Пост на кој сте се изнасмеале

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Мислиш гледаш некоја не-американска акција. Немаш поима што ке се деси. Едвај чекаш расплет на цела ситуација....и одеднаш БУУУМ.:pos:
Мачорке, срам да ти е. :)
Аххх првата љубов...треперам кога ќе се сетам на него....
Се викаше Влатко. Учеше во Моша, имаше пирс на веѓа, 30 неоправдани, укор пред исклучување
и пушеше вест црвено. Со еден збор беше се` што би можела да посака една шеснаесетгодишна девојка. Не ми беше прв дечко, имав ја дечковци и пред него, али ниеден од нив не ми значеше ништо. Пошо ниеден не беше како Влатко. Учеше заедно со еден другар од маало и тој не запозна.
Седевме у дворот на градинката, пиевме некое евтино вино помешано со степ од боровница, тегневме цигари и вртевме некои високоинтелектуални муабети. Се топев од среќа додека ми раскажуваше како ја опцул наставничката по македонски , како му ги дупнал гумите на комшијата и како ја крадел колата на татко му. Цртав срценца со нашите иницијали по тетратките, се замислував со неговото презиме, сонував како ќе имаме три деца и златен ретривер.

But it wasn`t meant to be.
Бев втора смена у школо и пред да тргнам сакав да се слушнам со љубовта на мојот живот.
Свртев кај него дома, го побарав и се шокирав. Татко му ми рече дека Влатко седи со девојка му.
Хммм....што ли би можело да значи ова?! Није ваљда могуче дека ме вара? Не, тоа едноставно не е можно, па сите знаеме дека машките не изневеруваат. Никогаш!
Оваа наизглед нерешлива мистерија ме измачуваше цел ден. Некаде на петти час, додека наставничката по географија дрвеше за бројот на мисирки у Тунгузија, доживеав епифанија. Еурека!
Според Авогадровиот закон и Клапејрон-Менделеевата равенка, едно тело не може да биде на две места истовремено. Така што јас сигурно не бев со Влатко сабајлето, од причина што бев во мојот топол дом. Дали тоа значи дека бил со некоја друга?! Сепак, трошка надеж се`уште тлееше во мене.
Се вратив од школо и му се јавив на другарот што не` запозна. На мое големо изннадување, ми кажа дека Влатко, дечкото од моите соништа, у исто време идел и со Бети од трговачко, Марија од ветерина и Ивана од Карев. Како и да е, немав намера да му се препуштам на очајот и решив да преземам радикални мерки.
Наредниот ден, станав рано, отидов на бувљи пазар, купив некоја стара униформа и војнички чизми од ЈНА, како и два ловечки ножа, а вечерта тркнав до Џон Кенеди и набавив чешка зброевка на црно.
Се вратив дома, ја облеков униформата, ги обув чизмите, го ставив пиштолот на појас, ножевите у чизми, врзав марама на чело као Рамбо, се прекрстив пред иконата на Клара Цеткин и се заколнав дека ќе го посветам мојот живот на истребување на најголемото зло во светот - мажите.


Се заебаам бе, си ги сакам ја мажите, само ми беше малце досадно.
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.837
НЕМА ПОЛ по 10000 пат

Затоа што сакам да знам, проблем? Не сакам да докажам на никој дека сум појак, оф леле детски муабети. Тебе да не те погодија прашањава па сега немаш шо да кажеш? Јас не реков дека нешто сакам да докажам, само поставив неколку прашања ако можеш одговори ги. Сите луѓе се занимаваат со прашања за бог, не само атеистите. Актуелна тема е, и јас ќе се замарам со што сакам.

поздрав и до тебе



Kаква му е формата?

Kaква форма има духот?

свето тројство е?


Колку души се тоа?

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

http://forum.kajgana.com/threads/Дали-вашиот-бог-има-пол.61710/
 
M

Moon Child

Гостин

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Значи тај е официјалнот оглас шо оде. У суштина така е.
Газдите ми терат колеги. Некој шо ќе работе со мене и другите.

Некој шо знае англиски.
Шо кисне по цел ден на социјални мрежи и има барем 5 профила.
За се шо има прашања го питува на Google.
И права разлика мегу Браусер и Пребарувач.

Ако има акоунт тука, тва му е предност. Е така. :)
:pos::pos:
од http://forum.kajgana.com/threads/Се-бараат-seo-Консултанти.63569/#post-5304693
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Некоја цура отвори 3-4 БЕЗВЕЗНИ теми со глупави прашања и сите и беа делетирани поради истата причина. Се изнервира и отвори тема со најдолг наслов во историјата на Кајгана и почна да пцуе по сите што и ги делетирале темите. Одненадеш се појави ...тој....

Acid

„Да тибам козата глупа, еве ти перманентен бан што ме тераш да бришам и банирам пред легнување“.

Лубрикант
Од вчера се смеам! :pos::pos::pos:
 
O

Orion.

Гостин
не знам дали е натприродна , ама многу чудна, сигурна сум дека имав пари во кесето и кога отидоф на манастир да си запалам сфејча кесето ми беше празно а цело време в раце го држев од ко го кладов парите в натре....
:):)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
До: Перо од клас.
Глуп си, Перо.. Не си натпросечно интелегентен ко шо мислиш. Странските зборови што ги користиш за да звучиш попаметно Не си ја вршат целта кај тебе. Звучиш како дебил. Толку ме фрустрираш што стигнав пост да ти посветам у ДК.
Професорите не си викаат "Види го детево колку е паметно!" коа ги праиш тие ретардираните гестикулации дур објаснуваш. Веруј.
Ни фризурата не ти стои. Изгледаш како петел.
Едвај чекам да се најдам у некоја жустра дебата со тебе и да те заќутам зашо неможам органски да те поднесам.
И остатокот од класот неможе.
И не ми глуми џентлмен и не ми отварај врати, и не се нуди да бришеш табла место мене. It doesn't fucking work.
Ни професорките нејќат коа им се смешкаш и ги надополнуваш, зашо ги боли кур шо имаш да кажеш. Фини се со тебе зашо имаат грам култура и зашо секоја соработка од другата страна на катедрата им ја олеснува работата, не пошо мислат дека си шармантен.
Од друга страна, ти си толку културен што мислиш дека можеш да си дозволиш да се понашаш као Кање Вест и да им влегуваш во збор стално коа имаш некој "интересен" факт за споделување. А фактите никад не ти се интересни него се апсолутно непотребни и ирелевантни.
Што патем си ги прочитал од лекцијата што не сме ја зеле сеуште, зашо немаш социјален живот и девојка ти е грда.
И мислиш дека си паметен..
Breaking news you faggot, не си. Не си интелектуалец. Не си понапреден. Не си харизматичен и немаш лидерски способности.
Идиот си.
Имаш и два кратера на вратот, редно време е да ги отстраниш.
Жутото сако од ВОЛНА шо го носиш? Е.. Ужасно е. Не е ни жуто, има боја на застоен расипан сенф. Грдо е многу. И не ти стои со ниедна кошула, зашо и кошулите ти се грди.
Не го носи више. И кошулите не ги носи.
Уствари, сам не доаѓај, уопште, остани дома и учи и надградувај се, заврши вонредно со школо за да неморам да те гледам секој ден.
И не ја соблакај маицата на физичко, не си граден као Бред Пит у Фајт Клаб. Одвратен си. Get over it.
И не, не си Барак Обама, и ја не сум твојата Мишел само зашо беше претседател, а јас заменик.
Тоа не ти дава за право да ме Допираш, било кога. Ни коа се разминуваме, ни коа треба да се поттргнам.
Се ежам зашо гаден си, и нејќам ни најмала интимност со тебе. Ама никаква.
И тажно е шо три години проаѓаш по пет часа со мене у денот у иста просторија, и три години индиректно, директно, метафорички и буквално пробувам да ти дадам до знаење дека си ми вкрај антипатичен, и ти сеуште не се откажуваш.
Едвај чекам крај на година, само заради тебе. За да не те гледам веќе.
Воедно испраќам порака до сите wannabe интелектуалци, бескичмењаци и комплетни антипатици како Перо..
Everybody hates you.

Ете така ^^
Идам сеа да се испеглам, да си најдам облека и на роѓенден да пијам :)
Peace <3
Нејзините постови у Ди Кеј така ми го прават денот, шо ... Абе, нема шо, кој цар е само:cuc::pos:
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.953
Поени од реакции
9.582

Kajgana Shop

На врв Bottom