Последен гледан филм со кратка рецензија

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Iskreno da vi kazam ocekuvav mnogu poveke od filmot Pride And Glory ama scenaristite kako da go iskopirale filmot We Own The Night,ne morale familijarno da gi predstavat clenovite kako dirty cops,mozele toa i podobro da go napravat.Interesno e sto na www.imdb.com i dvata filma imaat ocenka 7/10 iako vtoriot e daleku pokvaliteten od prviot ama neli se e do vkusot na onoj koj go gledal i glasal.Sepak vi go preporacuvam filmot,ke pominete 2 casa pred malite ekrani i obavezno nabavete si semki,kikiriki,solenki ili drugi gricki,na momenti ke vi trebaat...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Налетав на филм кој ме изненади со оценката а уште повеќе кога видов и кој е режисер на истиот и веднаш го симнав... не згрешив воопшто, иако кога го изгледав првите импресии ми беа и те како измешани од една страна... деталите, приказната и драмата за човечката судбина, за потребата да се пребегне на страната која изгледа посигурна... инаку се работи за филм во режија и сценарио на Гилермо Дел Торо, немаше ни што помалку да се очекува, во филмот има фантастика (доза баш онолку колку што треба) и сите оние кој ја мразат може нема да го доживеат целосно истиот, но деталите во него, и суровата реалност се она што го прави потполно вистински, исполнителен... оценка 9 за Laberinto del fauno, El

едноставно A MUST SEE филм.... ама реков, не секој цени детали.
http://www.imdb.com/title/tt0457430/
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Catch me if you can со Leonardo DiCaprio и Tom Hanks.
Одлично вклопени улоги на обајцата; Лео како фејкер (фалсификатор), Том како FBI џандар.
Прекрасна, реална приказна за едно момче кое живеејќи живот полн со динамика поради измамите (читај фалсифилувањата) и бегајќи од овластените лица, дознава дека никогаш нема да го врати она што некогаш го имаше - неговите родители повторно да се соединат
Една надпросечна 8ка оставам за филмот и препорачувам да ја гледаат сите оние што сакаат драми полни со динамика, без многу ефекти.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Само да искоментирам за некои од филмовите кои беа спомнати, со оглед на тоа дека не сум изгледал ништо од кога почна ракометот па немам за што да пишувам. Ме чекаат 10-тина филмови во компјутеров па штом изгледам нешто ќе пишам и за нив.

Runaway Jury

Го имам пишано во Последен гледан филм (на минатата тема), го имам пишано и во Предлог за филм. Ама повторно да го пишам и овде.
Го даваа синоќа на тв и на среќа го начекав. Колку и да го гледам пати, толку повеќе уживам во филмов.

Трилеров не е само филм напукан со многу познати актери како Кјузак, Хофман, Хакман, Рејчел Вајз итн итн...

Ако сте фан на Кјузак, особено на Рејчел Вајз филмов сигурно ќе ви се свиѓа.
Правен е според книга, не сум ја прочитал искрено, сигурно е подобра од филмов.
Читав многу лоши критики и рецензии околу тоа колку филмов е лошо направен и слично.

Мене лично ми се допадна филмов и ми е од оние надпросечни филмови. Го сакам и ми е еден од омилените трилери.
Еден од моите омилени трилери. Незнам според која книга е пишуван но сигурно е инспириран од култниот 12 Angry Men (1957), со тоа што овој филм е изваден од поротничката просторија, и се обработуваат мотивите за она што се случува во неа. Одличен трилер со неколку пресврти, од мене 9/10.



Iskreno da vi kazam ocekuvav mnogu poveke od filmot Pride And Glory ama scenaristite kako da go iskopirale filmot We Own The Night,ne morale familijarno da gi predstavat clenovite kako dirty cops,mozele toa i podobro da go napravat.Interesno e sto na www.imdb.com i dvata filma imaat ocenka 7/10 iako vtoriot e daleku pokvaliteten od prviot ama neli se e do vkusot na onoj koj go gledal i glasal.Sepak vi go preporacuvam filmot,ke pominete 2 casa pred malite ekrani i obavezno nabavete si semki,kikiriki,solenki ili drugi gricki,na momenti ke vi trebaat...
Апсолутно, вториот е далеку подобар филм, а добрата оцена на првиот е само поради многуте фанови на Едвард Нортон. И јас му дадов 5/10, но 4 од нив беа само поради тоа што Нортон е во филмот. За вториот филм, кој исто така има одлична актерска екипа, 8/10.



Catch me if you can со Leonardo DiCaprio и Tom Hanks.
Одлично вклопени улоги на обајцата; Лео како фејкер (фалсификатор), Том како FBI џандар.
Во спојлерот стоеше дека филмот е реален, тоа е затоа што се работи за вистински настан кој е работен според бестселер. Прекрасен филм со двајца големи актери во него, без да пишувам многу поради тоа што повеќето сигурно го гледале, само оцена 9/10.
 
Ј

јовица11

Гостин

*Slumdog millionaire*
После сите пофални критики,после сите препораки,по ракометот вечерва ми требаше нешто навистина добро,нешто што ќе ми ги тргне мислите од поразот и го добив неочекуваното...Филм кој ги надмина сите мои очекувања во секоја смисла.Филм кој се гледа само еднаш во десет години,филм кој кога почнува влегуваш во него а не излегуваш од него,ни кога ќе заврши...Сеуште сум под влијание на истиот.Јас не се сеќавам кога последен пат сум гледал нешто толку ДОБРО!Приказната,актерите,локациите,се е на ниво...Но она што никогаш нема да го заборавам се Џамал и Латика и хемијата меѓу нив која е толку реална,што е речиси нестварна.Филмот ја има онаа нишка на реалност,го има она нешто во кој секој гледач може да се пронајде,но убавото е одговорот под Д:Се е пишано...
Бегам јас под импресии,се надевам на што повеќе статуетки на Оскарите
10/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И уште еден филм на кој случајно налетав... фак... уште сум под влијание на моментите во филмов, преубава драма за човечките судбини... за толку обичните луѓе кои се затекнале од толку новото и необично опшество, филм со дејство во втора светска војна филм кој ќе ве задржи до крај иако има моменти кога приказната малку забегува, оценка 8.5 за The Boy in the Striped Pyjamas
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Помалку досаден, уште еден филм за борбата меѓу доброто и злото.
Ангелот Габриел е пратен на место да однесе светлина, место кое е за душите за кои уште не е одлучено каде ќе одат.
Рај или пекол. Интересен завршеток, must say.

Габриел



4/5 од можни 10.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
TRANSFORMERS


Еден од филмовите кои ме оставија без здив.Апсолутна 10!
Напнатоста ме држеше цело време,бев 100% сконцентрирана и 200% внесена.
Одлични ефекти,одлична приказна.
За сите љубители на научната фантастика и роботите им го препорачувам филмов.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Го гледав на почеток на летово, но вчера го пуштив пак... Филмов е всушност приказна за бароница која преку игра ги убива оне кои учествуваат во играта... Ефектите се на завидно ниво, а и актерската екипа е одлично одбрана...
давам 10/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Помалку досаден, уште еден филм за борбата меѓу доброто и злото.
Ангелот Габриел е пратен на место да однесе светлина, место кое е за душите за кои уште не е одлучено каде ќе одат.
Рај или пекол. Интересен завршеток, must say.

Габриел



4/5 од можни 10.
За ништо не чини, тотално промашување. Добро си го оценил. Види со The Prophecy (1995) ако не си го гледал. Исто така филм кој во центарот на приказната го има ангелот Габриел. Далеку подобар од овој. Има и 2 продолженија кои пак, се многу лоши.
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Не е баш последен филм кој го имам гледано, али тие што ги гледав вчера веќе сте ги спомнале.

Pathology (2008)


Психопатски крими-трилер кој изобилува со секс, дрога и убиства. Многу забеган филм кој не е за оние кои се онесвестуваат од крв или се гадат да гледаат сцени со аутопција, сечење и слични работи. Не е нешто посебно филмов али дека мене ме привлекуваат вакви ствари поврзани со патологија, криминалистика и гадни убиства ми се свиѓаше. Интереснa приказна во секој случај.
Се работи за група студенти кои студираат патологија. Започнуваат една смртоносна игра со цел да го извршат совршеното убиство. Еден убива, а другите прават аутпосија на телото и треба да погодат како е извршено убиството. На крај ќе почнат и сами меѓу себе да се убиваат. Психопати!
Оценка 7/10.:smir:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Tukusto go izgledav Linewatch (2008),temata mi se dopadna ama izborot na glumec e totalen promasaj,ne moze Cuba Gooding Jr. da glumi vo film sto e thriler ili kriminalen,negoviot lik ne odgovara za vakov vid na uloga? Negovite najdobri ulogi se vo Jerry Maguire (1996) , Snow Dogs (2002) i Radio (2003) a vo htLinewatch (2008) igra uloga na policaec vo pogranicnata patrola so Meksiko,sekogas e na traga na kriminalcite koi sto svercuvaat lugje preku granicata a ovde go prekinuvam pisuvanjeto za da vi bide filmot pointeresen,najdete 89 minuti vreme,izgledajto go filmot pa podelete gi vasite impresii so site ostanati filmadzii ovde na forumot :helou:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Штотуку го изгледав...Прекрасен филм...Супер приказна...
Филмо започнува со крајот, што мене лилно многу ми се допадна...Па потоа целото дејствие се враќа наназад....
Сепак веќе е видено и му давам 9/10

Едит од џимеј: Ова треба да се прикрие. Не го имам гледано филмов, ама ова можеби е спојлер. Подобро да остане вака потскриен:)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Gran Torino

Немам апсолутно НИКАКВО негативно мислење за филмов. Од можни 10 јас му давам цели 15 поени. Хард кор од прво до последна минута од филмот. Клинт Иствуд, да тибам старецот колку добро ржиш, американско ѓубре што открива дека светот е тркалезен и дека минатото треба да се остави позади т.е. животот иде даље.
Јеботе колку добро прикажана Америка, без грди глупи профуцкавања колку цвета и слични муабети.
Глума-ПЕРФЕКЦИЈА
Фотографија-ПЕРФЕКЦИЈА
Дејство-ПЕРФЕКТНО
Кој не го гледал нека го гледа, а кој го гледал а не му се свиѓал нека го гледа пак ама нека се задлабочи во филмот :)

Друг филм кој по цел ден го гледам (пред спиење, во автобус накај работа, во автобус накај дома) е
Fear and loathing Fear in Las Vegas

Филм во кој глумата на Џони Дип ми се свиѓа најмногу, со една одлична фаца ко Беницио дел Торо и според книгата на Хантер Томсон.
Перфекција, која за одредени луѓе е само одреден број минути пред телевизор, монитор поминати и ислушано едно 300 пати зборот drug (ова вистина, го најдов филмот во текст формат и со срчот на сафарито имаше едно 300 и кусур пати:):):)). Филм во кој се прикажува една револуција и екстензија на Америка, дејствие во некои чудни 70ти години....абе неможам и немам коментар, треба ептен да се внесе човек во филмов за да го свати делото на Хантер С. Томсон.
Браво:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
И подобар од сите пофалби кои ги добил, Network (1976) е филм што ме освои на прва. Филм за алчноста на големите корпорации кои засекогаш ја презедоа и уништија телевизијата, претворајќи ја во пропагандна машинерија која манипулира со луѓето онака како што сака. Приказна за смртта на вистинското, чесно новинарство и почетокот на крајот на вистинските вредности.

Ќе позајмам еден цитат:

Network, најдобриот Anti-TV филм на сите времиња! Еве исечок :

TV не е вистината. TV е забавен парк. Ние сме во еден убивање-досада-бизнис. Вие никогаш нема да ја слушнете вистината од нас. Ние ви го раскажуваме секое срање, кое вие го сакате. Ние лажеме. Ние работиме со илузии, ништо од тоа не е вистина. Дали навистина верувате дека TV е реалноста? Какво лудило. Погледнете се, вие правите се што ќе ви кажат во TV, вие зборувате како што ќе кажат во TV, вие се облекувате како во TV, вие јадете како во TV, да вие ги воспитувате вашите деца како ќе кажат на TV и размислувате како TV. Сето тоа е едно масовно лудило! Затоа, исклучете ги кутиите! Сега... одма!
Се започнува кога на еден респектабилен новинар, Howard Bеаle, водител на вести во една не така популарна телевизија, му соопштуваат дека ќе добие отказ од куќата во која работел цел живот. Разочаран од тоа, Howard во вестите најавува дека ќе биде отпуштен, и дека во последната своја емисија ќе изврши самоубиство!

“I would like at this moment to announce that I will be retiring from this program in two weeks' time because of poor ratings. Since this show is the only thing I had going for me in my life, I've decided to kill myself. I'm going to blow my brains out right on this program a week from today. So tune in next Tuesday. That should give the public relations people a week to promote the show. You ought to get a hell of a rating out of that. 50 share, easy...“

Одеднаш оваа вест станува сензација а тоа го искористуваат алчните корпорациски умови, кои понатаму се обидуваат да ја искористат душевната состојба на својот новинар за зголемување на сопствениот рејтинг и заработка...

Филмот, кој е снимен во 1976, комплетно ја опишува телевизијата каква што ја знаеме денес. Еден вид на пророштво ако сакате. Од мене, чисти 10/10. Сигурно во најдобрите 100 филма кои сум ги гледал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom