Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.829
The Impossible

Само што го изгледав и немам зборови. Премоќен и преемотивен филм, излишно е да се трошат зборови за вакво нешто, самиот факт дека после филмов земав да донирам на броеви и ми се јави грижа на совест што се излежавам и гледам филм доволно збори за тоа каков ефект имал на мене. Се работи за реална приказна и полн погодок е насловот - The impossible. Глумата ко да не е глума, секоја чест на сите што беа дел од актерската екипа, особено Наоми Вотс и детето што го глумеше Лукас. Имаше преемотивни сцени што може да направат да ви засветат очите. Некои сцени на почетокот и на крајот беа застрашувачки, ова да го гледав на 3Д богзнае кои впечатоци ќе ги имав, без оглед на тоа што човекот е најинтелегентно суштество на планетава и се стреми кон целосна контрола над опкружувањето, природата го побива и неговата доминација ја прави привидна и имагинарна..
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Трето полувреме - Скопје, Македонија, мислам?

После тоа мокрев под испотеното небо... Месечината бесрамно се фукаше со ѕвездите,оросен диоптер, озноен фротир(пиџама бе, прост), ориентален шепот на мочтта, шиткање на мечти...

Претходно... Ноу српови, ноу чекани, ноу свастики, ноу СРЕЌНО! Где је, човек?

Рамона (ребека) – татни ерекцијата по туристичкиот Охрид, го праиш бетон и ја опсиспуваш со мушка слуз, прецутена, зачинета цицка, дреч бранови на езерото, јебеш Моника Белучи, тури си ракивче .

Коста - среќан си што си жив, да ти ебу коња! Пеер, сентиментален сум на Коста! Татко ми беше Коста. Јунак, ко шо личи!

Африка – Хик! Тезгар херој,у слободно време нуркач по пољаните на Ирена Спировска, али гарант фан на Систем оф даун!

Тончи - месечев зној, месечево изобиле на влага, Македонштина! Сори брат ти заборавив ник нејм, али судбина ти е да играш недопишана, недопеана, недосликана Македонштина. Дали повторно ќе ја наречеш Оливера Трајковска - "жолта мочка"? Дали она, истата, ќе се прашува, дали се играш себеси? Смее? Ова не е Балкан кан, маме ти ебу!

Дерман да се немало од клишеа кои ја прават уметноста далечна! Вулгаризација на се и сешто со софтвер кој штанца развеан бајрак и ефтин патриотизам, кој у суштина уствари секогаш е бил толку питом и дефанзивен. А овде се работи за животот, за преживувањето, за тоа како е да се има празна светлина, како е да се сака со полнота, да се има сеопфатно ништо и дали во целиот тој мозаик имаше место за форсирање на некој вдахнат генетски код за непокорот на Македонецот? Дали мораше и требаше да се шлепа патриотизмот со лошиот хумор и крајно лошите дијалози кои го направија беден и проѕирен и предвидлив...?

Или се мораше? Неизбежно е ! Филмот е огледало на вековите, на времињата, на судбината на Македонецот, за семето кое и покрај се р’ти, за сонцето кое не заоѓа. ..

Даре ми се чини со тенденција е дрзок и покажува со прст. Дали е бранач на вистината или шпекулант, на крајот на краиштата е ствар на перцепција, а мош и ствар на комерцијалност, скандалозност, џевање...? Мојот став е дека најмалку има он нешто против Бугарите, али нивни проблем и покрај тоа шо немаат право на љутиш. Му замерувам и шо раскошната приказна ја претрча, ја начичка, ја дефокусира, се обидел да биде многустран, што за жал роди само стерилни ликови кои се недоволно извајани и покрај страотниот актерски талент на нашите актери.

Ти си модератор на музика. Тебе саде музиката те тангира и те праи ко набабрен џигер на маратонец.

Искрено, ја ако ја бирав музиката, дефинитивно ќе играв друго јаче, но сепак имаш неизбежно ежење, бе брат!

Синестезија!

Ракијата ми колабрираше пред Море сокол пие, пред Баклава, пред себичната вистина повторена милион пати....


Нуму да мислиш дека го мрзам бугарскиот цариник кој ни ја заплени ракијата летоска на граница или Словенецот на работа кој тврди дека Тоше е Хрватин. Не!

Јебем ти пасош, јебем ти идеологија!

И шо!?

Ја сум граѓанин на светот. Доста со ефтини приказни. Да кажеме Да за човекот!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Oz the Great and Powerful (2013)

Да се пофалам вчера бев меѓу првите што го изгледав филмов во кино Милениум и тоа во 3Д :) па еве и мала рецензија од филмот.
Филмов претставува приказната/цртаниот филм што сите ние сме го гледале во детството која искрено и сум ја подзаборавил. Воглавно филмов ја има променето содржината на приказната од порано, така да очекувајте дека филмов нешто ново...освен насловот.
И како во секој филм преовладува доброто против злото, но сево ова е проследено со многу добра приказна која ќе ве остави без здив и времето ќе ви
помине за момент (130 мин). Не откривам многу да не ви го расипам филмот :)
Музиката која преовладува од филмов е добра, исто и колоритните предели каде се одвива филмов.Воглавно многу добар авантуристички филм кои вреди да се погледне.

Во продолжение и главните ликови, може некој заради нив ќе го гледа филмов :icon_lol:


IMDb оцена 7.1 / 10
Моја оцена 9 / 10
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Identity (2003)
Баш завчера го гледав филмов, и ми остаи поприлично добар впечаток. Феноменален психолошки трилер, во кој се работи за група луѓе кои спонтано ги носи патиштата да се сретнат токму во еден мотел среде пустелија во Невада, но после некое време, истата таа група почнува да се смалува т.е. мистериозно да умираат еден по еден. Колку и да кажам повеќе, осеќам дека ќе дадам некој спојлер, бидејќи филмов е во стилот на Fight Club/Memento, така што ако не сте го гледале, вреди да се ѕирне. :)
Дефинитивно на имдб дале ниска оценка 7,2 , но според мене чиста 9ка.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176


Веќе неколку месеци ми стоеше во листа на гледање, за на крај да сфатам дека со причина сум го заборавила :)
Високо профилиран политичар случајно запознава девојка и се заљубува во неа, меѓутоа.... судбината решила поинаку околу нив, or so they say :)
Во светот каде "City of angels" meets "Serendipity" meets "Matrix", се` е некако недокажано, веројатно поради слабата обработка на приказната и ликовите, иако концептот има потенцијал и во нечии други раце би се остварил повеќе. :)

Го оценувам со 6ка, само поради шармот на Emily Blunt :)
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Crash (2004)


Филм кој му го собра на Brokeback Mountain оскарот за најдобар филм во 2006 година. Станува збор за драма на коинциденција, ако воопшто постои таков вид. Тие што го имаат гледано Магнолија ќе разберат на што мислам. Животот на различни луѓе, со различни навики, обичаи, дневни рутини се поврзуваат на необичен начин. Земајќи го в предвид фактот дека дејството се одвива во Лос Анџелес кој е милионски град, овој феномен станува дополнително возбудлив. Имено, дејството на филмот е поврзано со расната и социјална нетрпеливост по 11 септември. Не би рекол дека е некоја нова тема за САД судејќи според нивното не многу дамнешно минато на робовладетелство и експлоатација на црната раса. Но, денес сметаме дека таа тема е завршена. Барем се убедуваме себеси дека ние повеќе не сме расисти, дека знаеме што е толеранција, знаеме да ги цениме културните и традиционални вредности на различните од нас, да ги почитуваме одлуките и различностите,... Го правиме тоа бидејќи сме свесни колкава е болката на жртвите на расизам и социјална тортура. Можеби и ние сме жртви на тоа. Но, и жртвите понекогаш се расисти. Токму ова е идејата која се проткајува низ филмот. Факт е дека човекот никогаш не бил и никогаш нема да биде максимално толерантен кон различностите. Преку животните приказни на луѓе со различен економски статус, различна боја на кожата, различна националност, доаѓаме до вистинскиот лик на човекот кој е кревко суштество кога подлежи на тортура од различен облик, но кое во исто време ги злоупотребува слабостите на другите само за да се почувствува себеси сигурно.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
RED DAWN - 2012 http://www.imdb.com/title/tt1234719/?ref_=sr_1

Режија: Ден Бредли
Улоги: Крис Хемсворт, Изабел Лукас, Џош Хачерсон, Џош Пек, Брет Кален



Невозможно е овој филм да се „прераскаже“ ако барем малку не се биде „spoiler“ на филмов. Имено, овој филм, е римејк на истоимениот Red Dawn од 1984 годин со Патрик Свејзи, каде советски војници извршуваат целосна копнена и воздушна инвазија врз американското тло, со што американскиот начин на живот е загрозен, па една помала група на тинејџери, рагбисти од локалниот рагби клуб „Wolverines“, започнуваат герилска војна/востание против новата „власт“.

Во овој римејк од 2012, непријателите не се Советите/ Советскиот Сојуз, туку Северна Кореја. Нормално, за да изгледа логична самата инвазија, Севернокорејците имаат и техничко-логистичка поддршка од Русија. Рака на срце, не мора воопшто да се труди човек да каже дека филмов е тешко американско срање, спакувано во амбалажа на Холивуд, но за разлика од неговиот претходник од 1984 година, овој римејк има една поизразена и покомплетна идеолошка надградба.

Имено, главната премиса што го носи овој филм, не е борбата против Северна Кореја, односно изборот на непријателот, „чудните“ Севернокорејци преку Пацификот, туку, како што велат главните протагонисти во филмот, „борбата е меѓу нас, на улиците, за улиците, меѓу нашите соседи и граѓани, за нашите соседи и граѓани“. Од друга страна, тука е изразената пропаганда и цел на Окупаторите - Северна Кореја преку нивните постери со „револуционерна“ содржина: „HELPING you back on your feet!“, „FIGHTING corporate corruption“, „REPAIRING your economy“. Токму овие две спротивности се основа за политичко-идеолошката надградба што Холивуд ја втурнал, за да ни ја претстави внатрешната „идеолошка борба“ на денешното Американско општество. Таквата, претставена, „идеолошка борба“ од една страна ги става мерките на Обама, групата „Occupy Wall Street“, демократите, додека од друга страна, ги става „борците“ за враќање на стариот начин на живот, желбата за американскиот сон, враќање на силната економија и слично.
Овие вториве, несомнено наликуваат на Tea Party, односно на закоравените републиканци - носталгичари, додека оние „првите“ веќе е јасно дека се „демократите“. Дополнителен hint за сличноста на Окупаторот со Демократите е фактот дека во филмот името на Captain Cho, задолжен за локалната окупирана зона, е идентично со она на денешниот Секретар за енергија во администрацијата на Обама - Стивен Чо (американизиран кинез од Таичанг, - провинција Јангцу).

Гледајќи го филмот, на крај испаѓа дека младиве бунтовници се во суштина „лошите комунисти“, со оглед да се групираат како партизани некаде во некоја скриена пештера далеку во шумата, организирајќи го отпорот, и имаат силен и пожртвуван лидер (Џед Екерт - во улога на Крис Хемсворт), па така кога Џед - Лидерот ќе прими куршум за да ги спаси неговите соборци, неговиот брат ја презема улогата на лидер на новите млади „комунисти“ (слично како во Северна Кореја, власта се добива по пат на наследство, а нели, кога ќе умре „големиот лидер“ сите се тажни и мора да плачат).

Она што недостасува во овој филм (барем од моја гледна точка) е што Холивуд упорно и упорно, никако да се обиде да го замисли и претстави животот на Американците под „комунизам“ т.е. под новата управа. Слично нешто беше и во The Dark Knight Rises, кога Готам беше под управа на Бејн, кој беше прикажан како револуционерен лидер со интересна карактерна комбинација на Исус/Че Гевара - Маченик/Револуционер. Ни во Готам, а ни овде во Севернокорејски окупираниот Сиетл, Холивуд не ни дава слика за општеството организирано од вечниот страв на просечниот американец - комунизмот.

Како и да е, овој филм на некој начин е претставува идеолошки автогол, со оглед да сценаристот очигледно сакал политички и идеолошки да ги нападне и оцрни своите политички опоненти како „комунисти“, а во суштина токму младите борци/партизани „Wolverines“ „несвесно“ ги претставил како „комунисти“. Нормално, режисерот и глумците само му помогнале во тој потфат.

За крај, подобро ќе беше да направеа филмувана верзија на популарната видео игра Red Alert 2, со оглед да таму имаат чиста приказна, отколку да си даваат идеолошки авто-голови.



 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Mr. Nobody (2009)

Научно-фантастична драма од Белгија. Филм тежок за варење. Филм во кој покрај тоа што се експериментира со нашиот капацитет да ги поврземе работите, се експериментира и со можностите на кинематографијата, па во дадени моменти има и елементи на документарец. Дејството е хаотично, разгрането на сите страни, на моменти логично, на моменти во крајност нелогично. Не го сфатив баш најдобро, можеби зошто се фокусирав да ги запамтам сите елементи за да можат на крај се да вклопам во една целина. Филмот обработува мал милион проблеми со кои се соочуваме секојдневно. Минливоста на животот, среќата, секојдневните одлуки кои ги носиме и од кои ни зависи иднината, баналните случајности кои ги доживуваме, грешките кои ги правиме или се плашиме да ги направиме, итн итн. Центар на сето ова е времето, една од работите кои се надвор од нашите можности на контрола. Желбата времето да запре, да се врати назад за да може да се променат многу работи во нашите животи се нашите вечни и најголеми желби... Секоја наша одлука засекогаш е запечатена во времето и повеќе никогаш не може да се измени. Токму поради тоа што не можеме да се вратиме назад, ние се плашиме да одлучуме. Токму поради ова, малиот Немо го разгранува својот живот во 2 приказни за кои вели дека можеби воопшто не се вистински, бидејќи и покрај тоа што за избор имаше понудено само две можности, можеби ниту една од нив не е правилната. Дури се оди до таму што и моменталниот живот е само една обична проекција на малото дете за можна алтернатива на некоја негова дилема. Од тука, ниту ние постоиме во времето, ниту она што ни се случува не значи дека е минливо и неповратно... Комплицирано :pos:
Оцена 9/10 за одличните сцени, замрсената приказна и добрата музика.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
The Imposter (2012)

TheImposterpost.jpg
Британски документарен филм кој раскажува за исчезнувањето на 13 годишно момче во 1994 година.​
Во 1997 година Фредерик Бордин го зема идентитетот на исчезнато дете од пред три години. Тој пред полицијата кажува дека бил киднапиран од својот дом во Тексас и одведен во Шпанија каде што бил сексуално малтретиран од киднаперите.​
Тој бил седум години поголем од исчезнатото момче и имаат различна боја на очите и косата, и мисли дека неговите лаги и измами ќе успеат да ги поверуваат не само полициските служби, туку и семејство на детето.​
Но останува да видите дали ќе биде откриена оваа измама или не.​
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
И си реков, ќе мора да поминам низ уште еден тинејџерски булшит само за да ја гледам Victoria Justice, се излажав. Филмов беше солидно интересен, можеби затоа што имав мали очекувања.​
Момче и девојка се сретнуваат надвор од една забава. Момчето (Dave) вежба некој говор како да и пристапи на некоја девојка (Jane, Victoria Justice) а девојкава (Aubrey) го слушна и му го искритикува говорот "Девојките не сакаат да слушаат како си збунет и изгубен, на нив им треба некој сигурен, можеби тогаш ќе те засака". И така овие двајца се спојуваат.​
Двајцата се многу слатки и убави и интересно е да ги гледаш такви, збунети. Всушност двајцата се сигурни за еден аспект од животот, а збунети за друг. Ама едниот за едно, другиот за друго.​
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Неделава изгледав десетици класисици испосимнати за во колекција, од кои неколку беа на Хичкок, некои гледани како Birds, Vertigo и Dial M for Murder, некои за првпат како Notorious или за претпоследниот гледан кој се решив да го рецензирам Lifeboat (1944)




Еден сет. That is all. Вода, чамец и рандом преживеани од брод нападнат од нацистите. Од ова само the master of suspense може да создаде.. well, suspense. Тензија, исчекување и билдап препознатливи од далеку. Ми се допадна тоа што ги потковува ликовите со реалност, зачинето со трошка комплексност ама тоа за да не се откачеме од јадицата. Имено меѓу преживеаните на бродот ќе се најде еден од Нацистите одговорни за потопувањето на американскиот брод. Доаѓа на израз патриотизмот малку кај Хичкок но нејсе, прилично потценет негов филм. Од глумата морам да ја издвојам Талула. Женава зрачеше со некој сексипил, не во класична смисла на зборот, некоја привлечност како да ви го масира мозокот додека ја гледате и слушате. Би сакал да видам психолошки трилер верзија од филмов инаку. 7/10.

Oсвен набројаниве.. 5, ги имам гледано од порано и секако Psycho, Strangers on a Train, Rear Window и North by Northwest. Ама премногу филмови има човекот, па колку толку, од кој ќе се најде торент, ќе пробам да изгледам колку што можам повеќе од целата му филмографија. A последен гледан пак, планирано, Hitchcock (2012)



Какво фантастично портретирање од страна на Ентони Хопкинс! Хелен Мирен на очекувано ниво. Скарлет заслужуваше поголема минутажа но си ја заврши работата. Се фатив од глумата јас, дека филмот не заслужува класична рецензија, онака носталгично на некој начин да се види креирањето на култното дело Psycho. Помеѓу North by Nortwest koj бил неуспешен и Birds. Хичкок во време кога мислеле дека го губи допирот и студујата воопшто не застанале финансиски зад одскокнување на класичниот Хичкок шаблон за трилери, па мора Psycho да го финансира сам, меѓутоа не само ризикувајќи ги своите пари и дом туку и сопствената репутација.

Тој шо треба да го глуми Еd Gein: I want to thank you again for this opportunity, Mister Hitchcock.
Hopkins: You may call me Hitch, hold the cock. :pos:

Инаку не му било доделено ниту еден оскар, е ова е неправднина, не да кукате за Џесика Честејн! На доделувањето за life achievement award oд Аmerican Film Institute тој рече дека ја дели оваа награда со тој што го делел животот, неговата жена. И големо светло имаше фрлено врз неа и во филмот, начинот на кој функционирале како тим, додуша и тајглајнот мислам дека е behind every psycho is a great woman. Мене филмот ми имаше магија. Такоџе 7/10.

Останете ми поздравени.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
IN TIME
филм со музичката ѕвезда џастин тимберлејк кој НЕ требада го гледате. филмот има одлична, уникатна идеја, до сега ништо слично, но тука и застанува. едноставно дејствието понатаму во филмот, со поената и поуката се губи, сттанува досаден, недоследен во приказната, ...... едноставно жал ми е што потрошив скоро 2ч на него. (n)
дејствието е во иднината, каде што сме генетски модифицирани и единствена валута (читај пари) е времето. генетски модифицирани да растеме, се развиваме ДО 25година од животот. а после тоа е борбата за преживување. работат за време, се плаќа кафе, превоз во бус со време, а ако ти истече времето, не заработиш, ..... едноставно умираш.
ај кој сака нека си го гледа ;)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Trade (2007)
Trade_poster.JPG

Во сиромашно семејство во Мексико Сити, Адриана го слави својот 13-ти роденден. Нејзиниот 17-годишен брат Хорхе и подарува велосипед. Нивната мајка се сомнева Хорхе го купил со пари кои ги заработил на несечен начин и на Адриана и забранува да го вози. Адриана додека се вози со велосипедот е киднапирана.

Заедно со Адријана е уште една млада девојка Вероника. Таа е една млада жена од Полска која пристигнала на аеродромот за некоја ветена работа која исто така е киднапирана. На пат кон Њу Џерси таа се самоубива. Хорхе ги следи киднаперите за да ја ослободи Адриана. И тој без документи ја поминува границата и завршува во кола на полицаец......

Оцена 10/10
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Missing (1982)


Станува збор за драма / мистерија филм инспириран од вистинска приказна која се одвива во Чиле во 1973та година. Млад авантуристички настроен брачен пар живее некое време во Сантиаго и се наогаат затечени од воениот удар кој се случува во државата каде е одстранет претседателот Аљенде од власт.

Главната приказна која се одвива во филмот како што кажува и насловот е поврзана со исчезнувањето на Чарлс во неразјаснети околности и потрагата по вистината на неговиот татко Ед и неговата жена Бет. Во филмот се разработуваат многу настани секој поврзан со животот и работата на Чарлс во Чиле, а покрај оваа главна приказна се прикажува и животот, политичката и економската ситуација во Чиле каде военото раководство на хунтата владее бескрупулозно врз населението. Секако бидејќи филмот е американски голем дел е посветен и на нивната улога во ситуацијата во Чиле и доваѓањето на власт на Пиноче.

Филмот е долг речиси 2 часа и за оние кои сакаат да го гледаат ке им предложам да го симнат од kick ass torrents имаше изненадувачки многу сидери. Од мене добива 8/10
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.146
Поени од реакции
16.080
Gangster squad (2013)

gangstersquad.jpg
Дејствието се случува во 1949 г. во Лос Анџелес. Мики Коен е главниот мафијаш во градот, врши секаков криминал, од проституција до дрога и оружје, буквално го поседува цел град, никој ништо не му може, зошто од полицајци до судии се има поткупено.
Сепак, се формира еден одред од 6 полицајци, кои почнуваат да му го растураат бизнисот и да му газат на нерв ...
Шон Пен го глуми мафијашов, мене ми е извонреден актер, му нема рамен и овде е баш ладнокрвен и тешко ѓубре. Секоја му чест за глумата искрено.
Џош Бролин го познав од еден стар филм, уште од деведесеттите години, кај што си возеше скејтборд, али бајги остарел и тој. Исто, глума на ниво.
Рајан Гослинг сметам дека е добар актер, али некако премногу го форсираат, не е дотолку добар колку што го прават, тука сепак добро одигра, али според мене, му фали уште некоја гримаса плус на лицето додека глуми.
Ема Стоун, не и стои црвенава коса, поубава е ко плавуша. За глума, добра е.

Филмов е по вистинска приказна, тоа е и тоа што воодушевува.
Многу пукање, многу тестостерон насекаде, од мене има солидна 8ца. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom