Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Само 2 серии да предложам, кои ми ја обележаја оваа 2016 година, за кои меѓу најтешките прашања на светот ми е да одредам која од нив е подобра. Станува збор за The Wire и The Sopranos. Една секунда не жалам што сум останувал до зори за да ги изгледам побрзо и кога сум гледал уште една епизода, па уште една, а очите ми се затварале.

The Wire


Искрено не очеквуав вакво нешто. Жицата за мене беше само една серија која ми беше искрено втф како толку рејтинг има и си викав да погледнам чисто, па ставив во watchlist. И така години поминаа, па решив во малкуто слободно време да почнам да ја гледам. Очекував нешто налик документарци, нешто стручни работи кои не се за мене, добив перфекција од серија.

Се работи за серија во која одлично се доловени случувањата во градот Балтимор. Опфатено е од сечиј аспект и душата на градот е доловена до најситен детал. Серијата се одвива со паралелно прикажување на две страни, од една страна полицијата која се бори против криминалот со дрога, а од друга страна дилерите и трговијата со дрога, како на улиците, така и онаа од “шефовите“, на повисоко ниво.

Иксрено за мене најдобра сезона (секако после 4та сезона со училиштето и главните пресврти) е исто така и втората сезона. Иако не беше во фокус дрогата, сепак страшни ликови ми беа гркот, Спирос, Соботка, на крајот на сезоната не можев устата да си ја затворам од возбуда, меѓу најдобрите работи што ги имам гледано во животот.

Првата сезона не ми остави некој кујзнае каков впечаток, но ми остави доволно за да останам со епизодата, и дефинитивно да не зажалам. Т.е. сезоната беше далеку од лоша, ама конфузно ми беше со многуте ликови и дури се уходам што се дешава помина сезоната. После ми се гледаше пак од почеток, иако сфатив отпосле се што не можев да сфатам од прва. :D

Задолжителна препорака. Многу е андеррејтед серијава, не знам некој од моите врснии што ја има гледано. Не знаат што пропуштаат... Серииште :)

The Sopranos


Уште една маестрална серија. И сега знам луѓе што кога ќе слушнат филм или серија со мафија одма не им се гледа, демек не се по тие работи, а уствари во нив одлично се доловуваат правите вредности, релациите меѓу луѓето, се што човек може да направи и на што е спремен да дојде до нешто.

Серијава ја дознав од еден стих во една песна за Арсенал, нешто викаше "bigger than Soprano" и така побарав на Гугл и ја дознав во 2011, што може е и серија која најмногу си почекала во watchlist, но да бидам искрен драго ми е што не сум гледам тогаш, бидејќи со други очи ќе сум ја сфател и ќе сум ја доживеал тогаш и сега. На друг начин би допрела тогаш и сега...

Најјака сцена во серијава и најверојатно воопшто гледана по серии ми беше таа со Адриана во претпоследна сезона, сценариото што епизоди подоцна дознаваме како се одвило детално. Да не откривам секако друго, вака само тие што гледале ќе се сетат. Таа сцена ја прераскажував 10 дена отпосле на секој човек што со очи ќе го видам, независно за каква мака или немака дошол да се види со мене и дали има појма воопшто дека постои серија Сопранови, ама јас раскажував, прво ќе прашав “дали имаш намера да ја гледаш серијата“, ако одговорот беше “не“, тогаш морав да раскажам до детал... Возбуда што ти прави.

Уствари во серијава никој не може на крај да се каже победник е, најдобро помина, сите се губитници. Сите изгубија многу повеќе отколку што добија, или изгубија се. Единствено Тони, кај кој храброста и одлучноста се над емоцијата и приврзаноста во целата серија, сите други изгубиле толку многу.

И така единствена серија каде што откако ќе се врзеш со некој лик, што стварно го доживуваш како цар, неговата смрт воопшто не те потресува, едноставно немаш време за потресување, дејството оди од драми во драми. Наоѓајте време и обавезно гледајте кој нема,
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
3% - бразилска серија на Netflix. Во серијата се работи за општество кое е поделено на 2 групи: елита (3%) и стандардно население (97%). Првата група, живеат на "подобрата страна" за која никој не знае како изгледа, каде се наоѓа и каков е животот таму, освен токму оние 3% кои ќе се изборат да станат дел од таа елита. Во ова општество, секоја личност добива шанса (кога наполнува 20 години) да учествува во борбата да стане дел од елитата која доколку успее да ги помине сите делови, ќе замине на "подобрата страна".

Приказната е топ, ликовите се океј. Ми се допаѓа што зборуваат на португалски. Интересен е концептот (кој многупати досега е веќе виден, да не се лажеме) каде што човековиот карактер е тестиран на различни начин за да се види кој колку е подготвен да издржи се што е потребно за да биде помеѓу најдобрите.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Предлог серија со заплети, згодна актерска екипа, пресврти, секс...?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
http://m.imdb.com/title/tt2442560/?ref_=m_ttep_tt

Англија 1919, криминал, убиства и борба за врвот. Многу јака серија, ја има на Телма секој викенд од 20:00. За љубители на криминални серии оваа е полн погодок.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Абе, а ја гледа ли некој The Crown, на Нетфликс, серијата за кралицата Елизабета II? Им го зеде Златниот глобус на Game of Thrones, Westworld и Stranger Things за најдобра серија во 2016, а на форумов никој ни еднаш не ја спомнал. Јас изгледав 2 епизоди и ми делува прилично интересно. Актерката (Клер Фој) е феноменална! И она зеде Златен глобус за најдобра актерка во драмска серија. А самата серија на некој начин е продолжение на случувањата во британското кралско семејство по The King's Speech. А атмосферата не може а да не се спореди со Downton Abbey што за мене е една од најубавите серии на сите времиња, па и The Crown ќе ја гледам со уживање. Планирани се 6 сезони, инаку, кои ќе го прикажат животот на кралицата до денешен ден.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас сакав да ја почнам ради Matt Smith, ама уште не сум стигнала до неа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom