Предлог за филм со кратка рецензија

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Комедија која се претвара во изразено провокативна и сексуална фарса за дамата која започнува да се занимава со проституција
Филмот е комедија и затоа сите секвенци со секс се прикажани во забавен стил , а врв на сето тоа преставува глетката во која маж посакува да е лезбејка и да му се восхитуваат на нозете.Филмот Personal sevices прикажува како мажите често не сакаат секс туку само фетиш игри за кои се плашат да им ги предложат на своите партнерки Personal Services

 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Iron Man 2

Ништо посебно филмов спрема мене кецот ко подобар да беше..Иначе во филмов се работи како Старк направата што ја има во градите пуштала некоја супстанца што му ја труела крфта а и паѓа под славата на Iron man,кој сака нека проба а не ни лош но првиот спрема мене беше бољи..

Режија:Џон Фавро
Главни глумци:Роберт Дауни,Дон Чидли,Скарлет Јохансон и Гвенет Палтроу.

Пс.Спуштив Srek 4 и ми вика ми треба пасворд за гледање ми вика да отворам еден фолдер watch и на интернет го има пасовордот ама ми вика дека нема слободен влез за мојата земја да не знае некој како се поправа проблемот а ми се случи по 2 :S?

Приказната воопшто не ја знаеш а и како ја опиша воопшто не си ја ни разбрал. Приказната за Тони Старк не почнува од играниот прв дел што ти го знаеш, затоа бато да ти објасни.

Почетоците се следниве, пробувајќи со неговата технологија да го издигне античкиот кинески град зад која се крие легенда за змејот и четирите воини кои ги претставуваат земјата, водата, огнот и ветерот кои ќе го уништат светот, кинезите многу тешко го повредуваат на Тони Старк, каде неговиот другар Роди (понатаму познат како The War Machine) познавајќи ја технологијата на Старк во градите на Тони вметнува направа што е уствари реактор зависен од паладиум кој го напојува оклопот на Iron Man, притоа полека труејќи ја крвта негова.

Во вториот дел Тони има проблеми со новиот villain - Whiplash, кој со камшиците направени од адамантиум е достоен противник на Iron Man, кој полека но интензивно ја губи силата. Но, за среќа го открива новиот хемиски елемент (со атомски број 118), кое се смета за огромно откритие и замена за паладиумот.

И така сите среќно си живееја.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
I'll Sleep When I'm Dead (2003)
Англиски филм , со Клајв Овен . Крими / драма , Клајв во филмот е повлечен човек , живее сам во приколка , надвор од град . Само комуницира со братот еднаш месечно . Едно време братот почнува да не му одговара на повиците . Почнува да му станува чудно зошто не му одговара . Кога ќе отиде кај него дома ќе го најде во када удавен . Полицијата ќе тврди дека е самоубиство , но не е . Одличен филм , малце спор на почетокот но потоа е интересен :)
illsleepwhenimdead.jpg
 

Attachments

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Sweet November
Главни улоги ,Кијану Ривс и Шарлиз Терон..
Според мене мноу добра актерска двојка,има страшна хемија меѓу нив двајца,нешто што сигурно ќе го забележите на филмов.
Шарлиз како и секогаш не само што импресионира како појава туку и одлично го одигрува својот лик на девојка со чудни навики и однесување.Таа ја глуми Сара,девојка која ги преминува конвенционалните правила на живеење и има мошне слободен дух,нешто што му е сосем непознато на Нелсон(Кијану Ривс) кој вкочането и амбициозно чекори низ животот ,обрнувајќи внимание единствено на својата кариера.По некоја случајност ќе се сретнат и Сара ќе се обиде да влијае врз него и да го научи молкум нешто.Тој ќе се всели кај неа и ќе го преседи цел Ноември во нејзиниот стан затоа што Сара од своја причина ќе одлучи дека така треба да биде.
Зошто?Погледнете го филмот....:pipi:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Exam

9/10. Многу добар филм, неизвесен и напнат. Под импресии сум. Филмот ќе им се допадне на сите оние на кои им се допаднале серијалот Cube, 12 angry men и Saw 1 (неколку странци во една соба). Карактерите како да се од Лост испаднати, има ликови со идентичен карактер на Соер, Саид, Сан, Кејт, Еко, Мишел Родригез, Бен.

Инаку, содржината е следнава: осум странци доаѓаат на интервју за работа. Во собата има осум клупи, на секоја лист на кој пишува Кандидат 1/2/3... На вратата стои стражар со пиштол, а има и камера. Доаѓа шефот и им вика дека доколку доброволно излезат од собата ќе бидат елиминирани, доколку пробаат да зборат со стражарот или со него ќе бидат елиминиирани, доколку намерно или случајно го оштетат својот лист ќе бидат елиминирани. Имаат 80 минути, едно прашање и треба да дадат еден одговор. И ок, он заминува и кандидатите ги превртуваат листовите. Но, тие се празни. За осумдесет минути, треба да го дознаат прашањето, да го одговорат и да ги елиминираат останатите седуммина. Интригантно нели?
 

Attachments

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.973
Поени од реакции
7.106
The Canyon



Многу интересно филмче кое кажува колку човекот се отуѓил од природата и се навикнал на градскиот живот каде буквално се му е пикнато под носот. Дали знаеме да издржиме и да се снајдеме во ситуација каде животот ни зависи од нашите способности да најдеме храна, да преживееме без вода и да се справиме со природните опасности? Крајот е доста драматичен.....да не ви откривам, гледајте го иако мене прв предлог за филмов ми беше исклучиво Ивон Страховски (кој ја гледа серијата Чак знае на што мислам) ама сепак не излезе лошо. Една солидна 6.5/10 од мене. :)
 

debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... понатаму гледајте :)
Super filmce.Go gledav po tvoj predlog. Ama izgleda ne si go dogledal do kraj filmot. :) Gledajte go super film e.

--- надополнето ---


Fireproof (2008)
Љубовна драма. Филмот е да те замисли. Се работи за еден пожарникар, кој е доста успешен во професијата , но не и во семејството. Не ни забележува дека бракот му се распаѓа - жена му бара развод. типот дури тогаш сфаќа дека ја губи својатз љубов... понатаму има мноу сплетки, борба за спасување на бракот, романтика... Филмот е богат со длабоки емоции. Погледнете го, тоа е филм што долго се памети.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.610
Поени од реакции
6.404
Гаџини (Ghajini)

Индијски филм кој ме остави без зборови.Вредеа да се потрошат 3 часа за филмот.Санџаи е богаташ а девојката (забравив и името) е обична девојка која случајно ќе разгласи дека негова девојка.Тој кога ќе дознае за тоа ќе ја побара за да стави крај на ситуацијата но ќе се заљуби во неа.Ќе се обиде да ја освои притоа некажувајќи и дека тој е човекот за кој таа разгласува дека и свршеник.Го освојува нејзиното срце но мора да отпатува во Лондон поради работа а нејзе и вели дека ќе оди кај мајка му на село додека и таа заминува во некое гратче!На патот до тоа гратче наидува на Ганџаи кој е дилер со луѓе.Во сплет на околности неа ја убиваат додека тој го губи памтењето и има привремена амнезија( не може да се сеќава на нештата повеќе од 15 минути).Тој е во лов по Ганџини!
оценка 9.5/10 поради некои непотребни работи

одамна не сум гледал вака добар филм :)
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Hot Tub Time Machine
Филмов според мене е најдобра комедија излезена 2010 година, четири другари кој им е здосадено од нивниот монотон живот решаваат да направат нешто интересно и заминуваат на викенд. После пијанка во џакузито тие се будат дваесетина години претходно, во 80те и започнуваат да бараат решение како да се вратат назад во своето време при што им се случуваат многу комични ситуации ...
според imdb има оцена 7/10, јас му давам една јака 9ка, сметам дека кој ќе го погледне нема да погреши :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Triangle, ама тој од 2009



Филмчево е фантастично, ми стана еден од омилените филмови. Значи секоја секунда те држи напнат, во неизвесност. Глумата мене ми беше добра, мада никад не сум се разбирала во глума (освен кога е ептен лоша). Мислам дека нема нитуедна досадна или одвишна сцена. Сценариото е топ, мене лично ми е совршено, уживам во вакви филмови. Филмов не е хорор, не е воопшто страшен, ниту пак грозен. А главниот женски лик е ептен згодна, мада мене ме нервираше тоа што ја облекле во кратки шорцеви, па мајкуму еден филм да имаше кој нема да алудира на сексапил. Филмнов на имдб има 6.8, што воопшто не е лоше, ама сепак мислам дека заслужува повеќе. Од мене има 10/10.
Значи се работи за шестмина луѓе кои одат на еднодневно крстарење ама ќе доживеат лоша бура и ќе останат петмина. И туку одеднаш до нив ќе дојде еден огромен брод. Тие ќе се качат на него, но тој е празен. И на него почнуваат да се дешаваат чудни ствари. Главниот лик, девојката, тврди дека има дежаву на секој можен чекор во бродот, а кога слушаат шушкање и одат да проверат од каде е, наоѓаат клучеви. Тие се нејзини, но таа тврди дека ги зела за крстарењето и дека и се изгубиле во бурата.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Youth in Revolt или на нашки Млади Бунтовници :icon_razz

http://www.imdb.com/title/tt0403702/

Главниот протагонист е еден тинејџер чии родители се разведени. Тој живее со мајка му и нејзиниот дечко. Мајка му не работи и се прехрануваат со алиментацијата од таткото на детето. Тинејџерот е едно повлечено дете кое трпи се и главна преокупација му е да води љубов за првпат. Доаѓаат група морнари на кои дечкото на мајка му им продал крш кола и си ги сакаат парите назад. Бидејќи дечкото на мајка му (колку глупо звучи ова дечкото на мајка му ;)) ги нема парите бегаат на едно место (не ми текнува како се викаше) каде живеат во приколка. Таму среќава една девојка во која се вљубува за првпат и спремен е да направи се за неа, но таа веќе има дечко. Сепак се зближуваат и се муваат... (од каде после нашиве деца научија да вараат ;)) ... по што и таа почнува да чувствува нешто спрема него. Дечкото на мајка му (еве го пак ;)) се повредува нешто и треба да се вратат во градот. За да бидат заедно тинејџерот измислува алтер-его-тип кој е сосема поинаков од вистинскиот тој, се со цел да прави бељи за да го испрати мајка му да живее со биолошкиот татко, кој го натераа да се пресели во градот од кај што е девојката... Интересен филм со комични моменти.



--- надополнето ---

The Five People You Meet in Heaven

Главна улога Џон Војт.Преубав филм со приказна која задира во човечноста и вредноста на човечкиот живот.Филмот започнува со смртта на Еди кој ќе биде посетен од пет лица кои биле значајни на некој начин во неговиот живот ,низ тоа патешествие тој мора да научи нешто.
Приказнава ме трогна има навистина убав човечки елемент,а Џон Војт ме остави бе зборови.
10/10
http://www.imdb.com/title/tt0400435/
Јас ја читав книгата и мене ме трогна... дури и заплакав на крај. :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
SECRET WINDOW
http://www.imdb.com/title/tt0363988/
Џони Деп има очигледна фасцинација за глумење на асоцијални типови,отфрлени од општеството или неразбрани.Оваа улога комплетно ја "скина".Просто ме фасцинираше колку длабоко навлегува во еден лик.
Морт е писател кој комплетно се изолира од светот во една викендичка.Свежо развден од жената која ја сакал неизмерно како веќе да не наоѓа причина да се меша меѓу луѓето.
Еден ден во тивкото секојдневие се појавува странец на вратата кој тврди дека Морт направил плагијат на неговото дело.Морт нема да може да поверува во идентичноста на делото кое странецот му го дава во рацете со неговото,а е префектно уверен дека неговото дело е оригиналот.
Додека странецот бара и чека од Морт да постапи по негови правила,станува премногу насилен а Морт станува се поисплашен од човекот кој е комплетна енигма.
оценка на ИМДБ 6.5
ЈАС 7.5
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
ОРФЕЈ

Повеќето од нас го знаат митот за Орфеј кој се спушта во подземниот свет за да ја врати повторно меѓу живите својата љубена Евридика. Е ова е филм за еден малку поинаков Орфеј во едно поинакво време и место и со еден поинаков крај. Приказната е буквално за љубовта посилна од смртта и за што тоа треба да се случи за некој да стане бесмртен како Орфеј.



Филмот е на Жан Кокто и е француски од 1950 година со црнобела слика. За тоа време има доста добри ефекти.

Кој не ги цени филмовите од тој период не верувам да му се допадне, инаку си е класика. Од мене има 10/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
welcome to saraevo
http://www.imdb.com/title/tt0120490/
Колку добар потресен филм..
Игор Џамбазов се појаува во него како и Мариса Томеи,Горан Вишнич,Вуди Харлесон.
Еден британски новинар низ свои очи ја има можноста да ја види суровоста на војната во некогаш мирното Сараево.Таму е жив пекол,политичарите не се многу заинтересирани за мир и додека тие преговараат владее ужас во градот.Толку голем ужас што детскиот живот не е поштеден..
Според мене страшно квалитетен и трогателен филм.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ајде за сите љубители на психодрами и психотрилери

The I inside
Лудило филмче со Рајан Филипи кое го гледав пред едно три-четири години, во период кога бев опседнат со филмови каде што главните ликови патат од некакво психолошко пореметување, чудно ми е како никој не го спомна до сега, а и доста е подценет на ИМДБ. Можеби затоа што и тешко се сваќа од едно гледање, на него многу потсетува The Jacket со Адриен Броди, само што The I inside е каде каде помистериозен и покомплициран. Доста ствари се дешаваат во филмов за да може да се долови преку една рецензија, клучна реченица би била - патување на свеста низ времето придружено со дупки во меморија. нешто што можеби сте го виделе во Мементо но на многу, многу поинаков начин.
Крајот завршува прилично нејасно и тотално ќе те збуни, па можеби би било добро да го гледаш уште еднаш и на крај пак ќе си креираш приказна во однос на тоа што уствари се десило

Till Human voices wake us
За филмов мислам дека еднаш и пишав рецензија, но како и да е вреди да го пофалам уште еднаш. Можеби е и малку тажен, на одредени сцени се ежев целиот, додека го гледаш имаш некое чувство ко да читаш некаков си психолошки роман за лудак кој се бори со сопствените халуцинации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom