Предлог за филм со кратка рецензија

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Ако некој сака да погледне малку постара (еднооо 70 години :)) а добра комедија (со елементи на драма и романтика)

His Girl Friday (1940)

Комичен поглед на новинарскиот живот.

Интересно е тоа што глумците многу брзо зборуваат, бајги дијалог поминува у саат и пол, ама затоа Cary Grant и Rosalind Russell имаат совршен тајминг и интересни се тие сцени на надмудрување помеѓу нив двајца.

Филмов е од 1940 ама би рекол пред своето време, со сценариото, глумата, режијата - Howard Hawks :cuc: и подобар е и од доста филмови од 50тите.

Е сега, филмов е правен спрема театарска претстава која има повеќе екранизации, па ако сте гледале некоја од нив, како на пример The Front Page (1974) од уште еден одличен режисер Billy Wilder со Walter Matthau и Jack Lemmon ; нема многу да ви биде интересен филмов, пошто дејството е исто, а оваа верзија од 1940 се разликува од другите по тоа што Хоукс паметно одлучил едниот главен лик да го промени од машки во женски и баш поради таа промена и повеќе ми се допадна оваа верзија од таа на Вајлдер.
 
CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
El secreto de sus ojos (2009)

Господ здравје да му дае на дечкото на ХРТ кој ги коментираше Оскарите, што го препорача филмов, со зборовите дека е за класа подобар од сите номинирани Холивудски филмови. Во право е, од кој за класа, од кој за две-три. Рака на срце, не е прв пат да гледам одличен Аргентински филм. Еднаш гледав еден филм на ТВ, го преведуваа како „Пепелта на рајот“, ама не можам да најдам оригинален наслов и да го ископам од некаде. Оф-топик, ако некој знае за што зборувам, нека помогне.

Значи, „Тајната во нивните очи“ е аргентински филм, добитник на наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Филмот има освоено уште 32 други награди. Се работи за Крими/Драма во која Benjamin Esposito, поранешен судски службеник, пишува книга за случај од пред 25 години. Веројатно бидејќи случајот ќе остави големи траги врз неговиот приватен живот, тој е нераскинливо поврзан со истиот и после 25 години, не му дава мир. По враќањето во својот град, се среќава со љубовта на неговиот живот, Irene, пред 25 години негова шефица во судот, со која се навраќаат на настаните од минатото.

Филмот наизменично не води во приказната од пред 25 години и во денешната, нешто слично на вториот дел на Кум. Полн е со емоции, дијалозите се одлични, глумата е на врвно ниво. Не сум никаков експерт од камера ама ми се допадна како се изведени некои сцени од филмот, многу некарактеристично за филмовите кои обично ги гледаме. Музиката прекрасна. За приказната и да не зборуваме, филм со комплетна приказна, одлично сценарио.

Може да се забележи малку на шминката, некои од ликовите 25 години подоцна не се уверливи како стари луѓе, но тоа е без никакво значење за филмот. Исто така воведниот дел му е предолг и малку бавен, дејствието е подинамично како што истекува филмот.

Пред се го доживеав како психолошка драма, но бидејќи има доста крими/трилер елементи, би ве замолил ако пишувате рецензија, да не раскажувате, т.е. да внимавате на спојлери.

10/10 и препорака за гледање.
Барајќи што повеќе информации и коментари за филмов случајно го најдов и овој што го тражиш ( највероватно тој е ), Cenizas del paradiso.

El secreto de sus ojos е меѓу најдобрите филмови што сум ги гледал во последно време. Ми се допадна цела приказна, ми се допадна тоа што понекогаш дејствието е споро и те остава да ги согледаш емоциите на карактерите.
Музиката особено е убава се вклопува во целата приказна. Заслужен добиен Оскар дефинитивно и препорака секој да одвои време и да го погледне.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047

Memento (2000)

Одамна му се токмев да го гледам, ама еве бидна и тоа.
Се уште сум под импресии од филмот, а го гледав пред 2 часа. Веројатно цела недела нема да ми излезе од глава. Секој поголем љубител на филмови би требало да го има гледано, во спротивно не знае што пропушта.
Главната улога најпрво требало да ја игра Бред Пит, но Guy Pearce ги импресионирал, и да, многу добра глума од негова страна.
Психилошки трилер. Доста заплеткан. Не очекувајте да го сватите во целост по првиот пат откако ќе го изгледате, треба да се изгледа барем 3 пати. Ова е што некои би рекле mindfuck. Тука се прикажани два периоди од животот на главниот лик Леонард, кој страда од амнезија (сеќавањето го држи околу минута). Целта му е да го најде убиецот на неговата жена.
Едниот период е во црно бела техника каде што дејствата се прикажани хронолошки, другиот период во боја каде што дејствата се во обратен редослед
.

Доста ви беше толку.
10 од мене и препорака да го гледате.:drk:
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
The Train (1964)​
Сигурно ова е еден од подобрите филмови од овој жанр што сум ги гледала (воена акција).Има добра содржина (по малку и филозофска),одлично изгледа, иако не содржи специјални ефекти како денешниве филмови од тој жанр режијата, сценариото и глумата го надоместуваат сето тоа.
 
Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Последен филм шо гледав беше How to train your Dragon... Анимација, Интересна приказна, супер ефекти, вреди да се гледа дефинитивно... Мене многу ми се свиѓаше! 9/10
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.089
Two Men Went to War (2002)

Една од ретките комедии за 2ра светска војна а според вистинска приказна за 2ца заболекари кои ке "дезертираат" од Британската база во Лондон и ке ја нападнат окупирана Франција :) .Филмов мене ме насмеа иако на моменти имаше долги разговори,но другото беше топ.Го имам гледано одамна но ете ми оставил позитивен впечакот и сеуште го паметам.
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527

Откачена Акција-Комедија од 1999 година со несекојдневна смисла за хумор,режирање,глума и реализација.

Се работи за двајца откачени браќа кои под дејство на интересни околности ја истребуваат мафијата во Бостон и еден забеган ФБИ агент кој ги анализира на многу чуден начин нивните бељи.
За делово има да се зборува и објаснува уште многу бидејќи изобилува со несекојдневност,хумор,добра акција и ве држи во неизвесност до самиот крај...и редно е да прекинам бидејќи ке испадне добар спојлер!!

Режирано и напишано: Трој Дафи
Времетраење: 108 минути
Оценка од IMDB: 7.9

П.С Штотуку излезе и втор дел по цели десет години-Boondock Saints II: All Saints Day!!
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269

Croupier (1998)​
Clive Owen го игра Jack Manfred, писател кој се вработува во казино како крупие за да заработи некој денар, но наскоро сфаќа дека работата како крупие го инспирира да напише роман.Филмов е драма трилер кој не се одликува со многу пресврти ама е одлична карактерна анализа на главниот лик кој Clive Owen го одиграл (според мене) перфектно.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Сега пред малку на Сител заврши Bram Stoker's Dracula од 1992. Еден од моите омилени филмови и истовремено еден од ретките кои ми се допаѓаат повеќе од книгите според кои се снимани (таков е и The Godfather, од истиот режисер што го сними филмов).
Легендарниот вампир е претставен како намачена и несреќно заљубена душа која трага по својата поубава и прерано почината половина, што секако ја намалува вредноста на филмов како хорор и тој повеќе претставува некаква љубовна драма со примеси на хорор. Но благодарение на Копола и на актерите е избегната блујаницата која сосем можно би произлегла од таквиот спој.
Изборот на глумците е одличен, со мала замерка за К.Ривс, што е занемарливо покрај брилијантноста на Хопкинс, Олдман и ептен згодната Рајдер. Сценариото во голема мера (колку што се сеќавам) е соодветно со книгата, освен Дракула, кој во романот е сепак повеќе крвожеден вампир отколку разочаран љубовник а и приказната со Мина, ми се чини не беше баш таква.
Мошне сум задоволен и од останатите сегменти од филмот, камерата, преминувањето од еден кадар во друг, од атмосферата во Трансилванија и Лондон од 19 век итн.
За мене филмов е убедливо најдобрата екранизација на романот на Брам Стокер и еден од подобрите филмови со вампири - тема за која се потешко се наоѓа добар филм и која е прилично истрошена.
Затоа и давам 9. Не заради Моника Белучи :vozbud:
 
Член од
19 април 2010
Мислења
100
Поени од реакции
20

Кај мене тоа е обратно ....

овој филм е катастрофална екранизација на книгата...ма исто срање како и самрак тотално....никаде во книгата не прочитав дека мина е заљубена во грофот, а ни грофот не беше нешто посебно заинтересиран за неа...а и луси во филмот е ко к**** додека во книгата е тотално различна се на се на филмот му давам 2 поради покушајот да направат нешто :toe:
 
Секогаш ќе има различни вкусови и видувања. Тоа е нормално. Овој филм беше обид да се внесе малку свежа крв (хехе) во еден поджанр на хоророт кој е подзаборавен и банализиран. Во него наместо веќе досадната приказна која е екранизирана повеќепати се дава едно алтернативно видување за митот за Дракула и како таков филмот не е лош. Тоа што после него следеа „Интервју со вампирот“, неколку мошне бедни „продолженија“ на филмов (Дракула) и остварувања од типот на „Самрак“, тоа е друга приказна. Не се согласувам со двојчето, не за друго, туку тоа служи за филмови кои се дно на дното, категорија во која филмов никако не може да се вброи (таму конкуренцијата е навистина голема и изборот е неограничен) и која е резервирана не за нешта кои не ни се допаѓаат, туку за (не)дела кои немаат никаква вредност, во било која смисла на зборот.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.898
Поени од реакции
6.970

Уште една од америчките тинејџерски комедии кои не ги сакам баш ама решив да го гледам само заради Хајден Панетиер. Тоа е едноставно мало, слатко парче жена.:smir: Приказната е секако позната, обично, “лузерско“ момче се заљубува во главната (и најубава) навивачка во средното училиште која има дечко-војник, снагатор и тн.. Крајот е секако предвидлив ама филмот убав е за гледање, за опуштање нема глупи штосови ниту прекумерна голотија како Американса пита.

ИМДБ: 5.2/10
Јас: 6.5/10 (Хајден :vozbud:)
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Сега пред малку на Сител заврши Bram Stoker's Dracula од 1992. Еден од моите омилени филмови и истовремено еден од ретките кои ми се допаѓаат повеќе од книгите според кои се снимани (таков е и The Godfather, од истиот режисер што го сними филмов).
Легендарниот вампир е претставен како намачена и несреќно заљубена душа која трага по својата поубава и прерано почината половина, што секако ја намалува вредноста на филмов како хорор и тој повеќе претставува некаква љубовна драма со примеси на хорор. Но благодарение на Копола и на актерите е избегната блујаницата која сосем можно би произлегла од таквиот спој.
Изборот на глумците е одличен, со мала замерка за К.Ривс, што е занемарливо покрај брилијантноста на Хопкинс, Олдман и ептен згодната Рајдер. Сценариото во голема мера (колку што се сеќавам) е соодветно со книгата, освен Дракула, кој во романот е сепак повеќе крвожеден вампир отколку разочаран љубовник а и приказната со Мина, ми се чини не беше баш таква.
Мошне сум задоволен и од останатите сегменти од филмот, камерата, преминувањето од еден кадар во друг, од атмосферата во Трансилванија и Лондон од 19 век итн.
За мене филмов е убедливо најдобрата екранизација на романот на Брам Стокер и еден од подобрите филмови со вампири - тема за која се потешко се наоѓа добар филм и која е прилично истрошена.
Затоа и давам 9. Не заради Моника Белучи :vozbud:
Не знам дали е најдобрата екранизација на романот на Брам Стокер (не сум го читала) но знам дека е еден од најдобрите филмови за Грофот Дракула воопшто снимени (подобар од овој на Копола,освен добриот изглед на филмот Копола како да ја подзаборавил приказната па не е чудно што филмот беше прилично досаден а плус тоа траеше 2 часа)Ако можеш изгледај го,а ова важи и за сите други.
Count Dracula (1977)​
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Hachiko: A dog's story

Филмов нема да остави никого рамнодушен,било машко,било женско,едноставно за овој филм е потребно,пакла паломи,папир,или шамивчиња. Филмот е базиран на вистинска прича.Главна улога
Richard Gere, Sarah Roemer, Joan Allen,али причава не се однесува на нив туку на Хачико,најмило куче од расата Акита,кое покажува толкава љубов и приврзаност кон газдата,како што велат Till death tear us apart,само што кај Хачи не важи тоа правило.
Причава започнува како еден Харе Кришна си го чува кутрево,меѓутоа патувајќи од воз у воз,од неговиот багаж,ќе испадне боксот со кутрето. Велат кучето треба да те избере тебе,не ти него,па така и малиот Хачи од цела железничка ќе застане пред Ричард Гир,и овој ќе го земе,се до оној момент додека не му се јават газдите дека го изгубиле. Меѓутоа ни трага ни глас од сопствениците на кутрето,и баткава ќе остане да го чува,да не го расипувам филмот,наредно што следи ќе ве погоди во срце,сите ќе сакате да си имате едно ХАЧИ под дома.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

Dlaczego nie!
Polska romanticna komedija 2007
Малгосја, талентирана девојка од провинција, доаѓа во Варшава, да бара подобра работа ,надевајќи се притоа дека ќе наиде и на принцот од бајките, но....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom