The Curious Case of Benjamin Button
Дали од преголеми очекувања од екипата(сепак,режисерот и главниот глумец на Fight Club повторно заедно на проект),или пак од очекувања кон приказната (психолошки моменти),овој филм претставуваше едно големо разочарување за мене.
Проблемот е,се користи со маркетинг на човек кој реверзно старее,а освен естетски,ние тоа никако не го гледаме.
Ако ги одземеме шминките на Пит низ секоја нова сцена,ова е само една подпросечна љубовна приказна,во која нема хемија ниту меѓу главните актери.
Зашто некој би правел филм за човек кој обратно старее (физички),ако само има намера да раскаже животна/љубовна приказна?
Во филмот има дури 3 референци (да,да,ги броев!) на чудниот случај со Бенџамин,и од 2 саати и 43 минути колку што е долг филмот,само 7 и пол минути се посветени на чудното "стареење" на Бенџамин.
Плус,навистина е предолго,и преспоро се движи филмот.
Не дава никаков мотив кон акциите на карактерите во филмот,никаква длабина освен стокерското набљудување на животот на еден човек,кој всушност е роден како грдо бебе со артритис.
Сега знам зашто инсистирале на Пит за овој филм,единственото нешто што би водело некој понатаму во овој филм е желбата за тоа како ќе изгледа Пит во следната сцена.
Ироничното е,што иако е предолг филмот,сепак е преполн со безвезни скретања кои би дале некаква рефлекција на човечката психа,како стар човек што во секоја 10та сцена кажува дека е удрен од молња.
Вау,како да не знаеме дека старите луѓе повторуваат едно те исто.
Посебен шмек дава крајот,не се секирајте,не е спојлер.
Some people are meant to make buttons,some people are made to be a mother,some people are made to dance.
Не можеле реченица која ќе тврди поочигледно да најдат,навистина е трагично ова.
Но,битно ќе ве насмее на степенот до кој овој филм смета дека сте ретардирани,па не го знаете горното.
Оценка 2/10.
Mac)) се надевам нема да замериш што те цитирам, сакам само да се надоврзам на некои работи, за да не ги објаснувам детално, бидејќи веќе си ги спомнал. Со повеќето се согласувам, со некои не.
Ако крајот делото го краси... (а под крај мислам на последниот 1 час), тогаш можам да му дадам преодна оцена. Затоа што како се движеше дотогаш, мислев дека ќе биде тотална пропаст.
Прво, како што кажа Mac)), филмот навистина се движи преспоро. Ужасно споро. Првите 45 минути се одигруваат во старечки дом, во кој и времето стои. Знаејќи ја линијата на филмот од предходно, дека се работи за човек кој старее обратно, и да го прескокнев тој дел ништо не ќе пропуштев, а филмот ќе ми траеше 2 сати колку што и требаше да трае.
Понатаму има и други пропусти: преполн е со споредни работи од кои нема никаква потреба, а кои го прават само подолг и досаден. Еден од најубавите луѓе на денешницата го поминува поголемиот дел од филмот како старец, додека само на кратко е млад. Бидејќи не смислиле ништо интересно за времето кога бил стар, многу подобро ќе беше овој дел да биде краток и да се фокусираат на останатото. Тука не се сложувам со Mac)), оваа идеја воопшто не требаше да биде преточена во психолошки филм туку во љубовна приказна со неизбежно тажен крај. Единствено во младите денови на Бенџамин приказната светна малку, доби на емоции, на сјај, заличе на филм.
И не видовме како Бенџамин се бори со својата “старост“, со неприфаќањето на другите луѓе, на сопствените родители... што е сигурно и премногу тешко. Наместо тоа, Бенџамин вели: “па нема ништо лошо да си стар“. Нема, ама боље бити пијан...
Целата основа на филмот е погрешно поставена според мене.
Прво, нараторскиот карактер: преку цел филм го слушаме гласот на Бред Пит кој ни ја раскажува приказната преку дневникот. Ова неодоливо потсетува на
Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles (1994), филм кој е исто така замислен, и исто така Бред Пит ни ја раскажува својата животна приказна. Но во тој филм таа животна приказна е прекрасна, а после секое читање на текст се случува нешто ново и возбудливо. Но овде ќе повторам, времето стои, приказната на Бенџамин е необична, но воопшто не е возбудлива. Некој го спореди со
Forrest Gump (1994), што е многу погрешно. Тоа е филм со необична возбудлива и смешна животна приказна во која сите безусловно го засакуваат главниот јунак.
Второ, мислам дека ќе беше подобро оваа приказна да ја сместат во денешно време, да биде подинамична, да се фокусираат повеќе на причините за стареењето/подмладувањето на Бенџамин, и да го скратат филмот на 2 часа максимум.
И од пропустите, два се потешки: прво, малиот рибарски брод кој ја прегази подморницата (!!!), и второ, приказната за сообраќајката и сите мали случајности притоа, кои Бенџамин ги знае, а нема начин да ги знае.
Добро, мани може да се најдат во секој филм. Малку за добрите работи:
Има убава кореографија. Има убави сцени како оние со изгрејсонцето, или навраќањето на изградбата на часовникот. Има добра актерска екипа, иако можностите на Julia Ormond се фрлени на читање дневник. Има емоции на крајот, што е битно за секој филм кој претендира луѓето да го засакаат. Иако можеле да најдат подобри завршни реченици, за да покажат дека секој човек е посебен, верувам тоа им беше намерата. Убав е крајот, се на се, емотивен е, го вади филмот од калта во која го пикнаа на почетокот. Затоа му давам преодни
7/10.
Инаку правен е типично оскаровски со намера да влезе во трката за најдобар филм. Вакви филмови знаат и да победат или да дојдат близу, што нема да ме изненади. Но сепак,
The Dark Knight (2008) е сеуште објективен фаворит во трката.