- Член од
- 5 април 2012
- Мислења
- 8.151
- Поени од реакции
- 8.946
Kon-Tiki (2012)
Потикнат од доброто искуство од Норвешките Headhunters и Max Manus решив да го погледнам и овој филм режиран од истиот режисер на Max Manus и морам да кажам дека не погрешив. Се работи за најскапиот филм во нивната историја и номиниран за Оскар и Златен Глобус за најдобар странски филм.
Станува збор за авантура / драма филм инспириран од вистинска приказна кој што се одвива во 1946-1947ма година. Во која главниот лик Тор е авантурист од Норвешка кој се обидува да ја докаже својата теорија која тој ја работи 10 години а заклучокот се противи на сите дотогаш познати факти за тоа кој ја населил Полинезија. Според неговите истражувања Полинезија е населена од Јужно Американските народ а не како што дотогаш се мисли од Азијците. Потикнат од тоа дека сите експерти со потсмев гледаат на неговата теорија за која тој има докази се решава да го копира неверојатното патување за кое тој верува дека се случило пред 1500 години и со сплав решава да помине 8000 километри од Перу до Полинезија.
Неверојатно убаво направена авантура која неодоливо потсетува на Life of Pi и која сигурно да беше американски филм ќе го доживееше истиот успех. Приказна во која се прикажува дека позитивната мисла и вербата во нешто може да победи речиси се.
Одличен, одличен филм. Го препорачувам на сите со мала забелешка исклучиво да го гледате во HD или HDRip бидејќи изобилува со убави кадри, а имате такви десетици верзии на PirateBay и Kick Ass Torrents. Од мене добива 9/10