se rasplamsuva AIDS-ot...
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Shot Caller (2017)

https://www.imdb.com/title/tt4633690/

Длабок и брутален филм кој ќе го допре секого. Филм за еден човек кој заради една мала грешка ќе му се заебе цел живот, за лојалноста и фамилијата, и до каде може да отиде некој за да ја заштити својата фамилија. Главната улога ја игра добро познатиот Николај Костер - Валдау (Џејми Ланистер од Игра на тронови). Со оваа улога во филмов докажа дека е навистина професионален актер. Единствен филм кој годинава ќе го репризирам.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ready player one

Кога го симнав не очекувв ништо друго освен тепање време. А тоа искочи тин блокбастер филмче од 90 ти лоцирано во иднината, ми се свиѓаше приказната иако можеби беше клише, можеби дека пораснав со вакви приказни, плус што виртуелната реалност изгледаше кул а реалноста беше контрастна, па ете филмов ми ги надмина очекувањата. На крај видов и дека Спилберг го режирал, па ваљда од таму и дежавуто. Одличен изброр за преку викенд, ако ви се гледа нешто ново, а немате некој избор и ви е смачено од сперхеројски глупости, глејте го обавезно. 8.5
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Thank You for Your Service (2017)


Thank You for Youre Service е базиран на вистинската приказна за четворица војници од Армијата на САД, што преживуваат за време на мисиите и кои се премрежја ги поминуваат самите тие а и нивните блиски покрај нив откако ќе се вратат дома. Далеку од рамбо стилот и хероизмот кој преовладува.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

Сиромашно семејство во Токио преживува со крадење од разни продавници. Еден ден најдуваат напуштено мало девојче кое станува дел од нивното семејство. Начинот на кој ја прифаќаат, се грижат и споделуваат се неа е прекрасен дури и кога она што го споделуваат не е премногу, ни добро. Приказна за вистинската Јапонија.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.315
Поени од реакции
11.682
Дајте некои филмови за опуштање.Да го пуштам и лабаво на релакс.
Само немој некои глупави амерички љубовни комедии/драми.
Колумбиана ви го давам за пример.Не мора да е со баш таква приказна,ама онака го гледаш и не скурчува колку и да е провидна приказната.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Дајте некои филмови за опуштање.Да го пуштам и лабаво на релакс.
Само немој некои глупави амерички љубовни комедии/драми.
Колумбиана ви го давам за пример.Не мора да е со баш таква приказна,ама онака го гледаш и не скурчува колку и да е провидна приказната.
https://www.imdb.com/title/tt2991224/?ref_=rt_li_tt

Нешто како ром-ком, ама не е глупава без гајле! Нема врска со денешниве, филм и пол е за филгуд после гледање :D
https://www.imdb.com/title/tt0053604/?ref_=rt_li_tt

https://www.imdb.com/title/tt1817273/?ref_=rt_li_tt

https://www.imdb.com/title/tt1183665/?ref_=rt_li_tt
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.304
Поени од реакции
8.791
Deep Cover (1992)

Случајно налетав на насловот пред околу две години, пребарував нешто друго, а решив да го гледам филмот единствено поради главната улога на Лоренс Фишбурн. Ова е првата главна улога на Лоренс Фишбурн, во периодот кога е сѐ уште познат како Лери Фишбурн. Филмот ми остави доста позитивен впечаток, немав некои претенциозни очекувања, повеќе ми изгледаше дека се работи за некоја просечна акција -- но и покрај тоа што ја има онаа класична рамка: "полицаец на тајна задача има за цел да се инфилтрира во и разбие нарко-мрежа", има прогресија кај ликовите, особено кај главниот. Главниот лик Расел Стивенс (Лоренс Фишбурн) не е оној типизиран холивудски клише анти-херој кој убива сѐ пред себе без притоа да чувствува каква било морална одговорност. Neo-noir нарацијата ја засилува и дополнува атмосферата.

Најпрво се мислев да го напишам предлогов во Film Noir темата, ама филмот не е класичен noir филм, повеќе е хибрид од noir и класичните крими трилери (плус подолго време е забаталена темата, а оваа е активна). Ме интересираше и дали некој напишал збор-два за филмот или случано само го споменал во некој коментар, ама не најдов ништо, така што мислам дека на повеќето филмот ќе им биде нов...

Deep Cover (1992).jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom