Последен гледан филм со кратка рецензија

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
V for Vendetta



Според коментарите што ги прочитав на нет филмов или ептен ќе ви се допадне или ќе се разочарате од него. Верувам дека повеќето филмомани го имаат гледано затоа што е прилично стар. SPOILERЦело време очекував типот да ја тргне маската, ај сега, ај после и цел филм остана под маска.SPOILER Лично мене не ме импресионираше нешто посебно можеби затоа што баш и не сум некој љубител на такви филмчиња, сепак носи добри пораки. Најмногу од се ми се допадна реченицата на Ви дека неговото тело не е само месо, прекриено е со идеали, а идеалите се отпорни на куршумите.
Оценка 8/10.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Добро,озбилно ви е тешко да пишете барем СПОЈЛЕРС,пред да откривате многу битни детали од приказната?!
Или мора Џимеј да го препрочитува секој пост,па он да ги тагира СПОЈЛЕРИТЕ?

Мислам,сериозно,рецензијата служи пред се за некој што НЕ ГО ГЛЕДАЛ филмот,да види технички/актерски и overall перформанси,и потоа да одлучи дали да го гледа филмот.
Која е фората ако кажете што ќе се случи на крај во V for Vendetta,или тоа што Д Грејт го пиша крајот на Death Race,па мене лично ми се одмили да го гледам.
Не е целата работа да ја раскажете приказната,не е ова состав за трето одделение,па да го опишете дејството во филмот во кратка содржина.
Пишете за актерите,за глумата,за смислата,за акцијата,за специјалните ефекти,за режисерската глупавост/маестралност,за дали ги достигнал очекувањата и ред други работи,бидејќи ако пишувате рецензија,вие сте рецензенти,и мора да мислите пред се на читателите,а не на само да пишете ваши импресии.

Замислете си ваши рецензии на The Usual Suspects,или не дај боже,на Se7en.
Џимеј,ти навлегов во јурисдикција овде.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Mac)) немаше тука никакви спојлери, не го раскажував јас филмот ниту пак го кажав крајот, туку издвоив еден цитат што ми се допадна и тоа е тоа, не гледам зошто толку паника...
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131

Ако не сте го гледале..The Oxford Murders..а сте љубители на трилери кои ќе ви го сморат мозокот ви го препорачува овој...го гледав синоќа...
Можеби не е најдобро изведен филм и некои ќе ви речат да го избегнете..но сепак ми се допадна идејата за сериски убиец кои остава трагови во вид на математички симболи кои покажуваат во смерот на следното убиство..Главните ликови кои се обидуваа да го разрешат мистериозниот убиец(откако полицијата ќе ја отфрли идеата за сериски убиец), се
Elijah Wood како Martin и John Hurt како Arthur Seldom..Расплетот ми делуваше интересен...ама нема да ви кажам..нормално
За крај ако не ви се допадне филмот можете да бидете сигурни дека ќе ви се допадне локацијата на снимањето..која навистина се одвива во Оксфорд..
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Спојлерите ги означив вчера кога прочитав неколку постови. Ако има потреба ќе ги означувам кога некој друг спомене битен детаљ од филмот.
Ова ќе трае додека направам едно Известување во филм и ќе ја спомнам акцијата против спојлерите. Добро, се надевам некој и ова ќе го чита и ќе си стави со црвени букви SPOILER во делот каде има некој битен дел од филмот што не треба другите да го знаат ако не го гледале.

Ќе редам спојлери на мислењата. Нека не ве чуди ако видите црвени букви во вашиот пост кои не сте ги напишале. Направив на минатата страна, ќе правам и кај секој пост кој што содржи такви информации:helou: Потрудете се и вие драги критичари ако не го видам јас пред време, а некој друг веќе го прочитал и му се расипал впечатокот. Ставајте со црвени букви SPOILER на почетокот и крајот од критичната информација во вашиот пост.

Он топик - последно го гледав American History X. Зошто никој не кажа дека на Сител ќе го даваат сношти?:icon_lol:
Го фатив некаде од пола, трет пат го гледам филмов. Само еден збор може да го опише филмов - МАСТЕРПИС! Незнам дали е реално да кажам, ама Едвард Нортон го прави секој филм посебен. Класа актер кој премногу го почитувам. Филмов изобилува со тешки експлицитни сцени кои ќе ве натераат за момент да го исклучите. Овде се разработува она вечна тема "Дали човекот навистина може да се смени" (мотиви ете спомнати како во Clockwork Orange).

Ако сте љубители на потешки филмови, филмови кои ќе ве натераат за момент да се згрозите од таквите девијантни појави, слободно изгледајте го. Не е филм за опуштање во недела навечер со пуканки и сок пред себе.
Со секое наредно гледање оценката и севкупниот печаток за филмов ми се зголемува.
9/10
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Harry Potter 5

Продолжуваат авантурите на малиот волшебник, но овојпат тој се соочува од една страна со целиот Хогвортс и Министерството за магија бидејќи никој не му верува дека тој се има соочено со Волдеморт (кој го уби Седрик) за време на Тришколсиот Турнир, а од друга страна пак Волдеморт продира во мислите и сништата на Хари се со цел да го донесе до местото каде тие двајца треба да се соочат ...


The Mummy 3

Малиот на О'Конел ја открива гробницата на Кинескиот суров и семоќен владател во Шангај кој со целата своја војска бил проколнат од една маѓосница, кој со помош на едно магично јајце ќе оживее и оттука започнува целата фрка на која се надоврзуваат и родителите на Алекс т.е. Рик и Евелин (глумицата е друга, не е истата од првите два дела и тоа е најголема утка во филмот) ...
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Добро,озбилно ви е тешко да пишете барем СПОЈЛЕРС,пред да откривате многу битни детали од приказната?!
Или мора Џимеј да го препрочитува секој пост,па он да ги тагира СПОЈЛЕРИТЕ?

Мислам,сериозно,рецензијата служи пред се за некој што НЕ ГО ГЛЕДАЛ филмот,да види технички/актерски и overall перформанси,и потоа да одлучи дали да го гледа филмот.
Која е фората ако кажете што ќе се случи на крај во V for Vendetta,или тоа што Д Грејт го пиша крајот на Death Race,па мене лично ми се одмили да го гледам.
Не е целата работа да ја раскажете приказната,не е ова состав за трето одделение,па да го опишете дејството во филмот во кратка содржина.
Пишете за актерите,за глумата,за смислата,за акцијата,за специјалните ефекти,за режисерската глупавост/маестралност,за дали ги достигнал очекувањата и ред други работи,бидејќи ако пишувате рецензија,вие сте рецензенти,и мора да мислите пред се на читателите,а не на само да пишете ваши импресии.

Замислете си ваши рецензии на The Usual Suspects,или не дај боже,на Se7en.
Џимеј,ти навлегов во јурисдикција овде.
Мац, во право си ама донекаде.Рецензијата служи како што кажа за другиот член да добие јасна слика за филмот и да се одлучи дали да го гледа или не.Основно во рецензијата е приказната на филмот т.е. да се раскаже накратко филмот.Е сега како што викаш треба дополнително да се додаде нешто за режијата, специјалните ефекти, за глумата итн.Но тука има и луѓе кои што гледаат еден филм месечно или пак не пратат многу филмови, туку онака само тепаат време, што значи дека не се некои филмски критичари и не можат доволно да ја оценат глумата на актерите или пак маестралноста на режисерот.И се разбира не може никој да им го ограничи пристапот во оваа тема на тие луѓе.Значи основно во секој пост нека биде кратка содржина и глума, другото што го велиш ти ќе го пишуваат повеќе уаптените во филмовите.
Позз и sry на оффтопик.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

по долгооо убедување дека овај филм е смешен... седнав да го гледам...
абе шо... се пукнав од смеење... :tapp::tapp:
ке се манев од колено... толку глуп филм според мене...

тој бил љубовен гуру... и требало еден хокеарски играч да го смири со женската оти неможел да игра и немале да го освојат купот... бла бла
сељачки мајтапи... боо... невер аген:nenene:... :uvo:
dont watch this movie... you WILL die...:pos2:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Мац, во право си ама донекаде.Рецензијата служи како што кажа за другиот член да добие јасна слика за филмот и да се одлучи дали да го гледа или не.Основно во рецензијата е приказната на филмот т.е. да се раскаже накратко филмот.Е сега како што викаш треба дополнително да се додаде нешто за режијата, специјалните ефекти, за глумата итн.Но тука има и луѓе кои што гледаат еден филм месечно или пак не пратат многу филмови, туку онака само тепаат време, што значи дека не се некои филмски критичари и не можат доволно да ја оценат глумата на актерите или пак маестралноста на режисерот.И се разбира не може никој да им го ограничи пристапот во оваа тема на тие луѓе.Значи основно во секој пост нека биде кратка содржина и глума, другото што го велиш ти ќе го пишуваат повеќе уаптените во филмовите.
Позз и sry на оффтопик.
Добро, ама тука грешиш:). Основата на рецензија не е да се раскаже секој филм и да се раскаже крајот. Можеш и ич да не ја спомениш приказната во филмот, туку мотивите. И тоа е рецензија. Содржината на филмот ако некој мисли да ја раскаже, треба да ја раскаже најмногу првите 15-20 минути од филмот! Потоа преминува во спојлерување:).

Но ајде да не одиме повеќе оф топик.
Денес го изгледав Lost Highway.
Bloody Линчовски филм. Ако сака некој да го спушти и да го изгледа, првото нешто што мора да го очекува - филмот е БОЛЕН! Нема да му се допадне секому затоа што има премногу грозни сцени. Замислете само кој го правел саундтракот на филмот - Мерилин Менсон. Дури и се појавува во една сцена од филмов некаде 10-тина секунди.

Lost Highway е ремек дело трилер. Ќе ве спушти в земја на моменти и ќе ве остави зачудени. Ете до каде може да стигне слободата во уметноста.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
119
"The curious case ofBenjamin Button"

Дали бев преморена, дали филмов не успеа да ми задржи внимание целосно, сеуште незнам, ама знам дека 5 пати му задремав! А и мана си имам де, обавезно дремуцкам на филмови навечер!
Нејсе, американска класика со холивудски крај! На моменти, тоа кога не дремев, имав чувство дека гледам некоја извитоперена верзија на Forrest Gump!
Привлечна, добро осмислена , интересна концепција и адаптација на кратката приказна на F. Scot Fitzgerald..лоша реализација, ај вуд сеј! Не ми ги задоволи потребите и очекувањата! Може David Fincher и подобро!
Ја одолговлекува приказнаа во три проклети саати, провлекува љубовна приказна за која, искрено, воопшто не ми беше гајле! Опфаќа долг период, почнувајќи од Прва светска па се до сега, периодот кога беа ураганите во ју ес ов еј!
Стрелките одат во обратен правец, на животниот циклус му дава една поинаква димензија! Се раѓа со смртта над глава завршува со невиноста на новороденче!
Како и да е дава една слика за добивките и загубите кои животот ги носи!

Компјутерските ефекти завршиле одлична ртабота да го остарат Бред Пит а Кејт Бланшет совршено одговара на ликот!
Бавен, тивок филм пак ќе кажам со привлечна замисла ама не толку добра реализација! Ја плете, ја плете ја режисеров ама висат кончиња на кои им треба интервенција со ножички!
Ете така!:smir: А да, и ќе да е номиниран за Оскар..шо знам, треба да проверам!

Фала многу!:salut:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Ете јас конечно го гледав Burn After Reading.


Туку, не ми се допадна.:kesa: Најимпресивно нешто од целиот филм ми беше улогата на Бред Пит. Глуми феноменално и ме пресмеа на моменти, иако не се работи баш за комедија. Некако целата содржина ми беше досадна и промашена. На самиот почеток изгледа како да започнувате да гледате некоја тешка акција или трилер, за да испадне дека е бљак крими-драма, која сака нешто да каже, ама заборава што беше тоа. Можеби имав преголемо очекување затоа што ми беше препорачан и има добра постава на актери, а можеби и навистина филмов е лош! Немам ништо повеќе да кажам ...
Моја скромна оцена - 6/10.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
The Shawshank Redemption


Една од најдобрите драми, воопшто. Не знам дали со право е најдобро оценет на www.imdb.com, но сепак овај е култен филм кој би му го препорачал на секој љубител на драми. Нуди беспрекорна напнатост и просто се воодушевував со секој дијалог, особено нарацијата и мудрите мисли на Freeman. 10/10
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Ги сакам Хахабиеви

Филмов е за еден човек кој ќе ангажира двајца агенти(маж и жена)да го следат бидејќи по некоја случајност тој 3 пати ќе сретни ист човек.
Типов работи во некое здружение за да ги спаси шумите и мочуриштето и баш на ова место се појавува и неговиот соперник.
Мене филмов воопшто не ми се допадна 2/10
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637


SHREK THE THIRD
SPOILER!!!Не ми е баш последен гледан, ама нема поминато ни една недела.
Инаку, таткото на Фиона умира, а Шрек треба да стане кралот на земјата Недојдија, но тој не сака да биде крал, па ќе оди во потрага по единствениот наследник Артур, кој е мета на исмевање во својата земја.
Во исто време, принцот Убавец сака да ја освои Недојдија и со цела чета го прави тоа, а потоа се бори со Шрек и нормално Шрек победува. :tapp:
Приказната не е ништо посебно, колку што се пародичните елементи, на кои на мета на исмевање се претежно личностите од приказните (Кралот Артур, волшебникот Мерлин, Снежана и други).SPOILER!!!

Оцена: 4/10

Едитирано од модератор - Внимавај на спојлери.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
And the Oscar for the Best Picture goes to...



Кога заврши филмот, ме остави некоја минута на размислување, како еден индиско американски филм може да испадне едно вакво необично ремек дело, со преубави инструментали, веројатна убавина од главната глумица Латика, дефинтивино мислам заслужува Оскар иако ми преостанува да ги изгледам уште неколкуте филмови..

9/10 :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom