Луд, Збунет, Нормален (Lud, Zbunjen, Normalan)
Еве нешто наше, Балканско. (IMDb: 9.0)
Една од најдобрите серии што сум ги гледал и што секогаш ќе ме насмеат.
Се работи за тричлено семејствоИзет, Фарук и Дамир.
Изет (Фазлинович) е главниот лик во серијата, тој е вдовец и има околу шеесет години. Како дете бил сирак. По убедување тој е
тежок кумуниста и секогаш кога му треба помош се обратува пред сликата на Јосип Броз Тито. Покрај своите кумунистички ставови тој е многу алчен па и на своите најблиски работи за пари. Поради тоа е главен организатор на разни превари. Многу сака да ја пие херцеговачка Максузија (ракија). Сака да зборува за својот љубовен живот и комунистичкото минато.
Фарук е единствен син на Изет. Ради како музички продуцент (->радио) и поседува музичко студио Акорд. Тој е голем противник на татко му Изет со кого често се караат. Не сака многу да работи така целиот ден го поминува во барот близу до неговото студио Сан Ремо. Студиото не му работи како што треба па често смислува идеи како да дојде до пари.
Дамир е единствен син на Фарук и внук на Изет. Тој е резултат на една стара љубов на Фарук. Мајка му го родила и го оставила на Фарук и Изет да се грижат. Тој е единствениот нормален член на семејството Фазлинович. Студира медицина во Сараево и е еден од најдобрите студенти.
Уште многу легенди како
Чомбе,
Дино,
Рефко (3-4), Енес, Самир, Стјепан, Џуро, Марија, Споменка, Сенка, Ивана, Џидо Мова, др. Џиџимилович, Џефика, Буба итн.
До сега има излезено 102 епизоди и уште е во тек снимањето на 4 сезона.
Нова епизода излегува секоја недела на FTV, но достапна е за гледање на YouTube и за симнување.
Штета за оној кој не ја гледал серијава.