Предлог за серии и кратки рецензии

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.165
Поени од реакции
1.929
Lethal Weapon

http://www.imdb.com/title/tt5164196/

Серија базирана врз истоимениот филм. Акција, криминал, драма и комедија. Накратко опишано, Мartin Riggs (Ckayne Crawford) поранешен NAVY Seal, после смртта на својата девојка добива работа како детектив во Лос Анџелес, каде партнер ќе му биде Roger Murtaugh (Damon Wayans) кој се враќа на работа после преживеан инфаркт и се труди да го одржи стресот на ниско ниво. Доста акција и уште толку смешни моменти. Овој кој го глуми Мартин Ригс е машина, секоја чест за глумата, прејак лик е. Има 15 епизоди досега, одлична е за тепање време, многу посолидна од Arrow, Flash и останати супер-херојски глупости.
во никој случај не можеш оваа серија да ја споредиш со оние суперхеројските, не дека е подобра или полоша, едноставно сосема различни жанрови се....иначе се согласувам за серијата, лесна, забавна за гледање со многу акција и комедија...и јас ја препорачувам!
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.085
Поени од реакции
2.872

Не дека ја споредив со нив, онака само зедов за пример со тоа што тие серии ги имам гледано. Многу полесна и поинтересна за гледање од нив, и во оваа има некои "невозможни" работи при акцијата, ама е многу подопадлива за гледање одколку Arrow и Flash на пример, тоа ми беше мислењето.

Пробај Daredevil!
Ja имам изгледано првата епизода и не ме навлече некако, изгледа треба да и дадам уште една шанса. :)
 
Член од
1 јули 2015
Мислења
58
Поени од реакции
34

Daredevil мислам дека е левел погоре од Arrow, Flash и сл... Инаку и мене лично ваквите серии како Lethal Weapon ми се позабавни за гледање отколку суперхеројските. Знам луѓе што се ептен фаној на суперхеројски серии и ќе гледаат што било само да е од тој жанр. Секој со ќеифот :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
6.784
Поени од реакции
11.734
This country

Mockumentary од BBC, двајца братучеди заглавени во мало англиско село си го прават животот интересен. Ако сте фан на IT crowd, Black books, Office, дефинитивно треба да ја симнете. Britain at it's finest. Епизодите ги има посебно на пајратбеј, ама сеуште нема subtitles, па ќе треба малку да ги мачите ушите.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.066
Поени од реакции
30.153
Doc.Martin ја гледам чат-пат. Има одлична атмосфера. Местото е фантазија прикажано низ објективот. Приказната си е онака нешто над просечна и така.
 
Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
183
Поени од реакции
429
Во последниве неколку дена ја binge-watch-увам Iron Fist. Уште една предобра Marvel/Netflix супер-херојска серија! Станува збор за еден дечко, Дени Ренд, кој доаѓа во Њујорк за да ја пронајде суштината на неговото постоење, на неговата судбина. Воедно, да си го поврати својот оригинален идентитет кој го изгубил кога бил дете и кога тој и неговото семејство се урнале со авион во планини во Азија и од тогаш се смета за мртов. Во меѓувреме, додека неговите најдобри пријатели од детството, Џој и Вард живеат сигурен и успешен живот во Њујорк и ја превземаат фамилијарната компанија на Ренд, тој живее во таен манастир и учи боречки вештини и ја добива привилегијата да стане Iron Fist.
Ако ви се допаѓаат Daredevil, Jessica Jones и Luke Cage, сигурна сум дека и оваа ќе ви се допадне. Всушност, сите овие 4 ликови ќе се спојат во една заедничка серија на есен. Can't wait!

П.С. Во серијава има предобри тепчки сцени во истиот стил како во Daredevil.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.637
Поени од реакции
852
Нова серија на Нетфликсот, која испадна пред неколку дена.13 reasons why се вика серијата, доколку немате Нетфликс ги има сите епизоди на торент ставено мислам, добра серија за бинге-ватчинг.
Krajem mjeseca, 31. marta točnije, Netflix će predstaviti svoju adaptaciju romana Jaya Ashera i bestseler New York Timesa, 13 Reasons Why. Adaptaciju potpisuje Brian Yorkey, koji zajedno s Dianom Son vrši showrunnerske dužnosti.

Roman je doživio i hrvatski prijevod Lidije Milenkov Ečimović u Algoritmovom izdanju. “Jednog dana nakon škole Clay Jensen (Dylan Minnette) na svom trijemu pronađe kutiju. U njoj je sedam dvostranih audiokazeta. Na njima se nalazi trinaest priča. Trinaest razloga zašto se Hannah Baker (Katherine Langford) ubila prije dva tjedna.

Svaka je priča posvećena jednoj osobi koja joj je dala razlog za samoubojstvo. Svaka od njih mora preslušati sve priče i zatim proslijediti kazete sljedećoj osobi u nizu. Inače kopija snimki postaje javna.”

13 Reasons Why imat će… trinaest epizoda.
Романот секако го немам читано, не знам ни дали има МК превод, па неможам да кажам дали е верна адаптацијата, го погледнав пилотот и се чини добра. Ќе пробам да напишам нешто повеќе кога ќе ја завршам до крај.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.018
Поени од реакции
12.003
Со оглед на тоа дека има многу фанови на BB на форумов, гледа некој The Americans? По импресии,
а и делумно како иде приказнава
, од прва сезона ова е најблиску до BB од се што ијам гледано до сега во последниве 3 - 4 години откако заврши.
 
Член од
4 април 2017
Мислења
3
Поени од реакции
0
ONCE UPON A TIME. Preporacuvam na ljubitelite na fantazijata

Sent from my T07 using Tapatalk
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.068
Поени од реакции
17.359
Со оглед на тоа дека има многу фанови на BB на форумов, гледа некој The Americans? По импресии,
а и делумно како иде приказнава
, од прва сезона ова е најблиску до BB од се што ијам гледано до сега во последниве 3 - 4 години откако заврши.
Првите 2 сезони мнogu добри, поготово првата. После послабо. Се на се далеку ми е од BB.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.145
Поени од реакции
20.557
Ја гледа некој бразилската 3%? Јас денес изгледав 5 од 8 епизоди колку што има првата сезона, и позитивно сум изненаден. Некако ко се да ми е веќе видено, а сепак задржува внимание. Ако ја споредувам, ко микс на The Hunger Games и Casi Angeles ми е. :) Ѕирнете ја, нема што да изгубите.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
3.486
Ја гледа некој бразилската 3%? Јас денес изгледав 5 од 8 епизоди колку што има првата сезона, и позитивно сум изненаден. Некако ко се да ми е веќе видено, а сепак задржува внимание. Ако ја споредувам, ко микс на The Hunger Games и Casi Angeles ми е. :) Ѕирнете ја, нема што да изгубите.
Јас ја имам гледано, многу ми се допадна.

Sent from my E2105 using Tapatalk
 
Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
183
Поени од реакции
429
Ја гледа некој бразилската 3%? Јас денес изгледав 5 од 8 епизоди колку што има првата сезона, и позитивно сум изненаден. Некако ко се да ми е веќе видено, а сепак задржува внимание. Ако ја споредувам, ко микс на The Hunger Games и Casi Angeles ми е. :) Ѕирнете ја, нема што да изгубите.
3% - бразилска серија на Netflix. Во серијата се работи за општество кое е поделено на 2 групи: елита (3%) и стандардно население (97%). Првата група, живеат на "подобрата страна" за која никој не знае како изгледа, каде се наоѓа и каков е животот таму, освен токму оние 3% кои ќе се изборат да станат дел од таа елита. Во ова општество, секоја личност добива шанса (кога наполнува 20 години) да учествува во борбата да стане дел од елитата која доколку успее да ги помине сите делови, ќе замине на "подобрата страна".

Приказната е топ, ликовите се океј. Ми се допаѓа што зборуваат на португалски. Интересен е концептот (кој многупати досега е веќе виден, да не се лажеме) каде што човековиот карактер е тестиран на различни начин за да се види кој колку е подготвен да издржи се што е потребно за да биде помеѓу најдобрите.
(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom