Види, не се повикувај на вкусови. Демек филмот не е за секого а ти имаш пософистициран вкус од нас другите? Сум гледал и англиски хумор кој го обожавам, и црн хумор, па дури и american pie bullshit productions. Ова не ме насмеа.
И не се повикувај на оцената, затоа што треба да знаеш дека има многу потценети и преценети филмови. Овој е од вторите. Бидејќу се повикуваш на критиките, еве ти 12 страни ужасни критики кои ги собрав за само 5 минути. Читај и уживај.
Прегледај го приврзокот 9676
Што да ти кажам друго за филм кој го нарекуваат "Burn before watching", "Destroy after reading" и "Forget after viewing"...
Па како да не се повикувам на вкусови, кога целава дискусија е доказ дека имаме различни вкусови? Имам доволно изграден вкус да кажам дека навистина квалитетните комедии се многу ретки.
Не ти го разбирам начинот на кој што сакаш да доловиш некаква поента, знам дека постојат лоши критики, но знам дека може да најдеш и најмалку 4 пати повеќе добри критики. Тоа е правило за секој филм, дури и за филм што универзално е прифатен за квалитетен, сигурно може да се најдат лоши критики.
Клуни,Пит,Малкович.
Фан бојс од овде,од онде,заљубени во нивните миленици.
Убаво нагласи Интериста,да не се овие,филмот нема ни да се погледне.
И нагласив,да покажува филмов некои аспекти кои се необработени,ама се базира на тврдењето дека не се сите луѓе паметни,односно vice-versa,дека имало глупи луѓе.
Па ај да направиме реално глупа комедија околу глупи луѓе,при што ќе ја изругаме ЦИА,ќе му дадеме на Клуни улога слична на Сиријана,ќе покажеме дека жена вара маж (невидено!) и притоа потенцијалот на трансформација на улоги на Пит ќе го оставиме нечепнат,и ќе му дадеме да глуми нешто што може било кој шесто-одделенец запишан во драмска секција.
И секако,ќе го оставиме Малкович да рецитира неброен број пати : Fuck fuck fuck,you FUCK,i'm gonna fuck you UP,FUCK off,they fuck,we fuck,he fucks.
Па теоријата за фан бојс може да се примени скоро на секој филм ако гледаме така. Fight club заради Бред Пит и Едвард Нортон ли е така оценет? Јас не сум фанбој на глумците од BAR, дури и имам ниско мислење за Џорџ Клуни. Да не се лажеме, Бред Пит и Џорџ Клуни се популарни заради нивниот изглед пред се, па после следуваат нивните актерски способности, но секако дека и тие имале блескави актерски моменти.
Let's put it to rest here, има и други филмови
. Немам намера да ви го променам мислењето, само сакав да имате на ум дека има и други размислувања.
За последно...
Конечно го изгледав финалето на
Extras, на кое му останав должен.
Одличен крај на една од најдобрите комедии што некогаш се појавиле. Бесполезно е да давам некаква рецензија за ова поради тоа што е крајот на серија, само ќе кажам серијата е must see, особено за тие што го сакаат англискиот хумор.
Загледав уште една серија која сигурно ќе влезе во top 10 за мене.
Arrested Development
Урнебесна комедија која е една од ретките која нема laugh track, што во случајот е голем плус.
Синот Мајкл Блут ја превзема семејната компанија откако ќе го затворат неговиот татко поради малверзации со компанијата. Нема ни најмалку да му биде лесно да излезе накрај со забеганите двајца браќа, сестра и мајка, кои не сакаат да го напуштат луксузниот живот. Особено не кога кај него ќе се вселат сестрата, откачениот never-nude зет и ќерка им во која синот на Мајкл има блага затресканост. Се случуваат надреални ситуации кои никого нема да го остават рамнодушен.
Лесна за гледање, епизодите траат по 20 минути, а по веќе 2 епизоди веќе сте заразени.
И уште нешто, го има највисокиот рејтинг за серија што некогаш сум го видел на IMDB.
Planet Terror, дел од заедничкиот проект на Quentin Tarantino и Robert Rodriguez наречен
Grindhouse .
Одлична пародија на поранешните Grindhouse кина, кои биле специјализирани за филмови од Б продукција. Интересна идеја која одлично ја екранизирале, а користената музика, која потсеќа на некое техно од 70s-80s, уште повеќе го засилува ефектот.
Зомбиња, грозотии, крв, насилство, мислите некој хорор, трилер, но не, сето тоа е толку добро испародирано, што има ситуации во кои буквално ќе се газите од смеење. Да, дури и ќе разберете што има смешно во ампутација.
Не треба ни да спомнувам за забеганите дијалози и надреални ситуации во филмовите на Тарантино, овде уште еднаш го докажува својот талент.
Едно мало предупредување, најверојатно нема да сакате да јадете за време на филмов.