Се работи за управничка на луксузен хотел која има лет за Мајами откако била на погреб кај баба и во Далас. На аеродромот се запознава со Џексон,кој веднаш и станува привлечен и има хемија меѓу нив двајца.Случајно за време на летот броевите на седиштата им се поклопуваат едно до друго,пф,совршен почеток.
И во моментот кога мислите дека работите ќе станат лигаво љубовно разлижани,секој прашува која му е професијата и која е неговата улога во работата,подобро запознавање бла бла...the plot begins...одеднаш во нејзини раце се животите на едно 4 члено семејство на висок функционер(уф звучам како дебелиот глас на најава на филм

)
McAdams e одлична,вакви улоги и лежат,навистина млада актерка со голем талент. А актерот е доста соживеан со улогата и ми се допадна неговата ладнокрвност,суровост шарм и заводливост што ги покажуваше во исто време.
Ако некој го има гледано хоророт The Hills have eyes I ,II,Врисок...да,режисерот e ист.
Патем и планините неодамна ме извадија од памет.
Интересен факт е тоа што улогите биле наменети првенствено за Шон Пен И Робин В.Пен. Но режисерот одлучил да оди со помлади актери,не толку познати.
Добро филмче зхмм...8/10.