- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
"...Георгиев објасни дека Македонија склучи договори за слободна трговија со сите европски држави, како и со Турција и Украина -- пазар од 600 милиони луѓе.
„Да се ограничиме себеси на пазар од 8 милиони луѓе е неспоредливо со европските пазари, особено поради тоа што Албанија, Црна Гора и Косово се покриени од вторите“, рече Георгиев.
Предлозите доаѓаат во време на зголемена чувствителност, кога еден британски дипломат-ветеран, поранешен амбасадор во Белград, г-дин Ивор Робертс, предложи приспособување на балканските граници со одржување нова Берлинска конференција, реферирајќи на мировната конференција од 1878 година, која го стабилизираше тогашниот европски поредок.
Светскиот македонски конгрес категорично го отфрли новиот сојуз во стилот на Бенелукс, во кој Македонците, Црногорците и Србите би биле малцинство од 2,5 милиони, наспроти 5,5 милиони Албанци.
„Унија во која доминира една етничка група претставува замена за Голема Албанија и ќе ја доживее судбината на поранешна Југославија, која беше замена за Голема Србија“, вели истиот.
Поранешниот дипломат Oгнен Малески вели дека е изненаден од леснотијата со која беше лансирана и поддржана идејата за Бенелукс. „[Секоја] ваква иницијатива, вклучително и претходниците на ЕУ, Заедницата за јаглен и челик и Европскиот заеднички пазар ... беа формирани пред сé на геополитичка, а не економска, база.“
Малески објаснува дека народите и државите во Бенелукс манифестираат силен степен на солидарност и блиска соработка. „Но, на Балканот, сеќавањата на болното минато и напластената недоверба генерирана од постојните проблеми, директно влијаат врз можностите за изнаоѓање порационални решенија.“
Слободанка Јовановскa рече дека Брисел се подготвува да создаде ново предворје на ЕУ, наместо да им даде на регионалните држави полноправно членство според заслугите.
„Колку и да се сака идејата за [Балкански Бенелукс] да се претстави како бриселска, политичката логика покажува дека таа е домашна, т.е. регионална“, вели Јовановска.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/blogreview/2012/07/21/blog-03
.