филмов е во слична верзија на Resident Evil:Apocalypse барем така ми се виде :wink:дејствието е во Британија, поточно Шкотска, настанува карантин на пола Британија заради епидемија на вирус...главната хероина е Rhona Mitra FBI агент која има задача со екипата да го најде научникот кој го има откриено лекот на вирусот,
лекот е во крвта на неговата ќерка, но таа е заробена од едно племе-дивјаци, водачот е нејзиниот брат...
има добра акција и приказна, но крајот е интересен :wink:
Конечно по толку наканување, се решив да го гледам City of Angels.
Филмот е со Николас Кејџ и Мег Рајан и се работи за љубовта меѓу ангелот на смртта Сет (Кејџ) и докторката Меги (Рајан). Приказната е прекрасна, убава приказна, има многу убави реплики и има некои добри сцени, но сепак нешто во тој филм ми фали. Сметам дека нема некоја хемија меѓу Мег Рајан и Николас Кејџ и некако не ја доловуваат преубаво целата таа приказна и можеби тој дел да беше подобар ќе бев импресионирана со целосната слика. Вака некако не беше тоа тоа. А и да, по овој филм една од моите омилени песни Iris од The Goo Goo Dolls, ми стана уште поомилена, стиховите на песната ми изгледаат уште посовршени од претходно ако е тоа возможно. Дефинитвно песната е полн погодок за филмот.
Denes najdov slobodno vreme i izgledav eden moze da se kaze interesen film,se raboti za filmot Max Payne.Mlace preterale scenaristite vo nekoi sceni ama denes se baraat filmovi so mnogu pukanje i akcija.Prikaznata na filmot e slednata: Policaecot Max Payne aka Mark Wahlberg gi bara ubijcite na svojata zena i dete,se slucuvaat nekolku ubistva koi toj ne moze da gi dokaze i zapletot pocnuva a za da go doznaete raspletot zemajte go dalecinskoto vo race,edna koficka pukanki ili semki i pritisnete na PLAY, Mark Wahlberg nema da ve razochara!
Една од најдобрите тин комедии што сум ги гледал во последно време... дури можам да ја споредам со American Pie. Се зборува за еден дечко што ќе тргне на пат да има секс со една женска шо ја запознал на интернет, но најбитни се работите што се случуваат у меѓувреме.
10/10 давам затоа што ме насмеа многу пати почнувајќи од првите минути.
Го читав, го читав по темава, го испофалија... Па викам ај да го гледам И стварно, имало зашто го фалат Многу добар филм... И сега дознав дека е вистинска приказна... Го препорачувам на сите, дефинитивно!
10/10
Една извонредна крими-драма,инспирирана од вистински настан од дваесетите години на минатиот век,за перипетиите на една млада жена чиј син е киднапиран,а која покрај страдањата поради тоа,се соочува и со груби направди и притисоци нанесени од страна на корумпираната полиција во ЛА.Приказна за една храбра и чесна жена,за нејзината истрајност да ја дознае вистината по секоја цена.Одлична ролја на Анџелина Џоли,а и уште едно извонредно режисерско остварување на Клинт Иствуд
RocknRolla. Добар филм со возбудливи моменти ама сум разочаран од Гај Ричи. Некако истите трикови му се повторуваат ви Снеч, Лок сток и Рокенрола. Се повеќе мислам дека талентот му се состои од една идеја и таа ја молзи цело време Добар избор на Тенди Њутон мммммммм.
7/10
[Rec] Заради тоа што премногу ми се допадна филмов, немам намера да ја гледам Америчката верзија Quarantine затоа што осеќам само ќе се изнервирам. На почеток ми беше смешно со шпанскиот јазик, ваљда заради навиката да гледам 99% англиски филмови. Екстремно језив филм, мора да го гледа секој љубител на хорори. Кратко трае(80 мин) кои 70 се преполни со акција и крв.
8/10
Zack and Miri Make a Porno
Кевин Смит и Сет Роџен значи нема утка. И Jason Mewes владее.
8/10
Одамна немам пишано тука, бидејќи се фрлив на повторно гледање на Friends, па малку ги забаталив играните филмови. Но вчера и завчера решив да одморам од нив и да изгледам нешто друго. The Lake House
Добра научно фантастична драма, која одамна сакав да ја гледам. Толкавото исчекување најверојатно влијаеше да очекувам нешто ептен добро, па да испадне малку да се разочарам. Но не би да давам некоја лоша оцена, дека го гледав со пола памет и верувам дека испуштив неколку работи кои ми фалеа. Крајот го украси малку нејасното дело, иако и тој ме збуна. Морам пак да го гледам филмов, морам. Значи збунувачка драма бидејќи не е реална, која задржува внимание и бара мислење, за да се склопат коцките на некој начин. Актерите даваат две оцени плус (дека ми се едни од најомилените), а уште една оцена за куќата на езеро. Не вреди за две оцени дека многу малку ја покажуваат, а е прекрасна! Сето тоа заедно, дава една 6-ка, со можност да се поправи со наредно посконцентрирано гледање.
Сите го фалат филмов, па ми е непријатно да кажам дека мене не ми се допадна. Во еден толку долг филм, мислам дека се прикажани повеќе некои небитни работи, а помалку некои клучни. Анџелина глуми добро, но улогата не ми се свиѓа баш. За еден таков борец, премногу е пасивна и мирна. Можеби и тоа е поентата, ама не ми се вклопува мене тоа. Посебно ме изиритира крајот. Се претпоставува за што се работи, ама не се кажува јасно ништо.
А и глупаво е да гледаш цел филм за да не дознаеш што станало со детето, за кого и е цел тој филм.
Дополнително негативно ми влијаеше и лошата кино снимка, која не би требало да е пресудна. И Милионер од гетото го гледав така, па е каде каде подобар. Незнам ... од мене има 5/10.
Филмов едвај чекав да го гледам затоа што гледав еднаш на тв како го фалат, како него така и Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо. Нешто као повторното нивно заедничко дело било многу поубаво од Титаник, двајцата поискусни, позрели, подобри. И да, подобрени се во глумењето, ама и овој филм не ми се допадна. Депресивна драма која прикажува еден брачен пар и неговите проблеми и недоразбирања. Од страна изгледа совршен, а внатре е трул, како и сите. Реално, ама лошо. Само поради тоа не ми се допадна. Нејќам вакви црни филмови, кои уште поцрно завршуваат. 3/10
И тоа,ви го давам погоре легендарниот постер,во кој Роки и Адриен се држат за рака,иако таа сцена била исечена од финалниот филм.
Гледајќи со одредени предрасуди кон Rocky серијалот,очекував типична underdog приказна,во кој Rocky е звер невиден,и едноставно чека само шанса да блесне.
Филмов,дефинитивно,ги носи работите во друга,многу поинтересна насока.
И иако отприлика знаев што ќе се случи,сепак,нешто ме влечеше да ги гледам сите 117 минути од овој филм,без прескокнување на сцени (што не може да се каже за многу други филмови,кои додека ги гледам,истовремено сурфам на кгн)
Реализиран со буџет од милион долари,и притоа продуцентите ги заложиле своите имоти за да обезбедат додатни $100.000,филмов и во реалноста стои како пример за упорноста и успехот.
Сепак, нереалните работи (
пример, Apollo Creed го бира Rocky на тепка од некој именик на боксери
) го оттргнуваат од надпросечно висока оценка.
7/10,но препорака за гледање и добивање инспирација.
Rocky 2
Според мене,врвот во Роки серијалот.
Филмов има се,приказна,чуства на екранот,пристојна глума за no-name актери и она што ретко кои филмови го даваат,чуство на исполнетост после гледање.
Поопуштени при снимање,со поголем буџет и истата актерска постава,Rocky 2 е едно од ретките продолженија кои го засениле оригиналот (овде генерализирам,мислам општо за сите филмски серијали)
8.5/10 и дефинитивна препорака.
Rocky 3 и Rocky 4
Овие два ги ставив заедно,бидејќи се типичната "го тепаше брат ми - сега ќе го згазам" приказна.
Секако,не буквално,и реализирано,би рекол,со стил.
Филмовите се холивуд продукција,но сепак,не ми пречеше во уживањето при гледање,бидејќи знаев дека сета акција на екранот е вистинска.
Dolph и Stallone навистина боксуваат,со околу 75% од силата,и двајцата се имаат спремано 6 месеци само за овој филм.
Што според мене е неверојатна посветеност.
И двата имаат оценка 6.5/10,и во нив ќе уживаат сите оние на кои не им сметаат клише приказни,само зашто биле видени веќе n број на пати.
Rocky 5
Најлошиот во целата Rocky сага.
Дури и Сталоне му има дадено оценка 0/10.
Приказната е без смисла,целата се движи преспоро,односите татко-син се минимално,површно и грешно обработени,а Адриен не му дава на Роки да се бори.
Ви доаѓа нагон да ја задавите,онака како бабичка која замара цело време,и не дозволува забавата да почне на екранот.
Иако,последната борба е атрактивно реализирана.
Оценка 3/10
Rocky Balboa (Rocky 6)
Завршниот дел,кој има многу референци со првиот,можеби е сентиментално што имаат толку сличности за Сталоне,но сепак,ова е филм за сите,а не само за него.
Мора да му се честита за формата,ретко кој 60 годишник би се нафатил да ја постигнува за 6 месеци,во ова време на специјални ефекти.
Првиот дел доби 7/10,овој е за нијанса пресличен,па затоа 6.5/10 оценка.
И препорака,пред да гледате било кој дел,тркнете до imdb.com,и прочитајте trivia делот за филмот,верувајте ќе ви се зголеми уживањето со тие ситници.
сигурен сум дека многу од вас го имат гледано..
тие што го немате и ако ви се омилени филмовите со катастрофи мора да го погледнете (според мене), сликите сами кажуваат што се случува.. му давам 10-ка :smir:
Малку постар но одличен филм. Се работи за грабеж на банка во Њујорк, суштината на грабежот е многу подлабока од што изгледа. Маскираните и “наоружани“ бандити перфектно го спроведуваат својот план и држат околу 50 заложници во банката, додека надвор Њујоршките детективи се обидуваат да ја решат ситуацијата на што е можно помирен начин. 10/10
Ни сам веќе незнам дали старецот е подобар зад камерата или пред неа. Изрежира и глумеше во неколку прекрасни филмови кои како нешто заедничко имаат потресна, трагична приказна. Приказна која знае да допре до гледачите, ликови кои брзо ќе ги засакате.
Клинт Иствуд е еден осамен старец, отуѓен од фамилијата, човек кој не сака никого на светот. Живее во населба која ја населуваат Азијати и Црнци, самиот тој е преполн со омраза и расни предрасуди но не сака да се отсели. Веднаш до него се доселува фамилија која ќе стане дел од неговиот живот, по што и нивните проблеми, ќе станат негови.
Клинт си е Клинт и мора да го сакате. Филмот, како и серијата предходни филмови, оди по малку спора линија. Работите бавно се движат, но тој што ги изгледал останатите филмови, знаат за што се работи. Сепак, завршницата им е секогаш возбудлива и емотивна, а секој негов филм носи многу поуки. Филмов е доказ, дека не треба многу пари или познати холивудски актери, за да се направи нешто добро. Или така е можеби заради тоа што Клинт Иствуд е доволен за тоа?
Филмов го имам гледано двесте пати и уште толку можам да го гледам. Мислам дека ова е еден од најдобрите филмови на Џим Кери, незаменливиот Џим. Актерската екипа можеби дава една јасна слика дека ова не е некој нискобуџетна порнокомедија. Џенифер Анистон, Морган Фриман и Џим мислам дека се вистинските актери за ваква приказна, фантастично се вклопуваат во целата приказна.
Нема да раскажувам за што се работи, веројатно знаат многумина.Само ќе напоменам дека филмов ни покажува колку треба да се ценат вистинските прилики што ни ги дава Господ, како љубовта на пример и како навистина треба да се живее и да не се потклекнува пред некоја потешкотија.Навистина ретко поучна комедија.
Gran Torino.
Квалитетна и интересна приказна, добра глума од актери кои прв пат ги гледам, варирање емоции од крајност до крајност.
Малце се разочарав на крајот пошто очекував да има некој леш вишок, и да не заврши така во целина, али по што би се разликувал од сите други иначе
10 за овој (последен филм ко што слушнав) на доајенот и мој омилен глумец на сите времиња воедно.
Интересно филмче. Испомешани жанрови комедија, авантура, драма...
И пред се многу поучен филм.
Знаеја дека смртта е пред нив и решија да бидат храбри и да си ги исполнат желбите кои ги посакуваа.
Едниот имаше пари но не и среќа, другиот имаше среќа но не и пари. А и двајцата многу неисполнети желби. Одлична комбинација.
А глумата им е перфектна. Ги почитувам и двајцата многу и филмов е совршен за нив. Им се восхитував додека ги гледав. Како да гледаш реален живот а не филм, мислам дека копмлетно беа внесени во своите улоги.
Има само една јака филмска грешка која ме нервира
При крајот на филмот Џек Николсон ја вади листата со нивните желби и ја кине пред домот на својата ќерка. А потоа на крајот од филмот листот повторно го вади Фримен мислам дека. И листот си е комплетен
Кој не го гледал филмов искрено го препорачувам. Нема да зажали.
Оценка 9/10
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.