Последен гледан филм со кратка рецензија

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Wild Things

Многу испревртен филм (во позитивна смисла) :) Таман мислиш се разрешило нешто, се случува нешто тотално неочекувано... Нема шанси да претпоставиш што е следно, што мене многу ми се свиѓа, мора цело време да пратиш што се случува :) Глумците се супер, јас барем многу ги сакам (зборам за главните улоги) :).... Очекував да биде малку подругачие, ама не искочи лош воопшто... 9/10
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
The Fountain(2006)

Еден од оние филмови што инсистираат на второ гледање. Има некоја интересна симболика, некоја интересна поврзаност меѓу минатото и сегашноста. Како човек е во вечна потрага по бесмртност и совршенство, а од друга страна дозволува да му се слизнат битни моменти.
Му давам 8/10.

Notting Hill(1999)

Овој е еден од оние романтични исклиширани филмови. Сепак човек треба да ги гледа и ваквите некојси 3 пати годишно, и тоа кога е заљубен. Шала настрана ми се свиѓаа глумците Julia Roberts И Hugh Grant, смешните моменти и нагласувањето на обичниот живот наспроти славата.
Му давам 6/10, а може и 6.5.
 

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Bedtime Story

Марти Бронсон, кој самиот се грижи за својата ќерка Венди и синот Скејтер, решава да го продаде својот модел на снаодливиот Бари Нотингам, кој за возврат му ветува дека кога ќе порасне Скејтер, ќе го постави за менаџер на мотелот. Нотингам успева да го направи неугледниот мотел, одличен хотел. Но, иако пораснат, тој сеуште работи како вратар и главен послужител, сонувајќи дека еден ден ќе стане менаџер. Кога Нотингам го најавува новиот проект за огромен хотел, за менаџер го поставува својот иден зет Кендал. Во тоа време Венди, заминува во друг град на интервју за работа и го замолува братот да се погрижи за нејзините две деца Патрик и Боби заедно со нејзината колешка Џил. Скејтер ги забавува со раскажувањето приказни за доба ноќ. Но една вечер, тие приказни почнуваат да стануваат реални.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Meet Joe Black

Филмов има неверојатно ниска оценка на ИМДБ, преубав филм кој мора да се подгледне, почнувајќи од актерската екипа, глумата, приказната која е доста уникатна и пред се поуката која филмов ја носи... оценка 8,5/10


 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
200px-Gladiator_ver1.jpg

Gladiator


Не знам зошто ми требаа 8 години за да го гледам филмов!
Мислев дека е нешто војни, тепачки, насилие... кога тоа да ти била исконска приказна, топла, безвремена, приказна за и од душата.... Филмот е љубов.
Музиката е преубава...
Расел Кроу... е за по дома.:back:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Next



Многу добар филм. Плус го обожавам Кејџ. 5ка!

+

Mr. Beans's Holiday



Ххахах, штом е со Мистер Бин, не може да е лош филмот :)
 
V

Viktorijabt

Гостин
Прегледај го приврзокот 9480

Gladiator


Не знам зошто ми требаа 8 години за да го гледам филмов!
Мислев дека е нешто војни, тепачки, насилие... кога тоа да ти била исконска приказна, топла, безвремена, приказна за и од душата.... Филмот е љубов.
Музиката е преубава...
Расел Кроу... е за по дома.:back:
И јас го гледав. Рулз дефинитивно. Алал да му е на Расел Оскарот навистина. Филмот е спектакл во секоја смисла на зборот. А must see.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Madagascar: Escape 2 Africa

Тапа... Има сцени што треба да се смешни, ама останува само на тоа треба... Дефинитивно подобар беше првиот дел.... Го упропастиле... Нека не прават трет дел... Ни пингвините веќе не се смешни :(... Не би го препорачала освен ако ептен немате што да правите и само тој филм ви се наоѓа... 3/10
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Не знам зошто ми требаа 8 години за да го гледам филмов!
Мислев дека е нешто војни, тепачки, насилие... кога тоа да ти била исконска приказна, топла, безвремена, приказна за и од душата.... Филмот е љубов.
Музиката е преубава...
Расел Кроу... е за по дома.:back:
И мене ми се случуваше истото, додека еден ден во недостиг на друг филм решив да го гледам. Префасцинирана бев и решив дека ќе ги тргнам од мене сите предрасуди понатаму! Често така ми се случувало, па веќе не е фер да одложувам за џабе!:pos2:
Иначе, вчера го гледав Lucky You.


Ерик Бана глуми во него, треба повеќе муабет?:vozbud:
Шала на страна, во малку поинаква улога Бана одлично се снајде. Поинаква за мене, дека само во некои историски и посериозни филмови сум го гледала. Тука е коцкар и околу коцката се врти цел филм. Покрај него е и убавата Баримор, а и Дувал. Добра релаксирачка драма, која би била поинтересна за гледање доколку се знаат правилата на покерот. Барем мене ми беше криво што немам појма, а сакав да знам за да не чекам крај на некоја игра, па да видам кој победил.:pos2:Солидно дело - 7/10.

А прееска ... прееска се досмеав на Night at the museum!


Постар е филмов, па најверојатно повеќето го имате гледано. Само незнам зошто толку слаба оцена на imdb. Мене баш ми задржа внимание и ме расположи, па најверојатно би го гледала и пак. А и како не би било смешно да го гледате Бен Стилер како ноќен чувар во музеј, во кој се` оживува. :pos2:
Има од мене 8/10. :pipi:
 
Ј

јовица11

Гостин

Some like it hot/Некои тоа го сакаат жешко
Најдобрата комедија ever!!!Ја гледам по 3-4 пат и секој пат ми е поинтересна од претходниот.Мерлинка,Џек Лемон и Тони Кертис како Шугр,"Дафни" и "Џозефин" се маестрални
.Иако филмот е снимен пред практично 40 години,денешниве филмаџии просто можат да им завидат на креативноста и оргиналноста на тогашните сценаристи кои со едноставните но саркастични дијалози,го внесоа овој филм во легендите.
Некои тоа го сакаат жешко го издвојувам како филм со надобри фрази и изреки во историјата на филмската индустрија :
Jerry: Have I got things to tell you!
Joe: What happened?
Jerry: I'm engaged.
Joe: Congratulations. Who's the lucky girl?
Jerry: I am!


Jerry: Oh, you don't understand, Osgood! Ehhhh... I'm a man.
Osgood: Well, nobody's perfect.


Joe: But, you're *not* a girl! You're a *guy*, and, why would a guy wanna marry a guy?
Jerry: Security! :pos2:

Osgood: I am Osgood Fielding the third.
Daphne: I'm Cinderella the second. :tv:

10/10
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Сега на Канал 5 штотуку заврши еден доста солиден филм.Недостижни, е името на филмот.Накратко еве за што станува збор.
SPOILER!!!Били е поранешен агент, кој се повлекол мирно да живее.Постојано се допишува со едно мало девојче од Полска која се вика Ирена и која финансиски ја помага низ програмата на посвоители.Мегутоа писмата од девојчето прекинуваат, а причиа за тоа е напуштање на интернатот од страна на девојчето со уште некои други нејзини другарки, секако не по нивна воља.Со посредство на директорката на интернатот девојчињата се деваат на една особа кој понатаму ги препродава девојчињата, односно трговија со луѓе.Загрижен поради тоа што веке не добива писма Били заминува во Полска , да го пронајде девојчето.Заедно со една детективка од Варшавската полиција ке се обидат да го пронајдат девојчето.Всушност во целата оваа трговија со луѓе е замешана и Турција, односно нивниот дипломат таму.На еден амбасадорски бал, организиран од амбасадата на Турција ке се случи и пресвртот на филмот.Девојчето преку храната сервирана во еден послужавник ке направи една шифра која ја знае само Били.Секако тој ке ја дешифрира и само ке го потврди мислењето дека е на вистинско место и во вистинско време.Ке се сретне со типот кој е главен на целата таа организација за трговија со луге и ке одлучат да се пресметаат преку мечување....на крај сепак победува Били, членовите на организацијата се испоубиени, а Били го зима девојчето и го носи кај него, дома во Америка.SPOILER!!!

Моја оценка 10/8

Едит од модератор: означувај спојлери.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Сега на Канал 5 штотуку заврши еден доста солиден филм.Недостижни, е името на филмот.Накратко еве за што станува збор.
Били е поранешен агент, кој се повлекол мирно да живее.Постојано се допишува со едно мало девојче од Полска која се вика Ирена и која финансиски ја помага низ програмата на посвоители.Мегутоа писмата од девојчето прекинуваат, а причиа за тоа е напуштање на интернатот од страна на девојчето со уште некои други нејзини другарки, секако не по нивна воља.Со посредство на директорката на интернатот девојчињата се деваат на една особа кој понатаму ги препродава девојчињата, односно трговија со луѓе.Загрижен поради тоа што веке не добива писма Били заминува во Полска , да го пронајде девојчето.Заедно со една детективка од Варшавската полиција ке се обидат да го пронајдат девојчето.Всушност во целата оваа трговија со луѓе е замешана и Турција, односно нивниот дипломат таму.На еден амбасадорски бал, организиран од амбасадата на Турција ке се случи и пресвртот на филмот.Девојчето преку храната сервирана во еден послужавник ке направи една шифра која ја знае само Били.Секако тој ке ја дешифрира и само ке го потврди мислењето дека е на вистинско место и во вистинско време.Ке се сретне со типот кој е главен на целата таа организација за трговија со луге и ке одлучат да се пресметаат преку мечување....на крај сепак победува Били, членовите на организацијата се испоубиени, а Били го зима девојчето и го носи кај него, дома во Америка.

Моја оценка 10/8
Не сакам да ме сватиш погрешно, ама ова е баш како не треба да се напише рецензија.

Не е рецензија да ја напишеш содржината на филмот и да откриеш што ќе се случува. Така оние што ќе прочитаат губат интерес да го гледаат филмот пошто се е кажано. А ако се работи за филм што долго го очекувале ваков пост ќе ги исфрустрира до максимум.

Се пишува главната линија на филмот, колку да ги заинтересира оние што ќе прочитаат, се прави споредба со други слични филмови итн... Ако веќе откривате премногу, со големи црвени букви напишете SPOILERS, за да знаат оние што не го гледале филмот да го прескокнат тој дел. Дискутуравме за ова пред некој ден.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637


JENIFER (MASTERS OF HORROR)
Ова не е класичен филм, туку епизода од серијалот Мајстори на хоророт. (денеска ја даваа на Сител некаде по полноќ)
Во секој случај, полошо уживање пред спиење немало.

Оцена: 4/10
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Next



Многу добар филм. Плус го обожавам Кејџ. 5ка!
Се надевам оценката ти е 5/10,а не 5/5.

Бидејќи,вкусови настрана,ова е еден промашен филм со неверојатно глуп концепт,необјаснети работи (како тоа баш Џесика Биел прави Кејџ да гледа подалеку во иднината,зашто баш она?) и дефинитивно едно од најлошите остварувања на Кејџ.

И Росонер_Стефан,пред само една страна на темава имаш пишано за тоа како НЕ ТРЕБА да изгледа рецензија.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
39
Поени од реакции
0
Sinoka go gledav Lower Learning (2008) i posle gledanjeto na ovoj film dojdov na ideja da otvorime i tema so naslov FILMOVI KOI NE TREBA DA GI GLEDAME.Celata storija se slucuva vo edno uciliste koe treba da bide zatvoreno bidejki direktorot saka da skrie malverzacija teska nad 1.000.000 $,ima malce i romantika ama nema toa sto treba da go ima,nema ni najmalce humor vo najglupaviot film za 2008 godina.Ne gi zalam megabajtite tuku izgubenoto vreme za download i gledanje pa zatoa go ocenuvam filmot so -10/10.Moj sovet,ne si gi gubete vremeto barem vie...:helou:
kako ne go procitav ova pred da go gleam.Pa uste ne go ni simnav nego otidov da go kupam si vikam cim e so glumecot od Amerikanska pita nema promasaj.A i plus Eva Longorija(parker) si vika topovi.Lele kakvo razocaruvanje od film.Filmov poditno da se ukine ve molam da ne go gledate.Se seoglasuvam so tvojata ocenka vo celost

Poso sum na raspust sea si gleam filmcinja sekoj den onaka po 2-3 zatoa sto nema sto da se prai na ladnovo.Aj da dadam nekoj predlozi:
21

Interesna akcija-triler mi se svigjase filmov so dobra prikazna ama krajot malce mi bese ocekuvan ne me iznenadi nesto posebno.Prikaznata e deka glavniot lik e mnogu dobar matematicar i ke mu trebaat pari da se zapise na mnogu dobro uciliste.i kako pobrzo da stigne do parite ako ne vo vegas.Tuka e veke interesno_Ocenka 7.5/10

Super size me

Moze mu e mestoto vo dokumentarci megutoa ke go stavam tuka ako saka moderatorot neka go prefrli.Znaci definitivno site sto sakaat da gi vidat efektite od nasiot ljuben i najredovno posetuvan McDonald.Tipot se stava na "dieta" so toa sto sekoj obrok vo rok od 30 dena mu e od McDonald.Znaci tie 30 dena ne stava vo stomak nisto sto ne e od McDonald.Rezultatite????Proverete sami:) Ocena 8/10

Forgetting Sarah Marshall

Edna dobra komedija.Reziserite se isti od 40 godisna devica taka da moze da ocekuvate slicen humor.Mene mi bese interesen onaka komedija za da si potrosis 1 i 30 minuti i ne mi bese krivo.Prikaznata na kratko e deka glavlniot lik go otkacuva zenskata i sega on probuva da ja zaboravi so toa sto ke otide na Hawaii.Megutoa tamu ke bide i ona:)Zaboravanjeto ke bide potesko od sto si misli i ima mnogu interesni desavki.Ocenka 7/10

Snatch

Koj ne go gledal filmov odma da go simne.Znaci ne mi e jasno kako go nemav gledano a baagi postar film.Znaci definitivno eden od najdobrite filmovi sto gi gledav vo 2008.Pred nekoj vreme bese na a1.Nema potreba da vi ja kazuvam prikaznata zemeto go gledajte go nema da zazalite.plus za zenskite go ima bret pitt malce rasoblecen ako me razbirate:):) Ocenka 9.5/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom