Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
the-omen.jpg

Ричард Донер е еден од моите омилени режисери, зад кој стојат извесен број одлични филмови, кои оставиле значаен белег во филмската историја (Супермен 1 & 2, Гуниси, Смртоносно оружје 1-4, Убијци ( Assassins) и други).
Меѓу нив се вбројува и Претскажување, кој можеби е и неговиот најзначаен филм.
Приказната за конечниот судир меѓу доброто и злото во монотеистичките религии е нешто што отсекогаш привлекувало внимание и интерес и било тема на многу верски книги и дебати, и истовремено е и тоа како присутна во колективната свест кај луѓето. Доаѓањето на Антихристот, како главен антагонист на се што е добро и кој воедно е и гарант за блискиот крај на светот каков што го знаеме во филмов е едно бебе, подоцна детенце, кое навидум е потполно безопасно и не буди никаков сомнеж.
Сепак, во текот на филмот, работите ќе станат појасни, но ќе се наметнат многу дилеми и внатрешни судири од кои најважната е според мене е тежината на одлуката еден човек да му пресуди на детето кое долго време го сметал за свое, што на крајот на филмот ќе биде и фатално.
Понекогаш отсуството на било каква глума може да биде поефективно од секаква мајсторска изведба. Сосем е очигледно дека малиот не се труди премногу. Зад безизразноста на неговото лице може да се кријат многу мисли и намери. Ако притоа уште еднаш потенцираме дека се работи за мало дете, границите на стравот се поместуваат и тоа на некој начин плаши повеќе и од типови како Мајкл Маерс, Фреди или Џејсон, оти зад нивните маски или изгореници се крие нешто што е или било човечко суштество. Овде работите се спротивни, главниот негативец се маскира во невино, мало и безопасно човечко сусштество чии потенцијали далеку ги надминуваат оние на гореспоменатите батки. Ваквата камуфлажа ја има во филмовите денес, но ми се чини дека Omen е првиот филм каде што е применета. Мајсторски екранизирана приказна, со сите салтанати, потребни за едно класично, ремек дело кое никогаш нема да застари.
 
High Fidelity

high_fidelity_1.jpg


Џон Кјузак е сопсвеник на продавница за плочи и ке му се скара женската. Хахааааааааааа :) Ова е нај добра рецензија што сум ја напишал ди сега :)

Не озбилно, филмов ми е гледан 3-4 пати и тоа се на ТВ го имам начекувано. Мислев и дека е по стар ама ете од 2000 бил. Закон филм според мене, нема да ми биде досаден и пак да го гледам, се сетив на него и решив да ви направам услуга да го изгледате поради тоа што и јас сум по потрага по добра комедија во последно време, па решив да вратам и јас со нешто на општеството.

По обичај нема да добиете повеке информации од мене за што се зборува во филмов освен за тоа што на Џон Кјузак му се скара женската, и дека Џек Блек е музички фанатик вработен во продавницата.

Имам многу многу многу филмови изгледано во животот и овој е еден од подобрите.

оцена 10/10 нормално

Поздрав
 
The Five People You Meet in Heaven

Главна улога Џон Војт.Преубав филм со приказна која задира во човечноста и вредноста на човечкиот живот.Филмот започнува со смртта на Еди кој ќе биде посетен од пет лица кои биле значајни на некој начин во неговиот живот ,низ тоа патешествие тој мора да научи нешто.
Приказнава ме трогна има навистина убав човечки елемент,а Џон Војт ме остави бе зборови.
10/10
http://www.imdb.com/title/tt0400435/
 

Изнвореден трилер со Колин Фарел.Се се сведува на мистеризониот снајперист,кој во текот на еден ден го избира Сту(Колин) за своја следна жртва.Драмата да биде уште поголема е тоа што дејствието се случува во една телефонска говорница во Њујорк,каде што Сту редовно се слуша со неговата љубовница..........

8/10......
 
Се работи за Екорцист 3!! да филм кој на прв поглед ќе си помислите,пффф дури и филм како Екорцист успеаа да усерат со нивните римејци! Но дали е така? НЕ, не само што не е него филмот е на исто ниво со Екорцист (оргиналот) скоро...

Атмосферата е фантаситчна,језива,морбидна,надприродна,окултна (нечовечка) Одамна не сум бил виситински исплашен од хорор филм! Во кој и глумата е на многу високо ниво најмногу заради големиот George C. Scott!! (глумеше во Платон и 12 Енгри Мен за да се сетите кој е)

Се на се да не должам и да не идам у мал офтопик, филмов е ремек дело заборавен и негледан (најмногу) заради само една цифра во името тоа е 3 (Екорцист 3) причина заради кој и јас не го гледав да си признаам. Ќе заборавев да спомнам дел успешноста на филмот лежи во тоа што овој филм е всушност приквел на оргиналниот Екорцист, не продолжение. За да биде уште пострашен филмот 1/2 од него се одвиваше у санаториум за луѓе со сериозни проблеми у главата, многу морбидно овој филм е МАСТ СИ!! за секој што сака виситински хорор филмови кои ја обработуваат окултната тематика. Т.Е. моќта на надприродното,сцените у филмов се оскар ворти според мене..Одлична кинематографија!! Морници ме лазеа скоро низ целиот филм! И за крај се разбира фантаситчниот Џорџ Скот, кој глуми одлично во главната улога.. Нема да пишувам за што потоќно се работи зашто се е на нејој начин спојлер..затоа ве оставам да го погледнете ова ремек дело како што кажав предходно заборавено и подценето заради една бројка во насловот и оправданата омраза на луѓето кој римејците,само што во овој случај се работи за приквел како што кажав предохдно! Исто така и мало артстајл,хорор патување!!

А масти си, хорор фанови да! А МАСТ СИ!

http://www.imdb.com/title/tt0099528/
http://www.imdb.com/title/tt0099528/
 
SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... понатаму гледајте :)
 
Iron Man 2

Ништо посебно филмов спрема мене кецот ко подобар да беше..Иначе во филмов се работи како Старк направата што ја има во градите пуштала некоја супстанца што му ја труела крфта а и паѓа под славата на Iron man,кој сака нека проба а не ни лош но првиот спрема мене беше бољи..

Режија:Џон Фавро
Главни глумци:Роберт Дауни,Дон Чидли,Скарлет Јохансон и Гвенет Палтроу.

Пс.Спуштив Srek 4 и ми вика ми треба пасворд за гледање ми вика да отворам еден фолдер watch и на интернет го има пасовордот ама ми вика дека нема слободен влез за мојата земја да не знае некој како се поправа проблемот а ми се случи по 2 :S?

 
"Plan B" или The Back-up Plan

download-the-back-up-plan-full-movie.jpeg


Романтична комедија (љубов, брак и семејство, само во обратен редослед).

По години и многу средби, Зои (Џенифер Лопез) заклучува, дека чакањето на вистинскиот човек и одзело многу време.

Таа е решена да биде мајка и прави план, кој вклучува и вештачко оплодување.НО, го среќава Стан (Алекс О’Лафлин), маж со реални можности. Таа не се колеба и започнува да работи на св. план да го направи свој сопруг, криејќки ја бременоста .
 
tt1186370
tt1186370

1zq9daf.jpg


Spread

Добро филмче, онака лајт. :) За девојките, Ештон Качер е главна улога, за момците, животот на еден дечко во Холивуд. Интересна приказна, вреди да се погледне, онака за опуштање, гледање без замарање и мистерии, а филмов има и поучна приказна. Да не должам многу, погледнете го.

Моја оцена 8/10.
 
Dangerous Beauty (1998)
Биографија, драма, романтика
Catherine McCormack, Rufus Sewell, Naomi Watts

Малку постар филм, но тоа не го прави помалку добар. Мене ме остави без здив и со желба да го гледам повторно и повторно. Дејствието се одвива во 16 век, во Венеција, време во кое жените се третирани како предмети. Вероника Франко е жената која ќе има храброст да го следи своето срце. Таа се вљубува во Марко Вениер иден сенатор на Венеција, но нивната врска не е одобрена од општеството, ниту од семејството на Марко, кое смета дека Марко треба да се ожени со богата девојка, девојка од повисока класа. Немајќи друг излез Вероника станува куртизана...Една од најдобрите... Ова е само вовед, ви препорачувам да го изгледате.

10456108_gal.jpg


large_packshot.jpg


http://www.imdb.com/title/tt0118892/
 
Interstate 60

interstate60.jpg

Филмов одамна го имам гледано, не знам сега што ми текна. Многу добра приказна, замисла и оствареност има.
Фантастичен е, има еден батка што исполнува желби, ама по една желба на човек. И едно младо момче сака да биде уметник, татко му го тера да се запише на правен факултет, и овој за роденден посакува желба - одговор на неговиот живот. И авантурата започнува.
Пак ќе кажам, прекрасен филм, вреди да се изгледа, нема да зажалите. Не дадов којзнае какво објаснување, ама гледајте го.:)

Башка и Michael J Fox глуми. :pos:
 
The Mothman Prophecies.


Фалеше овај филм во мојата колекција на предлози. Мое мислење е дека овај филм е најдобар досега што го има снимено Ричард Гир. Чепкав малку што е како со овие Мотман суштества и излезе дека се митолишки нешта во кои најмногу веруваат во Западна Вирџинија (САД), не се многу популаризирани како Јети или Бигфут ама се доста помоќни. Да не го раскажувам филмот
Ричард Гир има блиска средба со нив по смртта на неговата жена,
и ако нешто повеќе ве интересира можи да си го гледате трејлерот или најдобро целиот филм.
 
Into the blue (2005)
000621.jpg


Интересно филмче, посебно ако сакате трилери и акциони филмови. Таман за лето. Во главни улоги се Џесика Алба и Пол Вокер, кои ги глумат Сем и Џеред, пар што живее на Бахамите.
Додека нурка Џеред наоѓа брод и открива дека е остаток од Зефир, француски пиратски брод, за кој се верува дека е полн со злато...
 
^ "Добар" филм, не за друго заради Алба :back:
 
Brazil
brazil.jpg


Иако филмов е научна фантастика, мене многу ме потсетуваше на нашава реалност. Фантастично е прикажано како сите сме станати робови на бирократијата, какви се луѓе имаат функции со кои се влијае на нашиот живот, како без прашања само климаме со главата, и како завршуваат тие што ќе пробаат да одат контра, и се разбира, репликата на Де Ниро во филмов, сите сме во ова заедно. Режисер е Тери Гилиам, сценарист на монти пајтон филмовите и сериите, и филмов е одлична драма, комедија, плус го преведов на Македонски ама само за HD верзијата.

10 од 10 (од мене)
8,9 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom