Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Broken City (2013)



Се работи за крими трилер кој што се случува во Њу Јорк. Како што можете да видите и од постерот со солидно актерско дуо, не очекував многу од филмот пред да почнам да го гледам а и така испадна дека истиот е ништо посебно.

Марк Волберг е поранешен полицаец (неславно отпуштен) кој сега е приватен детектив. По седум години од првите сцени од филмот кога тој убива младо момче на улица и чие што убиство го покрива тогашниот градоначалник Расел Кроу нивните патишта повторно се спојуваат со тоа што Кроу бара од Марк да му помогне во актуелната кампања за градоначалник на Њу Јорк и да го истражи наводното неверство на неговата жена и да дознае кој е љубовникот. Без да откривам спојлери ке кажам само дека не е се како што изгледа во првите моменти и дека во филмот има многу игри кои се одвиваат во позадина впрочем веројатно како и во секоја политичка кампања.

Филмот е долг околу 1 саат и 50 минути и можеби не е многу добар но е забавен. Овој пат ке се сложам со оцекната од IMDB и од мене ке добие 6/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: dbt
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Out of Time
http://www.imdb.com/title/tt0313443/

Филмот почнува како романтика и во првите петнаесетина минути буквално ништо не се случува. Едноставно немате идеја во која насока ќе се одвива филмот и како од романтичен филм, впечаток кој се добива на почетокот,би преминал во crime/ thriller.
Станува збор за шеф на полицијата, Мет (Denzel Washington) кој е во врска со мажена жена, Ен, која е жртва на семејно насилство од страна на нејзиниот сопруг. На Ен и е дијагнстицирана агресивна форма на рак кој ги нападнал црниот дроб и бубрезите и и остануваат само неколку месеци.
Негледајќи излез од ситуацијата Ен решава да го назначи Мет за наследник на нејзината животна осигурителна полиса од еден милион долари, а она да замине, да го напушти сопругот и да ги проживее мирно преостанатите месеци од нејзиниот живот. Меѓутоа Мет наоѓа зрно надеж за својата сакана во една клиника во Швајцарија. Ја повикува Ен да дојде во полициската станица и и дава пари кои всушност се доказен материја и запленети во една акција со дрога. Решаваат вечерта да се сретнат кај Мет дома и да заминат заедно во Швајцарија, меѓутоа Ен никогаш не се појавува. Мет оди дома да ја побара но не се решава да влезе. Утредента дознава дека во куќата на Ен е избувнат пожат и пронајдени се две тела кои ги идентификуваат како Ен и нејзиниот сопруг Крис.
Предизвикот на Мет е да го разреши убиството пред полицијата и пред тој самиот да стане осомничен. За да биде поинтересно на Мет му ги бараат парите, кои тој ги нема, за да се продолжи со истрагата.
За да дознаете што ќе се случи понатака, дали Ен е навистина мртва, каде се парите и кој стои позади убиството гледајте го филмчево интересно е.
После првите 15 мин откако ќе се ослободите од чувството дека гледате романтичен филм, филмот навистина го задржува вниманието до самиот крај. Има интересна приказна и интересен крај.
На IMDB има отценка 6,5 според мене барем 8.
 
M

Muranyi

Гостин
Gangster squad(2013)



Америка после Втората светска војна.Лос Анџелес,градот на анѓелите,полека но сигурно го превзема безмилосниот гангстер Мики Коен,поранешен боксер,чии амбиции се да создаде своја империја во западниот дел на државата.Корумпираноста на американската полиција и судство му отвораат непречен пат на Коен во бизнисот со оружје,дрога,проституција.Негова главна идеја е да создаде систем на обложување со коњи,со централа во Лос Анџелес и тоа му е полиса во исполнување на неговиот сон.Доколку успее во таа намера,ќе стане премногу моќен и недопирлив.

Соочувајќи се со најголемиот предизвик во својата кариера,шефот на LAPD Бил Паркер,го назначува наредник О'Хара,поранешен специјалец и ветеран од Втората светска војна-сега чесен и трудољубив полицаец,за главен на операцијата за уништување на бизнисот и плановите на Мики.За таа цел,наредник О'Хара составува тим од посебно избрани полицајци,секој со своја специјалност.Тимот е наречен Gangster squad кој преку ноќ станува ноќна мора за поранешниот боксер,сега главен гангстер,кој решава да се пресмета конечно со нив бидејќи претставуваат единствена препрека на патот кон остварување на неговите амбиции.

Филмот е во режија на Рубен Флишер,во главните улоги се Шон Пен(Мики Коен),Џош Бролин(наредник О'Хара),Ник Нолте,Рајан Гослинг и Ема Стоун.

На IMDB има оценка 6.9,сосема реална и заслужена.
 
M

Muranyi

Гостин
A haunted house(20013)







Без да проверам ништо околу филмов,го пуштив да се симнува со мисла дека се работи за хорор,а баш бев располжен синоќа за добро хорорче.Кога,го пуштив,уште кога ја видов таа смешна фаца на Марлон Вајанс,ми стана јасно колку е часот.

Комедијава е во режија на Мајкл Тидс,а во главната улога покрај Марлон е Есенс Еткинс.

Малком решава да ја повика својата девојка да живеат заедно во неговата куќа,иако соочен со критики и совети од пријателите да не го прави тоа.Откако ќе се всели девојка му,чудни и необјасниви работи се случуваат во нивната куќа.

Пародија на Паранормална активност,верувам дека ќе се опуштите и уживате 86 минути,ако за ништо друго,барем поради генијалноста на Марлон.

Моја оценка-6.5.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Oblivion (2013)


Пријатно ме изненади со оглед на тоа што од трејлерот очекував нешто друго. Ми наликуваше на филм во кој на почетокот ќе има некаква пресметка со многу акција, а потоа ќе има многу од ништо, како и во повеќето пост-апокалиптични филмови. Филмов одеше обратно, на почетокот има многу од ништо а потоа станува динамичен.

Да почнам од почетокот: се работи за Sci-Fi филм во кој главните улоги ги играат Том Круз, Морган Господ и Сер Џејми Ланистер. Добро, последниов не е баш во главните ма да во филм со Том Круз има еден карактер со многу статисти. Како и да е, во далечната 2077 Џек (Том Круз) заедно со Викторија се двочлен екипаж и воедно последни луѓе на земјата. Предходно дошло до инвазија на вонземјани во која луѓето за да се одбранат морале да употребат нуклеарно оружје и на тој начин ги победиле вонземјаните, но ја уништиле земјата. Луѓето се преселени на Сатурновата месечина Титан а на земјата огромни машини работат на преземање ресурси за да можат луѓето на Титан да преживеат. Покрај тие машини, на земјата има дронови - машини задолжени за убивање на преостанатите вонземјани, а Џек е техничар кој е задолжен за поправка на овие машини. Над земјата постои огромен објект наречен Тет преку кој Џек и Викторија комуницираат со Титан.

Во целата оваа ситуација, Џек има малку поинаков проблем. Иако неговата меморија е избришана, тој има сеќавања од еден минат живот, некаде на почетокот на 21 век...

Ова не се спојлери затоа што брзо на почетокот преку нарација се објаснуваат овие работи. Тој дел не ми се допадна затоа што ќе беше подобро или да прикажеа малку од тој дел со инвазијата (можеби го чуваат за приквел) или пак да не објаснуваат ништо со што првите 30-на прилично досадни минути ќе беа прекриени со мистерија и ќе привлечеа повеќе внимание. Патем, прилично е арогантно во филм во кој игра Морган Фримен, Том Круз да биде наратор. :facepalm:

Како и да е, понатаму се откриваат доста работи и филмот може многу лесно да ви го уништат со еден спојлер. Затоа, кој сака да го гледа да го направи тоа што побрзо, со првото прикажување на кино или првата квалитетна снимка.

Сега, плусеви и минуси:

+++ Добра акција, доста солидна приказна со твист моменти и без поголеми „дупки“. Простор за размислување по филмот и склопување на коцките, иако рака на срце не е ништо посебно комплицирано. Одлична костимографија и футуристички машини, посебно ми се допадна што леталиците, дроновите, моторчето... се беше во бела боја што ги направи впечатливи во целиот тој пост-апокалитичен бекграунд. После бавниот почеток, дејствието оди многу брзо и до крајот ви го задржува вниманието, што не е чест случај со вакви филмови. Саундтрак добар иако во последно време секој блокбастер саундтрак е копија на Инсепшн. Што значи овој дел ќе влезе и во минус за некоја секунда:

--- Значи саундтракот добар ама чувство за осет да се немало. (Бидејќи еднаш ме искараа за реченицава, мала дигресија: купете хумор или не цитирајте што не разбирате! :cool: ). Е, и кога треба и кога не треба музика. Во Инсепшн и Дарк Најт не престана да брмчи во позадина и сега сите така. Џек и Викторија си пливаат во базен а музиката во позадина како да се качуваат на Еверест или да освоиле светско во фудбал. Што му фали на мирно пливање во базен без фанфари, звук на вода, бранчиња, ти реков ми рече... Да не должам многу, ја претеруваат во последно време. Сум отишол филм да гледам а не музичка разгледница ебаго... Исто и тоа леталицата од памет ме извади, како на аеродромска писта да бев. Мораше ли секое полетување и слетување да го прикажат? (а ги имаше доста...) Топ Ган почна да ми се премотува при крајот. И нарацијата која веќе ја спомнав. Не може секој да ја изведе, и не е секогаш потребна. Можеле и нешто подобри женски ликови да најдат но добро...

Се на се, не е филм од кој треба да имате огромни очекувања но би требало да им се погоди на сите Sci-Fi фанови кои ќе го изгледаат во потребните услови. Од мене 7.5/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
Loosies

Според трајлерот очекував добар крими филм ама ова искочи драма и романса. Боб е џепчија кој работи за да го оплати стариот коцкарски долг на татко му. Се ќе се промени кога еден ден ќе украде актовка од еден плицаец со негвата значка , а една девојка по име Луси ќе му соопшти дека е бремена од него. Потоа филмот тргнува во друга драматично љубовна насока. Добар е за тепање време но не е ништо посебно. Од мене има 5/10
 
Член од
23 април 2013
Мислења
45
Поени од реакции
73

Мислам дека полека полека на Дизни им снемува идеи. Горе - долу океј филмче , како база старата приказна со зачинета доза на хумор и саркастичност од страна на шармантниот младич воедно и главен јунак. Ефектите си го прават своето , па ради нив би му дала седумче на филмов.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Одличен дански филм. Како може животот на еден уништен човек да се уништи уште повеќе?

Лукас е средовечен човек кој работи како учител во една градинка. Неговиот живот е мизерен, разведен е од сопругата, има син тинејџер кој смее да го гледа само 2 дена на секои 2 недели и по самиот телефонски разговор со жена му може да се сфатат многу работи за него а и за нејзе. Лукас е мирен, си ја сака својата работа, децата во градинката го обожуваат и се има малце повеќе поврзано со едно од децата, Клара. Клара е ќерка на еден од неговите најдобри пријатели меѓутоа родителите на Клара ја запоставуваат и Лукас е тој кој ја носи и враќа од градинка. Наоѓа нова љубов и синот му кажува дека сака да поминува повеќе време со него. Меѓутоа, нешто ќе се случи.

Филмов е можеби подолг од тоа што треба. Помина 1 час и си реков што по ѓаволите ќе треба да гледам уште ден час но и покрај ова ми го држеше вниманието цело време. Многу се поврзав со главниот лик. И јас би реагирал во 95% од сите ситуации поврзани со него. Голем дел од филмот ќе чувствувате гнев, ќе се чудите како луѓето постапуваат вака но и исто така на некој начин ги разбирате. Јас 2 пати добив нагон да влезам во филмското платно и да истепам некој. Но имаше и неколку сцени кога ми се смири душичката :)

Пријателство, доверба, лаги. Ова се 3те главни обработени теми во филмот.

Јако, јако драмиште и го препорачувам на сите вистински љубители на драми од овој тип. Малце ме потсеќа на Amour бидејќи навидум не се случува ништо особено. Само малце му фалеше за 9/10.

А да, не се секирајте, ќе ви стане јасно зошто се вика "Лов". :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521

Split Second (1992)

Единствената причина поради која не му давам помала оцена од 5 на филмов, и тоа шо го прави интересен за тепање време е Рутгер Хауер :D, толку е кул у филмов :cool:

(Карпата, Статам...и останати денешни ''акциони херои'' може само да му се фатат :icon_lol:) , мислам, се гледа и од постерот. :D
Ким Катрал со црна кратка коса овде нити е секси ко у Сексо И Градо нити е слатка ко у Полициска Академија 1, барем ги покажува сиските у една сцена коа се тушира. (y)
Хауер е иначе цајкан кој добива партнер-мивка со кој бркаат едно сшќество кое не го покажуваат се до крајот, и цело време се возат низ една иста поплавена улица :P , така да се зачудив коа видов на ИМДБ дека филмов имал 7 милиони буџет зш изглеа ко да е сниман со 700.000, којзнае кај отишле парите.:cautious:
...да не заборавам, на кратко се појавува увек симпатичниот Michael J. Pollard.

Филмов e сличен на оној со Ханс а.к.а. Долф Ландгрен (и Matthias Hues) - Dark Angel (1990) кој е каде-каде подобар (кога станува збор за Б филмови).

_______________________________________


Grandmasters (2013)
aka "The Grandmaster"

...иако Кар Ваи ми е омилен режисер, не можев да го изгледам до крај неговиов последен филм, едноставно ме разочара. Ем нетипичен проект за него (замислете го Теренс Малик на пр. како режира филм за Брус Ли), ем непотребен со оглед на тоа што веќе има филмови за Ип Ман. Само џабе потрошени 5 (!) години и глумци како (еден од моите омилени актери) Tony Leung Chiu Wai и Ziyi Zhang (кои прикажаа одлична глума и хемија во претходниов филм на Кар Ваи - 2046).
Главниот проблем тука е што е премногу очигледно дека доста работи се исечени од филмов, се збори дека од 4 саати е скратен на 2 а после првата премиера во Кина и уште 10-15 минути, така да конечниот резултат е еден лошо измонтиран, конфузен, тежок филм за пратење.
Нон-стоп идат дијалози... дури и за време на борбите ликовите не престануваат да брбљаат, а плус има и нарација, што го задушува филмот и го прави напорен и досаден, едноставно премногу дијалози за еден филм со тепање.
...при што не им е оставен простор на ликовите да се издвојат, така да, дури ни по 1 саат (или пола филм) остануваат неизградени, немаш јасна претстава кои се што се, што придонесува тотално да се дистанцираш од нив, изгледаат неинтересно и воопшто не ти е гајле за нив.
Што се однесува до самите борби, некои од нив избувнуваат наеднаш без никаква причина, не се сите подеднакво импресивни, а не идат во прилог и претераната употреба на слоу-моушн и wire-fu-то што придодава фантастични/нереални моменти, со оглед на тоа дека сепак се работи за биографски филм.

Не би можел да го оценам зш не ми е цел изгледан, само ќе кажам - не го препорачувам уопште (n) и држете се до Yip Man филмовите со Donnie Yen. (y)

....хммм сега гледам дека искочил у меѓувреме уште еден
Ip Man: The Final Fight (2013)
Quick!...to the torrentmobile! :D
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
The Brass Teapot
Филмов има добра поента ама малку е предвидлив. Главните ликови по една собраќајка ќе украдат еден чајник кој воопштно не е обичен туку волшебен. Тој со секоја болка кај нив создава пари. Ова делува се супер додека на врата не се појават двајца луѓе барајќи го назад. Од друга страна има уште еден човек кој предупредува за неговото проклетство.
Се на се ок филмче за тепање на време и не е ништо посебно 6/10.
--- надополнето: 2 мај 2013 во 23:05 ---
The Brass Teapot
Филмов има добра поента ама малку е предвидлив. Главните ликови по една собраќајка ќе украдат еден чајник кој воопштно не е обичен туку волшебен. Тој со секоја болка кај нив создава пари. Ова делува се супер додека на врата не се појават двајца луѓе барајќи го назад. Од друга страна има уште еден човек кој предупредува за неговото проклетство.
Се на се ок филмче за тепање на време и не е ништо посебно 6/10.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
21 and Over
Добро секој американски тинејџерски филм е поентата ако не се начукаш и издрогираш па не си бил на забавата или не си во шемата воопшто. Приказната веќе видена и предвидлива ко да им снемало идеи патетичен филм кој нема ни К од комедија!
Двајца другари одат во посета на нивниот другар кој му е роденден сите не се виделе долго време , па решаваат да го прослават роденденот така што ќе ги посетат сите барови. Како ќе се пијанчат ќе навлезат во разни неволји.
Режисерот е истиот од мамурлук така што приказната многу наликува на таа со мали измени. Искрено не ми се допадна не вреди да се гледа.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
The Company You Keep (2012)



Се работи за драма/трилер режирана од Роберт Ретфорд. Тој исто така е и главна улога во филмот а покрај него се појавуваат Шаја Лебуф, Сузан Сарандон и многу други.

Приказната се врти околу неколку ликови кои пред 30 години биле дел од дижење во Америка кое се борело против војната во Виетнам. Движењето не било насилно, но во еден грабеж на банка случајно е убиен стражарот на истата и поради тоа тие се растураат секој на своја страна, дел од нив се уапсени а дел се во бегство. Клопчето почнува да се одмотува кога Сузан Сарандон е уапсена а Шаја Лебуф кој глуми новинар во филмот почнува да ја истажува приказната на групата.

Филмот е просечен во секој поглед, на делови замрсен на делови премногу очигледен. Настани кои ФБИ со стотици агенти не може да ги состави цели 30 години млад новинар ги поврзува за неколку дена. Оди кај луѓе кои успешно се кријат од сите и во секој збор му оставаат траги.

Како и да е ништо посебно е филмот така да оцена 6/10 е доволно!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Maniac (2012)



Еве начин ако сакате да видите како би изгледале како психопат. Неможам а да не ми се допадне од тој аспект, визуелно опак филм, first person point of view, со shaky камера и ултра реални ефекти. На моменти можеби не совршено синхронизирано камера-лик, барем за мене, дека еден од топ 5 филмови ми е Enter the Void, aма објективно гледано, навистина квалитетно извршено. А во тоа е магијата на филмов, ствара едно гадно чувство, се чувствувате дури вие валкано, дека камерата овозможува филинг како вие да ја вршите акцијата. Засега сум голем фан на ваква камера, се надевам некој извртен ум ќе се нафати на сличен проект, пример земено Ларс.
Ефектите како што спомнав на ниво, кога беше мрачен беше застрашувачки мрачен.

..е сега кога беше под ниво, беше дури смешен. Барем мене. Голем минус за Елајџа, иако физички топ како за кастинг, со тоа пискавото гласче ми кршеше филм. Не го сфатив воопшто сериозно и супер што цело време гледаме низ неговите очи па немора цело време да го трпиме. Наводно, филмот е римејк на слешер од 80тите. Премногу ми е познат постерот, ама дејствието и од трејлер што видов воопшто не ми текнува, какоидае, мене ми беше ново искуство така да без гледан оригинал еве, ќе добие оцена две плус. Околу приказната нема што да пишам, укапиравте од контекст, се на се соберено, филмов е прилично крвав, брутален и реален. Има тензија доволно и интригира, а и да не ви легне, саатипол едвај трае, така да.. ваљда... шознам... хмм... ај... нека е.. п.. пр.. предл... предлог? :)

6.5 од 10.

И добра музика како плус труаут д хол муви.

 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Loft [2008]


http://www.imdb.com/title/tt0926762/

Белгиска продукција - што би рекло европски филм. Многу добро преплетена приказна, одлична фотографија, избор на локации, одлична глума и уште подобра режија. Фасциниран сум од филмов - не знам како не сум дознал порано за него.
За сите што ве интересира жанр - мистерија, трилер и не поштувате холивудски клишеа - топло ви го препорачувам....
На кратко - убиство кое што се случило во едно поткровје (читај јебарник) кое го делат 5 оженети мажи, добри пријатели....понатаму се одмотува клопчето и детали не кажувам, ќе ви го упропастам филмот....
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Deathwatch 2002


Во 1917-та година на западниот фронт, група на преживани војници од британската компанија Y го пронаоѓа германскиот ров во магливата ноќ. Тие во германскиот ров пронаоѓаат германски војник кој што им вели дека...

Ни малку нема да го очекувате филмот да оди во тој правец во кој што ќе ви биде прикажан, ја се запрепастив од приказната, очекував воен филм а добив нешто сосема друго. И доколку решите да го изгледате филмов ви бе предупредил да не гледате никаков трејлер за него, оти ќе ви ја расипе претставата. Доста беше рецензија, препорачувам да го гледате, бидејќи филмов ќе ве остави без здив, толку моќен а доста потценет. Оценка на имдб - 5.9, филмов е единствен верувајте!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom