Пост на кој сте се изнасмеале

T

Tetro

Гостин
IOsono ќе го префрлеше мислењево таму ама оние што го измислиле XenForo имаат интелегенција колку типот што му удираше ќотек на џуџето, a IOsono нема 10 минути за таа работа
Да не пукнеш, ме изнасмеа. :pos:

Ја немам гледано серијата. Скоро бев на гости кај еден пријател кој ја гледа константно и ја закачив баш таа сцена со џуџето и стражарот кога сакаше да го фрли од високото. :icon_lol:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
Од членот Black Jesus во темата за Lady Gaga! Два поста:
:pos:
1.
Гага е најдоброто нешто што можеше да и се случи на денешната музичка сцена. Точно, Гага не е кралица на поп музиката, таа титула и останува на феноменалната Мадона и тешко дека некој некогаш ќе успее да и ја земе, но не одрекувам дека Гага е божица на музиката! Таа не припаѓа на жанрот наречен „поп“, туку нејзината музика ја има однесено на едно сосема поинакво ниво, со свој сопствен препознатлив стил и сопствен „гага“ жанр.
Знам дека повеќето мислат дека Гага не чини, дека добри музичари се оние „старите“ (не велам дека не се, но биле во нивно време и, почитувајте ги, но гледајте што ви се случува и пред носот!), но, факт е дека меѓу сите други денешни т.н. музичари, Гага is the real deal!

2.
Во ред, не ми е проблем да ти ја објаснам филозофијата на видеата. Ќе ти ги објаснам токму тие што ги наброја, а доколку се сетиш на други на кои би сакал да знаеш што кријат зад себе, слободно прашај, ќе ти одговорам.

Јust Dance - Ги гледаме полузаспаните пијани гости на забавата кои се групирани во помали групи на различни места од к
Гага пристигнува на забава која изгледа како да е завршена. Забавата ја претставува состојбата на музиката пред појавувањето на Гага, односно, музиката е заспана и ние се „давиме“ во едноличноста и меланхолијата што владеат на музичката сцена, музика која се прави по шаблони.уќата, тие ги претставуваат музичките жанрови. Кога музиката на Гага почнува да пее тие се будат. Факт е дека по појавата на Гага, ѕвездите, млади и стари, почнаа да се обидуваат да го копираат нејзиниот стил, да експериментираат со костими и слично. Делот кога Гага гази по луѓето пред да влезе во куќата ја претставува Славата (The Fame, што воедно е и името на албумот), која гази преку луѓето и ги контролира. Во контраст на ова оди Гага, која си останува верна на себе, како девојка што знае што прави и прави како што сака, и забавата ја прави токму во обична куќа, а не во клуб или дискотека. Исто така, диско-градникот на пејачката и елементите на диско-топка претставуваат решеноста и одлученоста на Гага да дојде и остане во центарот на вниманието, додека луѓето полека се будат и почнуваат да танцуваат. Тоа го претставува будењето што го направи појавата на Гага на музичката сцена. Всушност, Just Dance е видео кое ја најавува преродбата на музиката по доаѓањето на Гага.

Poker Face - Претставува типична луксузна забава на богаташи, а темата на The Fame повторно јасно е забележлива. Гага излегува од базен со маска на лицето, која потоа ја отфрла. Тоа го симболизира лицемерството на луѓето и маските кои ги носат сите (и богати и помалку богати) зад кои се крие разузданост, перверзија и потиснати желби во помали или поголеми количини. Отфрлувањето на маската на Гага кажува дека таа нема да носи маска, туку дека ќе биде вулгарна, безобразна и без „влакна на јазикот“. Таа можеби се маскира и се облечува „како циркузант“ (некој погоре имаше напишано така), но е поотворена и поискрена од сите други кои се „пристојни“ ѕвезди. Poker Face е видео за лицемерството на луѓето, скриените желби и подготвување за разоткривање на желбите кои и сами не сме знаеле дека ги имаме.

Bad Romance - Видеото започнува со Гага како седи на тронот. Тоа покажува дека таа веќе е искачена на врвот и дека владее со светската музичка сцена. Славата (The Fame) е нејзина. Меѓутоа, наеднаш музиката што пее се прекинува и се од гламурозно станува мрачно. Тоа го означува преминувањето на мрачната страна и чудовишните работи кои доаѓаат со славата (вториот албум т.е. extended play на Лејди Гага се вика The Fame Monster). Гага е киднапирана од танчерки и е однесена во бања каде што ја држат како заложник и насила ја тераат да пие водка. Потоа ја гледаме Гага како игра за група мажи, од кои едниот ја купува затоа што дава најмногу пари. Тоа симболизира уште една лоша страна на славата - штом некој ќе почне да се стреми кон врвот веднаш почнуваат да се обдиуваат да го контролираат, се даваат пари за тој некој и се се врти околу него, не давајќи слобода на изразување на артистот кој стигнал на врвот токму поради тоа. Гага потоа оди кај мажот кој ја чека на креветот, по што го убива со запалување. Тоа ја претставува независноста на Гага, која со тоа кажува дека нема да прави како што ќе и кажат, туку како што таа чувствува дека треба да прави и дека е правилно. Можеби изгледа како лесна музика (продадената проститутка), но работите не се секогаш такви какви што изгледаат.

Alejandro - Гага во видеото игра повеќе улоги. Во почетокот можеме да ја видиме како предводи посмртна поворка со војници кои носат мртовечки ковчег, а таа на перниче носи крваво срце со буквата „А“ на него направена од метал. Потоа ја гледаме Гага како се сепнува и ја става раката преку устата. Преку таа сцена сака да каже колку луѓето се исплашени, шокирани, изненадени од напуштање на предрасудите и закопување на истите. Сцената кога таа седи на метален трон со чудна метална круна, момците кои танцуваат под неа со филмско платно во позадината ја симболизира Втората светска војна. Лејди Гага е Хитлер, а момците се евреите. Овде се прави поврзаност со решеноста на Хитлер да ги истребе евреите и неговата залудна војна за која денеска сите знаат дека била бесцелна и ненормална, и решеноста на денешната црква да ги истребе хомосексуалците. Сцените на војна кои се покажуваат на филмското платно само ја засилуваат поврзаноста на војната на Хитлер со војната која ја води црквата во денешно време против хомосексуалците. Потоа ја гледаме Гага на кревет со маж кој носи црни штикли. Тие имитираат анален секс, во кој Гага ја има доминантната улога, што е уште еден симбол за доминантноста која црквата сака да ја има општо врз луѓето. Ја гледаме Гага облечена во долга, жолта наметка со црвени крстови на ракавите. Тоа ја претставува црквата. Калуѓерката што ја голта бројницата има две можни значења: ја претставува широката народна маса која ја голта догмата на црквата дека хомосексуалноста е грешна, или очајот на луѓето за спасение и примањето на светото во нив. Како што завршува видеото, гледаме сцени во кои Гага обечена како црквата дава отпор на хомосексуалците кои ја опкружуваат, се спротиставува и се бори со нив. Меѓутоа, по некое време почнува полека да се предава, се додека не се соблече гола и не им се придружи. Тоа кажува дека црквата, кога-тогаш, ќе мора да се соочи со хомосексуалноста и да го смени својот пристап кон неа, затоа што таа отсекогаш била присутна, е присутна и ќе биде присутна, што и да се обидува таа да стори против неа. Крајот со мирната калуѓерка го означува спокојот што ќе следи по прифаќањето на хомосексуалноста, зголемувањето на толеранцијата меѓу луѓето и намалување на предрасудите т.е. ценење на човекот за тоа што тој е во сржта, а не според сексуалната ориентација, бојата на кожата или религиозната вероисповед.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Неможам да издвојам кои постови ме насмеале ги имало многу, но едно ќе кажам. Кога ќе кликнам на Што има ново, и ќе се појават теми од играчница, и последно мислење од Shutrak... е толку... прееска се смеев ко будала некоја кога му го видов никот само.. типот е деноноќно у играчница И НЕ СЕ ЗАМАРА едноставно :pos::pos::pos::pos: легенда е нема што :pos:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.493
Поени од реакции
8.005
Ami ako i se otkriele dvete cicki, ce padnela vo septicka jama... :pos:

Lol, so nema po svetov...
Па како да одговорам на ваков пост:

Eeeeeeeee ja pretera brat i ti, site zeni gi pokazvat nozete, gradite bla bla bla ene i Ceca seta polugola ama ednas na i se trgna fustanot i i se otkri gradata pa zamina vo druga drzava da se leci od depresija nemoj i ti taka, zborame za celosno razgoluvanje intimni delovi se...
Да и кажам? Да девојче, голотијата е најголема брука на свет. Посебно ако си пејачка која посебно внимание обрнува на своите цицки.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206


RaZ-R напиша:
Играме премногу топло-ладно,тоа е лошото.​
kaј најдоа да играат сега ладно на ова вруќина
Одговорот на Кекси_Мик на постот на РаЗ-Р
 
L

Lu

Гостин
Норотик во темата „Кој ги изградил пирамидите“

Јас тврдам дека пирамидите ги изградиле некој мајмуни и после тие мајмуни што ги граделе пирамидите еволуирале во човек затоа што после таму ги кравале бидејки биле многу тешки и затоа они во нив имале лавиринт каде што ги граделе и таму биле фараоните и златото со ко што купвале и го чувале таму за после кога ке има песок да можат да се скријат во нив
:pos:
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
54
Фати ја за рака, одвлечкај ја 10m и 19cm од друштвото, застани пред неа и во 4 очи и 3 бубулици, кажи и дека ти се допаѓа директно и искрено, причекај 2.74 секунди и полека со брзина од 45cm во минута почни да се приближуваш накај нејзе. Ако гледаш дека не се трга наназад со просечна брзина од уџум во секунда, слободно бакни ја со нежен бакнеш и без јазик. Потоа прашај ја дали и се допаднало тоа и веројатно она ќе те бакне исто така или ќе рече Да. Е сеа, што ако почне да се трга назад со споменатата брзина или ти рече чисто и отсечно Не. Тогаш едноставно фати ја за рака пак и врати ја во друштвото обидувајки се да не збрефташ како коњ после спринт од нервоза и напетост. Е сеа моментот: -Не рече чисто и отсечно Не, туку се мислеше 3.18 секунди! Ондак знај дека те свиѓа, али пребрзо и дојде целово ова. Во тој случај прекопај низ темава и најди некој поромантичен и поспор начин да и кажеш на некој дека ти се допаѓа, пошто овој не е еден од нив.
 
T

Tetro

Гостин
А ти бе или ма оној/онаа леди Q да не си трансвеститон? Кога не си одлучил што пол ќе бидеш нема потреба да ни солиш ум за друго.
Травестит сум (машко со фустан) и ТИ можеш да ми го пушиш...заебан.
Друг пат не се почитувајте до толку, не чини вака род роџени бре...:D
Еден поздрав од мене. :pos:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom