Последен гледан филм со кратка рецензија

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
Parker
Акционен филм кој го заслужува секое внимание. Приказната и не ми е нешто оригинална ме потсети на Механичарот ама тоа е. Приказна грабеж кој малку ќе тргне наопаку па ограбувачите ќе се раскарат меѓу себе околу поделбата на пленот , а главниот лик ќе мислат дека го убиле , но тој всушност ќе тргне по нив. Ок филм за тепање време 8/10
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.701
Поени од реакции
21.199
Dark Skies
SciFi хорор кој нема ни за момент да ве остави мирни додека го гледате, напнатост до самиот крај и моменти кој ќе ве натераат да се поместите од место. Спојлери не би давал за да не ви го расипам филмов ете ви краток трејлер подоле а DarkSkies го препорачувам на секого за гледање. Оцена 10/10

 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Loft (2008)

Loft.jpg

Петмина пријатели изнајмуваат поткровје каде се среќаваат со своите љубовници. Се им оди според планираното, се додека во една од просториите не пронајдат мртво тело на непозната млада жена. Имаат 5 клучеви од поткровјето за сите по еден и почнуваат да се сомневаат дека еден од нив е убиецот.
Оцена 8/10
Белгијски филм, по Холанѓаните сега и Американците со римејк The Loft 2013 :facepalm:
 

KD35

Апаш
Член од
12 април 2013
Мислења
44
Поени од реакции
22
Inglorious Basterds (2009)


Франција е окупирана од страна на нацистите, ги убиваат сите Евреи. Еден млекар скрива едно еврејско семејство во подот, Германците нив ќе ги отепаат но ќе преживее најмалата ќерка која што подоцна ќе прави план заедно со нејзиниот помошник да го запали киното кое што е во нејзина сопственост додека во него се прикажува некој филм во врска со некој нацистички војник кој убил околу 250 луѓе во 3 дена.Во киното ќе бидат собрани сите важни германски личности на чело со Хитлер. Од друга страна пак и "копилињата" кои што се Амерички Евреи под водство на Алдо ќе убиваат нацисти, така што ноќта кога се прикажува филмот и тие сакаат да ги убијат нацистите што се внатре... и така натаму...

6/10
Според мене не е ништо посебно филмов,незнам зошто толку ми го фалеа или пак јас немам вкус... Некако неповрзан ми е и безврска...
--- надополнето: 13 мај 2013 во 22:43 ---
Inglorious Basterds (2009)


Франција е окупирана од страна на нацистите, ги убиваат сите Евреи. Еден млекар скрива едно еврејско семејство во подот, Германците нив ќе ги отепаат но ќе преживее најмалата ќерка која што подоцна ќе прави план заедно со нејзиниот помошник да го запали киното кое што е во нејзина сопственост додека во него се прикажува некој филм во врска со некој нацистички војник кој убил околу 250 луѓе во 3 дена.Во киното ќе бидат собрани сите важни германски личности на чело со Хитлер. Од друга страна пак и "копилињата" кои што се Амерички Евреи под водство на Алдо ќе убиваат нацисти, така што ноќта кога се прикажува филмот и тие сакаат да ги убијат нацистите што се внатре... и така натаму...

6/10
Според мене не е ништо посебно филмов,незнам зошто толку ми го фалеа или пак јас немам вкус... Некако неповрзан ми е и безврска...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
Flight

Еден навидум обичен авионски лет , но кога работите ќе тргнат наопаку само тој може да го приземји авионот кој почнува да се распаѓа. Главната тема на филмот сепак е алхохолизмот и кои се последиците од него. Според мене предолго трае има делови кои воопшто не биле потреби ама тоа е. Ефектите се солидни како и самата приказна од мене една 7/10.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Hereafter (2010)

Драма во режија на Клинт Иствуд и Мет Дејмон во главната улога. Филм со натприродни елементи кој обработува 3 паралелни приказни на ликови кои одблизу ја почувствувале смртта и можат или бараат начин како да се поврзат со другиот свет. Просечен филм.
7/10
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
OldBoy (2003)

oldboy_bigfinal1.jpg
Dae-Su e киднапиран од непознати лица и е однесен во соба која личи на затвор без да му ја кажат причината за затворањето. По 15 годинишно заробеништво, тој е ослободен и му даваат 5 дена, за да ја дознае вистината и одговорот на прашањето зошто бил држен во заробеништво и од кого.

Оцена 10/10

The Unknown Woman/La sconosciuta (2006)

La_Sconosciuta_Italian-[cdcovers_cc]-front12.jpg
Ирена е украинска проститутка која е во бегство поради убиство на својот макро. Таа била принудена да има девет деца кои потоа и биле одземени дадени на други семејства. По убиството таа тргнува во потрага по своето најмало дете и наоѓа работа во една зграда во северниот дел на Италија. Се спријателува со Гина која е дадилка на Теа за кое таа верува дека е детето што го бара.

Оцена 10/10

 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Wаrm Bodies 2013


Откако Ар (необичен зомби) ќе ја спаси Џули од зомби напад од страна на неговите зомби пријателчиња, Џули сфаќа дека Ар е сосема различен за разлика од другите зомбиња, и таа верува дека во него се наоѓа човечност и почнува да се спријателува, но нивното пријателство ќе предизвика низа настани што ќе...

Сосема нешто ново што не сум го сретнал во некој друг зомби филм. Интересна комедија што мора да ја погледнете, едноставно филм за уживанција и опуштање. Барем за мене беше така, и уште нешто still a better love story than twilight! :icon_lol:

10ка за идејата и креативноста на филмот.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
We Need To Talk About Kevin (2011)



Се работи за драма / трилер во продукција на BBC а главната улога одлично ја глуми Тилда Свинтон !

Филмот разработува една необична приказна за односот на една мајка со нејзиниот син во текот на 15-16 години од неговиот развој. Се работи за дете со чудна психа за кое докторите велат дека е сосема здраво, а и делува многу интелегентно а сепак веднаш ќе може да приметите дека нешто не е во нормала. Со текот на филмот кога Кевин е мал неговиот однос делува смешен и комичен, потоа како расте и кога ќе се забележи колку е пресметан станува бизарен и страшен.

Филмот се движи постојано напред / назад во текот на овие речиси 20 години од животот на ова семејтво. Одлична драма / трилер кој ви го препорачувам да го погледнете. Просечната оцена на ИМДБ му е 7.5 а од мене добива 9/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Side Effects (2013)


Психолошки трилер кој по начинот на кој е направен е прилично различен од повеќето, но по дејствието оди по истиот предвидлив шаблон. Оригиналноста не ми значи многу но кога се во прашање трилери веќе ми станува досадно затоа што расплетот ми е јасен на половина филм.

Во секој случај, реков дека филмот е различен. Прво, има музичка позадина доста поинаква и невообичаена која му дава одреден тон. Заедно со дијалозите кои се мирни и тивки, ова доловува едно чувство на монотонија и депресија, што претпоставувам дека била идејата. Централен лик е Емили (Руни Мара) која се наоѓа на терапија после обидот за самоубиство. Кога работите ќе излезат надвор од контрола, нејзиниот лекар Др.Џонатан (Џад Лоу) е обвинет од медиумите за несоодветен третман и неговиот приватен и професионален живот започнува да се распаѓа...

Тоа е тоа околу содржината, знаете веќе дека за ваквите филмови секој збор е потенцијален спојлер. Сега кога сме кај дејството и пресвртите, нема ништо ново, филмот потсетува на многу други трилери а посебно има копирано елементи од
Final Analysis
што за мене беше доволно за брзо време да ги сложам коцките. Истото ми се одрази на впечатокот од филмот затоа што трилерите се базираат на изненадувачки пресврти.

Глумата на Мара и Лоу беше ок, останатите двајца немаа многу прилика нешто да покажат.

7/10, да речеме, не е лош.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.559
The Impossible
Вистинска приказна?! Може има нешто точно во неа дека имало цунами тогаш , а другово е научна фантастика!
Едно семејство заминува на одмор во Тајланд и баш тој период ќе се случи цунамито...
Филмов не го догледав затоа што ме нервираше не ми се губеше повеќе време на вака глуп филм замислиси таква катасрофа женава стои покрај три прозорци и преживува:facepalm:.
Залудно изгубено време оценка 0.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Ај пак да пробам да ја напишам рецензијава пошто првиот пат очигледно не се појави....

Го изгледав Fast and Furious 6.

Последните 30+ мин. имаше супер акција.Слободно можам да кажам дека филмов е еден од подобрите акции во последни години, ако не е најдобра. (За блокбастери зборам пошто знам дека некој ќе ме цитира и ќе каже дека имало некој корејски филм(The Raid на пр.) што е подобар сто пати од овој и дека Fast6 e :гомце: )
Горе доле со некои turn-ови приказната е типично клише.Има добри момци, има лоши момци и ти треба да навиваш за добрите момци да им ја скршат кичмата на лошите момци. Од филмов може да учат Expendables,G.I.Joe,Марвел и Die Hard (новите) како да се направи добар типичен акционен филм.
Пола од филмовиве за супер хероите на Марвел да беа вакви супер ќе беше. Филмов си се сфаќа како несериозен лајт филм за опуштање и таков е максимално. Како што реков има неколку сцени во кои што Вин Безоловен и Двејн Џонсон се како супер херои и те тераат да навиваш за нив во борбата против негативецот.
Буквално Вин и Двејн во филмов се:
25% луѓе
75% Супер Херои
0% коса

Од друга страна пак филмов ги руши законите на физиката на над 100 начина.Одвај чекам дечките што аплоудираат видеа на ЈуТјуб за нереалните работи во филмовите да го аплоудираат клипчето за филмов сигурно ќе биде над 30 мин долго :D така да ако сметате дека сте ептен паметен и сите што не се на ваше ниво се глупи онда не идете на филмов. Филмов е дефинитивно филм за опуштање. Дури кога заврши приметив дека траел (скоро) 2 саата, време што ми помина ептен брзо.
Друго нешто што ептен ми се допадна и ме хајпна за ФФ7 беше крајот односно сцената после кратките credits каде што дознаваме дека (не е некој спојлер само објаснување што ми се допадна ама сепак ќе иде во спојлер)
Во ФФ7 конечно ќе има асален badass негативец пошто овој требаше да биде ептен опасен а ми изгледаше на love child на Џозеф Гордон Левит и новиот Зевзек во Зевзекманија

note:Немам гледано ниеден ФФ пред овој.

Оценка 7/10


П.С. Кајгано глеј па да заебеш работа..
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Vertigo 1958


Пензионираниот детектив John "Scottie" Ferguson од Сан Франциско кој што страда од акрофобија е задолжен од страна на неговиот пријател да ја следи неговата жена и да го информира за сите нејзини активности во текот на денот, но тој станува опседнат со неа...
Дефенитивно еден од најубавите филмови на Алфред Хичкок, филм кој што мора да се изгледа, доколку сте љубител на мистерија тогаш филмов убаво ќе ви легне, мора да одвоите два саата време за да го погледнете, нема да зажалите!
"Не гледајте трејлер за филмов, само пуштете го и уживајте".
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
,,Stoker,,
americhki prvenec na reziserot na ,,Oldboy,, , a vo scenarioto i produkcijata meshal prsti lepotanot od ,,Prison Break,, Wentwort Miler... glumat Kidman ,Waskovskia ili kako beshe i nekoj nov retro lepotan. Za da zemam da komentiram ,pishuvam za film i glumam kritichar ili treba filmot epten pozitivno da me drmne ili da me zaebe za skoro dva saati od zivotot potrosheni poglupo od gledanje kako letaat bumbari okolu luster...e bumbarite baajagi se pointeresni i pogledlivi . Tolku predvidliv , amaterski napraven film od poodamna nemam gledano. Scenarioto moze komotno da se smesti vo 15-20 min, ovie od Asterfestot vo Strumica podobro ke go sklopele , a drugite 80 min se nekoi idiotski nepotrebni kadri koi shto nit se horor da te naezat , nit se misterija da te zbunat , a za triler muabet da ne praime...erotika mozebi imashe samo 5 min pod tushot koga Mia so prstite vrsheshe rabota , pa eve otkriv deka kaj nejze treba brza rabota so prstite , a ne bavno .Ete toj detal mi e najpozitiven , ja reshiv dilemata dali treba brzo ili bavno. Ne pishuvam detali od dejstvoto , oti ke go raskazam vo dve rechenici i pak nema da e spojler , se odnapred ke si znaete . Ako ova ne vi e dovolno da ve spasam od troshenje internet , vreme i zivci , ne znam shto drugo da pisham .
E obratno od ovoj film , so ogromna preporaka za gledanje , dokumentarecot
,,Imposter,,
da ne veruvash deka takvo neshto moze da se sluchi vo vistinskiot zivot , a bashka da se nachudish kako dokumentaren film moze da bide prvoklasen triler. Sekoja chest za reziserot ,dokumentarecot e must see . Morav da guglam deka stvarno e vistinita sluchka i ne e marketinshki trik
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Gave Encounters 2


Не беше гледан по мој избор, мнозинството од друштвото одлучи да го гледаме и тој филм. Поопширни, подетални, и поречити рецензии правам за филмови што ми се допаднале или барем биле просечни/помалку од просечни за мене.


Овој за мене беше катастрофа. Да напоменам и дека не сум го гледал првиот дел, а после овој филм, немам намера ни да го гледам.


Премногу наивни сцени има во филмот за мој вкус, скоро никаква субстанца до приказната, дводимензионални карактери (што е во ред за Б-класа "хорор" филм, но е ужас за филм кој е обидува да се протне како documentary style продукт). Ни најмала доза реалност. Ај приказната и не мора да биде реална, ама ликовите треба да покажат доза реалност да можеш да го доживееш како луѓе во хорор средина, а не како лебарки кои едвај чекаш да ги убијат и да заврши филмот. Јас така се осеќав.

Премногу е и предвидлив. Очекуваш да умрат луѓе (како и секој хорор филм), но знаев кој прв ќе умре, кој ќе биде после тоа, кој после, и кој ќе остане жив и како ќе биде крајот.


Не го препорачувам филмов ни некој кој сакам да му е досадно или да му скршам филм (pun intended), за вечерта, не па на некој кој сака добар филм да изгледа. Spread the word please, save some innocent souls.


1/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom